За реон

    Камини Цена

    Колку може да чини камин? Каминот може да биде главен или секундарен извор на греење во вашиот дом. Топловодните камини се многу интересни, првенствено поради тоа што значително ги намалуваат трошоците за греење?. Во последно време многумина се враќаат на греење со камин не само поради тоа што со него се намалуваат расходите, туку и поради тоа што цените на електричната енергија како и горивото, се повеќе се качуваат. Цената зависи од видот на каминот (дали загрева вода, воздух или зрачи топлина), огништето (отворено, затворено), видот на гориво (пелети, брикети, дрво, био етанол, масло за греење, струја) и секако од изведувачот. Цената за набавка и монтажа на собен камин 3-8kW се движи помеѓу 1.300 и 2.300 евра.

    Кому да ја доверите монтажата на камин? Пратете барање на соодветни и оценети професионалци за камини во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот кој се наоѓа подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на камини


    Цена на камини. Цената за набавка и монтажа на собен камин со моќност 3-8 kW.

    1300.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    2280.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Камини

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Камини - се што треба да знаете

    1. Камини – што се треба да знаете?

    1.1. Одговорете на следните прашања:

    Како сакате да го употребувате каминот и кои се вашите очекувања?

    Планирате само повремено за го запалите поради догревање на просторот или кога ќе сакате да направите пријатен амбиент?

    Дали сакате брзо загревање на просторот или повеќе би сакале да имате долготрајно и константно греење?

    Дали сакате грејното тело да биде само помошно средство покрај главниот систем за греење?

    Дали сакате целодневно или повремено загревање на целиот стан или куќа?

    Дали сакате да уживате во глетката на пламенот и пријатното чувство кое го создава топлината?

    Каква форма и големина треба да биде каминот?

    Каминот не е само елемент за употреба во просторот, тој додава и естетска вредност на истиот. Во денешно време постојат камини во безброј варијанти – форми, големина, материјали и бои. Формата и големината на каминот најпрво зависат од просторот во кој треба да бидат поставени. Големината на каминот ( големината на огништето и вкупната грејна површина) кој треба да бидат централен и основен вид на греење мора да се прилагодат на потребите на просторот.

    Колкава е моќта на каминот?

    Моќта на каминот ќе зависи од одговорите на претходните прашања. Поради тоа, потребно е да одлучите која е намената на каминот и како ќе го употребувате. Од големо значење е и тоа како е направен вашиот дом (дали станува збор за класична, пасивна или ниско енергетска градба, итн.), каков е квалитетот на столаријата, каква е изолацијата и всушност, колкава е употребната површина, каде точно ќе биде поставен каминот и како ќе биде поврзан со останатиот простор....Бидејќи постојат толку многу елементи од кои ниту еден не смее да биде занемарен, ви советуваме да се консултирате со експерт во врска со моќноста на каминот; најсоодветен за тоа би бил машински инженер кои може да направат проект за греење во вашиот дом или пак професионалци кои се занимаваат со продажба и монтажа на камини.

    Камини
    Ако е можно да се планира однапред, вградените камини се најдобри

    2. Избор на понудувачи и изведувачи

    При купување и монтажа мора да се води сметка за многу специфични потреби поврзани со каминот за да може неговата работа да биде ефикасна, а неговата употреба сигурна и безбедна. Поради тоа, од големо значење е изборот на понудувачот - некој кој ќе умее правилно да ве посоветува, квалитетно да го монтира каминот, да се погрижи за сите останати дополнителни детали; професионалната изведба исто така значи и понатамошно одржување, односно прегледи и замена на резервни делови како и сервис. Исто така, за употреба и одржување на каминот мора да имате и соодветно пишано упатство.

    3. Разни видови камини

    3.1. Согласно начинот на монтажа

    3.1.1. Печка камин

    Печката камин е самостојно грејно тело кое може да се намести во просторијата по сопствена желба. Доколку намената му е да служи како камин, ќе биде потребен одвод и довод на воздух кој треба да бидат прилагодени на можностите на просторот (положбата на оџакот, циркулација на воздух и др.). Каминската печка во главно не акумулира топлина ( постојат и такви кои може да акумулираат топлина) и затоа брзо го загрева просторот, но од друга страна и брзо се лади, штом истиот се изгасне.

    3.1.2. Вградени камини

    Вградените камини се всушност влошка која се вградува, односно, вѕидува со разни материјали како што се шамотна тула, пенест бетон, а потоа се обложува со декоративна оплата или завршен слој (камен, плочки, малтер итн..). Во зависност од избраниот материјал, вградените камини може да акумулираат помалку или повеќе топлина. По правило, тие може да зрачат топлина и неколку часови по гасење.

    3.2. Според начинот на греење

    3.2.1. Камини со топол воздух

    Овој вид камини се идеално решение за загревање на една или повеќе поврзани простории како што се, на пример, дневна соба, трпезарија и кујна. Системот на греење се состои од зрачење топлина од грејни тела кој по пат на цевки се шири по просторот. За да биде што поефикасно греењето, потребно е постојано кружење на топлиот воздух. Тоа кружење може да се подобри со систем на вентилатори кои рамномерно и брзо ја шират топлината низ сиот простор. Предности на овој вид греење се брзо и подеднакво загревање како и можноста за прераспоредување на топлината, додека пак слабост би можело да биде тоа што може да дојде до прегревање на просторијата, а не постои можност за акумулација - со еден збор, додека има оган трае и греењето.

    3.2.2. Камини на топол воздух со разводни цевки - колектори

    Ваквите камини се исти како и камините на топол воздух, само што имаат спроведено цевки во сите простории. Загреаниот воздух од каминот по тие цевки се пренесува во останатите простории со помош на вентилатори. Монтажата на ваквиот систем е најдобра и наједноставна во новоградба која има добра термоизолација или кога се прави комплетно реновирање на поткровје; кај старо градба потребни се дополнителни ѕидарски работи.

    3.2.3. Топловодни камини

    Топловодните камини преставуваат одлично решение за станбени единици во кои тоа би бил супериорен систем на греење. Во тој случај, како што вели и самото име, греењето се врши со помош на загревање на вода. Водата кружи низ цевки кои се поставени околу огништето, се загрева, па по систем на цевки се разнесува по останатите простории. Загреаната вода патува низ грејниот систем (високо температурни греење или радијатори). Предноста на ваквите камини е тоа што не се губи топлина при преносот, што всушност значи дека еднаш загреаната вода без разлика дали кружи низ цевките или испарува, во двата случаи го загрева сиот простор; а слабости се повисоката цена и потрошувачката на електрична енергија.

    3.3. Според видот на гориво

    Камин на дрва
    Каминска печка е најдобро решение за стари објекти, бидејќи не се потребни дополнителни работи

    3.3.1. Камини на дрва

    Дрвото преставува најевтин енергенс, особено ако имате сопствена шума и ги подготвувате сами. Дрвото се употребува и за камински печки и за вградени камини. Доколку размислувате за овој вид греење, имајте на ум дека ќе ви биде потребен и соодветен сув и простор кој има вентилација за складирање на дрвата. Понатаму, како производ на горењето се создава пепел и чад, многу повеќе отколку при греење на пелети. Каминот треба да се полни со дрва неколку пати на ден, а потребно е и да умеете да го запалите огнот и да го одржувате. Кај постарите видови на огништа неопходен е и постојан дотур на воздух, бидејќи во спротивно, просторијата многу брзо ќе се исполни со чад и гасови. Кај поновите камини овој проблем не постои, од причина што воздухот автоматски се вовлекува и овозможува максимално согорување.

    3.3.2. Камини на пелети

    За разлика од дрвата, за пелетите не ви е потребен простор за чување. Може да ги купувате во помали количини (најчесто вреќите се од по 15кг) и во зависност од потребите да ги чувате во сандак. Модерните камини на пелети автоматски се палат и го регулираат огнот. Дури, можете да го наместите палењето и времето на гасење однапред. Постојат и понапредни модели кои работат на далечинско управување.

    3.3.3. Комбинирани камини

    Ваквите камини може да работат и на дрва и на пелети, поради што се и поскапи, па затоа клиентите поретко се одлучуваат за нив.

    3.3.4. Камини на биоетанол

    На пазарот постојат и камини и камински печки на биоетанол. Всушност, биоетанолот е етил-алкохол кој се добива со пречистување и филтрирање на алкохол; нема мирис и не ја загадува животната средина. Од таа причина камините на биоетанол, се најдобро решение за објекти каде што не постои можност за поставување на оџак. Безбедни се и практично не е потребно нивно одржување, иако постојат и модели со отворено огниште. Но, нивната моќ и искористеност се помали поради што нај наменски се за простори кои треба само да се догреат или повремено да се загреваат. Пред се, ваквите камини се многу убав и интересен украсен елемент кој внесува топлина и интимност во амбиентот.

    3.3.5. Камини на плин

    Камините на плин се слични со камините на биоетанол. Основната разлика е во тоа што плинскиот камин мора да има одвод за гасовите, заради отровните испарувања.

    4. Ѕидани камини на биомаса

    Доколку се одлучите за вграден камин или каминска печка, задолжително обратете се на експерт кој ќе знае што треба да се направи. Пред се, постојат извесни предуслови за поставување на камин:

    4.1. Оџак

    За поставување на камин неопходен оџак со одреден пречник. Отворените камини мора да имаат пречник од 25-30 цм, додека за затворените е потребен пречник од 20-25 цм.  Приклучокот за камин треба да е на висина од 180 цм од подот и тоа под агол од 45°.

    Како и да е, ви предлагаме пред вградувањето да се посоветувате со оџачар, кој подоцна по потреба ќе го измери протокот во самиот оџак.

    4.2. Довод на воздух

    За довод на воздух кој го поттикнува горењето и го загрева просторот мора да постои цевка со пречник најмалку 16 цм (2x Ø7,5 цм или 3xØ5 цм) а тоа може да биде и обична пластична водоводна цевка.

    4.3. Цврста подлога и носивост на плочата

    Доколку се одлучите да го поставите каминот во поткровје, пред да започнете со работа мора да проверите дали подната, односно, таванска плоча има доволна носивост. Најдобро ќе биде околу тоа да се консултирате со инженер по статика. Покрај тоа, подлогата на која ќе стои каминот не смее да биде од меки материјали, како оние кои служат за изолација (стиропор и слично) поради опасност истите да опуштат од тежината. Во таков случај каминот може да потоне во подлогата и неколку милиметри, а тогаш ќе се појават пукнатини на ѕидот и таванот. Со еден збор, подлогата на која ќе стои каминот, мора да биде цврста и со потребната носивост. Доколку во постојниот објект не може да се обезбеди таква подлога, посоветувајте се со експерти што може да се направи по тоа прашање. Постојат и такви камини кои не се изградени од тешки материјали па со самото тоа се полесни и може да бидат соодветни за вакви ситуации.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Стакло за камин

    Потребно ми е ново стакло за камин со димензии 30х 30. Доколку бројот ми е недостапен ве молам побарајте ме на whats app. 5535 € до 9225 €

    ........

    Изведба на дрвена настрешница и ѕидана летна кујна со камин

    Почитувани,


    Потребна е изведба на дрвена настрешница и летна кујна 8 х 4 м и летна кујна со ѕидан камин како на сликата што ја дадов во прилог.

    Благодарам однапред 442800 € до 738000 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Камини ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    7+ КОМПАНИИ ЗА Камини
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА