За реон

    Изнајмување багер, градежни машини Цена

    Колку чини изнајмувањето на градежна механизација? Наемот на багер или останати градежни машини и опрема се смета по час на работа или по ден. Може да изберете помеѓу краткорочен или долгорочен наем. Наем на најголемиот багер со виљушка – BobCat, CAT или слично, до тежина до 20 тона – чини помеѓу 200 и 300 евра/на ден. Работните саати и превозот на багерот до одредено место се пресметуваат посебно.

    Каде да изнајмите багер или градежни машини и опрема? Пратете барање до соодветни и оценети понудувачи на градежна механизација во вашата околина – бесплатно и без обврски!

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Наем на багер


    Наем на најнов тип багер - Bobcat, CAT до 20 тони, со виљушка. Работен час за багеристот и превоз на багерот до местото на работа, не се вклучени во цената.

    220.00 €/ден/денови

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/ден/денови

    СРЕДНА ЦЕНА
    300.00 €/ден/денови

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Изнајмување багер, градежни машини

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Изнајмување багер и останата градежна механизација - се што треба да знаете

    Изнајмување багер и останата градежна механизација – што се треба да знаете?

    Изнајмувањето багери и други градежни машини станува се попопуларно, бидејќи од тоа имаат корист и оние што изнајмуваат и оние што ги изнајмуваат. Професионални алатки, уреди, машини, опрема или најтешките машини неопходни при изградба или реновирање на зграда и можеби никогаш повеќе, тешко дека многу луѓе можат да ги купат, но, секој може да ги изнајми. За да ви ги олесниме размислувањата на оваа тема, направивме мало истражување за вас.

    Изнајмување багер
    Изнајмувањето градежни машини, тешка механизација, алати и професионална опрема станува се почест избор и за поединци и за помалите компании кои се занимаваат со градежни работи

     

    1. Предности при изнајмување на градежна опрема и механизација

    За да може предвидените градежни проекти и уредување на животната околина да течат несметано и што поквалитетно, најчесто е потребна и соодветна опрема, професионален алат и механизација. Наем на градежна механизација во последните години е се подостапен, а од тие причини за истото се одлучуваат и поединци кој сами работат помали градежни работи.

    1.1. Правилно одржување на градежните машини

    Секоја машина или алат и опрема мора да се одржува редовно. Честопати, сопствениците на овие машини тоа едноставно го одлагаат или занемаруваат. За сето ова не мора да се грижите вие, односно за механизацијата која ја изнајмувате, туку за одржување и за сервисирање е одговорен сопственикот кој ви ги изнајмува истите. Нормално, се очекува опремата која ја изнајмувате да функционира правилно.

    1.2. Квалитет на градежната опрема

    Опремата која се изнајмува обично е со одличен квалитет. Во принцип тоа се врвни модели од својата класа, како и од познати произведувачи, а познати по својата издржливост.

    1.3. Немате обврска за чување, односно, гаражирањето

    Алатот, опремата и механизацијата кој се употребуваат во градежништвото, обично се габаритни, како на пример, багер, подни фрези, воздушен компресор и слично, поради што е тешко да се сместат на затворено. Повеќето сопственици немаат доволно место за правилно чување, што во случај на изнајмување не преставува проблем.

    1.4. Заштеда

    Голем број работи од типот ,,направи сам‘‘ се еднократни и никој не сака да купува алат или машини, кој патем кажано се прескапи, кој ќе ги употреби еднаш или двапати. Непишано правило е дека тоа што ви треба еднаш или двапати, не треба да го купувате, туку да го изнајмите. Со изнајмување, се ослободувате од бирократски перипетии, чување, а во овој случај и цената ќе биде многу пониска. Со добра организација, ќе платите минимално, односно, само за потребното време за работа на машината.

    2. Барање на компании кој изнајмуваат багери и останата градежна механизација

    Кога барате понудувач, со него треба да воспоставите добар деловен однос, затоа што може да се најдете во ситуација која е итна, а опремата ви е неопходна за завршување на работите. Како добар клиент, благовремено ќе ги имате информациите за евентуални акции или специјални понуди, а секако дека ќе бидете во одредена предност при изнајмувањето. Кога барате добри понудувачи, внимателно проверете ги сите информации кој ќе ги најдете на интернет.

    2.1. Сериозни понудувачи

    Барајте понудувачи кој долго ја работат оваа работа, имаат искуство, а и добри референци. Такви понуди дополнети со скапоцените искуства од поранешни клиенти, може да најдете на нашата платформа Daibau.mk.

    2.2. Квалитет и квантитет на опрема

    Бирајте го лицето или компанијата од кој ќе изнајмите опрема, врз основа на квалитетот и количината на тоа што го нуди. Може да се случи, на пример, багерот кој ви треба да е потребен уште на некој во исто време. Доколку ги има повеќе, вие нема да чекате долго додека некој од багерите биде слободен, а вашиот проект ќе тече без прекин и одложување.

    2.3. Испорака на градежната механизација

    Кога барате алат, опрема или тешка механизација, проверете ги и условите за испорака. Доколку во договорот е опфатена достава на самото градилиште, во тој случај немате дополнителни обврски околу транспортот, ниту пак да праќате некој по нив. Најдобра варијанта е кога се се испорачува на вашата локација и на ист начин се враќа, откако ќе завршите со работата.

    3. Видови градежни машини за наем

    Без разлика на тоа дали имате помала компанија која се занимава со градежништво или пак, само сте ентузијаст, сигурно ве интересира што се од алат и опрема може да се изнајмува, а што, долгорочно гледано, ќе ви заштеди пари. Во денешно време на овој пазар навистина се нуди се. Покрај сите видови на багери, булдожери, кранови, кипери, товарачи и слично, тука се и разни алати и опрема за работа на висина, како скелиња, оплати, механички алати и резервни делови.

    4. Прашања кој треба да ги поставите при изнајмување

    4.1. Трошоци:

    Најпрво треба да го прашате понудувачот за цената за наем и евентуални дополнителни трошоци, од причина што цената е еден од пресудните фактори за избор. Информирајте се за цените детално, проверете дали со покус или подолг наем добивате некој попуст. Проверете и што се влегува во цената, со што ќе знаете кој се реалните трошоци за наем на онаа што ви потребно.

    4.2. Услови за плаќање:

    Какви се условите за плаќање? Кој се условите за откажување? Пред да потпишете договор, мора да знаете кога треба да платите и дали имате право на рефундација.

    4.3. Гаранција за квалитет:

    Неизбежно е прашањето и се во врска со редовно одржување и сервисирање на машините кој ги изнајмувате. Проверете и колку време е потребно за поправка, доколку се случи некоја машина да се расипа. Доколку знаете дека се е во добра состојба, можете да сметате и на тоа дека се ќе функционира беспрекорно и тогаш кога ви потребно. Ако се случи, сепак нешто да се расипа во тек на работата, барајте од сервисерите да дојдат што е можно побрзо, за да може час поскоро да продолжите со работа.

    4.4. Планирање:

    Кој се роковите за преземање или достава на опремата? Од клучно значење е да знаете точно кога ќе стигнат машините и кога мора да ги вратите. Доколку во меѓувреме нешто излезе, треба да знаете точно, на кој треба да се обратите и кога да го очекувате сервисерот.

    4.5. Обезбедување поддршка:

    Проверете дали лицето или компанијата од која ја изнајмувате опремата, нуди и соодветна обука за ракување со тие машини и алати? Кој стои на располагање доколку ви е потребна помош или дополнителни информации? Доколку се врши обука за ракување со одредени машини, на тој начин понудувачот од една страна го заштитува својот имот, а и вас, а од друга страна ја намалуваа можноста за појавување на проблеми.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Порамнување на пат

    Потребно ми е порамнување на земјен пат околу 100 метри во Новачани до Велешко езеро. 27675 € до 46125 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Изнајмување багер, градежни машини?

    Изнајмување багер, градежни машини ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    9+ КОМПАНИИ ЗА Изнајмување багер, градежни машини
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА