За реон

    Греење Цена

    Колку може да чини систем за греење? За да имате што пониски трошоци за греење треба да изберете оптимален систем за греење. При тоа, треба да ја земете во предвид локацијата на куќата, нејзината големина, дебелината на изолацијата, непропустливост, достапност и цената на енергенсот и секако цената на поодделни системи. Сите овие податоци најлесно ќе ги добиете со изработка на енергетски пасош. Врз основа на цената во него полесно ќе одредите што е поисплатливо – печка на дрва, топлинска пумпа или ИЦ панел или нешто друго. Имајќи го предвид сето тоа, трошоците за воведување греење во семејна куќа од прилика излегуваат околу 25-42 евра/м2. Кому да го доверите планот и монтажата на системот за греење? Пратете барање на соодветни и оценети експерти за греење во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на централно греење во куќа


    Цена на централно греење во куќа. Цената за центално греење на плинска печка во сите простории.

    25.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    42.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Греење

    Машински инсталации


    Колку можат да чинат машинските инсталации? Цената на машински инсталации зависи првенствено од видо...

    Проверете и: Машински инсталации Цена

    Подно греење


    Колку чини подно греење? Цената на подно греење зависи, пред се, од системот кој ќе го изберете (на ...

    Проверете и: Подно греење Цена

    Топлински пумпи


    Колку чинат топлинските пумпи? Пред да одлучите да купите топлинска пумпа, внимателно проверете ги с...

    Проверете и: Топлински пумпи Цена

    Ѕидно греење


    Колку може да чини ѕидно или таванско греење? Ѕидното греење е многу прифатливо за цената, бидејќи т...

    Проверете и: Ѕидно греење Цена

    Калени печки


    Колку чини ѕидана печка? Ѕиданите печки ги намалуваат трошоците за греење и служат како дополнителен...

    Проверете и: Калени печки Цена

    Котел за биомаса


    Колку чинат котлите за биомаса? Пред да го изберете типот на гориво за греење, размислете и прашајте...

    Проверете и: Котел на биомаса Цена

    Сервис за печки и уреди


    Колку може да чини сервис на печка? Со летен сервис на системот за греење во куќата, можете да ја оп...

    Проверете и: Сервис за печки и уреди Цена

    Пелети, брикети, струготини, дрва


    Како се движат цените на пелети, брикети, струготини, дрва ? Греењето на биомаса се смета за еден о...

    Проверете и: Пелети, брикети, струготини, дрва Цена

    Мазут


    Кои се цените на маслото за греење? Пред почетокот на грејната сезона споредете ги цените маслото за...

    Проверете и: Мазут Цена

    Набавка на електрична енергија


    Која е цената на струјата? Довод струја во домовите овозможува осветлување, работа на апарати и уред...

    Проверете и: Електрична енергија, ценовник за електрична енергија

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Централно греење - се што треба да знаете

    1. Централно греење – што се треба да знаете?

    Термостат
    Современите технологии за греење промовираат заштеда на енергија и заштита на животната средина

    1.1. Колку топлина е потребно?

    Модерните технологии на греење промовираат заштеда на енергија и заштита на животната средина. Поради тоа, пред да се одлучите на еден од начините на греење, запрашајте се колку топлина навистина ви е потребно? Топлината е сосема субјективна и категорија која секој лично ја доживува и се разликува од човек до човек. На иста собна температура на некој му е жешко, а некој се тресе од ладно. На нашите сетила влијаат многу фактори, па така на чувството на топлина влијаат и материјалите кои се вградени во просторот, големината, релативната влажност и друго. За оптимална температура за станбен простор се зема 19-23°C и дека луѓето најпријатно се чувствуваат на околу  22°C.

    1.2. Како функционира системот за централно греење?

    Централното греење во основа е систем на загревање на вода во централна печка. Загреаната вода станува полесна и по систем на цевки се пренесува до радијаторите или останати грејни тела поставени во просториите од станот или куќата. Поминувајќи низ цевките, водата се лади и повторно ја добива специфичната тежина, па како таква се враќа во печката и повторно се загрева. Кога не може да се овозможи вакво природно кружење на водата благодарение на нејзините физички својства, се вградува проточна пумпа кој го поттикнува движењето. Системот на централно греење е составен од:

    - котел, односно, печка како централно ложиште,

    - грејни тела – радијатори, ѕидно и тавански цевки,

    - разводен систем – централно ложиште и цевки и

    - сад за експанзија.

    1.3. Разни видови огрев

    Печката или котелот обезбедуваат соодветна топлинска енергија која преку цевките се пренесува до сите простории од станот или куќата. Топлината во печката или котелот се создава по пат на согорување на разни видови гориво. Најмногу се употребува мазут, плин, струја и тврди горива (јаглен, дрва, пелети...). на пазарот може да се најдат и т.н. комбинирани печки кој имаат различни огништа за поодделни горива. Постојат и печки кој се приклучуваат на соларно греење.

    Во нашиот регион греењето преставува голем трошок за секое домаќинство бидејќи мора се користи околу 200 дена годишно. Корисници на помалку ефикасни енергенси и системи за греење (мазут, плин, електрични радијатори, стари печки на дрва или струготини и т.н.) можат да остварат заштеда и до 75% кога ќе поминат на топлинска пумпа или некоја друга современа технологија. Покрај намалените трошоци, новите системи се далеку поедноставни и што е уште поважно – создаваат пријатна микроклима и помалку се штетни за природната средина.

    1.4. При употреба на апарати на гас, бидете многу внимателни!

    Кога за греење ќе изберете гас, односно плин, мора да обезбедите и соодветен одвод за чадот, поради што неопходно е да инсталирате одводна цевки за чадот од не‘рѓосувачки челик. Во просторијата во која ќе биде поставена плинската печка, електроинсталацијата мора да биде поставена на специјален начин, согласно Правилник за употреба на плински уреди и упатства.

    1.5. Сад за експанзија

    Овој уред е еден од елементите на системот за греење. Задача на овој сад е да спречи оштетување на системот поради зголемување на притисокот во печката. При загревање водата се шири и вишокот вода оди во садот за експанзија за да спречи качување на притисокот во системот. Настанатиот притисок мора да се ослободи на некој начин поради што постојат сигурносни вентили. За да испуштат пареа на време и прописно, мора да бидат големи и соодветно монтирани.

    1.6. Секундарно греење

    На секој примарен систем на греење може да му се додаде секундарно во форма на соларни колектори или топлинска пумпа. Моќноста на секундарниот извор на греење зависи од големината и потребата на објектот кој сакате да го догревате. За да направите пресметка, може да се послужите со дадените стандарди (ISO 9001:2000 и SRPS.M.E6.100, 101 и 120): со нив се пресметува колку топлина треба да биде произведено за да може објект со одредена големина да се загрее до 19°C при минимални надворешни температури (во Северна Македонија просечната минимална температура е помеѓу -6°C и 0°C).

    2. Монтери на централно греење

    Монтажата на централно греење секако дека треба да се препушти на искусни мајстори. Тие употребуваат соодветни сертифицирани и тестирани материјали. Систем за централно греење кој е изведен стручно и квалитетно ретко се расипува, поради што не треба да се грижите за неговата сигурност. Кога бирате изведувач, покрај професионалноста и искуството, треба да обрнете внимание и на тоа дали даваат гаранција, редовно одржување и сервисирање.

    3. Видови на централно греење

    3.1. Според грејните тела

    3.1.1. Радијаторско греење

    Радијаторското греење се вбројува во т.н. високо температурни системи. Тоа е еден од најраспространетите начини на греење. Радијаторите греат на два начини: зрачат топлина и го кружат воздухот во просторот (загреаниот воздух се подига до таванот, а ладниот останува долу). Топлината се пренесува преку термо изолирани цевководи кој се видливи или вградени во подот или ѕидовите. Плинските печки, котелите на биомаса и мазут или некој вид топлинска пумпа може да се приклучат на централен систем за греење. Енергетски најефикасни се радијаторите сместени под прозорците. Предност на радијаторското греење се едноставно регулирање на температурата, брзо и ефикасно загревање, можност за бирање на режимот на работа, распоред на радијатори со разна форма и боја, ниската цена, како и мерење и распределба на трошоците во заеднички објекти.

    3.1.2. Подно греење

    Подно греење преставува површинско греење кое се поставува во подот. Загреаната вода шири топлина низ целата површина на подот и на тој начин го загрева просторот. Поради големината на површината, температурата на водата во цевките е пониска (26°-28°C). Поради оваа подното греење се вбројува во ниско температурни системи кој ги придвижува ниско температурна топлинска пумпа или соларен колектор. Трошоците за овој вид греење се за 15% пониски за разлика од радијаторското греење. Предност на подно греење е повеќе слободен простор, слободни ѕидови, пријатна топлина под стапалата и пониска температура и влажност на воздухот, но, од друга страна чувство на поголема загреаност на просторијата и секако, заштеда. Може да се каже дека единствена маана на овој систем е неговата бавност – потребни се неколку часа за оптимално да се загрее просторот.

    3.1.3. Ѕидно греење

    Ѕидното греење може да биде самостоен или секундарен систем за греење, покрај подното. Бидејќи има повеќе предности, слободно може да се каже дека за него се решаваат се поголем број луѓе. Предности на овој систем се оптимална и рамномерна дистрибуција на топлина, ниски трошоци, може да се конвертира и на ладење со регулирање на моќта и температурата, не крева прашина, нема корозија на цевките бидејќи се пластични, нема ниту мувла ниту кондензација од внатрешната, ниту пак од надворешната страна на ѕидовите; исто така, ако надворешната страна на ѕидот е ладна не може да ја снижи температурата во внатрешноста. Сепак, ѕидното греење има и свои недостатоци – мебелот поставен покрај ѕидовите ја намалува ефикасноста на греењето, објектот мора да биде потполно изолиран, монтажата бара обработка на големи површини, а ѕидовите не смее да се бушат дури ни за закачување на слики или за нешто друго. Може да се каже дека поради брзината на работа, ѕидното греење е најдобро за монтажни објекти кои имаат помала акумулација на топлина.

    3.1.4. Топло воздушно греење

    Овој систем работи на принцип на дување на топол воздух во просторот поради што е најсоодветен за објекти градени по стандарди за пасивни куќи. Мрежа од вентилациони цевки се поставува низ целиот објект и секоја просторија има свој одвод. Системот овозможува и рекуперација на воздухот кој го зголемува степенот на искористеност на топлината. Рекуперацијата се врши така што свеж воздух ја презема топлината од веќе загреаниот, искористен воздух кој се исфрла, но на таков начин да не се мешаат еден со друг. Предност на топло воздушното греење е во тоа што просторијата и се грее и се проветрува во исто време Системот многу лесно се префрла на режим на ладење и на тој начин станува централен систем за климатизација. Со дување на загреан или ладен воздух, просториите многу брзо се греат или ладат, но основен услов преставува објектот да биде добро изолиран.

    3.2. Едноцевни и двоцевен систем

    Од котелот или печката до грејните тела топлината најчесто се дистрибуира преку систем од цевки-цевковод. Колку подолг цевковод, толку поголема загуба на топлина и обратно. Притоа, доколку цевките минуваат низ простории кои не се греат, мора добро да се изолираат.

    Постојат едноцевни и двоцевен системи на централно греење. Кај двоцевниот систем, водата доаѓа во грејното тело по една цевка, а излегува по друга. Цевките ги поврзуваат грејните тела во паралелен систем кој овозможува температурата секаде да биде иста. Кај едноцевниот систем, грејните тела се сериски поврзани на начин што секое следно грејно тело добива делумно поладна вода. Поради ова се прави петелка, односно, гранки, кои спречуваат водата премногу да се излади.

    3.3. Греење од далечина или сопствена котларница

    Во системот на централно греење на далечина, топлинската енергија се произведува во топлана или индустриска котларница. Големината на системот е определена со големината на мрежата на потрошувачи, односно, големината на населеното место. Топлинската енергија доаѓа до куќите или зградите преку топловодната мрежа. Секој објект поодделно има своја потстаница преку која оди снабдувањето од мрежата. Пресметката на потрошената топлина се добива врз основа на мерење на количината на топлината, редовно или паушално. Во самиот објект системот за греење функционира исто како да станува збор за сопствена котларница. Разликата е само во тоа што со системот управува некој од вработените во топлификација, а со котларница самиот сопственик.

    4. Постапка за монтажа

    Способен и професионален изведувач најпрво ќе ви ги предочи сите предности и недостатоци на различни решенија за греење, со што ќе ви помогне да се одлучите за еден од нив. Откако ќе донесете одлука и кога ќе се направи детален нацрт, може да се почне со монтажа. Изведувачот ќе ги набави потребните апарати и разводни цевки, ќе ја монтира опремата и грејните тела. Инсталациите може да бидат скриени (невидливи) вградени во ѕидовите или видливи (само стоечки). Во секој случај, монтерите ќе се погрижат и за изолацијата, особено во просториите кои не се загреваат. Исто така, особено внимание треба да се посвети и на изолација на цевките кои минуваат низ надворешни ѕидови, особено кога станува збор за двоцевен систем за да не се губи премногу топлина. Цевките може да бидат метални (челични или бакарни) или пластични, иако во последно време се повеќе се употребуваат т.н. алупласт цевки, како поради едноставното и брзо поставување, така и поради цената и долготрајноста. На крај, добар изведувач секогаш ќе ви понуди и одржување и сервис за да имате целосна услуга, а системот да функционира токму онака како што треба.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изведба на парно греење и топлинска пумпа

    Потребна е изведба на парно греење и топла вода со топлинска пумпа. Површината на објектот е 100 м2. Контактирајте ме на вибер. 1107000 € до 1845000 €

    ........

    Набавка и монтажа на радијатор за купатило

    Потребна ми е набавка на регистер за во купатило. Имам веке постоечко парно греење со котел на пелети. Во купатилото немам. Имам оставено слики во пролог. 19372.5 € до 32287.5 €

    ........

    Топлинска пумпа и радијатори

    Топлинска пумпа вода вода, за еден спрат околу 150 м2, термоизолирана со 10 см усјепор. Систем на греење со радијатори, поставена прва фаза, со сецки спроведени до секоја просторија. Само радијатори фалат. Под прв спрат е деловен објект, кој преку зима ретко се загрева. Надворешно, има доволно место за поставување на инсталацијата. 221400 € до 369000 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изведба на инсталација за парно греење, 83 м2
    Греење, Струмица

    2520 € до 4200 €

    Цена, Додавање на радиатори во стан, 3 ком
    Греење, Скопје

    450 € до 750 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Греење ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    109+ КОМПАНИИ ЗА Греење
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА