Колку чини работата на керамичар? Цените на керамичарски работи се многу различни. Пред се, зависат од површината која се работи, избраните плочки, лепакот и нормално занаетчијата. За вас подготвивме ценовник по кој ќе можете да пресметате колку ќе ве чини лепењето плочки.
Кому да ги доверите керамичарските работи? Пратете барање на соодветни и оценети керамичари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Керамички плочки со векови се употребуваат во станбените објекти. Технологијата на производство е толку напредната, што денешните плочки не служат само за купатила, кујни и ходници, туку и за сите простории, па и надворешни површини.
Поради што плочките имаат толкава широка примена? Во споредба со останатите подни и ѕидни облоги, тие имаат бројни предности: отпорни се на временски влијанија, температурни разлики, влага и хемикалии. Ги има во безброј форми, боја, текстура и дезени, а големината се движи од мозаик до такви со голем формат. Покрај тоа, тие се одличен проводник на топлина што ги прави идеални за подно греење. Се чистат и одржуваат едноставно и практично, може да траат бесконечно долго.
Кога станува збор за вака квалитетен и издржлив материјал, единствено нешто околу што може да се двоумите е цената. Најквалитетните се нешто поскапи од евтини подови. Сепак, имајќи го во предвид векот на траење и тоа дека се скоро неуништливи, доколку правилно се одржуваат, оваа инвестиција секако дека е исплатлива. Една од ретките маани е тоа што се осетливи на удари поради кој може да напукаат; што може да биде проблем, особено ако станува збор за надворешни плочки, бидејќи во пукнатините влегува вода и доколку се заледи, ќе дојде до ронење и пукање.
Плочките се разликуваат по многу својства – физички, хемиски, механички. Ги има во различни големини и форма, водоотпорни се, различно ја спроведуваат топлината, различно се обработуваат, отпорни се на абење, удари, истегнување, виткање, нечистотија и слични фактори. Според големината разликуваме: стандардни, мозаик плочки и плочки со голем формат. Од причина што не секој вид е за било каква употреба, разликуваме плочки за внатрешност – подни и ѕидни, како и за надворешни површини и сите имаат поинакви карактеристики. Според материјалот постојат керамички, кој се најраспространети, но постојат и дрвени, камени и гранитни. Технолошкиот напредок овозможува повеќенаменска употреба и стилизиран дизајн, поради што секако ќе пронајдете плочки какви што сакате за кујната, купатилото, терасата или некоја друга просторија.
Ставањето плочки на прв поглед изгледа како лесна работа, но всушност тоа преставува многу тешка работа од било кој аспект. На пазарот постојат многу мајстори кои ги нудат своите услуги, но тие се разликуваат како по знаење, искуство, квалитет на работа, така и по цената. За да ве служат со години, а и децении, самите плочки, ви треба покрај квалитетниот материјал така и добар мајстор. За оние за кои ќе се определите, пратете им список на работи кои сакате да ги изведуваат и соберете што е можно повеќе понуди кои, потоа ќе можете да ги споредите. Од тие кои ви одговараат, побарајте референци и контакт од поранешни клиенти за да можете лично да се уверите во резултатот од нивната работа. На крајот, откако ќе изберете еден од нив, потпишете договор и работата може да почне. На нашиот сајт Daibau.mk на едно место ќе најдете контакти од десетици проверени мајстори, нивни референци, како и мислења и оценки на поранешни клиенти.
Технички гледано поставувањето на плочки не преставува комплицирана работа, но бара трпение и прецизност. Доколку сами ќе ги купувате плочките, имајте на ум дека поради кроење на ќошињата слично, треба да купите барем 10% повеќе од пресметаната квадратура. Може да се каже дека за успешна работа најважна е добро подготвена подлога. Керамика се поставува само на рамна, тврда, сува и чиста површина. Распоредот на поставување се определува според дезенот кој сте го избрале, поради што најпрво се пронаоѓа почетна точка. Неа ја наоѓате така што со канап ги поврзувате спротивните страни на просторијата. Средината на добиениот крст е точката во однос на која ги редите плочките според дезенот (нацртајте скица и работете по неа или најпрво наредете ги плочките без лепак), а ко нема дезен, само редете. Пробајте да ги наредите така за да ви останат што повеќе цели плочки, дури и по аглите и покрај вратата, за да не мора да ги сечете. Ѕидните плочки се редат од подот нагоре, во хоризонтални редови. Доколку не го редите целиот под или ѕид, започнете од надворешните рабови,, па движете се кон средината. Добар керамичар ќе умее да ги постави повеќето плочки без да ги сече.
Пред да започнете со самото поставување, проверете дали го имате сиот потребен материјал и алат, односно: плочки, лепак, основен премаз, израмнител, смеса за фугирање, силикон, разредувач, кофа, либела, секач за плочки, гумен чекан, метро, жичана четка, забеста и рамна глетарица, бушилка, пластични крстчиња (дистанцери) и друго.
За да може лепакот подобро да се спои со подлогата, се употребува посебна емулзија, која мора сосема да се исуши. На вака подготвената подлога рамномерно се нанесува лепак за плочки. Бидејќи тој брзо се суши, се мачка метар по метар квадратен. На тој лепак се редат плочките кој се зацврстуваат со гумен чекан, а помеѓу нив се поставуваат пластични крстчиња, односно, дистанцери. По потреба, сечењето на плочките се врши со дијамантски секач. Откако ќе се заврши со лепење на плочки, лепакот мора да се суши барем еден ден. На крајот, со фуг-маса се пополнуваат фугите помеѓу плочките. Масата за фугирање се суши околу половина ден. Аголните, дилетационите и приклучните фуги се затнуваат со силикон. Доколку има потреба, таму каде што останал стврднат материјал на плочките, тој се чисти со разредувач, а потоа целата површина детално се мие. Тогаш е спремно за употреба.
Поставувањето на надворешни плочки или такви за во мокри простории бара особено внимание. Надворешните плочки треба да се со таков квалитет да може да поднесат постојани промени на температурата помеѓу денот и ноќта, лето и зима, како и абење. Со еден збор, врнежи, смрзнување и топлина, но и нечистотии, алги и лишај. Значи, купете такви кои се наменети за надворешни услови. При поставување, мора да водите грижа падот на целата површина да биде до 2% што ќе овозможи истекување на водата. Под самите плочки се нанесува заштитен водоотпорен слој, односно, некоја од смесата за хидроизолација. Ова ви го препорачуваме за подни плочки како во купатилото, така и во кујната. Ви препорачуваме да употребите еластична маса за фугирање, наместо силикон (кој исто така се употребува, но не е со долг век на траење), за да може плочките подобро да ги поднесуваат температурните колебања.
Се разбира дека плочките најмногу се користат за т.н. влажни/мокри јазли – купатила, перални и кујни. Овие простории и најчесто се обновуваат поради тоа што најмногу и се користат. Реновирањето на купатило е градежен зафат и може да се заврши за неколку недели на веќе готов детален план. Реновирање во таков случај може да значи и рушење на ѕидови, демонтажа на старата санитарија, кршење на плочки, вадење на водоводна и канализациона инсталација. Потоа следува поставување на нови инсталации, водови и опрема како и евентуално, односно, ѕидно или таванско греење, односно радијатори. Следува поставување на преградни ѕидови и малтерисување, односно подготовка на сите површини за лепење плочки. На крај доаѓа сувата монтажа и белење, па монтажа на санитарија и останати елементи во бањата.
Лепењето на камени плочи се одвива слично како и лепење на керамички плочки со извесни разлики. За да може да се постават плочки од природен или вештачки камен, потребна е цврста, сува и рамна површина. Постојат многу видови камен (мермер, гранит и др.) и исто толку нивни карактеристики – за секоја од нив постои посебен вид лепак и фугомал. Поради тоа, мора да бирате внимателно. Исто така, поради неправилната форма, самото лепење бара поголема вештина отколку за керамички плочки, поради што ви препорачуваме сето тоа да му го препуштите на искусен мајстор.
Плочките за мозаик бараат добро подготвена подлога и уште попрецизно поставување. Бидејќи мозаикот се составува од ситни плочки, неопходна е рамна и права подлога. Имајќи во предвид видот материјал и формата, постојат неколку вида: керамички, стаклени, метални, дрвени и мозаик од природен и вештачки камен. Изработката на мозаик бара прецизност, трпение и смисла за детали, поради што ви препорачуваме да не се впуштате сами во ваков потфат.
DAIBAU.MK, НИЕ ВИ ПОМАГАМЕ ДА ЈА ОЦЕНИТЕ ИНВЕСТИЦИЈАТА И ДА ИЗБЕРЕТЕ ИЗВЕДУВАЧ ЗА ВАШИОТ ДОМ