За реон

    Хортикултура, градина, двор Цена

    Колку чинат градинарските работи? Цената за уредување на околината може значително да се разликува согласно видот на работа, како и самиот понудувач: косење трева, режење на жива ограда и дрва, пресадување или заштита на овошки, садење и ѓубрење на градина, вадење корени и така натаму. Цената за тревник до 1.000 м2 е околу 1-2 евра/м2.

    Кому да го доверите уредувањето на дворот или градинарски работи? Пратете барање кај соодветни и оценети инженери по хортикултура или градинари во вашата околина - бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на косење трева


    Цена на косење трева. Цената на тревник до 1.000 м2.

    1.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    1.20 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Хортикултура, градина, двор

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Хортикултура, градина, двор - се што треба да знаете

    1. Хортикултура, градина, двор – што се треба да знаете?

    Околината на куќата е огледало на нејзините станари, поради што треба да се потрудите вашиот двор да биде уреден, негуван и привлечен. Хортикултура подразбира големо знаење, затоа што секоја билка мора да се сади, расте и одгледува на точно определен начин по одреден ред. Поради тоа, уредувањето на дворот треба да им се препушти на пејзажен архитекти и градинари кој поседуваат соодветно знаење и механизација. Во уредување на околината спаѓаат планирање и нацрти, подготовка и оформување на теренот, садење дрвја, грмушки, садење трева, цвеќиња, изградба на рибник, поставување скали, патеки, мостови и многу други работи. Откако на крај ќе се уреди дворот, потребно е редовно одржување бидејќи с есе менува и расте. Тогаш на ред доаѓаат градинарските работи во кој спаѓаат косење трева, зарежување на дрвцата и зеленилото, садење едногодишни садници, плевење, ѓубрење, заштита на дрвата, зимска нега и се останато. Грижата околу баштата препуштете ја на искусен градинар, а кога ќе си дојдете дома, отпуштете се во лулашката и уживајте.

    Градинар
    Вештиот градинар ќе ве направи горди на вашата градина

     

    2. Како да најдете добар градинар?

    Грижата околу растенијата воопшто не е едноставна, ниту пак лесна работа, како што изгледа на прв поглед. Потребно е да познаваат карактеристиките и својствата на секое дрво, грмушка или цвет. Треба да се знае што сакат, што не, што може а што не смее. Поради сето ова, кога барате градинар, најмногу треба да внимавате на неговото искуство и стручна оспособеност. На порталот Daibau.mk ќе најдете референци од многу градинари, како и оценки и коментари од муштерии. За оние за кои ќе се одлучите, јавете им се директно или пратете барање и ќе добиете повеќе понуди.

    3. Уредување на дворот

    Градинарството нуди многу начини на уредување и одржување на вашиот двор.

    3.1. Преглед и нацрт на дворот

    Пејзажен архитект или баштован може да ви направи план и скица за уредување на дворот, распоред за седење и план за одржување на растенијата. Врз основа на планот и нацртот се пресметува и точна цена. Откако се ќе се договори и усогласи со вашите желби и можности, следува уредувањето. Доколку немате време сами да се занимавате со одржување, лесно може да се договорите и за редовно доаѓање.

    3.2. Садење дрва и грмушки

    За садење дрвца и грмушки потребна е подготовка која вклучува копање поголеми дупки, додавање на хумус и ѓубриво, испорака на садниците и садење, а потоа и набивање и порамнување на земјата, заливање и краткорочно зацврстување на садниците.

    3.3. Уредување на градината

    Кога мечтаете за вашата куќа од соништата, со неа сигурно замислувате и тревник или градина. За таквата градина да стане реалност, ви препорачуваме да им се обратите на професионалци. Една од првите работи е одредување на положбата на билките во градината, односно, нивниот распоред, но и димензионирање на леите и насадот, како и одредување на патеките, за да има доволно место за се, а и се да биде достапно. Обично леите се по 120 цм, а патеките околу 30 цм. Патеките може да се направат од набиена земја, малч (пелевина од кора од дрво), трева или да се поплочени. Обврзувачки елемент на модерните градини е компост кој служи како квалитетно ѓубриво.

    3.4. Зелен ѕид, вертикална градина

    Доколку немате место за вистинска градина, можете да направите и атрактивна и модерна, вертикална градина. Ваквите градини се прават од модуларни елементи. Градинарот ќе се погрижи за садење соодветни билки и ќе постави соодветен систем за наводнување, за да обезбеди соодветна влажност. Вертикалните градини се нешто поскапи, а нивното одржување потешко, но, погледот на раззеленет ѕид во полн цвет секако дека ќе го оправда трошокот.

    3.5. Тревници

    Буен, зелен тревник, изгледа сосема едноставно, а всушност бара многу труд. Прво мора да се просее квалитетна земја, па да се посее добро семе или да се постави готови бусени. Клучната работа за негуван тревник е негово редовно косење и залевање, чистење на троскотот и прехранување.

    3.6. Изградба на рибник

    Водените елементи секогаш дејствуваат смирувачки. Тие се омилени во традиционалните вештини за уредување на околината, како што е Фенг шуи, а во денешно време повторно стануваат се поактуелни согласно модерните принципи на живеење. Изградбата на рибник е дел од хортикултурното уредување, според што експертите ќе умеат да го направат, да посадат растенија и да го одржуваат, сето тоа согласно постоечки услови на средината во која ќе биде направен.

    3.7. Уредување и одржување на гробови

    Секој човек заслужува достојно последно живеалиште. Дел од уредување на околината е и уредување на гробните места со посебно избрани комбинации на растенија, камења, чакал, песок и останати украсни елементи. Со градинарот може да се договорите и околу одржување на гробно место.

    4. Одржување на зелени површини

    Растенијата постојано растат и се менуваат, со што се менува и изгледот на баштата и тревникот. Ако сакате првобитниот изглед да остане таков, неопходно е редовно одржување. Доколку немате доволно време за такво хоби, ангажирајте градинар. Тој или тие, ќе се погрижат за тревникот, цвеќето, дрвцата – ќе ги завршуваат сите неопходни работи: ќе садат и пресадуваат трева и цвеќе, ќе ги зарежуваат дрвцата и грмушките, ќе залеваат, прехрануваат, ќе им овозможат зимска нега и ќе спречат појава и развој на болести.

    4.1. Косење трева

    Вистинска англиска трева бара големо внимание. Покрај косењето, градинарот ќе се погрижи и за проветрување на бусени, ѓубрење, плевење, гриблање, чистење, посејување и друго. А вие ќе бидете горди на вашиот тревник, а вашите комшии може само да ви се воодушевуваат.

    4.2. Кастрење на дрва

    Кастрењето на дрвцата бара професионално знаење и прецизност, затоа што на тој начин се чува здравјето на дрвцата и се поттикнува оптимално буење на крошната. Кастрењето на разни видови дрвца, а со самото тоа и стеблата, е различно и зависи од сезоната како и од временските услови.

    4.3. Кроење на жива ограда, грмушки и растенија

    Зеленилото создава кислород и го освежува просторот. Со зелена ограда се разграничуваат имоти, но и поодделни делови од дворот. Грмушките се украс на градините, но може да бидат и ивичник на патека, додека пак дрвцата привлекуваат внимание, но ја затскриваат самата куќа од погледи. Со еден збор, за да биде градината или баштата убава, но и да ја врши својата функција во просторот, истата мора да биде внимателно негувана. Градинарот ќе се погрижи преку кастрење и оформување на дрвцата, грмушките, живата ограда и останатите растенија, да се задржи стилскиот и привлечен изглед на градината.

    4.4. Отстранување на отпадот

    При средување и одржување на зеленилото се создава поголема количина биоотпад: искосена трева, скастрени гранки, иверка, овенати цвеќиња и слично. Градинарите се грижат и за тоа биоотпадот да се носи на соодветна депонија.

    4.5. Садење на рози и уредување на леи

    Изгледа дека сите најмногу сакаат расцветани леи кои опиваат со својот мирис и убавина, но тие исто така бараат значителен напор. Мора да се води сметка за постојана влага и плевење на троскотот. Секоја сезона треба повторно да се садат садници и да се одгледува луковица и расад.

    4.6. Зимска нега

    Иако во текот на зимата растенијата мируваат, работа во градината секогаш има. Чувствителните делови треба да се заштитат со специјални хемиски средства, а мора да се чисти и снегот. Пред зимската сезона, постојат есенски работи како што се чистење на лисјата, како и копање или орање по потреба.

    4.7. Наводнување

    Секој вид на растение бара различна количина на топлина и вода. Градинарите ги залеваат посевите или пак управуваат со системот за наводнување, при што им овозможуваат на сите видови растенија оптимални услови за раст и развој. Во доцна пролет како и во сушните периоди од есенцијално значење е наводнувањето на растенијата и дрвцата.

    4.8. Ѓубрење

    Со тек на време земјата се испостува и потребно е да се додаваат хранливи состојки, односно, да се врши прехранување. Прехранување или ѓубрење се врши два пати годишно со помош на органски, минерални или специјални ѓубрива.

    4.9. Заштита

    Штетници и болести постојано ги напаѓаат билките. Многу важен дел од градинарските работи е всушност заштита и лекување. Тука спаѓаат и отстранување на заболените билки или нивни делови, особено ако се појават растителни вошки или пламеница. За заштита и лечење се употребуваат разни органски или хемиски средства – хербициди и инсектициди.

    4.10. Проветрување на тревник

    Неколку месеци по уредување на баштата, земјата постепено почнува да се набива и слегнува. Тоа е природен процес и затоа после од прилика 18 месеци треба да се почне со проветрување, односно, аерификација со затнување или вертикално засекување (вертикулација) за да може до коренот да стига доволно воздух. Тоа се прави со помош на специјални видови ѓубрива и хербициди.

    5. Како се уредува двор?

    Кога ангажирате експерти, тие најпрво ќе дојдат и ќе го прегледаат теренот за да направат предлог уредување, како и да може да ви дадат понуда. Со помош на 3Д визуелизација ќе можете да видите како нивните идеи ќе изгледаат во реалниот простор, па откако ќе договорите се и ќе усогласите согласно вашите желби, работите на терен може да почнат. Најпрво се работи на грубо оформување, односно, копање, нанесување земја и хумус, фрезирање, малчување, валкање и гриблање. Следуваат нанесување на украсен чакал, малч, иверје и поставување на камења. Потоа се сади трева или се раширува готов тревник, се бележат леите, се садат украсни дрвца, грмушки, жива ограда, цвеќиња и друго. На крајот се поставува систем за наводнување и осветлување.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Косење трева во двор

    Потребно е косење трева еднаш во три недели. Тревник со големина 100 м2. 11070 € до 18450 €

    ........

    Садење на трева и туи

    Во дворното место, поделено на 3 парцели, сите 3 вкупно околу 100 м2, на 2 парцели кои се околу 70 м2 треба да се пополни со земја нагоре околу 5 до 7 см, и да се засади трева. . На еден крај од едната парцела да се засадат 4 туи, а на другиот крај од втората парцела 3 туи. 22140 € до 36900 €

    ........

    Вадење стара трева и садење нова

    Потребно е копање на стара трева, вадење на горен слој земја, ставање нова земја, садење нова трева. Површината е 60 м2. 11070 € до 18450 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Уредување на двор, 150 м2
    Хортикултура, градина, двор, Скопје

    810 € до 1350 €

    Цена, Ureduvanje na dvor, cca 100 m2
    Хортикултура, градина, двор, Скопје

    2700 € до 4500 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Хортикултура, градина, двор?

    Хортикултура, градина, двор ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    20+ КОМПАНИИ ЗА Хортикултура, градина, двор
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА