За реон

    Фарбање метал Цена

    Колку чини бојадисувањето на метал? Цената за фарбање на метал зависи од големината и комплицираноста на самата површина, но и од состојбата во која се наоѓа самиот метал(на пример колку е ‘рѓосано), колку пати ќе се премачкува, видот на боја и се разбира, самиот мајстор. Цената за фарбање на метална конструкција или фарбање ограда со брусење изнесува помеѓу 7 и 11 евра/м2.

    Кому да доверите фарбање? Пратете барање кај соодветни и оценети фарбачи во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на боење метал


    Цена за боење метална конструкција или ограда со вклучено брусење на старата боја.

    7.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    10.20 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Фарбање метал

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Бојадисување со прав - се што треба да знаете

     

    1. Бојадисување со прав – што се треба да знаете?

    Бојадисувањето со прав всушност преставува пластифицирање, односно, процес на електростатично нанесување боја во прав на метална, дрвена или некоја друга површина, која потоа се пече на 180-200°C. Покрај тоа што добиената боја е поубава, рамномерна, потрајна и поквалитетна од таа која се добива при класично бојадисување, со оваа постапка површината се штити од корозија и оштетувања.Фарбање со прав

    Кој премаз е најдобар за метални производи? Зошто да изберете бојадисување со прав? Бојадисувањето е традиционален начин на работа, додека пак бојадисување со прав е современо решение. Овој вид на фарбање допринесува за поголема издржливост и квалитетен изглед, а има помало негативно дејство на природната средина.

    1.1. Што всушност преставува бојадисување со прав?

    Бојадисување со прав е постапка на суво нанесување на боја, која инаку се користи при обработка на метали, во главно за индустриска опрема. Бојата се нанесува на металот како сув прав по пат на електростатска постапка, а потоа се фиксира со топлинска обработка, односно, со печење и сушење. Се знае дека прашкастиот премаз обезбедува висококвалитетен краен резултат, како функционално, така и естетски. Површините кој се премачкана со прав не само што е многу издржлива, туку и прилагодливи. Може да се употребува за разни површини, вклучително и метал, дрво, бетон, челик и пластика. Фарбањето со прав е погодно за внатрешна и надворешна примена и преставува еден од најевтините начини на завршна обработка.

    1.2. Колку е издржлив овој вид на премаз?

    Тоа е еден од нај трајните премази кој може да се употребува за заштита не само на метал, туку на разни површини. Хемиските процеси кој се одвиваат при електростатско фарбање овозможуваат создавање на завршен, заштитен слој погоден и за индустриски машини, а и за производи за секојдневна употреба. Овој вид на премаз одлично поднесува екстремни временски услови и големи физички оптоварувања, што практично значи дека е отпорен на удари, гребаници и лупење.

    1.3. Колку време трае премаз во прав?

    Долготрајноста на производот зависи од повеќе фактори и тоа квалитетот на подготовка, видот на прашкаст премаз како и средината во која ќе се наоѓа производот. Заштитниот слој добиен со прашкаст премаз може да трае и до 20 години, иако може да се разгради и побрзо како последица на несоодветна употреба, изложување на УВ зрачење и други надворешни непогодни услови. Различни премази имаат различен век на траење. На пример, премази со флуорополимер и уретан траат подолго. Тие се направени за да може да издржат екстремни услови што ги прави погодни за предмети кој се предвидени за надворешна средина. Епоксидните премази може да траат многу долго и на затворено, но кога ќе се изложат на надворешни услови, се разградуваат многу брзо.

    1.4. Останати предности на бојадисување со прав

    Прашкастите премази имаат повеќе предности, што ги прави одличен избор за заштита на метал. Покрај општо познатите како што се издржливост и отпорност, тука спаѓаат и други предности кој треба да се земат во предвид при изборот на начинот на завршна обработка.

    • Еколошки прифатлив избор: Може да се рециклира и повторно да се употреби. За разлика од термо премазите, термо пластичните премази многу лесно може да се вратат во иста форма. Правот се нанесува многу прецизно со минимална загуба, за разлика од класичното фарбање, што значи дека ќе ви биде потребно околу 5 % помалку материјал. Голем плус е фактот дека не ви е потребен разредувач. Прашкастиот премаз не ослободува пареа од органските соединенија кој може да и наштетат на животната околина. Покрај тоа, иако се препорачува носење на заштитна опрема, побезбедни се за употреба и не преставуваат толкава опасност по здравјето како останатите методи на фарбање и нанесување заштитни премази.
    • Избор кој ќе ви се исплати: Искуството при употреба на прашкаст премаз за некој ќе биде важно, а за некој исклучително. Во секој случај, бенефитите се видливи само со проста споредба со останати завршни слоеви.
    • Полиран изглед: При фарбање со боја во прав многу лесно се добива убава, полирана и сјајна површина. Фактот дека е отпорна на хемикалии, влага и останати елементи исто така ја прави многу едноставна за одржување.

    1.5. Кој се слабости при фарбање со прав?

    Покрај фактот дека фарбање со прав има бројни предности, не треба да се занемарат и неговите недостатоци. Поентата е дека доколку се сака да се постигне саканата ефикасност и функционалност, мора да се употреби вистинскиот вид и вистинскиот начин на нанесување на бојата во прав. При фарбање со прав постои помала можност да се исконтролира конечната дебелина на бојата. Дури може да се случи и дебелината да излезе нерамномерна, што има влијание на вкупната текстура. Во таков случај целата постапка мора да се повтори. И покрај тоа што една од многуте предности на фарбање со прав е рециклирањето и повторната употреба, исто така може да дојде до вкрстено преливање на бојата. Тоа едноставно значи  дека фарбањето нема да ги задоволи очекувањата, а со самото тоа и ефикасноста и квалитетот се ставаат под знак прашалник.

    2. Бојадисување со прав – избор на вистинскиот понудувач

    Изборот на вистинскиот понудувач зависи од индивидуалната потреба на проектот. Ниту една компанија која се занимава со електростатично фарбање нема да биде соодветна за секоја една работа. Пред да го изберете понудувачот, поставете си ги следните 8 прашања.

    2.1. Дали производот може да се фарба со прав?

    Најпрво што треба да знаете е дали за вашиот производ или проект фарбањето со прав е најдобро решение. Треба да знаете дека дрвото, гума, пластика и останати материјали кој не се термо отпорни, не треба да се фарбаат со прав. Површината или делот премачкан со прав мора да се запече, и тоа во печка која постигнува температура преку 400°C, што значи дека вообичаените материјали во неа ќе се истопат или ќе изгорат. Доколку не сте сигурни, прво проверете со понудувачот дали тоа што сакате да го бојадисувате со прав воопшто смее да биде третирано така.

    2.2. Дали е потребна некоја подготовка?

    Дали површината на производот треба да се пескари пред да се нанесе прав? Многумина понудувачи ја нудат и услугата на подготовка на површината пред нанесување прав – без разлика дали станува збор за пескарење со гранули, сув мраз, песок, вода или останати видови материјали. Меѓутоа, има и такви кој се занимаваат исклучително со електростатично фарбање. Од тие причини, пред да се договорите за работата, проверете што точно самата работилница подразбира под услугата која ја нуди, односно, што точно нудат. Доколку е неопходна подготовка на површината, ви препорачуваме истото да ја направи мајсторот кој ќе фарба. Пескарење со помош на абразиви е современа метода на шмирглање, бидејќи со металот се отстрануваат сите нечистотии, а и старите заштитни премази. Поради тоа што станува сосема оголена, површината ќе биде осетлива на ‘рѓа и останати влијанија, особено за време на транспорт или додека се чека на бојадисување. Со директен премин од пескарење на фарбање со прав се обезбедува максимално чиста површина и атхезија на бојата, со што се избегнуваат евентуални проблеми.

    2.3. Дали има потреба од дополнителни услуги?

    Дали вашиот производ треба да се монтира после фарбање, а пред испорака? Дали има потреба од дополнителна обработка на површините? Осигурете се дека давателот на услугата е подготвен и способен да ги обезбеди и овие дополнителни услуги.

    2.4. Дали ви се брза?

    Времето на чекање за фарбање со прав зависи од неколку фактори: колку е зафатен избраниот мајстор/работилница/компанија, дали е спремен и способен  за брза услуга (и дали вие сте спремни тоа да го платите) и така натаму. Станува збор за услуги како што се: времето потребно за подготовка и начинот на работа, подготовка на површината и секундарните услуги, како и рокот на испорака. Обично рокот за овозможување вакви услуги е неколку недели.

    2.5. Дали треба да се фарба со различни бои?

    Проверете кој марки на прашкасти бои ги нуди понудувачот. Некои понудувачи работат со повеќе добавувачи, па имаат разни типови на боја, додека други работат само со еден добавувач. Некој може да направат повеќе боен производ или производ со повеќе текстури. Доколку е потребно повеќе бои на производот или доколку поодделни делови треба да останат не избоени, за тоа треба однапред да се договорите со понудувачот. Некои тоа го умеат, некој не. Специфичните барања во голема мера влијаат на изборот на понудувач, како и на самата цена.

    2.6. Дали ви требаат натписи или специјални графички ефекти?

    Некој работилници за фарбање со прав имаат машини и апарати кој можат да изведат се што ќе посакате, односно се што можете да замислите, што се однесува на бојата, ефекти, текстура и т.н. Други пак, може да изведуваат само едноставни, стандардни нарачки.

    2.7. Дали вашиот производ е мал или голем?

    Информирајте се која големина на производ понудувачот може да прифати. Некој работи можеби се преголеми за просторот или опремата која ја имаат. Во таков случај, производот, пред фарбање, мора да се расклопи. Од друга страна, помали производи едноставно може да се потопат во прашкаст премаз, доколку во самата работилница се применува таков начин на работа.

    2.8. Дали вашата нарачка е мала или голема?

    Некој понудувачи воопшто не прифаќаат мали нарачки. Меѓутоа, во многу случаи се наплаќа многу висока цена за мали количини, бидејќи компанијата мора да си го покрие трошокот. Всушност повеќето понудувачи претпочитаат да примат големи нарачки – поголемите нарачки и за вас како клиент се поисплатливи.

    3. Бојадисување со прав – видови премази

    Постојат два вида на премази во прав – термо активни и термопластика.

    3.1. Термопластика

    Термо пластичните прашкасти премази омекнуваат и стануваат течни кога се загреваат. Тие не влегуваат во хемиска реакција со останати елементи, остануваат исти, поради што може повторно да се употребат. Ваквите премази по правило се подебели и со самото тоа потрајни во споредба со термо активните премази. Од таа причина може да се употребуваат за многу работи направени од метал, како што се автомобилски делови, метални предмети, па дури и за фрижидери.

    3.2. Термо активни премази

    Од друга страна, термо активниот прав е сосема поинаков бидејќи создава хемиска врска откако ќе се стврдне, што оневозможува негово рециклирање. Термо активните премази се погодни за подрачја каде што температурите се високи, бидејќи врските не дозволуваат да се топат. Термо активните премази се доста поевтини во однос на термо пластиката.

    4. Фарбање со прав – постапка

    Основа на прашкастиот премаз е полимерна смола во комбинација со пигменти, инхибитори, модификатори на проток, средства за порамнување и многу други адитиви. Сите состојки треба да се измешаат, растопат, а потоа да се изладат и смелат во прав. Со загревањето се добива рамномерна завршна обработка, а ладењето помага при формирање на цврста навлака. Постапката на нанесување прав го елиминира прекумерното прскање кое се јавува при употреба на растворени бои. Прашкастите премази се разликуваат од обичните бои и по тоа што е потребно електрично полнење за да се прилепат за подлогата, додека за боја не е потребен лепак. За постапката на нанесување се употребуваат електростатички прскалки. Таа му дава на правот позитивен електрицитет при што го спојува, односно, лепи за останатите компоненти на површината која се фарба. Постапката на хемиско врзување го зајакнува прашкастиот премаз, од причина што врската станува постојана. Една од најважните предности при употреба на прашкаст премаз е тоа што може да се додава неколку слоеви после зацврстување, во зависност од саканата конечна дебелина. Подебел премаз значи подолг век на траење и поголема заштита. Прашкастите премази преставуваат соодветна заштита на металот бидејќи ги одбиваат корозивните материјали, како што се хемикалии и водата.

    4.1. Подготовка

    Откако ќе се одлучите за видот на премаз, првиот чекор во процесот на фарбање преставува подготовката. Тоа можеби преставува и најважинот дел од процесот, кој влијае на тоа колку квалитетно самата боја ќе се залепи на површината која сакате да ја заштитите. Подготовката може да биде брусење, пескарење или нанесување прајмер.

    4.2. Фарбање

    Прашкастата боја обично се нанесува на површината со помош на електростатична прскалка (пиштол) наполнет со прав со одредена боја. Со помош на компресор се прска саканата површина. Откако правот ќе ја покрие површината, зацврстувањето може да почне. Површината се загрева така што правот се топи, разлива и се создава филм. Кога површината ќе се излади, премазите се стврднуваат и постапката е завршена.

    4.3. Останати начини на фарбање со прав

    Постојат и други начини на нанесување прашкаста боја, иако тие може да бидат и проблематични или погодни само за одредени видови на проекти. На пример, металната површина може да се загрее пред да се нанесе премазот, што му овозможува на правот да се истопи во контакт со металот. При ваков вид на фарбање може да се случи вишокот на прав да истече, поради што е неопходно повторување на постапката. Друг начин е електростатска примена на течен прав, кој е погоден за фарбање на помали делови кој едноставно се натопуваат во боја.

    4.4. Колку време трае процесот на фарбање со прав?

    Колку време ќе трае постапката на нанесување на прашкаст премаз, зависи од елементот кој се работи. За поголеми елементи е потребно подолго време бидејќи и двете страни (лицето и опачината) мора да бидат покриени со премаз. На пример, фарбање на тркалата од автомобил не треба да трае подолго од два часа по парче. Процесот може да се заврши за еден ден. Прилично прецизен дел од процесот е времето на сушење. Тоа е последниот чекор на нанесување на прашкаст премаз. Печката го загрева производот на  162-204℃, 10 до 30 минути. Времето потребно за зацврстување зависи од големината на производот и дебелината на слоевите боја.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    Фарбање метал ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    29+ КОМПАНИИ ЗА Фарбање метал
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА