За реон

    Дрвени прозорци, дрвена столарија Цени

    Колку чинат дрвените прозорци? Дрвените прозорци се генерално најдобриот избор, иако се околу 30% поскапи од другите материјали. Цената на дрвените прозорци може да се намали со помош на субвенции за ЕКО конструкција, затоа ви предлагаме да се информирате. Инаку, нивната цена зависи од неколку фактори: големината и обликот на прозорецот ја зголемуваат или намалуваат инвестицијата. Стандардните прозорци се поевтини од панорамски ѕидови. Триаголните или полукружните прозорци може да бидат и до 40% поскапи од правоаголните. Тука влегува и цената на окови, кој може да бидат со врвен квалитет или помалку квалитетни, невидливи или класични. Имајте на ум дека лизгачките окови се 50% поскапи од класичните. При монтажа на нови прозорци, сè почесто се користи RAL монтажа што е 2-3 пати поскапо од стандардната, бидејќи ако се работи според сите правила и правилно, нема да има загуба на топлина, бидејќи прозорците се целосно непропустливи. На цената на самите прозорци треба да се додаде и набавката на надворешни или внатрешни ролетни, особено на јужната фасада. Набавната цена на дрвен прозорец со двокоморни стакла, праг, по м2 стакло и монтажа е помеѓу 100 и 180 евра/м2.

    Кому да ја доверите изработката или набавката дрвени прозорци? Пратете барање до соодветните и оценети произведувачи и добавувачи на прозорци во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на дрвени прозорци


    Цена на дрвен прозорец. Цената на дрвен прозорец по м2, со двојно стакло, праг и монтажа.

    350.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    680.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Дрвени прозорци

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Дрвени прозорци - се што треба да знаете

    1. Дрвени прозорци – што се треба да знаете?

    Прозорците се долгорочна инвестиција, па затоа е многу важно да ги изберете вистинските, точно согласно вашите потреби. Откако ќе се решите да купувате, убаво распрашајте се и дознајте што повеќе за различни видови и карактеристики на прозорците, како за нивната трајност така и за цената. Безброј нови технологии на производство овозможуваат прозорците да се функционални, енергетски ефикасни и издржливи, па и поубави за око. При изборот на нови прозорци, земете ги предвид материјалот на рамката, својствата на стаклото, гасот кој е употребен за полнење и општите карактеристики на целиот прозорец.

    Дрвени прозорци
    Дрвените прозорци се одлична изолација, иако бараат редовно одржување

     

    1.1. Термоизолација

    Подобра термоизолација на рамката на прозорецот допринесува на вкупната енергетска ефикасност, особено за УВ факторот за заштита. Материјалите од кои се прават рамките на прозорците имаат свои предности и недостатоци, но дрвото (вклучително и винил, фиберглас и уште некои композити) овозможува поголема термо отпорност од металот. Дрвените прозорци се одлични изолатори, но бараат редовно одржување. Доколку надворешната страна е обложена со алуминиум, одржувањето е полесно, но изолацијата е помала.

    1.2. Звучна изолација

    Доколку живеете во густо населено место, покрај патишта или железници, од големо значење е прозорците да ви овозможат заштита од бука.

    1.3. Изглед на прозорците

    Прозорците се јасно видливи елементи на фасадата, како и на вашиот дом, поради што треба да бидат ускладени и по боја и по големина со неа, а и со окружувањето. На пазарот се нудат разни форми и бои на прозорци и сигурни сме дека во таквиот асортиман ќе најдете прозорци какви што барате.

    1.4. Долготрајност

    Квалитетни прозорци кои правилно се користат и одржуваат, може да траат многу долго – дури и до 30 години. Наш совет е да барате такви чија гаранција е минимално 10 години.

    1.5. Заштита од кражби

    Квалитетни прозорски фитинзи се оние кој спречуваат влез на несакани лица. Преку прозорец со обични фитинзи и шарки многу лесно се провалува, особено во приземје, подрум, гаража или слични места.

    2. Избор на понудувач и изведувач

    Купувањето прозорци е голема инвестиција, па наш совет е добро да се распрашате и да дознаете се што можете за понудувачите и внимателно да ги разгледате добиените понуди.

    2.1. Гарантен рок

    Гарантниот рок е најдобар показател за квалитетот на секој производ. Квалитетните прозорци треба да траат долго и од таа причина очекувајте најмалку 10 годишна гаранција. Доколку прозорците се употребуваат и одржуваат правилно, во тој рок не смее да се покажат никакви недостатоци.

    2.2. Монтирање и поправка

    Прозорците ќе и послужат на својата цел само доколку се квалитетно и стручно направени и монтирани. Нестручна монтажа може да доведе до т.н. топлотни мостови, односно, места околу рамот низ кои воздухот несметано струи, со што се губи енергија и при загревање и при ладење. Наша препорака е внимателно да ја проверите стручноста на изведувачот, а исто така да проверите и дали вршат дополнителни поправки.

    2.3. Документација

    Откако ќе се заврши со монтажата, изведувачот треба да ви достави документација која може да содржи еколошки или енергетски сертификат, техничка спецификација и слично.

    3. Разни видови на прозорци

    3.1. Видови дрво за прозорци

    Можеме да кажеме дека постојат многу фактори кои влијаат на тоа кое дрво е најквалитетно за изработка на прозорци. Еден од најважните е густината на дрвото бидејќи пресудно влијае на тоа колку прозорецот ќе биде отпорен на надворешни влијанија. Потврдо дрво има поголем густина, но потешко се обработува; меѓутоа, постојат видови на дрво кои имаат помала густина, а сепак се соодветни за оваа намена. Дрвната граѓа добиена од листопадни дрвја има голема густина ( дабот на пр. има 900 кг/м3) додека густината на зимзелените дрвја како бор или смрека имаат дупло помала густина (470 кг/м3). Аришот, борот и смреката, на пример се заштитени европски и северно американски видови дрва. Аришот е особено погоден за изработка на прозорски рамките од причина што е тврд и има одлични статички карактеристики.

    3.2. Видови прозорци

    3.2.1. Ѕидни прозорци

    Прозорско окно

    Преставува фиксен прозорец кој не се отвора. Тоа служи само за осветлување на просторот, се поставува онаму каде што не е потребно проветрување или истото се врши на друг начин. Бидејќи нема окови, шарки, крило, ниту пак се отвора, може да биде дупло поевтино од останатите видови прозорци.

    Еднокрилен прозорец

    Ваквиот прозорец има рам и крило кое се отвора на лево или на десно. Обично се отвора и на косо, односно на ,,кип“. Доколку сакате убаво проветрување на просторијата, тоа треба да го правите 3 пати дневно по 10-тина минути. Доколку прозорецот е отворен на ,,кип“ тогаш проветрувањето е постојано. Оваа функција е особено корисна дури и кога врне дожд или дува ветер па просторијата не може да се проветрува класично, со отворен прозорец.

    Двокрилен прозорец

    Овој прозорец е составен од две крила во рам. Крилата може да бидат еднакви (симетрични) или различни (асиметрични) двокрилните прозорци обично помеѓу крилата имаат носечки столб, но постојат видови и без. Ако постои, и двете крила може да се отворат или затворат хоризонтално или вертикално. Доколку не постои носечки столб, крилата се отвораат само хоризонтално, а на ,,кип“ може да биде само едното крило.

    3.2.2. Тавански прозорци

    Класичен тавански прозорец

    Класичниот тавански прозорец има рачка за отворање само на горната страна на рамот. Тоа дозволува под прозорецот да стојат разни работи, бидејќи не го попречуваат отворањето на прозорското крило.

    Панорамски тавански прозорец

    Панорамскиот прозорец има рачка само на долната страна на рамот. Ваквите панорамски прозорци овозможуваат подобар поглед и пропуштаат повеќе воздух и дневна светлина во просторот.

    4. Монтажа и одржување на прозорците

    4.1. Монтажа

    Доколку сакате новите прозорци да бидат долготрајни и да обезбедат енергетска ефикасност, мора да се погрижите тие правилно да бидат монтирани. При монтажата најважен е спојот и затварањето помеѓу ѕидот и отворот. Исто така крилата треба да се отвораат и затвараат прилично лесно, без допирање или паѓање.

    Постапка за монтирање

    Откако ќе пристигнат прозорците, мајсторот треба да ја заштити целата покуќнина; потоа следува вадење на старите прозорци. Ѕидните отвори каде што порано биле прозорците обично треба да се доработат за ивиците да бидат рамни, прави и под агол, како и заради висината и ширината кој треба да одговараат на новите прозорци. Откако ќе се фиксираат новите прозорци во рамот, доаѓа на ред полнење на отворите, односно затнување со соодветен материјал. Откако и тоа ќе се заврши на ред доаѓа проверка на функционалноста. Пред да си заминат мајсторите ќе ви остават сертификати за квалитетот и упатство за употреба.

    Видови на монтажа на прозорци:

    Класична монтажа

    Кај нас ова е најчест вид на монтажа. Отворите околу прозорецот се затнуваат со полиуретанска пена, попозната како пур-пена.

    Еко-монтажа

    Во оваа ситуација затнувањето се врши со флексибилна, еколошка, еластична пена. Ваквата пена се прилагодува на надворешните атмосферски влијанија со што осигурува енергетска заштеда. Ваквата пена е особено погодна и се препорачува за реновирање на постари објекти.

    РАЛ монтажа

    Овој вид на монтажа на прозорци секогаш се користи при изградба на ниско енергетски и пасивни објекти, особено при новоградба. РАЛ монтажата обезбедува најдобра термоизолација и минимален губиток на топлина. Од внатрешната страна прозорците се затнуваат со паропропуслива маса, а од надворешната со еластична полиуретанска пена, со што се овозможува пареата да излегува од просторијата, но не може да влегува. РАЛ монтажата спречува пенетрација на вода во ѕидовите, а со самото тоа и кондензација.

    4.2. Одржување

    Уште во тек на производство, дрвените прозорци се премачкуваат со заштитни средства поради што откако ќе се монтираат, доволно е редовно одржување. Тоа всушност значи дека најмалку еднаш годишно треба да се исперат со некое благо средство за чистење и со мека крпа, а потоа да се премачкаат оковите, шарките и механизмите за отворање/затворање. Во зависност од атмосферските влијанија, потребно е после првите десет години да се исфарбаат, намачкаат со масло или префарбаат(во зависност од оригиналниот завршен слој). Подоцна, оваа постапка се повторува на секој пет години. Освежувањето и новата заштита ќе го продолжи векот на траење на прозорците, а ако сакате, тогаш можете и да им ја смените бојата. Дрвените прозорци, во споредба со ПВЦ или алуминиумските прозорците, се репарираат многу полесно.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка и монтажа на медијапан собни врати

    Потребна е изработка и монтажа на собни дрвени врати од медијапан во куќа. Да бидат сиви или антрацит. Количина , 14 врати.
    Димензии, стандардни, 205 см х 95 см 110700 € до 184500 €

    ........

    Изработка и монтажа на дрвени прозорци

    Потребно е изработка и монтажа на дрвени прозори.
    ДНЕВНА СОБА
    -1 прозор 136 см x 165 см
    -1 прозор 62 см x 165 см
    Странични прозори
    -1 прозор
    66 см x 202 см ( можност за поделба на два дела )
    -1 прозор
    110 см x 204 см ( можност за поделба на два дела )

    СПАЛНА СОБА
    1 прозор
    -140 см x 170 см

    ДЕТСКА СОБА
    1 прозор
    -140 см x 170 см
    Дополнителна балканска врата и мал прозор во кујна и бања.
    Во прилог слики. 138375 € до 230625 €

    ........

    Изработка и монтажа на кровни прозори

    Потребна е изработка и монтажа на на два кровна прозора. Димензиите се 55 см x 80 см. 22140 € до 36900 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Реставрација на дрвени прозорци, 3 прозорци
    Дрвени прозорци, Центар Жупа

    360 € до 600 €

    Цена, Farbanje na drveni prozorci, 1 kom 3.8 x 2.2 m, 3 kom 1.2 x 1.2 m
    Дрвени прозорци, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Изработка и монтажа на еднокрилен прозорец, 120 x 90 см
    Дрвени прозорци, Скопје

    225 € до 375 €

    Цена, Реставрација на дрвени прозорци и врати, 3 врати, 10 прозорци
    Дрвени прозорци, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Изработка на два кровни прозорци, 55 х 98 см
    Дрвени прозорци, Битола

    540 € до 900 €

    Цена, Демонтажа и монтажа на кровен прозорец, 100 x 102 см
    Дрвени прозорци, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Promena na mehanizam na drvena balkonska lizgachka vrata, 1 kom
    Дрвени прозорци, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Izrabotka i montaža na drveni prozorci i roletni, 3 kom, 120 x 120 cm
    Дрвени прозорци, Куманово

    810 € до 1350 €

    Цена, Замена на механизам за врата, 1 ком
    Дрвени прозорци, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Изработка на дрвени капаци за прозорци и врати, 200 х 160 см ; 70 x 90 см
    Дрвени прозорци, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Farbanje na drveni prozori i menuvanje mehanizmi, 15 m2
    Дрвени прозорци, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Рестраврација на дрвени прозори, 2 ком
    Дрвени прозорци, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Изработка на дрвени прозори и врати, 14 ком прозорци, 4 ком врати
    Дрвени прозорци, Скопје

    4500 € до 7500 €

    Цена, Замена на механизам на прозорец и врата, 80 х 40 см
    Дрвени прозорци, Велес

    90 € до 150 €

    Цена, Поправка или замена на скршена дрвена врата, 200 x 65 см
    Дрвени прозорци, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Изработка на дрвени прозорци, 6 ком
    Дрвени прозорци, Скопје

    1440 € до 2400 €

    Цена, Zamena na drveni prozorci vo stan, 9 ком
    Дрвени прозорци, Радовиш

    2250 € до 3750 €

    Цена, Изработка на дрвени прозорци и врата, прозорци 5 ком, врата 1 ком
    Дрвени прозорци, Охрид

    1530 € до 2550 €

    Цена, Реставрација на дрвени прозорци, 6 ком
    Дрвени прозорци, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Замена на термопан стакло, 3 ком
    Дрвени прозорци, Скопје

    135 € до 225 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Дрвени прозорци ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    17+ КОМПАНИИ ЗА Дрвени прозорци
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА