За реон

    Комарници Цена

    Колку чинат комарници,? Комарници ќе ве поштедат од многу непроспиени ноќи од досадни инсекти, така што без разлика дали станува збор за фиксни, крилни, роло, лизгачки или интегрирани,, ви препорачуваме да не се мислите многу. Цената им зависи покрај од материјалот на рамот (ПВЦ или алуминиум) од големината и секако од самиот понудувач. За обична роло мрежа против комарци, заедно со водилки и монтажа треба да издвоите помеѓу 38 и 63 евра/м2.

    Кому да ја доверите изработката или набавката на комарници? Пратете барање на соодветни и оценети произведувачи и добавувачи на комарници во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на роло комарници


    Цена на роло комарници. Цена на роло комарник, заедно со водилки и монтажа.

    38.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    62.40 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Комарници

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Комарници - се што треба да знаете

    1. Комарници – што се треба да знаете?

    1.1. Вистинско решение за сите видови на прозорци и врати за тераси

    На пазарот постојат многу видови комарници, односно, заштитни мрежи, па затоа секогаш ќе најдете решение за секоја форма и димензија на прозорци и врати за тераса. Доколку станува збор за интегрирани комарници, односно, такви кои се надворешен дел на венецијанки или ролетни во кутија, тогаш тоа треба да го земете во предвид уште при самата монтажа, односно, при изборот на сенки кога купувате нови врати или прозорци. Друга опција е дополнително местење на комарници како самостоен елемент, што може да го направите во било кој момент.

    Комарници
    Мрежите за комарци овозможуваат безгрижно проветрување на просториите, што е многу важно

     

    1.2. Комарници не се само заштита од комарци

    Точно е дека комарниците преставуваат заштита од комарци, но и од сите останати инсекти кој влегуваат низ отворени врати или прозорци. Постојат и комарници кои штитат и од цветен прав, што е од непроценлива помош за луѓето кои страдаат од поленска алергија. Благодарение на комарниците просториите може да се проветруват и разладуваат на природен начин, а особено се корисни ноќе за да не се браните од штетните инсекти со хемиски средства. Сепак, низ мрежата поминува нешто помалку воздух.

    1.3. Бои на комарници

    Алуминиумските профили обично се бели или кафеави, бидејќи клиентите тоа најчесто го бараат. Мрежата, во главно е сива, бидејќи таквата овозможува потполна прегледност, односно, не ви пречи на погледот. Мрежата се гледа дури кога сосема ќе му се приближите на прозорецот.

    1.4. Комарници барем во спалната соба

    Доколку размислувате за помала инвестиција, ви препорачуваме комарници најпрво во спалната соба. Непроценливо е безгрижно проветрување во спалната соба.

    1.5. Квалитет

    При купување на комарници обрнете внимание на квалитетот. Не ви препорачуваме фиксни комарници од причина што се лепат за рамот на прозорецот. Тие се помалку квалитетни и не траат долго. Дури за неколку часа лепакот може да попушти и на тоа место повеќе не може да се залепи. Исто така не препорачуваме ниту мрежа залепена директно на столаријата.

    1.6. Траење и одржување

    Трајноста на комарникот најмногу зависи од квалитетот на материјалот и изработката, но и од начинот на употреба. Со правилна употреба и одржување ќе го продолжите векот на траење на комарниците многу повеќе отколку во гарантниот рок, кој обично е две години. Најчесто после тој рок, мрежата треба да се замени. Доколку останатите делови на комарникот се алуминиумски, скоро и да не е потребно одржување, освен ако не дојде до механичко оштетување – што е последица на неправилна употреба.

    2. Понудувачи и изведувачи – важен е квалитетот

    За да можете на пазарот да го најдете онаа што ве интересира, најпрво мора да испланирате за кој прозорци и врати ќе купувате комарници. Важно е сите производи да бидат квалитетни, за да може самите комарници да ви служат што подобро и што подолго. Ви препорачуваме да се распрашате кај повеќе понудувачи, а во квалитетот да се уверите лично. Уште на допир ќе можете да ја забележите разликата. Сите делови на комарникот треба да бидат од избрани, природни материјали, а од особено значење е квалитетот на самата мрежа. Најдобри е таа од стаклени влакна, бидејќи се најиздржлива. Конечно, и самиот изглед на комарникот е од големо значење, поради што треба да изберете соодветна боја според бојата на прозорците и вратите.

    3. Видови комарници

    Постојат повеќе видови комарници, но секој може да се прилагоди на сите видови прозорци или врати.

    3.1. Фиксни комарници

    Ваквите комарници лесно се фиксираат директно на прозорецот или на ѕидот. По потреба, лесно се вадат. Фиксен комарник е одличен избор за прозорци кои ретко или воопшто не се отвораат, како што се на пример, подрумски прозорци, при што мрежата може да биде залепена од пролет до есен.

    3.2. Роло комарници

    Роло комарникот е најчесто така направен да се замотува заедно со венецијанки и стои во неговата кутија над прозорецот. Од страната има четкичка која спречува влез на инсекти. Може да се постави на надворешната страна од прозорецот или вратата или директно на ѕидот. Доколку имате саксии со цвеќе на надворешната страна на прозорска даска, овој вид е идеално решение за вас, бидејќи нема да треба да ги поместувате. Роло мрежата ја местите рачно со помош на канапче или автоматски, со далечински управувач. Кога сосема ќе се подигне и намота, стои во кутија. Комарникот може да се отвара по висина или по ширина.

    3.3. Интегрирани комарници

    Ваквите комарници се дел од ролетните или надворешни венецијанки, па се подигаат и спуштат заедно со нив. Комарникот е поставен помеѓу прозорецот и ролетната, се отвара и затвара тогаш кога ролетната е спуштена. На тој начин ролетната го штити комарникот од надворешни влијанија. Кога комарникот се подига, сосема се замотува во кутијата и воопшто не се гледа.

    3.4. Крилни комарници

    Крилниот комарник се отвара и затвара на ист начин како и вратата, односно прозорецот за кој е прицврстен. Може да се постави на сите видови прозорци и врати. Особено се практични за проодни места. Се прицврстува со шарки со пружина, но може и без нив. Крилото има и магнети кои го држат за да не се отвара кога дува ветар. Во крилни комарници се вбројува и ротационата, чиј радиус на отворање е до 240°. Тој има т.н. напната шарка која сама го затвора рамот, кога ви се зафатени рацете.

    3.5. Лизгачки комарници

    Уште едно одлично решение преставуваат лизгачките комарници, особено погодни за затварање на премин во градина, на балкон или тераса. Тие може да се постават на било која врата. Може да се отвораат и од надворешната и од внатрешната страна. Постојат еднокрилен и двокрилен лизгачки комарник.

    3.6. Плисирани комарници

    Најнов модел на самостојни комарници за премин кон градината, на балконот или терасата се плисираните комарници. Мрежичката на комарникот се отвара како хармоника, поради што може да се постават на било која врата, а се отвораат и затворат од внатрешната и надворешната страна. Предност во однос на лизгачките или крилните комарници е тоа што зафаќаат многу малку простор и стојат сосема залепени со вратата.

    4. Постапка

    Ви предлагаме да се посоветувате со професионалец околу тоа кое ќе биде најдоброто решение за вашите потреби. Доколку имате некакво искуство, ќе видите дека поставувањето на комарник е многу едноставно. Најчесто комарниците се поставуваат директно на вратата или прозорецот. Друг начин е поставување на носачи. Доколку не е можно ниту едното ниту другото, постојат и други опции. Доколку, во исто време со поставување на комарници ги менувате или пак ставате нови венецијанки, тогаш наједноставно е да изберете интегриран вид.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Комарник врата за на врата од тераса

    Потребен ми е комарник врата на врата од тераса, димензиите на врата се стандардни, 210 х 100 см. 11070 € до 18450 €

    ........

    Mreza za komarnik za balkonska vrata

    Počituvani,


    Imam postoecki komarnik na balkonskata vrata, potrebno e da se smeni samo mrezata na komarnikot.


    Blagodaram odnapred 8302.5 € до 13837.5 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Комарници ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    116+ КОМПАНИИ ЗА Комарници
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА