За реон

    Дизајн на ентериер Цена

    Колку може да чини план за внатрешно уредување? Сакате да го разубавите вашиот дом, па нека чини колку сака?! Цената за дизајнирање на ентериер? зависи од големината на просторот, потребниот обем на работа, број на тродимензионално направени слики или модели, како и до бројот на можни решенија. Мебелот правен по мерка? секако дека ги зголемува трошоците на уредување, но, затоа пак, просторот ќе биде совршено искористен и среден. Основни планови чинат околу 300 евра; детални, оние најквалитетните планови за внатрешно уредување со тродимензионални модели и советување се движат околу 1.500 евра. Без разлика на цената, ви препорачуваме внимателно да изберете професионалец со кој ќе можете да се разберете и договорите, бидејќи од неговите идеи ќе зависи просторот во кој треба да живеете и, пред се, да се чувствувате убаво. Многу е важно домот да биде слика и прилика на вашиот животен стил, навики и потреби, бидејќи, единствено на тој начин ќе се чувствувате дома.

    Кому да го доверите уредувањето на ентериерот? Пратете барање до соодветни и оценети дизајнери на ентериер во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена а внатрешно уредување


    Цена на план за внатрешно уредување. Проект за внатрешно опремување на куќа или стан, кој опфаќа утврдување на постојната состојба, нацрт на постојната покуќнина, каталог на материјали и планови за производство на мебел по мерка.

    300.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    1200.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Дизајн на ентериер

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Внатрешен дизајн - се што треба да знаете

    1. Внатрешно уредување – што се треба да знаете?

    Ви досади изгледот на вашиот стан, имате неискористено поткровје или напросто, она што ве опкружува повеќе не ви одговара ниту на потребите, ниту на моменталните желби? Преуредувањето на ентериерот ќе ја поврати функционалноста и привлечноста на вашиот дом. Сепак, пред да се зафатите со работа, потребно е да се запознаете со некои основни правила од областа на градежништвото и дизајн, а во тоа најмногу може да ви помогнат архитект или професионалец за внатрешно уредување. Но, во продолжение прочитајте што ние имаме да ви кажеме на таа тема.

    Внатрешно уредување
    Со искусен дизајнер на ентериер, вашиот дом ќе ги надмине сите очекувања

     

    2. Професионалец кој ќе ја разбере вашата желба

    Веќе имате слика за дом од соништата, само треба да најдете некој што ќе умее сето тоа да го изведе како што треба – каде да го најдете? Секое преуредување на просторот за домување е уникатен проект. Секако, нема да ви наштети доколку погледнете некои изведби и мислења на луѓе кој го поминале тој процес, иако сите детали на својот нов дом нема да ги знаете се додека не ги добиете првичните нацрти и процената на трошоци. За да можете да ги споредите понудите треба да побарате повеќе изведувачи. На платформата Daibau.mk ќе најдете листа на професионалци на кои може да им се обратите.

    Секој експерт за уредување на ентериер има свој стил и може да се прилагоди на вашите желби помалку или повеќе. Пред да потпишете договор со било кој од нив, пожелно е лично да се сретнете и да процените колку се согласувате, какви се очекувањата и професионални искуства. Тоа ќе биде прилика и за архитектот да ве запознае, да слушне што и како сакате, па заради тоа со себе понесете што повеќе скици, слики, фотографии, каталози и друго.

    2.1. Внатрешно уредување, цени

    Но, колку ќе ве чини сето тоа? Цените навистина се разликуваат од дизајнер до дизајнер, но пресметката може да се направи на два начини: или по саатница или по квадрат. Знак дека сте нашле вистински професионалец е детална пресметка со точно одредени и таксативно наброени ставки – предвидени работи, вид и количина на материјал, трошоци и рокови. За да бидете задоволни од сработеното, секако потребна е и добра комуникација за време на изведување на работите. Според нашето искуство, цените на проекти за внатрешно уредување се движат од 500 евра за помали и 4.000 евра за врвни преуредувања.

    3. Внатрешно уредување

    3.1. Преуредување на стан

    Се смета дека векот на траење на една куќа е околу 100 години; тоа е период кој можат да го издржат просечни материјали, а и да се смени вкусот на епохата. Можеме да кажеме дека тоа би бил вистински момент за преуредување на ентериерот. Тоа можете да го направите на различни начини. Доколку се одлучите само да го освежите просторот, тоа може да се направи со варосување и со по некое ново парче мебел. Меѓутоа ако се одлучите за комплетно реновирање, тоа е нешто сосема друго. Таквиот проект е комплексен и скап, од причина што опфаќа рушење, ѕидање, нови инсталации, нова бања и/или кујна, составување и вградување нова покуќнина и така натаму.

    Сепак, се започнува со план за адаптација. Цената зависи од архитектот, но во главно се движи околу 500 евра. Сето тоа „мачкина кашлица“ во споредба со 400-700 евра/м2 за реновирање по принципот „клуч на рака“ кое може да трае и 3 месеци.

    Преуредување на просторот
    Преуредување според вашите желби

     

    3.2. Адаптација на поткровје

    Живеењето во поткровје, односно, мансарда порано се сметало за понеквалитетно, сиромашно. Во денешно време, сосема спротивно, може да биде најскапо сместување. Покрај растот на цените на недвижностите, недостаток на простор за живеење во градовите, но и заради чистиот воздух и повеќе светлост, поткровјето повторно се барани. Покрај тоа, самиот простор под кровот има свои специфичности кои го прават многу интересен и посакуван. Самиот кров мора да биде добро изолиран и затворен со кнауф-плочи. За да има оптимална светлост, мора да се постават оптимален број на прозорци, а од друга страна баш поради таванските прозорци и косите ѕидови, ќе биде потребна и покуќнина по мерка. Со тоа ќе си обезбедите максимална искористеност на секој дел од просторот. Особено е добро тоа што сите геометриски ,,чудни места“ можат да станат совршени места за складирање и со тоа, покрај функционалноста, ќе допринесе и во естетиката.

    3.3. Покуќнина по мерка

    За да изгледа се како во најдобро списание во поткровјето, може да се каже дека покуќнината, односно мебел по мерка е незаменлив. Кај столар можете да нарачате одредени парчиња, но уште подобро ќе биде доколку му го препуштите комплетното опремување на дизајнерот. Мебелот по мерка е особено погоден за простории кои имаат неправилна форма и нестандардни димензии – мансарди, скалила и слично. Особено стилски ефектни и впечатливи можат да бидат парчиња како што се стилски работни маси, столови, кревети или врати и слично.

    4. Процес на преуредување

    Како совршениот дом од вашите соништа да го пренесете во реалноста? Реновирањето има неколку фази кои обезбедуваат максимален квалитет на идејата и реализацијата. Погледнете:

    4.1. Мерење на просторот

    Професионален дизајнер за ентериер најпрво мора да го измери сиот простор и добро да ја провери реалната состојба. Врз основа на тоа ќе направи и идејно решение. Исто така, мора да се направи и список на сите невообичаени работи, неправилности и пропусти според кои треба да се осмисли целото преуредување.

    4.2. Вашите желби

    Кога ќе најдете архитект по ваша желба, со него треба да поминете се она што сакате, очекувате и можете да си го дозволите, за да знаете точно на што сте. Многу работи зависат од тоа какви животни навики имате, животниот стил на домашните, наклонетост, очекувања; дали живеете сами, со деца, со домашни миленичиња, дали често имате друштво дома или не, дали постојат некакви посебни потреби или не и така натаму. На некој од следните состаноци со професионален дизајнер за ентериер ќе донесувате одлука за варијации и примероци, кој тој ги подготвил, за распоред на собите и мебелот, бои, изглед, материјали.

    4.3. Внатрешно опремување и делови по мерка

    Дизајнот е многу важен, но не поважен од функционалноста на домот. Каква е врската помеѓу кујната и трпезаријата? Дали имате доволно приватност? Каде ќе ви стојат чевлите? Ова се само неколку од милионите прашања кои ќе ги разгледувате. Најпрво се донесува одлука за практичните и функционални елементи на целиот стан. За таа цел се размислува за рушење на ѕидови или поместување на преградни ѕидови, нови врати, подѕидување и други работи. За пробивање или рушење на носечки ѕидови задолжително консултирајте инженер-статичар, а ќе ви биде потребна и градежна дозвола. Следен чекор е форма и намена на секоја соба поединечно, со посебен осврт на соодветни парчиња мебел. Доколку финансиите тоа ви го дозволуваат, нарачајте се по мерка.

    4.4. Бои

    Бојата на ѕидовите во голема мера влијаат на доживување на некој простор. Светлите бои прават се поголемо, а темните помало. Согласно тоа визуелно можете да ја менувате должината, ширината и висината на просторијата. Боите навистина влијаат и на чувството на топлина. Ладните го прават поладен, а топлите греат. Во станот можете да комбинирате нијанси на една боја или само со една да ставите акцент на еден ѕид. Никако не можете да згрешите со бела боја или пастелни нијанси. За да добиете сосема модерен и складен простор, добро е ѕидовите да се слагаат со подовите и столаријата – така ќе изгледа како сите нијанси и сите елементи да се преливаат една во друга.

    4.5. Нацрт

    Врз основа на сите информации кои архитектот ќе ги добие од вас, ќе може да направи скица и нацрт согласно очекувањата. Со помош на дводимензионални и тродимензионални слики и анимации, ќе направи приказ кој вам ќе ви го долови изгледот на вашиот иден дом, детали во бањата, кујната, собите – со еден збор, најискрено ви препорачуваме никако да не го прескокнете овој чекор, бидејќи тоа е најдобриот метод за остварување на сите барања и желби пред почеток на вистинските занаетчиски работи. Дури откако ќе бидете сосема задоволни со она што го гледате, проектантот ќе направи нацрти и за мајсторите.

    4.6.  План

    Сега е моментот кога треба да се помине на математика на нацртна геометрија. Идејниот план ги содржи сите цртежи, тлоцрти, детали, материјали, инсталации и друго врз основа на што може да се започне со реновирање. Тука се и градежниот и техничкиот план, како и пресметката, но и столарски нарачки за одредени делови мебел.

    4.7. Помош при реновирање

    Доколку реновирате прв пат или просто немате време, ви препорачуваме истиот архитект да го ангажирате и како координатор на проектот. Многу експерти имаат ,,свои“ мајстори и занаетчии со кои подолго соработуваат, па можат да гарантираат за квалитетот и роковите. Покрај тоа, ќе ви помогнат и доколку ви треба нешто по салоните.

    5. Современо домување – стилови и трендови

    Дизајн на ентериер
    Адаптација усогласена со најновите трендови и материјали

    5.1. Боја на ѕидовите

    Современите бои за ѕидови навистина влијаат на амбиентот во вашиот дом. Светлите, топли бои напросто го оживуваат просторот, додека темните го смируваат. Да се пронајде вистинска комбинација, не е нималку едноставно, па затоа ви препорачуваме да се потпрете на професионалец кој ќе умее да избере. Внимателно разгледајте ги сите бои и дезени на дводимензионални и тродимензионални слики, затоа што можно е во реалност тоа да изгледа поинаку отколку на екранот или на примерокот.

    5.1.1. Бои во бањата

    Бањата се смета за многу интимен дел од просторот и многу е важно таму да се чувствувате опуштени и смирено. Од таа причина избегнувајте силни и заситени бои. Од друга страна пак, ниту потполно бело купатило нема да биде соодветно, бидејќи ќе имате чувство на потполна изложеност. Најдобри се нежни, пастелни тонови на бои кои ќе направат да ви биде пријатно и потполно да се опуштите.

    5.1.2. Бои во спалната соба

    Спалната соба е место за одмор, па затоа ѕидовите нека ви бидат со што понежна боја. Можат да се употребат и потемни нијанси и материјали за просторијата да изгледа помала, потемна, односно потопла и попријатна, многу полесно ќе заспиете во таков амбиент.

    5.1.3. Бои во дневниот престој

    Во дневниот престој се поминува најмногу време во тек на денот. Тука треба да има топли и весели бои, кои ве исполнуваат со енергија. Може и цела соба да биде пастелна, но доколку се одлучите за некоја интензивна боја или текстура, тоа нека биде само на еден ѕид.

    5.1.4. Бои во кујната

    Доколку сте љубител на готвењето и сакате да престојувате во кујната помеѓу мирисите и вкусовите, тогаш секако ќе сакате да ја зачините со вистинска боја. Тука одлично се вклопуваат умерени и живи бои, но не претерувајте. Доколку е акцентот на кујнски елементи, ѕидовите нека бидат неутрални и обратно. Можете да употребите и фото-тапети.

    5.2. Стилски мебел по мерка

    Во модерните домови повторно се враќа стилскиот мебел како контраст на современата покуќнина. Трендовите диктираат различност, така што минимализмот и рококо, барокот и индустриските дезени, лесното и тешкото, грубите форми и скандинавските линии, стојат рамо до рамо. Во никој случај немојте да го фрлате мебелот од баба и дедо, туку, напротив, вклучете го во новото решение. Доколку немате такво оригинално семејно наследство, нека ви направи столарот, по мерка.

    5.3. Собни растенија

    Собните растенија се одликуваат само со предности: го прочистуваат воздухот, го ладат просторот, делуваат смирувачки и ја украсуваат секоја просторија. Тие преставуваат совршена алтернатива доколку немате двор или зелен балкон. Вистина е дека не секое растение е за секој простор. Основен услов за собно растение е да може да успее при недостаток на светлина. Доколку не сте љубител на цвеќе или немате доволно време да се занимавате со нив, ви препорачуваме отпорно и зеленило кое не бара многу нега. Најпопуларни видови на такви растенија се фикус, монстера, кротон, филодендрон, потон, сансеверија и други полупустински растенија или дури и егзотични, од џунгла.

    5.4. Отворен простор

    Модерното домување го карактеризираат и големи, меѓусебно поврзани простори, односно целини. Во таков случај, реновирањето значи рушење или отворање во носечките ѕидови. При тоа не смеете да го занемарите мислењето на инженер по статика. Отворениот простор е полн со светлина, изгледа поголем, а секако и попријатен, па така можете да дишете со полн здив.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка на план за внатрешен дизајн за стан и 3d рендери

    Потребен е проект 2Д и 3Д рендери за внатрешно уредување на стан со површина од 90 м2. 38745 € до 64575 €

    ........

    Изработка на 3D план на стан за реновирање во Германија

    Да се изготви 3Д проект по претходно дадени насоки и преференци од клентот. Димензии и слики од станот кој е празен и е со чисти линии ќе бидат обезбедени. Дел од мебелот кој ќе биде вграден е веќе постоечки и треба да се искомбинира со нови елементи. Треба рушење на еден ѕид, преместување на радијатори, инст.на електрика, промена на прозори, целосно реновирање на бањата. Површина 50 м2. 38745 € до 64575 €

    ........

    Изработка на план за дизајн на две детски соби заедно со изработка на мебел

    Дизајнирање на внатрешниот ентериер во две детски соби и комплетна изведба. Површина е околу 20 м2. 38745 € до 64575 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Идејно решение за внатрешен ентериер на куќа, 130 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, План за дизајн на енетериер на стан, 90 м2
    Дизајн на ентериер, Куманово

    1080 € до 1800 €

    Цена, 3Д дизајн на ентериер на стан, 70 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, План за внатрешен ентериер и 3д моделирање на стан, 65 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Внатрешно уредување на стан, 39 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    639 € до 1065 €

    Цена, Дизајн и надзор на изведба на стан, 150 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    1620 € до 2700 €

    Цена, План за внатрешен дизајн на стан во градба, 60 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Дизајн на ентериер за двособен стан, 57 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, План за целосно реновирање на стар стан во стара зграда, 100 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, План за дизајн на дневна,кујна + трпезарија, 45 м²
    Дизајн на ентериер, Битола

    1080 € до 1800 €

    Цена, План за комплетно внатрешно уредување, 50 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, План за дизајн на бања и гостински тоалет, 20 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, План за внатрешен дизајн на куќа, 60 м2
    Дизајн на ентериер, Крива Паланка

    630 € до 1050 €

    Цена, План за уредување катче од дневна соба, 220 см х 155 cm
    Дизајн на ентериер, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, План за внатрешен дизајн на дневна со кујна, 18.4 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на план за внатрешен дизајн и опремување на стан, 100 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на дизајн за внатрешен ентериер за хотелско сместување, 420 м2
    Дизајн на ентериер, Велес

    900 € до 1500 €

    Цена, Проектирање и изведба на ентериер за детска соба, 12 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на план за внатрешно уредување по изработен рендер, 90 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Ureduvanje i renoviranje na prostor, 74m2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    0 € до 0 €

    Цена, Идејно решение за внатрешно уредување на куќа, 70 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Внатрешно уредување на детски соби, 70 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Идејно решение за уредување на дневна соба и кујна, 42 м2
    Дизајн на ентериер, Пробиштип

    360 € до 600 €

    Цена, Идејно решение за внатрешно уредување на стан, 60 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Идејно решение за внатрешно уредување на куќа, 250 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Внатрешно уредување на стан, 50 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    900 € до 1500 €

    Цена, Изработка на идејно решение за внатрешно уредување на дневна со кујна, 26 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    675 € до 1125 €

    Цена, План за ентериерно уредување со осветлување на стан, 120 м2
    Дизајн на ентериер, Велес

    630 € до 1050 €

    Цена, Идејно решение за внатрешен дизајн на куќа и двор, 2 кол.
    Дизајн на ентериер, Скопје

    990 € до 1650 €

    Цена, План за внатрешно уредување на покровље, 30 м2
    Дизајн на ентериер, Битола

    630 € до 1050 €

    Цена, Дизајн на ентериер, 100 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    225 € до 375 €

    Цена, Dizajn na dneven prostor, 30 m2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    225 € до 375 €

    Цена, 3 D dizajn na enterierot, 100 m2
    Дизајн на ентериер, Куманово

    270 € до 450 €

    Цена, Дизајн на ентериерот, 42 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, 3Д дизајн и уредување, 16 м2
    Дизајн на ентериер, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Ureduvanje na enterier, 100 m2
    Дизајн на ентериер, Велес

    315 € до 525 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Дизајн на ентериер?

    Дизајн на ентериер ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    118+ КОМПАНИИ ЗА Дизајн на ентериер
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА