За реон

    Агенција за чистење Цена

    Колку чини генерално чистење на стан? Цената на услугите на сервиси за чистење зависи од барањата, односно, од обемот на чистење, условите, средствата за чистење и слично. Цените за чистење зависат и од местото во кое живеете, оддалеченост од центарот на градот или сервисот, како и од тоа какво чистење ви е потребно – рачно или машинско. Цената за еден час чистење се движи околу 4 евра. Треба да се нагласи дека лицето кое доаѓа да чисти, доаѓа на најмалку 2 часа, што значи дека услугата не може да биде поевтина од 8 евра. Цената за генерално чистење се повисоки и зависат од квадратурата, бројот на прозорци како и од затекнатата состојба, па истите може да бидат околу 30 евра за стан до околу 100 евра за куќа. Приближната цена за секојдневно одржување на деловен простор (1.200 м2/вработени) е околу 1,2 евра/м2.

    Кому да ја доверите работата околу чистењето? Пратете барање кај соодветни и оценети агенции или лица во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Генерално чистење на објекти без опрема


    Цена на сервис за чистење. Цена на генерално чистење на објект без опрема.

    2.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    2.40 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Агенција за чистење

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Сервис за чистење - што се треба да заете

    1. Сервиси за чистење – што се треба да знаете?

    Услугата за чистење е услуга која се повеќе е потребна во урбаните средини поради неможноста на луѓето да ја одржуваат хигиената во домаќинството на завидно ниво покрај продолженото работно време, бројните обврски и задачи. За среќа, ангажирањето професионалци, лично или преку агенции, денес е прилично лесно да се направи и ние од срце ви го препорачуваме доколку можете да си го дозволите тоа.

    За многу луѓе чистењето е макотрпна работа која одзема многу енергија и време кое со модерниот начин на живеење се помалку го имаме. Доколку можете да си го дозволите финансиски, ангажманот на агенција за чистење ќе ви заштеди драгоцено време кое можете да си го посветите на вас, а вашиот дом ќе биде чист и сјаен.

    Чистење на домот
    Ангажирањето агенција за чистење ќе ви заштеди време што можете да го посветите на нешто попријатно

     

    1.1. Проценете ги вашите потреби

    Можете да се одлучите за генерално чистење или само за чистење на нај изложените простории како што се кујната и купатилото. Сами проценете дали моменталната состојба бара услуги кои се надвор од вообичаеното чистење, како на пример, миење прозорци и лустери. Одредени специјализирани услуги самата агенција може да ги одбие, од причина што не располагаат со компетентни вработени или пак не поседуваат специфична опрема или пак поради опасност од штета или повреда ( на пример, миење прозорци на висина или мачкање со масло на паркет...). Можеби ќе треба да ангажирате некој експерт за ваков вид на услуги. Меѓутоа, треба да знаете дека повеќето сервиси нудат т.н. пакети услуги. Под обично чистење се подразбира чистење со правосмукалка, бришење прашина и чистење на сите површини. Миење прозорци, внатрешноста на гардероберот или перење на одредени делови или се од покуќнина и слично, најчесто не се дел од основниот пакет. Тоа влегува во генерално чистење или некоја друга, специјална понуда.

    1.2. Траење на чистењето

    Проценете колку часа би траело чистењето на вашата куќа. Тоа што најпрво ќе ве прашаат е колку е голема вашата куќа/стан, колку соби и купатила има и каква е вашата рутина и одржување на хигиената. Чистењето на двособен стан, на пример, трае 4-5 часа, а ако подолго не е исчистено, тогаш ќе потрае и подолго.

    1.3. Колку често ќе чистите

    Треба да се одлучите колку често имате потреба од чистење. Согласно потребите на семејството, можеби ќе треба сервисот да доаѓа еднаш или двапати месечно. Доколку имате динамичен деловен распоред, можете да изберете и почесто чистење. Можете да се договорите и за седмично доаѓање, со тоа што секое доаѓање генерално се чисти различна просторија.

    1.4. Сопствени средства за чистење

    Во зависност од потребите или вашите желби, можете и сами да си купите средства за чистење. Доколку сакате исклучиво природни, еколошки средства или одреден бренд, тогаш најдобро е да си купите сами, а со сервисот да се договорите за пониска цена со оглед на тоа дека сами си ги набавувате средствата за чистење.

    1.5. Направете сопствена пресметка

    Уште пред да започнете со повикување на агенции, направете си пресметка и одредете колку можете или колку сакате да платите. На тој начин ориентационо ќе знаете што можете да си дозволите, согласно ценовникот.

    2. Избор на вистинска агенција

    2.1. Професионална услуга – помалку грижи

    Кога за чистење ангажирате агенција наместо поединци, тогаш таа компанија ја презема одговорноста за работата на своите работници. Општо земено, таквата ситуација е подобра за сите – особено за оние на кои им е потребна услугата, но немаат време лично да се занимаваат со хигиеничари или пак сакат да се заштита од контакт со поединци. Доколку се одлучите за ангажирање на сервис, цената ќе биде малку повисока, но, барем ќе бидете сосема безбедни.

    2.2. Задолжително осигурување

    Професионалните агенции за чистење по правило ги имаат сите потребни сертификати и дозволи за вршење дејност. Самостојните хигиеничари обично не поседуваат дозвола. Сериозните компании имаат и свој правилник за постапување во случај на настанување штета или повреда. Тие се однесуваат на штети кои настануваат за време на чистење на мебелот или покуќнината, како и на кршење на предмети или пак снемување на нешто. Сепак за секој случај,  кажете му на чистачот/ката за особено осетливи предмети и начин на кој може да се чистат, доколку се чистат. Доколку сепак нешто се случи, агенцијата ќе ви исплати надомест за штета, додека не осигурен поединец секако дека нема.

    2.3. Разгледајте ги оценките од корисници на интернет

    Повеќето сервиси за чистење на интернет, како и останати компании, ќе ги стават на увид коментарите на своите клиенти. Ова особено важи за поголеми компании и оние кои подолго време работат. Со преглед на нивните референци и коментари од страна на корисници, ќе имате увид во нивната работа. Така на пример, можете да дознаете  дали чистачите/ки доаѓаат на време, дали јавуваат ако доцнат и слично. На нашиот портал Daibau.mk ќе најдете објективни и корисни информации, како и мислења, оценки и споредби од страна на корисници.

    3. Видови чистење

    Сервисите за чистење најчесто нудат т.н. пакети, односно, комбинација на услуги, но и поодделни договори прилагодени на вашите потреби и желби не се исклучени. Во продолжение на текстот ќе опишеме некој од најбараните и нај нудени услуги.

    3.1. Редовно чистење

    Под оваа услуга се подразбира чистење во редовни интервали и одреден број на часови. Еднаш или двапати седмично или месечно, во зависност од договорот. Оваа услуга може да ја договорите така што при секое доаѓање ќе се работи одредена работа по фази или секогаш да се работи исто. Во принцип, редовното чистење значи правосмукување, бришење на подови, бришење на прашина од надворешните површини и фрлање ѓубре.

    Чистењето на кујна подразбира чистење на шпоретот, мијалникот, чешми, плочки и слично. Во купатилото се перат тоалетот, мијалникот, кадата, туш кабината, чешмите, сифони, огледала, подот и слично. Во спалната соба може да се промени постелнината и т.н. Во секој случај, редовното чистење не опфаќа миење прозорци и столарија, внатрешноста на мебелот, како ни кујнски апарати и т.н.

    3.2. Генерално чистење

    Генералното чистење е голема задача за само еден човек да го заврши во еден ден. Ваквото обемно чистење се дели или по простории или по планираните работи, но, секако дека нема да биде завршено веднаш. Потполно и завршено генерално чистење во еден ден може да изврши само сервис, односно повеќе нивни вработени кој во исто време и правосмукуваат, перат, чистат, ги чистат сите елементи од домаќинството и однадвор и внатре – со еден збор, од подот до таванот. Во сите простории детално ги раздигаат и местат како покуќнината, работите, мебелот, мијат прозорци, подови, елементи. Обично се прави генерално чистење еднаш или два пати годишно, при преселување, реновирање, поголеми поправки или пак при вселување во новоградба. Поодделни агенции во понудите имаат и чистење на подруми, тавани, котларници и гаражи.

    3.3. Длабинско чистење

    Можете да нарачате и длабинско чистење на гарнитура за седење, фотелја, тапацирани столови, тепих или душек.

    За длабинско чистење или перење се користи и специјална опрема (правосмукалки, четки, средства за чистење и друго) кој се скапи и кој во обичните домаќинства ги нема. Длабинско чистење треба да се прави барем еднаш годишно, а и почесто, особено доколку некој од семејството боледува од алергија или астма. Со ваквото чистење се отстрануваат грини и фината прашина, како и остатоци од пушење. Ткаенината после тоа мириса пријатно, а боите делуваат посвежо. Можете да нарачате и длабинско чистење со еколошки средства.

    3.4. Специјално чистење

    Чистење со пареа

    Овој вид на чистење особено се користи за радијатори, фугите на плочките, како и сите останати тешко достапни места. Со пареа се чистат сите кујнски и површини во бања, подови, столарија – со еден збор, практично секоја површина во домот може беспрекорно да се исчисти и дезинфицира. Најголема предност на чистењето со пареа е отстранување на нечистотии од тешко достапни места, како и дезинфекција на истите. Со неа се раствора и бигорот, како и дамки од различно потекло. Темелното чистење со пареа не бара специјална опрема, а не е штетно по здравјето на луѓето, како ни за околината.

    Миење прозорци

    Миењето прозорци всушност подразбира миење на стаклата, рамот и прозорските даски. Доколку на оваа работа се нафатите сами, ќе видите колку време и сила бара. Било која просторија не изгледа сосема чисто доколку прозорците не се убаво измиени.

    3.5. Подови

    Плочки

    Во простории каде што е влажно, обично има поставено керамички плочки, а на нив фуги на кој најчесто се нафаќаат нечистотија, бигор и мувла. Од сето ова можете да се решите со темелно чистење и перење со професионални средства за чистење, како и опрема. Можете да примените и чистење со пареа со што сосема ќе извршите стерилизација на површината. Со потполна дезинфекција се спречува појава на мувла и останати нечистотии, барем на некое време.

    Паркет

    Секогаш се препорачува темелно чистење на паркет после поголеми поправки, реновирање и слично, кога на него ќе се натрупаат разни нечистотии и флеки, кој мора внимателно да се отстранат. За таквата работа, потребно е професионално знаење и искуство, од причина што паркетот не трпи чистење ниту пак абразивни средства. Покрај тоа, со тек на употреба, паркетот ја менува бојата, особено ако е измачкан со масло, а не лакиран. Лакираниот паркет може редовно да се чисти и полира, со заштитни средства кој го спречуваат губењето сјај и боја. Меѓутоа, паркетот кој е намачкан со масло бара почесто чистење и мачкање.

    Линолеум и гума

    За темелно чистење на линолеум, ПВЦ или гума, најпрво треба да се извади стариот заштитен премаз. Откако ќе се исуши површината, таа е спремна за нов слој кој може да биде мат или сјаен. Предност во чистење на ваквите материјали е тоа што при секое темелно чистење може да им се менува бојата.

    4. Постапка

    4.1. Потпишете договор

    Преку договор со агенцијата за чистење точно и детално дефинирајте го меѓусебниот однос, правата и обврските. Најдобро е документот да ги содржи таксативно наброени вашите барања (што, како, колку често ќе се чисти), дополнителни услуги, како и обврските и одговорноста на компанијата при извршување на работите, како и во случај на настанување штета. Со потпишување на ваква спогодба, однапред ќе го дефинирате вашиот однос , а ќе избегнете и евентуални нејаснотии и несогласувања за време на вашата соработка.

    4.2. Држете се до договорот со агенцијата

    Доколку се договорите со агенцијата дека за време на чистење ќе бидете дома, почитувајте го тоа. Постојат и сервиси кој задолжително бараат ваше присуство, за да се избегнат обвинувања дека нешто недостасува, но постојат и такви кој ова не го бараат, така што за време на чистење вие може да си извршувате други работи. Доколку сепак сте дома додека трае чистењето, во препорачуваме да не ги пратите чистачите во чекот. Не заборавајте дека станува збор за професионалци кој сте ги заангажирале да извршат одредена работа за вас, што тие и ќе го направат.

    4.3. Домашни миленичиња

    Некои сервиси бараат за време на чистење домашните миленичиња да не бидат дома, или да бидат во нивниот посебен дел (соба, кафез). Доколку такво барање не постои, ви препорачуваме да ги запознаете и да видите каква ќе биде реакцијата, пред да ги оставите сами.

    4.4. Пристап

    Ќе треба да им овозможите влез на чистачите, доколку вие не сте дома. Во договорот кој го склучувате со агенцијата може да влезе и начинот на преземање на клучевите, односно, одредба за начинот на употреба како и забрана за давање на истиот на трети лица.

    4.5. Запознајте ги работниците со просторот

    Пред да започнат со работа чистачите, би било добро заедно да поминете низ куќата и да ги запознаете со секоја просторија. Треба да ги известите за расипани или посебни апарати за да се избегне дополнителна штета. Исто така треба да им објасните на што треба да се обрне внимание и каде е потребно дополнително чистење.

    4.6. Објаснете што сакате и што очекувате

    За да спречите недоразбирање, уште при првата средба објаснете ги своите очекувања и желби. На тој начин ќе постигнете меѓусебно разбирање и добра соработка. Доколку имате некаков специјален договор, час побрзо треба да се усогласите и околу тоа како ќе се чисти; на тој начин подоцна нема да има непријатни ситуации или дополнителни трошоци. Секако дека треба да го прецизирате и времето на доаѓање и заминување.

    4.7. Подгответе го просторот

    Пред доаѓање на чистачите, би било добро сами да се погрижите за некој работи дома. Времето и енергијата која работникот ќе ја потроши на пример, на собирање играчки или гардероба, ќе биде подобро да го искористи за чистење. Ова е особено корисно доколку сте договорени чистењето да го плаќате по час.

    4.8. Повратни информации

    После првите неколку часа од доаѓањето на работниците кај вас, дадете повратна информација. Сигурно ќе имате прашања или коментар на завршените работи. Кажете им на луѓето што и на кој начин поинаку би сакале тие да работат. Притоа, имајте на ум дека тоа е деловен разговор и треба да бидете љубезни, да се однесувате со почит и меѓусебно почитување. Доколку мислите дека е подобро, побарајте ја агенцијата, објаснете за што станува збор и од што не сте задоволни. Можеби ќе треба да направите детален или попрецизен договор, што секако е подобро отколку да барате друг сервис.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Чистење на светларник во зграда

    Потребно е чистење на сончев покрив внатрешен во влез. Нема пристап за дигалка, на последниот спрат е. 13837.5 € до 23062.5 €

    ........

    Детално чистење на куќа

    Потребно е детално чистење на куќа од 500 м2. Купатила, кујна, прозорци, врати, машинско чистење на под и плочки. Бришење прашина и во внатрешноста на кујнски и купатилски елементи како и во плакари. 16605 € до 27675 €

    ........

    Generalno čistenje na stanot

    Potrebno mi e čistenje na stanot, generalka. Površinata na stanot e 100m2 , cetvorosoben, ima 3 spalni dnevna i 2 kupatila. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Чистење на куќа, 130 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Чистење на канцелариски простор, 90 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Temelno čistenje na stan, 32 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Генерално чистење после реновирање, 70 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    63 € до 105 €

    Цена, Еднократно чистење на просторот, 120 м2
    Агенција за чистење, Неготино

    135 € до 225 €

    Цена, Секојдневно чистење на кафуле,
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Генералка на два стана, 75m2 и 50m2
    Агенција за чистење, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Редовно чистење на стан, 64 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Чистење на станот, 35 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Чистење на куќа, 2 x 120 m2
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Изнајмување на дигалка со корпа, 28 м висина
    Агенција за чистење, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Темелно чистење на стан, 90 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Чистење во куќа, 120 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Генерално чистење на куќата, 130 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Генерално чистење на станот, 49 м2
    Агенција за чистење, Тетово

    135 € до 225 €

    Цена, Чистење на стан, 52 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Чистење на семен дом стан, 100 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    63 € до 105 €

    Цена, Понуда за чистење на деловни простории, 300 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    900 € до 1500 €

    Цена, Генерално чистење на станот, 48 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Чистење на стан, 42 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Понуда за чистење на мал станбен објект, 80 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Чистење на новоизградена куќа, 150 м2
    Агенција за чистење, Струмица

    63 € до 105 €

    Цена, Чистење на пожарникарски скали, 5
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Чистење на стан, минимално наместен, 50 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Комплетно чистење на празна новоградба, куќа во Соње, 140 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    67.5 € до 112.5 €

    Цена, Чистење на кров од измет од голуби, 60 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Одржување на хигиена во стан, 45 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Чистење на стан, 60 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Čistenje na stan, 95 m2
    Агенција за чистење, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Хигиеничарка, 40 м2
    Агенција за чистење, Охрид

    45 € до 75 €

    Цена, Чистење на канцеларија со минимална опременост, 45м2
    Агенција за чистење, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Održuvanje na higiena dva pati mesečno, 95 m²
    Агенција за чистење, Скопје

    405 € до 675 €

    Цена, Чистење индустриски под, 400 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    423 € до 705 €

    Цена, Чистење на стан во центар 2 саати дневно, 45 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Чистење на подземна гаража, cca 300м2
    Агенција за чистење, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, чистење на нов невселен стан, cca 45 м2
    Агенција за чистење, Скопје

    45 € до 75 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Агенција за чистење?

    Агенција за чистење ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    53+ КОМПАНИИ ЗА Агенција за чистење
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА