За реон

    Каменорезец, клесар Цена

    Колку чинат каменорезачки работи? Цената зависи од тежината на теренот , видот камен и начинот на сечење, како и од самиот мајстор. Проесечна цена за поставување природен камен со стандардни димензии на подготвена подлога чини околу 15 евра/м2. Цените на самиот камен се сосема различни; основна карактеристика од која зависи цената на каменот е цврстината – што поцврст камен, поскапа обработка. Цената на порфир со стандардни димензии и дебелина од 1-4 цм, се движи помеѓу 10 и 25 евра. За изработка на покомплицирани елементи, цените се повисоки. Цените на надгробните споменици од природен камен со вклучена монтажа, се движат 1.000 до 2.000 евра.

    Кому да ја доверите оваа работа? Пратете барање на соодветни и оценети каменоресци во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на надгробен споменик


    Цена на надгробен споменик. Цена на просечен надгробен споменик од природен камен со монтажа.

    600.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    1920.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Каменорезец, клесар

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Камен - се што треба да знаете

    1. Камен - што се треба да знаете?

    Каменот е природен и повеќенаменски материјал. Благодарение на неговите карактеристики и изглед, тој е одличен за обложување на надворешни и внатрешни површини.

    Каменот е природен материјал кој со векови се користи како градежен и декоративен материјал колку за својата сила и издржливост, како и за неговата убавина. Покрај тоа, вешт мајстор може да направи и парчиња мебел од камен кои совршено ќе се вклопат во секој стил, а сигурно ќе ве воодушеват со нивната едноставност, топлина и леснотија на одржување.

    Камен под
    Каменот внесува елеганција во секој простор

     

    1.1. Видови камен кои најчесто се употребуваат

    Мермерот преставува метаморфен вид на камен кој може да се полира. Поради својата ,,мекост‘‘ по осетлив е за разлика од останатите видови камен и лесно се оштетува. Меѓутоа, тој випва и влага и реагира на атмосферски промени, па се препорачува за опремување на внатрешност.

    Гранитот е цврст и компактен магматски вид камен. Многу е цврст и отпорен на удари што го прави најдобар за подни облоги, пултови за работа и било каква друга површина која е директно изложена на големо и често оптоварување. Постојат повеќе од стотина видови гранит.

    Песочник е вид седимент со груба структура составена од слоеви на кварцен песок. Го има во многу варијанти. Некои песочници (во зависност од составот) се отпорни на метеоролошки влијанија и многу лесно се обработуваат, поради што многу често се употребуваат во нискоградба или како завршен слој за фасада. Поради тоа што многу убаво впиваат вода, песочник се почесто се употребува и за обложување на внатрешни ѕидови.

    Варовник е вид на седиментен камен кој се формира од фосилни остатоци флора и фауна. Варовник го има насекаде па поради тоа е и најраспространет и најупотребуван вид на камен, како во занаетчиството, така и во архитектурата и градежништвото.

    Шкрилец (лискунов камен) е исто така метаморфен вид камен чија површина и внатрешност се со иста структура. Составен е од глина, кремен и шкрилец па се јавува во повеќе бои и нијанси црвена и зелена. Често се употребува за обложување на подови, како внатрешни така и надворешни.

    Агломерат е вештачки камен кој се прави од разновидни делови руда, односно, делови од природен камен на кој му се додава сврзувач – најчесто цемент, а може и епоксидна смола или полиестер. Најпознат и најстар вид на ваков камен е терацо, кој се употребува во градежништвото стотици години. Во денешно време најпопуларни се вештачки камени од кварц, бидејќи изгледаат природно, а многу се отпорни на удари и дамки, цврсти се и издржливи, а се одржуваат крајно едноставно. Најдобар пример за таков камен е на пример т.н. технички мермер.

    1.2. Површинска обработка на каменот

    Со полирање каменот станува мазна површина со висок сјај на кој се рефлектира секој еден кристал. Во зависност од видот камен, полираните површини различно траат. Мермерот, гранитот и варовник се најдобри за полирање, но нивната политура мора редовно да се одржува за да не го изгуби високиот сјај.

    Со брусење се добива мазна мат површина која изгледа некако помеко. Таквата површина е подолготрајна бидејќи потешко се оштетува и полесно се одржува од полираните. Шкрилец, варовник и мермерот најубаво се брусат.

    Со сечење на каменот се добива мат површина. Најпрво каменот се сече, а потоа малку се избрусува, за да се отстранат трагите од пилата, но не и толку за да се избруси, односно да се изгланца. Овој начин на обработка најчесто се применува за варовник и мермер.

    Со палење, површината на каменот многу кратко се изложува на висока температура, а потоа брзо се лади. На тој начин површинскиот слој се лупи, а останува гола рапава текстура која е одлична за поплочување на надворешни површини скали или ентериер на купатило, бидејќи не се лизга. На овој начин најчесто се обработува гранитот.

    2. Што се работи каменорезец?

    Каменоресците изработуваат масивни елементи како што се скали, ѕидови, огради, покриви, рамови за прозорци и врати, венци и цокле, како и разни портали. Можат да направат камени плочи за обложување на фасади и поплочување на надворешни површини или патеки. Исто така прават и облоги за ѕидови и подови во ентериер, како и облоги за камини. За внатрешно уредување често пати се прават и кујнски и пултови за во бања, но и самостојни или вградени елементи за домаќинството. Каменоресците прават и надгробни споменици како и помали занаетчиски елементи. Особено тешки се каменорезачките реставраторски работи на културни споменици. Најдобро е кога мајсторот учествува во проектот уште од најрана фаза на негово планирање. Со своето професионално знаење и искуство може да му биде од голема помош на проектантот, како и на нарачателите при избор на најдобриот вид и форма на камен за секое парче по желба.

    3. Каменоресци – услуги и производи

    3.1. Камени пултови

    Пултовите во современиот ентериер не само што се функционални, туку преставуваат и естетски елемент, бидејќи создаваат стилска атмосфера во просторот. За изработка на кујнски и пултови за бања од природен камен најчесто се употребуваат гранитот и мермерот. Гранитот е најсоодветен за кујнски пултови бидејќи е нај издржлив. Отпорен е на високи температури и оштетувања, па така на него може да се остави врело тенџере, а доколку ви се лизне ножот од раката додека нешто сечете, истиот нема да се засече. За бања и останати пултови во станбен простор, мермерот е подобар. Покрај природен, за вакви елементи често се употребува и вештачки камен, како и керамички плочки. Тие може да бидат одлична имитација на изгледот и тежината, а исто така се и цврсти и отпорни. Пултот од природен или вештачки камен може да се обработува на повеќе начини – со брусење, полирање, четкање, палење – всушност на начин на кој ќе се истакнат структурата и текстура. На овој начин направените површини за пулт каменоресците секогаш ги импрегнираат, односно заштитуваат, за да бидат отпорни на течности и дамки.

    3.2. Камени прозорски даски (парапет)

    Прозорските даски се најчест камен елемент во куќи и станови. Често се прават од мермер, поретко од гранит, иако истиот е неуништлив, бидејќи е отпорен на сите надворешни влијанија како што се влага, светлост, мраз... За надворешни прозорски парапети обично се употребува гранит со дебелина од 3 цм, или потенки. Обработката на прозорските даски е различна, но најчесто се полират да за бидат мазни. За внатрешни прозорски даски може да се употреби мермер кој е порозен, поради што на него полесно се забележуваат траги од влага и маснотија. Внатрешните прозорски даски обично се потенки – 2 цм.

    3.3. Скали и камени скалила

    Камените скали му додаваат на просторот доза на префинетост. Елеганцијата и неограничениот век на траење, покрај едноставното одржување, се повеќе од доволна причина за ваков избор. Мермерните скали од секогаш се сметаат за престижен архитектонски елемент во секој објект, а во денешно време се почесто се заменуваат со гранитни, кои се помалку осетливи на интензивна употреба, оштетување и валкање. Постојат повеќе видови како мермер, така и гранит. Скалилото може да биде еднобојно или комбинирано, во зависност од текстурите на каменот. Каменоресците се занимаваат со правење на внатрешни и надворешни скали со таа разлика што за надворешните секогаш се препорачува погруба обработка (палење или пескарење) за газиштата да не бидат лизгави за време на дожд или снег.

    3.4. Подни облоги

    Подните облоги од природен камен поседуваат бројни одлични карактеристики. Без разлика дали станува збор за надворешни или внатрешни камени подови, тие се многу лесни за одржување и отпорни на било каков вид влијание на топлина, мраз, течности, масло и нечистотија. При тоа, каменот одлично акумулира топлина и го грее просторот долго по гасење на греењето.

    3.5. Ѕидни облоги и обложување на камини

    Камените ѕидни облоги може да го подобрат квалитетот на живот во секој простор, од причина што природниот камен се одликува со бројни предности. Структурата на природниот камен е таква што го впива звукот, го намалува ехото и значително ја подобрува акустиката. Каменот е порозен материјал и со самото тоа одлично акумулира и бавно ја ослободува топлината. Покрај тоа нема статички електрицитет па ја одбива прашината, со што неговото одржување е многу едноставно. Каменот може да се употреби на разни начини и како декоративна ѕидна облога. На пример, со него може да се украси ѕид во дневната соба зад телевизорот, или да се обложи оној ѕид на кој е сместен каминот со што подолго и повеќе ќе се задржи топлината, или да се направи некој детаљ во трпезаријата, спалната соба... Се разбира каменот е одлична ѕидна облога и за купатило.

    3.6. Рамови за врати, прозорци, портали

    Порталите се како естетски така и функционален дел од фасадата. Камените портали се едни од најстарите занаетчиски ракотворби, а во денешно време се повеќе се употребуваат во новоградба. Традиционално, порталите се направени од масивен камен, дограден со разни профили и гравури за да изгледа старински. Во денешно време за нив се употребуваат плочи со дебелина 2-3 цм кој се полират, палат, четкат, брусат или обработуваат комбинирано со некои од овие постапки.

    3.7. Камени градинарски елементи

    Клесарите нудат и градинарски елементи од камен како што се фонтани, корита, маси, клупи, а изработуваат и мебел по желба. Камените елементи секогаш убаво се вклопуваат во природниот амбиент, а покрај тоа, долготрајни се и едноставни за одржување.

    3.8. Споменици, надгробни плочи и плочи

    Надгробните споменици од природен камен, без малку се вечни, бидејќи се многу отпорни на надворешни прилики. При тоа, тие се уникатни ракотворби бидејќи се изработуваат по желба, иако понекогаш е подобро изборот да му се препушти на професионалец, односно, архитект кој соработува со каменоресците.

    4. Заштита

    Каменот е траен, но старее и се аба под влијание на надворешни фактори, поради што треба добро да се заштити. Тоа најдобро се постигнува со импрегнација според видот и квалитетот на материјалот. Изборот на вистинскиот камен согласно намената е од најголемо значење. Каменоресците може да го импрегнират каменот и без употреба на заштитни средства, на следните начини:

    -       на големи површини (како што се ѕидови, подови, дворови) го вградуваат каменот во неговата природна положба, односно, онака како што лежел во природниот седимент, во каменоломот;

    -       од врнежи најдобро се штити со настрешница или со покривање;

    -       од подземна влага најдобро се штити со слоеви на изолација;

    -       фугите помеѓу камените плочи мора да се пополнат;

    -       при спојување на деловите треба да се користат исклучиво поцинкувани или не‘рѓосувачки спојки;

    -       надворешните камени плочи се брусат и полира за да станат отпорни на временски прилики.

    Доколку се применат сите овие заштитни мерки, а сепак постои потреба од дополнителна заштита, тогаш мајсторот ќе употреби средства за конзервација на камен. Таквите средства продираат во порите, ги исполнуваат и хемиски се врзуваат создавајќи непропустлив слој. На тој начин каменорезачите прават непропустлива површина која е особено корисна за порозни камени какви што се доломитот, песочник или вулкански камен. Скоро сите средства за конзервација на камен се безбојни.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Барате добри изведувачи за реонот Каменорезец, клесар?

    Каменорезец, клесар ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    20+ КОМПАНИИ ЗА Каменорезец, клесар
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА