Проектна документација за добивање мислење и одобрение за градба. Сите документи за добивање одобрение за градба, архитектонски нацрти за добивање одобрение за градба. Проектната документација опфаќа меѓусебно усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација, со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградбата и се обезбедуваат нејзината технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.
Во цената за снимање и мерење на постоечка состојба на куќа се вклучени прецизно мерење на сите внатрешни простории и надворешен габарит на објектот, ... Повеќе
Во цената за снимање и мерење на постоечки стан се вклучени прецизно теренско мерење на внатрешните простории и изработка на архитектонска основа. Усл... Повеќе
Во цената за идејно решение за куќа вклучени се идејно решение во соодветен размер, со дефинирани димензии на просториите, јасна функционална организа... Повеќе
Во цената за идејно решение за стан вклучени се изработка на идејно решение во соодветен размер, со дефинирани димензии на просториите и јасна функцио... Повеќе
Во цената за проектна документација е вклучена изработка на целокупна проектна документација која опфаќа графички и текстуален дел на проектот, изведб... Повеќе
Во цената за проектна документација за реконструкција се вклучени изработка на архитектонска проектна документација за интервенции на постоечки објект... Повеќе
Во цената за легализација се вклучени снимање на постојната состојба на објектот или изведени работи и изработка на потребната проектна документација ... Повеќе
Во цената за промена на намена се вклучени изработка и прилагодување на архитектонската проектна документација за новата функција на објектот, како и ... Повеќе
Во цената на проектантски надзор се вклучени стручен надзор при изведба на градежни работи во согласност со проектна документација, соработка со извед... Повеќе
Во цената за работен час на архитект се вклучени стручно архитектонско советување, проектантска работа, координација, изработка или дополнување на про... Повеќе
Одлуката да ангажирате архитект ја поскапува вашата инвестиција уште на самиот почеток, но може да ви заштеди многу грижи и пари, како што поминува времето и изградбата. Патот до вашата цел (реновирање или изградба на стан, куќа, деловен простор...) без архитект ќе биде многу подолг и потежок, а многу често се случува и крајниот резултат да не биде како оној замислениот на почетокот. Улогата на архитектот се состои во тоа тој да ве води низ проектот, да ги почитува вашите желби, да додава свежи идеи, како и да ве предупреди на можни потешкотии и просторни оганичувања. Архитектот е експерт кој секојдневно се среќава со проекти поврзани со животното опкружување и има големо искуство и знаење како да постапи во одредена ситуација.
Со своето стручно знаење и искуство ќе ви овозмжи сите идеи да се пренесат на хартија, а потоа конечно и на дело. Тој/таа уште на самиот почеток може да предвиди моштво детали, а подоцна да ги усогласи со слика од саканиот проект, координирајки ја изведбата на работите.
Архитектот тежнее кон функционални, практични и естетски решенија. Согласно вашите желби и барања, тој ќе умее правилно да го смести и ориентира објектот во просторот, рационално и функционално да ги распореди просториите, да избере најдобри материјали, завршна обработка, да ги оформи елементите од опремата, да ги адаптира боите и сите останати детали со што просторот, односно, објектот ќе функционира како осмислена, идејно основана и заклучена целина.
Архитектот не е само неопходен како експерт кој ќе ја подготви проектната документација, туку тој е оној кој ќе ве насочува, а работата ќе ја организира навреме и по точен редослед.
Улогата на архитектот е планирање на внатрешниот и надворешниот простор, кон секој проект да пристапи стручно, согласно дадената ситуација и потребите на клиентот. Притоа, тој/таа и покрај тоа што ќе ја следи основната идеа, потполно разбира дека самата идеа не е доволна – важна е професионалната реализација на проектот на сите нивоа и во сите фази. Архитектот ги слуша сите желби на клиентот и ги комбинира со сопственото професионално искуство.
Погрешно е мислењето дека работата на архитектот е само да предложи некои идеи и да направи нацрт. Повеќето луѓе мислат, што е пак погрешно, дека архитектите го поминуваат своето работно време седејќи размислувајќи и проектирајќи. Вистината е, мешутоа сосема поинаква – многу време се поминува во договор со клиентите, занимавање со администрација, со инжинери, понудувачи, изведувачи...На тој начин, архитектот може да му заштеди на својот клиент многу време околу административни работи и организација, што со денешниот начин на живот, воопшто не е безначајно.
Како носител на проектот, архитектот внимателно ја води и организира работата од првиот до последниот момент; ги предвидува трошоците и роковите, поставува идејни основи согласно кои подоцна се праватнацрт планови и следствено, комплетната документација. Во тек на планирањето тој/таа соработува со други експерти и копроектанти, а во тек на изградбата со избраниот изведувач.
Ви препорачуваме за ова да одвоите доволно време. Распрашајте се помеѓу пријателите и познаниците, такви кои можеби го реновирале станот или граделе куќа, а притоа соработувале со архитект. Архитект можете да побарате и на интернет. Една од можностите е да ни пратите барање нам, на потралот Daibau.mk, а нашите најискусни архитекти ќе ве контактираат директно вас. На порталот можете да ги погледнете нивните профили, да најдете и оценки и мислења на клиенти кои порано соработувале со него/неа. Пред да изберете архитект (доколку ви треба за градба), проверете дали има соодветна валидна лиценца издадена од надлежен орган. Проверете ги и нивните предходни работи, па оценете дали нивниот стил е по ваш вкус. Би требало да поведете сметка и за тоа дали архитектот е од вашиот крај, бидејќи на тој начин полесно и брзо ќе доаѓа на локацијата и ќе ги прати работите, доколку вие тоа го сакате.
Кога ќе направите тесен избор на архитекти со кои би разговарале, договорете состаноци. За проектот да успее и да бидете задоволни со сработеното, многу важно е и тоа колку добро се согласувате и разбирате со архитектот и како комуницирате. Доколку архитектот одвои доволно време за вас, квалитетно ви ја представи неговата работа, ве посоветува и доколку остави добар впечаток, можноста за успешна соработка и позитивен резултат е голема. Пред да отидете на состанок, полезно е од надлежните локални власти да ги добиете сите информации за локацијата на која ќе биде објектот, со прецизни податоци за можностите за градба како и евентуалните пречки. На тој начин архитектот ќе може да изготви попрецизна понуда и да ги разгледа постоечките проблеми. Составете листа од звоите желби, нацртајте распоред на просториите и се останато. Нормално дека при изборот на архитект голема улога има и неговата/нејзината цена, иако тоа не треба да биде пресудно. Откако ќе се одлучите за одредено лице, ви препорачуваме да изготвите договор во кој детално и точно ќе биде наброено што се архитектот треба да направи (документација), по која цена и во кој рок.
Доколку ви е потребен архитект за изработка на проектна документација, тој/таа мора да има важечка диплома од соодветен архитектонски факултет и одобрение/лиценца издадена од страна на Комора на овластени архитекти и овластени инжинери на РМ за извршување дејност на одговорен проектант архитект.
Овластувањата можете да ги проверите на следниот линк: https://www.komoraoai.mk/index.php?option=com_search&searchword=na+ovlasteni+arhitekti+na+
За изработка на ентериерни проекти или помали градежни работи за кои не е потребна дозвола од локалната самоуправа, не мора да барате лиценца.
Првиот состанок со архитектот во неговото биро или на терен ќе биде посветен на прибирање податоци какви што се вашите желби, потреби, концепт; секојдневни навики, животен стил и вредности. Доколку пак, станува збор за деловен простор или објект, во центар на вниманието ќе биде онаа со што се занимава компанијата како и деловната култура. Оваа детално попишување на лични информации е со цел архитектот сосема да ве запознае, како и да ги разбере вашите цели и желби.
Пред да започне со самото проектирање, на архитектот ќе му бидат потребни и сите податози кои се однесуваат на локацијата, парцелата, постоечките објекти и слично. Тука спаѓаат и геодетски и останати извештаи, локациски информации, фотодокументација од локацијата, земјиштето, просторот и слично. Потоа архитектот бара цртежи на просторот врз основа на кои ќе го продолжи планирањето. Архитектот мора да ги провери и законите, како и државните, локалните и градежните прописи согласно кои ќе мора да постапува.
Откако ќе се соберат сите информации и ќе се добие реална состојба на теренот, на ред доаѓа подготовката на идејните скици и нацрт на вашиот објект. Притоа, проектантот мора да води сметка за тоа идејните скици да бидат складен и употреблив спој на онаа што го сакате, што е практично и реално изводливо, како и што е законски дозволено. Ваквата идејна скица е своевидна визија на вашиот дом.
Откако, конечно ќе се одлучите за една од понудените варијанти, архитектот ќе продолжи со разработка и ќе направи т.н.идеен проект. Со тој документ понатаму се бараат дозволи и согласности од надлежните органи за изградба, како и приклучување на комуналната мрежа.
Како што вели и самото име, тоа преставуваат проекти и проектна документација со која се бара градежна дозвола при локалната самоуправа. Што се точно спаѓа во оваа документација, одредено е со Правилник за добивање градежна дозвола и Закон за градење на РМ.
Основниот проект ги содржи сите информации потребни за почеток на изградбата и употреба на објектот и тој е пообемен и подеталенод проектот за градежна дозвола. Нацртите во основниот проект се во размер и до толку прецизни што се користат на градилиштето. Врз основа на него се прави и попис на работи согласно кој се бараат одделни изведувачи и од нив се добиваат понуди.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Статичка пресметка
Потребна ни е статичка пресметка. Се работи за правење на отвор (врата) во носечки ѕид за да се поврзат два соседни стана. Становите се на 3-ти кат, над нас има уште еден кат плус поткровје.
180 € до 300 €
Основен проект за семејна куќа
Потребен план со сите фази Новоградба 2×80 м2 вкупно 160м2семејна куќа со надворешни скали
1080 € до 1800 €
Проект куќа и надворешно уредување
Припрема на конпчет проект, шредлог диџајн и изведба + рендер (по јасно дадени насоки од моја страна). Местото е под нагиб, па предладам тоа да се искпристи како шростшр за гаражи (слика во прилог). Површина на куќа 100-130м2.
*понуди само на маил молам !
900 € до 1500 €




































Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?