За реон

    Дрвени скали Цена

    Колку чинат дрвени скали? Цената за дрвени скали зависи од висината и бројот на катови, видот дрво, видот на конструкција, комплицираноста на украсите и секако, од мајсторот. Цената за масивни дрвени скали по мерка се разликува од понудувач до понудувач. Цената за рамни дрвени скали со дрвено газиште за еден кат излегува околу 850 и 1.200 евра.

    Кому да ја доверите изработката или набавката и монтажата на дрвени скали? Пратете барање до соодветни и оценети столари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на дрвени скалила


    Цена на дрвени скалила. Цената на рамни дрвени скалила со дрвено газиште, цена за еден кат.

    850.00

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА

    СРЕДНА ЦЕНА
    1200.00

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Дрвени скали

    Метални скали


    Колку чинат металните скали? Цената на металните скали зависи од висината и видот на скалите (прави,...

    Проверете и: Метални скали Цена

    Скали од прохром


    Колку чинат прохромски скали? Цената на хромирани скали зависи од висината и видот на скалите (прави...

    Проверете и: Скали од прохром Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Дрвени скали - се што треба да знаете

    1. Дрвени скали – што се треба да знаете?

    Дрвеното скалило во внатрешноста или надворешноста е уникатен стилски елемент кој додава елеганција и префинетост на секоја куќа. Ако веќе сте се одлучиле за дрвени скали, тогаш внимателно прашајте за видовите, моделите и материјалите и пронајдете мајстор кој ќе може да го направи она што го сакате. Ќе ви претставиме неколку основни информации, за да ги видите можностите, а тие се навистина неверојатни.

    Дрвени скали
    Дрвени скали во ентериер

     

    1.1. Скали и паркет од ист материјал

    Доколку сакате скалите, без разлика на формата, да бидат од ист материјал како и паркетот, тоа може да се направи од даски паркет.

    1.2. Полно дрво или фурнир?

    Цената на скали од фурнир не се разликува многу од онаа за полно дрво. Фурнир кој може да се употреби за газишта мора да биде со дебелина најмалку 2 мм, бидејќи потенок поради секојдневната употреба многу брзо ќе се оштети. Скалите од масивно дрво во извесни ситуации се многу поиздржливи од фурнири – на пример, од самата влажност на воздухот, а и оштетувањата многу побрзо се санираат. Покрај тоа, изборот на видови дрво е многу поголем од изборот на фурнир. Од друга страна, фурнирот е многу осетлив на физичко оштетување и влага. Доволно е да ви капне вода од чашата што ја носите и фурнирот ќе набабри.

    1.3. Скали кој крцкаат

    Скалите кои имаат засек и јазиче кое влегува во него на спојот на газиште и челната плоча, доколку не се налегнат едно на друго како што треба, многу брзо ќе почнат да крцкаат. Дрвото со тек на време се суши, па кога газите, газиштето налегнува, а јазичето се подига што создава крцкав звук.

    1.4. Боење и лужење

    Не се препорачува боење и лужење на скали. Бојата, односно, премази на површината на газишта, многу брзо се истенчува и лупи, поради постојаната употреба, а повторното фарбање на веќе монтирани скали е многу тешко, скоро невозможно.

    1.5. Скали на бетон

    Мајсторите кој прават скали. Без разлика на нивниот конечен сакан изглед, употребуваат различни дебелини на плочите за газиште. Поради тоа, препорачливо е тесар или столар да најдете уште додека се прави армирано-бетонската конструкција на скалите (АБ конструкцијата смее да содржи најмногу 2,2% влага пред почетокот на монтажата)за да избегнете дополнителни трошоци за израмнувачки слој. Газиште на бетонот се лепи со специјален лепак кој не содржи вода. Дисперзивни лепаци и останатите видови кој содржат вода, може да предизвикаат деформитети и пукање на дрвото. За оваа намена погодни се само оние видови лепак кој се стврднува дури и кога е во дебел слој. Дрвеното газиште никако не смее да се лепи на бетонот со пур пена. Пур пената се собира додека се суши, па подоцна кога ќе газите преку скалите тие ќе одекнуваат и ќе крцкаат.

    1.6. Монтажа на скалите

    Не се препорачува монтажа на скалите пред завршување на сите занаетчиски работи од причина што не може адекватно да се заштитат од евентуални оштетувања. Исклучок се метални скали кој по завршување на работите се обложуваат со завршен материјал.

    1.7. Метални конструкции и скали

    Метална конструкција за скали не бара поставување на посебен темел. Скалила кој висат (на конзола) може да се вградат во дрвени и монтажни куќи бидејќи не им се потребни бетонски ѕидови. Меѓутоа, се препорачува сиот систем за скали да го прави еден мајстор. Во случај еден изведувач да ја прави металната конструкција, а друг дрвените делови, нивната врска може да не излезе баш најдобро, ниту од технички аспект, ниту естетски.

    2. Избор на изведувач

    Изберете изведувач кој ќе дојде кај вас, ќе прегледа се во објектот и ќе ви понуди релевантен и детален совет, како и соодветно техничко и естетско решение. Добро е еден изведувач да го изработи сиот скален систем, вклучително и висински порамнувања, бетонската под конструкција и поставување на дрвените газишта, односно, дрвената или металната конструкција. Уште подобро ќе биде доколку сте во можност да ги проверите неговите референци и поранешни изведби, како и да слушнете мислење од поранешни клиенти. Тоа ќе ви даде целосна слика за стручноста и умешноста на мајсторот, кој во оваа ситуација се неопходни. Проверете ги и роковите. Пред започнување на работата, барајте пресметка со детално наброени ставки – што точно ќе се работи, колку материјал ќе се потроши и кога ќе биде се завршено.

    3. Разни видови дрвени скали

    3.1. Соодветни видови дрво

    Дали ве интересира кој видови дрво се добри за скали? Може да ви кажеме дека ги има многу, иако изборот во главно зависи од тоа каде живеете, какви скали имате на ум и финансиските средства кој ви се на располагање. Во однос на тоа се бира и дрвената граѓа.

    3.1.1. Домашни четинари

    Бор, ариш и смрека

    Од четинарите, црвениот бор и аришот имаат најгусто и најцврсто стебло. Издржливи се и растат во различни поднебја. Црвениот бор многу често се употребува како градежен материјал, но и како материјал за покуќнина. Поради поголемата густина на стеблото, одличен е за подни облоги, како и за скалила. Покрај тоа што е повеќенаменски, црвениот бор одлично ги поднесува климатските и температурните промени, сечење, фарбање, лепење, а при тоа е исклучително отпорен на влага и инсекти. Со еден збор, совршен е за внатрешни и надворешни скалила.

    3.1.2. Домашни листопадни дрва

    Бел даб, јасен, планински и обичен јавор, бука, бреза, цреша, круша, домашен костен, липа, орев, робинија, топола, врба.

    Меѓу листопадните дрва, најчест и најомилен вид за изработка на скали е дабот. Дабот е омилен од повеќе причини, а најмногу заради убавата текстура и светлата, бело-сива боја до кафеави тонови. Слично на борот и дабот е отпорен на штетници. Белиот даб се користи за подови, скали, па и за изработка на чамци. Уште една добра страна која му оди во прилог е тоа што многу лесно се обработува, како рачно, така и машински.

    3.1.3. Дрвна граѓа од увоз

    Канадски јавор, сибирски ариш, махагон, венге, кедар, ироко, тик, дусси, мербау и зебрано.

    Од еколошки гледен аспект, може да кажеме дека не се препорачува употреба на егзотични видови дрва, односно, оние кој се загрозена врста и растат споро. Меѓутоа, за волја на вистината, не може да се избегне ни фактот дека за надворешни скали најдобар е сибирскиот ариш.

    3.2. Разни конструкции и под конструкции

    Само носечки скали – дрвена конструкција

    Ова се скали кои се целосно направени од дрво. Страничните носечки елементи може да се направат рамни или закосени, додека пак газиште може да биде само од плочи или полни скали.

    Само носечки скали – метална конструкција

    Носечката конструкција во оваа ситуација е метална, додека пак газиштата и челните плочи се од полно дрво или фурнир.

    Само носечки скали – скриена конструкција

    Ова се скали чија конструкција е замаскирана со дрвени елементи (газиштата и челните плочи). Таквите скали изгледаат бестежински, како да лебдат или како да пливаат.

    Бетонска под конструкција обложена со дрво

    Груба бетонска под конструкција може да се обложи со дрво. Ви советуваме сосема да го покриете бетонот со дрво, од сите страни. Таквите скали полесно се одржуваат, скалилата се подобро поврзани, а и изгледаат поубаво.

    Огради

    Оградата е важен дел од скалниот систем, исто како и скалилата, поради што заедно треба да прават една стилска целина. Најчесто за ограда се употребува не‘рѓосувачки челик, ковано железо, месинг, но може да се употребат и други материјали, како што се стакло, мермер, ковани мрежи и слично.

    4. Начини на обработка на дрвото

    4.1. Начини на обработка и заштита

    Дрвените скали се штитат од надворешни и внатрешни влијанија со разни премази и бои, техники на обработка, како што се брусење, четкање, пескарење и други, кој во исто време му даваат и единствен изглед. Ќе наброиме некој од најчестите:

    Белеење

    Со оваа постапка природната боја на дрвото се осветлува и уедначува, па скалите изгледаат по униформирани и по редуцирани и модерни.

    Лужење

    Со постапката на лужење се менува бојата на дрвото, додека пак текстурите и структурата остануваат непроменети, а видливи.

    Фарбање

    И со фарбање се штити дрвото, но добива и боја по ваш избор.

    Лакови

    Лаковите служат за заштита, но и за дрвото да добие придушен или висок сјај.

    Масло во боја и восок

    Со употребата на природни и синтетички масла или восок, дрвото се нијансира или му се истакнува неговата структура и текстура.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка на дрвени газишта за скали

    Потребна е изработка на скали од дрво, односно газишта и плоштатки. 15 газишта со димензии 90 х 25 см и 2 плоштатки 135 х 195 см и 66 х 93 см. 66420 € до 110700 €

    ........

    Дрвени газишта за скали

    Потребни ми се дрвени газишта за метална конструкција на скали. 13 газишта имаат димензии 92 см х 27,5 см и едно газиште 92 х 94 . Имам оставено слики во прилог. 83025 € до 138375 €

    ........

    Изработка и монтажа на дрвени газишта на степеници

    Потребна е изработка и монтажа за дрвени газишта на степеници и плочки во чело. Бетонската основа е направена и е спремна за поставување на газиштата. Вкупно има 15 газишта. 24907.5 € до 41512.5 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изведба на внатрешни скали за галериски простор, 2,5 м
    Дрвени скали, Маврови Анови

    1440 € до 2400 €

    Цена, Изработка и монтажа за дрвени газишта на степеници, 11 ком
    Дрвени скали, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, газишта,
    Дрвени скали, Гостивар

    630 € до 1050 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Дрвени скали ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    22+ КОМПАНИИ ЗА Дрвени скали
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА