За реон

    Енергетски пасош Цена

    Колку чини енергетскиот пасош и за што служи? Согласно измените на Законот за енергетика и подзаконските акти, енергетскиот пасош е задолжителен за сите нови згради, зградите што се подложени на значителна реконструкција, зградите што се продаваат или издаваат и зградите во сопственост или закупени од лица од јавниот сектор. Сопствениците на стари станови и куќи нема да треба да вадат енергетски пасош доколку решат да го продаваат или изнајмуваат објектот се до влезот на земјава во Европската Унија. Основниот енергетски пасош за просечна семејна куќа е околу 100-200 евра. Пасошот важи 10 години, освен ако не направите големи промени во зградата што може да ја наруши состојбата потврдена со пасошот - ако поставите поголеми прозорци, додадете или го проширите просторот итн. - со други зборови, ако ја зголемите потрошувачката на енергија . Доколку сакате да го продадете вашиот стан во зградата, најисплатливо е да побарате енергетски пасош за цела зграда бидејќи така ќе биде поевтино. И едно предупредување - казните предвидени со закон за физички лица одат до 500 евра, а за правни до 10.000 евра!

    Кому да ја доверите изработката на енергетски пасош? Пратете барање до соодветните и оценети експерти за енергетски пасоши во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на енергетски пасош


    Цена на енергетски пасош. Цена за изработка на енергетски пасош за семејна куќа поради продажба или изнајмување на недвижноста.

    100.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    156.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Енергетски пасош

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Енергетски пасош - се што треба да знаете

    1. Енергетски пасош - што треба да знаете?

    1.1. Енергетскиот пасош е сертификат за енергетска ефикасност

    Енергетскиот пасош е официјален документ кој содржи информации за енергетските карактеристики на објектот и препораки за зголемување на неговата корисност. Во ЕУ дури 40% од вкупната потрошувачка на енергија отпаѓа на деловните и станбените згради, а учеството на емисиите на CO2 е речиси исто. Факт е дека во секторот градежништво и недвижности постои голем неискористен потенцијал за заштеда на енергија и затоа парите, подобрата регулатива и контрола во оваа област исто така можат да станат дел од стратегијата за транзиција кон општества без јаглерод диоксид. Европската унија започна подетално регулирање на овој сектор во 2002 година, со Директивата 2002/91/ЕЗ. Ги пропишува перформансите и условите што треба да ги исполнуваат зградит за да бидат енергетски ефикасни, а покрај енергијата за греење на просторот, овие барања вклучуваат и ладење на просторот, греење на вода, вештачка вентилација и осветлување.

    Енергетски пасош
    Енергетскиот пасош покажува колку една зграда е енергетски ефикасна или не

    1.2. Зошто е важен енергетскиот пасош?

    Енергетскиот пасош е важен од најмалку две причини. Прво, се разбира, со цел да се обезбеди и реализира намалување на загадувањето на животната средина што е толку важно во ерата на глобалното затоплување, а потоа затоа што параметарот е корисен за информирање на потрошувачите. Имено, енергетскиот пасош покажува колку еден објект е ефикасен, односно дали во него рационално се користи енергијата, па затоа ја плаќа вистинската вредност на искористената енергија, или се троши. Значи, колку навистина треба да потрошите и платите за греење и ладење, а колку плаќате за неискористена енергија евидентирана како потрошена енергија. Доколку сте заинтересирани да купите имот, таквите информации се неопходни, бидејќи енергетски неефикасен објект ќе бара или темелно реновирање или многу високи трошоци, што секако ќе влијае на вашата одлука исто како и на куповната цена. Затоа, топла препорака е секогаш да ја проверите енергетската ефикасност пред купување (како и изнајмување) – а такви информации ќе најдете само во енергетскиот пасош. 

    1.3. Зголемување на енергетската ефикасност на зградата

    Важно е да се нагласи дека ваквиот пасош не содржи само информации за специфичната енергетска ефикасност на зградата, односно за нејзината енергетска класа, туку и набројани препорачани мерки кои можат да се преземат за да се рационализира потрошувачка на енергија во зградата. На пример, зборуваме за потрошувачката на електрични апарати што ги користите во домаќинството; сите такви апарати и уреди имаат налепници со технички податоци, но нема упатства како да се подобри нивната ефикасност и употребливост, но има упатства во енергетскиот пасош. Дополнителна предност што ја даваат мерките и препораките во пасошот е тоа што тие не се од општа природа, туку се направени врз основа на анализа и преглед на конкретниот објект на кој се однесува енергетскиот пасош. Се даваат и препораки врз основа на слични случаи, односно т.н. примери на добра практика, евидентирани во базата на податоци. Најпрецизно, како што е дефинирано со Законот, мерките за енергетска ефикасност се дејствија кои водат до проверлив и мерлив или проценливо зголемување на енергетската ефикасност и се преземаат како резултат на проценка на реалното искористување на енергијата; како мерка за енергетска ефикасност се смета и производството на електрична енергија, односно топлинска енергија со користење на обновливи извори на енергија, под услов произведената електрична енергија, односно топлинската енергија да се користи на местото на производство - односно во истиот објект. Во оваа смисла, подобрувањето на енергетската ефикасност е намалување на потрошувачката на енергија за ист обем и квалитет на производствени активности и услуги, или зголемување на обемот и квалитетот на производните активности и услугите што се обезбедуваат со иста потрошувачка на енергија, кои се постигнуваат со примена на мерки за ефикасна користење на енергија (технолошки промени, однесување на корисниците на енергија и/или економски промени).

    1.4. Кој ги поставува граничните вредности?

    Земјите-членки на Европската унија се одговорни за поставување на нивните минимални барања за енергетска ефикасност во нивната земја, како за новите објекти, така и за постојните, кои се во изградба или ќе се реновираат. Овие одредби се затоа што различни земји имаат различни климатски услови кои влијаат на потрошувачката на енергија во текот на годината. Дозволените вредности или минималните барања во нашата земја се дефинирани со Законот за енергетика  и Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, но стручната фела и пошироката јавност сеуште се во исчекување на измените и дополнувањата на законската регулатива веќе неколку години, истите сеуште се во работна верзија.

    1.5. Колку долго важи енергетскиот пасош?

    Енергетскиот пасош е со важност од десет години, доколку не се направат значителни промени во објектот кои би влијаеле на потрошувачката на енергија. Тоа може да биде инсталација на поголеми прозорци или доградба.

    1.6. Издавање енергетски пасош

    Вршење на енергетска контрола и издавање на енергетски пасош може да се изврши од страна на трговец поединец или правно лице кое поседува  лиценца за вршење на енергетска контрола. Сертификатите за енергетските карактеристики на зграда треба да бидат потпишани од овластените енергетски контролори, со нивно име и презиме, адреса и професионално занимање и да бидат заверени од страна на трговецот поединец, односно правното лице со неговото име, адреса и
    печат.

    Во Македонија постои и активно работи Здрушение на лиценцирани енергетски контролори- ЗЛЕК, здрушението работи во насока на информирање и запознавање на членството со законската регулатива и активно учествува на јавни расправи при носење на законски и подзаконски акти.

    2. Кога е потребен енергетски пасош?

    Енергетски пасош кога станува збор за енергетските карактеристики на зградите за нови згради и градежни единици како и за згради и градежни единици кои биле предмет на значителна реконструкција се издава врз основа на податоци од основниот проект или проект на изведена состојба, во врска со рационално користење на енергија и топлинска заштита, како и завршниот извештај за извршениот надзор од правното лице кое вршело надзор и писмени изјави на изведувачите за изведените работи и услови за одржување на зградата.

    За постојни згради и градежни единици кои се продаваат или издаваат под закуп, згради и градежни единици кои се во сопственост или се закупени од лица од јавниот сектор како и згради и градежни единици од јавен карактер се издава врз основа на податоци од извештајот за спроведена енергетска контрола.

    3. Информации во енергетскиот пасош

    Пресметката и изразувањето на енергетската класа за зградите се врши врз основа на вкупната специфична годишна испорачана енергија за греење во [kWh/m2 god].

    Зградите и градежните единици за домување и нестанбените згради и градежни единици се поделени во осум енергетски класи, и тоа: А+, А, B, C, D, E, F и G. Класата А+ претставува енергетски најповолна, додека класата G е енергетски најнеповолна класа.

    4. Колку чини енергетскиот пасош?

    Цената е дискутабилна, со оглед на инфлацијата која што е присутна изминатите година дена и имајќи во предвид дека пропишаните цени ќе претрпат промена со новата регулатива која што е во изработка.

    Старите цени беа дефинирани како максимален износ и тоа:

    • Општа енергетска контрола на згради за бруто површина по 30 ден/м2
    • Детална енергетска контрола на згради за бруто површина по 50 ден/м2 

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Енергетски пасош и препораки за зголемување на енергетската ефикасност

    Потребен ми е нергетски пасош и препораки за зголемување на енергетската ефикасност. Се работи за неколку станбени единици. 7195.5 € до 11992.5 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Енергетски пасош?

    Енергетски пасош ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    7+ КОМПАНИИ ЗА Енергетски пасош
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА