За реон

    Керамички плочки Цена

    Колку чинат керамичките плочки? Плочките можат да траат многу долго, лесни се за одржување и отпорни на средства за чистење, иако силен удар може да ги скрши. Нивната цена зависи од големината, материјалот, бојата, текстура, форма, дали се за внатрешни или надворешни површини и секако од керамичарот. Плочките со голем формат или мозаик плочки се поскапи од стандардните. Цената на среден квалитет на керамичките плочки со различни димензии е помеѓу 4 и 12 евра/м2. Имајте во предвид дека на цената на плочките треба да се додаде и трошокот за нивно поставување. Цената на поставување плочки со стандардни димензии е помеѓу 7 и 10 евра/м2. Ве советуваме внимателно да изберете мајстор. Не се задоволувајте со најевтиниот, без да ги проверите неговите референци и секогаш барајте сметка поради гаранцијата.

    Кому да ја доверите набавката и монтажата на керамички плочки? Пратете барање до соодветни и оценети керамичари во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на керамички плочки


    Цена на керамички плочки. Цена на плочки со среден квалитет, без поставување.

    13.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    30.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Керамички плочки

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Керамички плочки - се што треба да знаете

    1.  Керамички плочки – што се треба да знаете?

    Керамичките плочки преставуваат еден од најдобрите повеќенаменски материјали за обложување на површини. Плочките се отпорни на температура, прашина, нечистотија и влага, поради што се и толку долготрајни. Постојат плочки за ентериер и екстериер, подови и ѕидови, за купатила и кујни – практично за сите простории во домот. Исто така, тие се произведуваат во многу бои, дезени, текстури, а во денешно време, особено се модерни оние во имитација на дрво, камен и бетон.

    Пред да купите, добро размислете какви барате и какви би ви одговарале. Тоа значи дека, покрај општите карактеристики, треба да одлучите која величина – ширина, дебелина- форма, со какви рабови, каква текстура на површината ви треба. Не заборавајте да погледнете и дали се отпорни на вода и температура, пукање, оптоварување, честа употреба, дамки, хемикалии, лизгање, односно, не лизгање на површината.

    Лепењето плочки не е тешко, но бара искуство и прецизност, поради што, ве советуваме да побарате експерт. Кога купувате плочки, купете барем 10% повеќе од пресметаната површина, поради отпадоци од сечење и кроење, кое се појавува кај неправилните форми, а се јавува и повеќе отпад. Керамиката е идеален материјал за подно греење, од причина што плочките одлично акумулираат топлина. Покрај сето ова и нивното одржување е многу едноставно, како на пример, само мокра крпа.

    Салон за керамика
    За да добиете подобар увид, задолжително посетете салон за керамика

     

    2. Како да изберете салон?

    Пред да донесете конечна одлука, би било одлично да посетите неколку салони за керамика, во кој во живо ќе можете да ги видите плочките, со што ќе добиете вистински впечаток за нивниот изглед, големина и за тоа како изгледаат реално во просторот. Обично во салоните има и кади, туш кабини, тоалети, бидеа, мијалници, како и чешми и други додатоци за бањи. Комбинации од плочки и дополнителни елементи обично се изложени како инспиративни поставки кој може да ја  поттикнат вашата инспирација.

    Исто така, во салоните нудат и совети за сите аспекти за поставување керамика, потребни количини, комбинации, задолжителни додатоци и слично. Таму може да најдете и разни специјализирани каталози. Обрнете особено внимание на фотографии од плочките во просторот, бидејќи на мали парчиња тешко може да го видите крајниот резултат. Во некои салони нудат и дополнителни услуги, од видот, скица или план од бањата или кујната, по ваш избор и желба. На тој начин пред да започнете со работа, ќе знаете што ќе добиете на крајот.

    3. Плочки во ентериер

    Внатрешни подни плочки преставуваат омилен производ. Ги има, исто како и ѕидни, во безброј бои, дезени, форми и текстури. Керамичките плочки се одлични спроводници на топлина, што ги прави идеални за подно греење. И подните и ѕидни плочки се чистат и одржуваат исклучително едноставно. Потребно е само да се измијат и ќе бидат како нови.

    За ентериер треба да се употребат плочки од следните класи:

    - R1: за чисти простории во кој ќе одите боси или во пантофли (спална соба, бањи и слично),

    - R2: за простории во кој престојувате во фини обувки и кој не се многу изложени (спална и останати соби, дневна и друго),

    - R3: за простории изложени на умерено валкање во кој може да бидете во чевли (ходници, кујни, балкони, покриени тераси и слично).

    3.1. Плочки за бањи

    Керамичките подни и ѕидни плочки, дефинитивно се најчест избор за површините во бањите. Покрај тоа што се отпорни на вода, влага, валкање и слично, создаваат пријатен амбиент, а изгледаат одлично. Плочките за бањи се произведуваат во неверојатни варијации од бои, дезени, површини, форми, големини. Модерните бањи се исполнети со контрасти, но, доколку сакате дизајн кој нема да излее од мода брзо, одлучете се за бели, сиви и беж нијанси. Во мали купатила ситните плочки изгледаат подобро, од причина што оптички го зголемуваат просторот. За големи пространи и светли купатила, слободно изберете поголеми плочки. Особено интересно ќе изгледаат релјефните плочки преку кој се прекршува светлината. Ви препорачуваме, доколку сте во можност, плочките задолжително да го комбинирате со подно греење – во бањата скоро сите одат боси, а пријатната топлина под стапалата ќе ве опушта уште толку.

    3.2. Плочки за кујна

    Кујната е една од најкористените простории во секој дом. Во неа често се менува температурата, има вода и разни нечистотии. Затоа за кујната генерално се избираат нај издржливи  и најотпорни материјали. Керамичките плочки секако се еден таков материјал и може да се користат за под, ѕид или дури и кујнски пулт. Совршено поднесуваат големи количини вода, влага, топлина, испарувања, маснотии и дамки. Ништо од ова не мора да биде проблем бидејќи едноставно се мијат со вода и детергенти. Подните плочки во кујната често се влажни и затоа треба да бидат груби за да се спречи лизгање. Боите на плочките одберете ги според кујнските елементи, а доколку сакате да ги следите модерните трендови – нека биде се во една боја. Во кујната најчесто најзабележителен е ѕидот помеѓу плотната и висечките елементи, па затоа ви предлагаме таму да ставите мозаични плочки или оние со повеќе детали или - стакло, кое станува се попопуларно.

    4. Плочки во екстериер

    Поставувањето плочки на надворешни површини бара типови кои првенствено не се лизгаат, а со самото тоа и отпорни на вода, температурни промени, смрзнување, нечистотија, алги/лишаи и мувла. Затоа, плочките наменети за ентериер не можат да се користат за надвор. Надворешните плочки мора да ги имаат сите наведени карактеристики. Можете да изберете од оние за балкони, тераси, базени, дворови, скали и слично. А се произведуваат во безброј сорти, па нема да ви биде тешко да го најдете тоа што го барате. Најчестите плочки за надворешни површини се т.н. гранитогрес. Нивната посебна структура ги прави апсолутно водоотпорни, а нивната површина е груба или мат. Со оглед на тоа што се подебели и доста отпорни на удари, се користат за многу оптоварени површини.

    За екстериер треба да се користат плочки од следните класи:

    - R4: за простории изложени на валкање и тешки обувки,

    - R5: за простории изложени на поголемо валкање и оптоварување, дури и за коловоз (за гаража и слично),

    - категорија A1 и B1 кој не замрзнуваат,

    - надворешни плочки кој не се лизгаат и одговараат на категориите R10, R11 или R12.

    4.1. Гранитогрес

    Видот надворешни плочки, т.н. гранитогрес, е меѓу најпопуларните. Отпорни на мраз, абење, влага и дамки. Тие имаат рапава површина и одговараат на стандардот   R10 и поголем. Гранитогрес е најсоодветен за тераси, балкони, атриуми, дворови, поплочување на рабови од базени и останати надворешни површини.

    5. Форма

    Плочките најчесто се квадратни. Заради симетријата на двете страни изгледаат складно во било кој простор и секогаш се сигурен избор. Притоа, во комбинација со плочки кој имаат друга форма, ќе го направат секој простор поубав.

    5.1. Правоаголни плочки

    Ваквите плочки може да се редат надолжно, попречно и дијагонално – точно според просторот во кој ќе бидат поставени. Од друга страна, на тој начин се добиваат и оптички проширувања, стеснувања, повишување, снижување, скратување или искривување на истиот простор. Можностите се скоро бесконечни, исто како и со квадратните плочки.

    5.2. Шестоаголни плочки

    Овие плочки се најнов тренд, особено за кујни. Шестоаголен мозаик, пред се, внесува динамика во секој простор. Ви предлагаме, преодот помеѓу две површини, односно, спојката помеѓу шестоаголниот и правиот под да не биде праволиниски, туку, да го прилагодите со формата на плочките.

    6. Големина

    Може да најдете плочки во разни големини. Согласно просторот или впечатокот кој сакате да го создадете, димензиите на плочките може да бидат пресудни. Поситни плочки се соодветни за помали простории и за нагласување на детали. Поставување на мозаик плочки е поскапо и трае подолго. Плочките, пак, со голем формат се за големи простории и, иако поставувањето оди побрзо, тие не се поевтини. Дебелината на плочките обично е околу 6 мм, освен кај тие од камен порцелан, т.н. грес, кој се 4 мм.

    Според големината се делат на три групи:

    - мозаик – до 5 цм,

    - класични или големи– помеѓу 10 и 50 цм, и

    - големи – 50-120 цм и поголеми.

    6.1. Класични

    Стандардните или класични плочки во главно се помеѓу 10 и 50 цм. Најчесто се среќаваат тие со димензии 30x30 цм кој одлично се вклопуваат и во помали и во поголеми размери, а притоа и најлесно се поставуваат.

    6.2. Голем формат

    Овие плочки се најнов дизајнерски тренд. Нивното производство е овозможено од страна на современата технологија на работа со керамика, а стануваат се побаран материјал во архитектурата. Може да се најдат во приватни куќи, но многу почесто ќе може да ги видите во јавни згради или на плоштади. Сега веќе ги има во стандардизирани димензии:

    • 80x80 цм
    • 90x90 цм
    • 100x100 цм
    • 100x300 цм
    • 120x120 цм
    • 120x240 цм
    • 120x280 цм
    • и поголеми.

    6.3. Мозаик

    Мозаик плочките се користат со векови наназад. Од нив се прават посебни детали, слики или апстрактни мотиви. Според материјалот од кој се направени, може да бидат керамички, камени, стаклени, дрвени и метални. Поради малите димензии, се поставуваат бавно, потребен е специјален алат, а со самото тоа и цената им е повисока.

    7. Квалитетни надворешни и внатрешни плочки

    7.1. Marazzi

    Marazzi е најголем производител на плочки, во светот. Marazzi плочките имаат врвен квалитет и не само што ги следат најновите трендови за уредување на просторот, туку, тие и ги креираат и промовираат истите. Сега веќе, тие имаат околу 200 колекции од големина, форми и бои на: внатрешни, надворешни, ѕидни и подни плочки. Замислени се да имитираат дрво, камен, бетон, мермер или теракота. Со еден збор, се што може да замислите, тие веројатно го имаат во понудата.

    7.2. Florim

    Florim е италијански производител на керамички плочки за сите видови површини. Компанијата е многу позната меѓу архитектите поради својот квалитет и модерните дизајнерски колекции: Floor Gres, Rex, Cerim, Casa dolce casa - Casamood, FLORIM stone, CEDIT – Ceramiche d’Italia.

    7.3. Atlas Concorde

    И Atlas Concorde  е еден од најпознатите понудувачи на керамика во светот, многу признат поради квалитетот и оформувањето. Нудат внатрешни и надворешни плочки, како и плочки со голем формат. Нивните познати колекции се поделени по имитацијата на дрво, мермер, камен, бетон, ткаенини, но и по боите и релјефот.

    7.4. Impronta Italgraniti

    Intalgraniti се компанија позната по производите од керамика од бела глина, по високиот технилки квалитет и естетските барања. Произведуваат секаков вид на подни и ѕидни плочки, за приватна и јавна употреба. Во нивната понуда има и мега керамика, плочки за бањи, како и оние за екстериер, но и специјални, за дневни соби.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Хидроизолација и лепење на плочки

    Потребно е да се изработи хидроизолација во купатилото и да се залепат плочките. Димензијата на плочките е 120 х 60 см. 38745 € до 64575 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Керамички плочки?

    Керамички плочки ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    51+ КОМПАНИИ ЗА Керамички плочки
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА