За реон

    Клима уреди, монтажа на клими Цена

    Колку чинат клима уредите? Цената на климатизерите првенствено зависи од видот и типот на клима уредот, неговата моќност (напојувањето мора точно да одговара на просторот за кој е наменет) и, се разбира, понудувачот. Приближната цена на „обична“ клима уред која има една внатрешна и една надворешна единица и моќност од 4kW е помеѓу 320 и 600 евра. Цената за вградување клима е помеѓу 100 и 300 евра. Понатаму, подните и таванските клима уреди се околу 600 евра па нагоре, а нивната инсталација е поскапа. Се препорачува уредот да се отвора барем еднаш во сезона за да се исчистат неговите филтри, а доколку се оштетени да се заменат. Исто така, се препорачува најмалку еднаш годишно климатизерите да се проверуваат од страна на сервисер. Цените на основната услуга се околу 30 евра (доаѓање и преглед), па нагоре.

    Кому да ја доверите инсталацијата и сервисирање на клима уредот? Пратете барање до соодветни и оценети климатски експерти во вашата област - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Клима уреди – цена на уредот со монтажа


    Цена на клима уред. Цена за набавка и монтажа на клима уред со моќност 3,5 kW.

    320.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    600.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    Монтажа на клима – цена на монтажа без уред


    Цена на монтажа на клима уред. На цената за монтажа влијаат положбата на климата, должината на цевките, видови цевки и слично.

    100.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    300.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Клима уреди, монтажа на клима

    ваша количина

    единица

    приближна цена

    ваша цена

    ЗАЕДНО:
    Испрати побарувачка >

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Клима уред - се што треба да знаете

    1. Што треба да знаете пред да купите клима уред?

    Многу често луѓето се одлучуваат да постават клима во стан, куќа, канцеларија или некој друг простор, за да можат, најчесто во текот на летото, да обезбедат пријатна температура за престој.

    Клима уреди

    1.1. Размислете за овие прашања пред да купите

    Тип на објект - купувате клима за стан, куќа или деловен простор?

    Градба - дали станува збор за новоградба или постара градба?

    Големина на просторот - измерете го просторот за кој купувате клима уред.

    Изолација - дали просторијата има било каква изолација?

    Положба - дали просториите гледаат кон север, југ, запад или исток? Дали се во подрум, приземје, на спрат, поткровје или мансарда?

    Отвори - колку прозорци и врати има и која големина? Дали имаат обично стакло или термопан?

    Број на лица и апарати - колку луѓе ќе престојуваат во тој простор? Какви апарати има?

    Начин на проветрување на просторијата - дали станува збор за природно проветрување или постои вентилација со рекуперација?

    Можности за инсталација - избор на тип на внатрешна единица според просторните спецификации (зидна, подна, таванска, на прозорец, вградена)

    Одвод на кондензационата вода од внатрешната единица - со прост пад или со автоматска пумпа?

    Греење - дали сакате клима-уредот и да грее и да лади?

    1.2. Бучност

    Бучавата произведена од работата на уредот е карактеристика која не треба да се занемари. Обично на самиот уред има налепница со сите технички податоци, па дури и означени децибели,  кои го изразуваат нивото на бучност. Ако стои 25-30 dB тоа значи дека уредот работи сосема тивко.

    1.3. Моќност

    Кога се бира моќност на уредот, треба да се земе во предвид и големината на просторот кој ќе се лади, односно загрева. Понатаму, тука е и број на прозорци и врати, висина на таван и катност. За просторија до 25m2 ќе биде доволен клима-уред со моќност од 2,5 kW, за 40 m2, 3,5 kW и така натаму.

    1.4. Енергетска ефикасност

    На пазарот се нудат уреди со различна енергетска ефикасност.  Опсегот на класи се движи од A+++ до D, притоа што  A+++ е најефикасна, а  D најлоша. Со енергетската ефикасност доаѓа и заштедата на електрична енергија, бидејќи, на пример, инвертер уред со компресор во надворешната единица ја урамнотежува работата на внатрешната единица, така што се вклучува поретко и троши помалку.

    2. Избор на понудувачи и изведувачи

    Понудувачи и изведувачи на пазарот има безброј многу - како да се избере вистинскиот?

    2.1. Гаранција, гарантен рок

    Прв сигурен знак е давање гаранција. Понудувачите на квалитетни клима-уреди даваат гаранција на 24 месеци; доколку прифатите тие да извршат монтажа, за која исто така даваат 24 месечна гаранција.

    2.2. Сопствени монтери и сервисери

    Квалитетната мотажа е многу важна. Непрофесионална и лоша монтажа може да ги упропасти сите предности на квалитетен уред. Голема предност на понудувачот е да има сопствени монтери и сервисери, бидејќи така има добар увид и детален преглед во работата и материјалите. Ова го гарантира квалитетот на уредот како и квалитетот на инсталацијата и работата. Исто така, многу е важно клиентот да може да се јави во сервисен центар кога и да има потреба, а тие да одговорат и да ги отстранат сите можни дефекти за кратко време.

    2.3. Сертификати

    Квалитетот на понудувачот може да го потврди и соодветна документација која тој ја дава по завршената работа. Покрај техничката спецификација на самиот клима-уред, постојат и потврди за квалитет и енергетска ефикасност, професионални сертификати и слично.

    3. Различни типови на клима-уреди

    3.1. Преносни климатизери

    Преносиви или мобилни климатизери може да се преместуваат од соба во соба, по желба. Одлични се за помали простории кои брзо се ладат или загреваат, како на пример камп-приколки, за кои не може да се најде друг вид на климатизација. Нивна слабост е мала моќност, а предност е тоа што не е потребна монтажа.

    3.2. Прозорски климатизери

    Прозорските клими обично се поставуваат на даска, така што еден дел е во собата, а друг надвор. За да се постават, мора да се направи соодветен отвор. Од причина што монтажагта е на непрактичен начин, релативно помалку и се употребуваат

    3.3. Клима-уред без надворешна единица

    Во простории каде не е можно да се постави надворешна единица на клима-уред, може да се монтира клима без неа, при што внатрешната единица се поставува на надворешен зид. Потребни се два отвори со пречник од 16 cm кои ќе го ладат кондензаторот со надворешен воздух. По прашање на моќност, економичност и бучава додека работат, овие клими не заостануваат со ништо, во споредба со климата со две единици.

    3.4. Клима-уред со две единици

    Клима уред со две единици или така наречени сплит-клими, се најбарани, а со тоа и најупотребувани. Името „split“  го добиле по англискиот збор кој значи „поделено, одделно“, што во овој случај значи разделеност на уредот на две или повеќе посебни единици. Внатрешната единица се поставува во просторијата, а надворешната се монтира надвор. Внатрешните единици, според местото на поставување мошат да бидат – зидни, тавански, подни, касетни или канални. Постојат и клима-уреди со повеќе внатрешни единици и една надворешна, која ги активира. Таквиот вид се вика „мулти-сплит“, и може да биде значителна заштеда во смисол дека завзема помалку место и полесно се монтира. Сплит-климите се економични, ги има со различна моќност и имаат многу добра енергетска употребливост.

    4. Поставување - сам свој мајстор или професионална монтажа?

    Правилен избор на клима-уред, секако е многу важен. Но, за да функционира во оптимални услови, исто така мора да биде и добро поставен, односно правилно и професионално монтиран. Единствено на тој начин може да овозможи пријатна температура во вашиот дом. Без оглед на тоа дали ќе одлучите сами да работите или работата ќе им ја доверите на мајстори, многу е важно и местото на кое ќе бидат поставени единиците.

    4.1. Поставување на надворешната единица

    Доколку живеете во зграда, треба да проверите дали и какви работи се дозволени на фасадата.  Ако се поставува на видно место, морате да внимавате да не загрозувате никој и ништо; ако стои на тераса, дека нема да се гледа од улица. Ако живеете во поткровје, проверете дали надворешната единица може да се монтира на кровот или во отворен таван.

    Во ситуации кога надворешната единица се монтира на фасада од зграда која е заштитен историски споменик, тогаш мора да се бара дозвола за тоа од Завод за заштита на споменици. Во секој случај треба да внимавате да се гледа што помалку (да биде на балкон, подконструкција, рамен покрив и сл) за да не го нарушува изгледот на целината, а и да не им пречи на комшиите.

    Особено внимание треба да се посвети на самите носачи, да бидат цврсти и со доволна носивост, како и да можат да поднеста вибрации, а да не ги пренесуваат на фасадата.

    Ако надворешната единица е поставена на земја, таа мора да се прицврсти на пластична основасо минимална висина од 10 cm.

    За да може добро да функционира клима-уредот важно е и тоа воздухот несметано да кружи околу единицата. Тесни ниши или места покрај зид или бетонска ограда на балкон се несоодветни места за поставување.

    Надворешните единици не треба да се поставуваат ниту покрај прозорец од спална или детска соба. Бучавата која се создава додека работи климата, ќе ви смета ако спиете со отворен прозорец.

    4.2. Поставување на внатрешната единица

    Внатрешната единица од клима-уредот секогаш треба да се постави на најтоплото место во просторијата, од причина што, кога тоа место ќе се разлади, ќе биде попријатно насекаде.

    Ако сакате да ја поставите климата над врата која често се отвара, ќе имате помалку енергетски ефикасна работа на истата од причина што ладењето/греењето ќе се интезивира при секое отварање и затварње на вратата.

    Места во ходник, зад завеса или над плакар исто така не се препорачуваат - кружењето на воздух на такви места е ограничено, со што и климата ќе работи послабо.

    Исто така, не се препорачува поставување на внатрешната единица над место кое е извор на топлина. Единицата има вградено термостат за одржување на еднаква температура и постојано ќе се вклучува, дури и ако просторијата е веќе изладена.

    4.3. Технички детали

    Прв чекор во поставување на клима - уред е монтажа на носачите на внатрешната и надворешната единица. Потоа се буши отвор во зидот, низ кој ќе поминуваат цревата (кондензационо-црево  и инсталација за поврзување на цевки/кабли), притоа водејќи сметка за меѓусебна раздалеченост на единиците. Следно е провлекување на цревата низ зидот и поставување на внатрешната единица врз носачот, вклучување во електрична мрежа, а потоа на ред се цревата за одвод на кондензационата вода и воздух. Тогаш на ред доаѓа поставувањето на надворешната единица и нејзино приклучување. Кога и двете единици се поврзани потребно е зрачење, на тој начин се изфрлаат воздухот и влагата од колото за ладење со помош на вакуум пумпа. При првото вклучување, се врши проверка и на цревата и вентилите, да не пуштаат воздух. Цревата кои водат до надворешната единица се изолираат, односно, се бандажираат/вакумираат со изолир трака и се прицврстуваат за зидот. Отворите околу цревата во зид се полнат со пур-пена, потоа се гитуваат или малтерисуваат или се поставува пластична маска (розетна).

    5. Трендови

    5.1. Енергетска ефикасност

    Луѓето сакаат да заштедат пари, но и да ја зачуваат својата животна околина. Модерните клима-уреди се решение за двете тенденции, кој со годините експоненциално растат и таквиот тренд ќе продолжи и во иднина.

    Сплит систем климатизери
    Луѓето најчесто се одлучуваат за сплит климатизери

     

    5.2. Паметни технологии

    Најновите технологии овозможуваат дури и тоа клима-уредот да биде поврзан со WiFi. Со паметните клими, едноставно и практично може да се контролира температурата во домот преку мобилна апликација и слични апарати. Така се оставрува и значителна заштеда на енергија.

    5.3. Системи без цевки со прилагодување на режимот на работа

    Современите клими имаат можност за прилагодување на брзината на работа, што придонесува за поголема ефикасност и употребливост.

    На тој начин системот работи прецизно и се прспособува кон потребите за ладење или греење на вашиот дом. Покрај тоа, при инсталирање на климатизерот, не е потребно да се дупчат зидовите за да се спроведе цревото.

    5.4. Геотермални решенија

    Побарувачката за геотермално греење и ладење е во постојан пораст, првенствено заради енергетската ефикасност.

    Карактеристика на геотермалните системи за климатизација е и нивната трајност и голема употребливост.

    5.5. Подобар квалитет на воздухот

    Сигурните информации што ги отчитуваат сензорите на модерните климатизери ви овозможуваат да откриете колку и какви штетни честички има во воздухот, во секој дом. Од таа причина, во нив се вградуваат сензори поврзани со филтри кои автоматски го вшмукуваат и исфрлаат загадениот воздух и внесуваат свеж и чист воздух.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Преместување на клима

    Потребно е пренесување на клима уред од еден на друг ѕид. 5535 € до 9225 €

    ........

    Мулти сплит клима за стан

    Мулти сплит клима уред за стан со внатрешна површина од 91 м2. Околу 70 м2 вкупно се собите (спална, две детски, дневна+кујна). Дневна+кујна е со површина од околу 35м2, и има долг тесен ходник накај другите соби. Спалните се околу 15 м2, 12 м2 и 9 м2. Ориентацијата е исток за спалните, југ за дневна+кујна. 10ти кат. Има план на станот со означени позиции со црвено за надворешната и внатрешните единици, Исто е означено која е димензијата на пуштените бакарни цевки. 38745 € до 64575 €

    ........

    Сервис на клима уред

    Потребен е сервисер за клима. Се работи за 7.5 kW клима. Не дува топло , брзо се исклучува. Дали е до фреонот или треба да се чисти, да се погледне,. 5535 € до 9225 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Монтажа на клима, 1 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Прилеп

    90 € до 150 €

    Цена, Понуда за ладење и греење со мулти сплит клими за во објект во изградба, Po proekt
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    9000 € до 15000 €

    Цена, Набавка на клима и монтажа, 50 м2
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Монтажа на клими - итно е !, 2 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на нова клима и релокација на стара, 2 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Битола

    135 € до 225 €

    Цена, Чистење на клима и полнење со фреон, 5.5kW
    Клима уреди, монтажа на клима, Кочани

    90 € до 150 €

    Цена, Чистење и сервис на клима уреди, 3 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Сервис на инвертер 3.5 kW, 2
    Клима уреди, монтажа на клима, Тетово

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа и сервис на клима, 2
    Клима уреди, монтажа на клима, Струмица

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на купени клими во куќа, 10 клими
    Клима уреди, монтажа на клима, Тетово

    630 € до 1050 €

    Цена, Набавка и монтажа на клима за во гарсоњера, 1 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Охрид

    630 € до 1050 €

    Цена, Демонтажа и монтажа на клими, 2 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Струмица

    225 € до 375 €

    Цена, Полнење на клима со фреон, 1 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Свети Николе

    90 € до 150 €

    Цена, Овластен монтер на клима ViVАХ 5.5, 2 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Монтажа на клима уред VIVAX, 1 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Крива Паланка

    90 € до 150 €

    Цена, Набавка и монтажа на клима imverter 5kw, 1 ком
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Сервис на клима, 1 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Кочани

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на клима, 1 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Кавадарци

    90 € до 150 €

    Цена, Понуда за монтирање на клими, сплит системи, 3,5 КW., 11 клими + сплит систем
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    2070 € до 3450 €

    Цена, Полнење фреон на инвертер клима, 1
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Сервис на надворешна единица од клима уред, 1 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на клима уред 3.5 KW, 1 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Куманово

    90 € до 150 €

    Цена, Вакумирање на сплит систем, 2 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на клима уред, 1 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на клима, 1 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Општина Берово

    90 € до 150 €

    Цена, Сервис и чистење на клими, 4 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Сервис на клима уред, 1 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Кочани

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа и сервис на користен клима уред, 1 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Штип

    90 € до 150 €

    Цена, Монтажа на клима уред, 1 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Струга

    135 € до 225 €

    Цена, Понуда за греење во станбен објект, 1000 м2 нето површина
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    72000 € до 120000 €

    Цена, Набавка и монтажа на клима уреди, 2 кол.
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    810 € до 1350 €

    Цена, Изведба на систем за греење и ладење на куќа, 100 м2
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Монтажа на клима уред, 1 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Штип

    90 € до 150 €

    Цена, Сервисирање на клима уреди, 3 кол
    Клима уреди, монтажа на клима, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Набавка и монтажа на сплит систем 12000, 1 ком.
    Клима уреди, монтажа на клима, Охрид

    720 € до 1200 €

    Цена, Монтажа на клима уред, 1 ком.
    Клима уреди, монтажа на клима, Струга

    90 € до 150 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Клима уреди, монтажа на клима?

    Клима уреди, монтажа на клима ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    132+ КОМПАНИИ ЗА Клима уреди, монтажа на клима
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА