За реон

    Бушење бунар Цена

    Колку чини да се ископа бунар? Цената на метар дупчење и поставување цевки зависи од повеќе фактори, а најмногу од намената. Кога станува збор за бунар, цената зависи од потребната количина на проток на вода, бидејќи врз основа на тоа се пресметува дијаметарот на дупчењето, како и поставување на цевки и потопни пумпи од одредена моќност и брзина на проток. Цената за пробивање на бунар за наводнување или гео сонда за топлинска пумпа, на терен со средна големина, изнесува помеѓу 30 и 60 евра/м.

    Кому да го доверите копањето на бушотина или бунар? Пратете барање до соодветните и оценети мајстори за бунари во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на бушење на геосонда


    Цена на бушење бунар за наводнување или гео сонда за топлинска пумпа на средно тежок терен.

    30.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    54.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Копање бунар

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Бушење бунар и останати бушотини - се што треба да знаете

    1. Бушење за бунар и останати бушотини - што се треба да знаете?

    1.1. Општо за бушење

    Длабоки бушотини се изведуваат тогаш кога треба да се експлоатира нешто што е длабоко скриено под земјата. Во нашите краишта, нормално станува збор за вода, која може да се употребува за системи на топлински пумпи за загревање на домовите или пак да се употребува за друга цел. Длабинско бушење и воопшто бушотина е неопходно и за системите за топлински пумпи земја-вода, при што се употребува длабинската геотермална енергија на земјиштето.

    Бушење бушотина
    Инсталирањето на топлинска пумпа за подземна вода бара бунар длабок 50-150 метри

     

    2. Длабинско дупчење за топлинска пумпа

    2.1. Топлинска пумпа

    Последниве неколку години топлинските пумпи станаа многу популарни како дел од системите за греење, а особено за индивидуални системи за греење. За прв пат станува збор за сосема еколошки вид на греење, кој токму поради тоа го субвенционираат повеќе држави. Доколку се одлучите да купите топлинска пумпа, би можеле да конкурирате и да добиете финансиска поддршка, со што купувањето ќе ве чини многу помалку. Во Македонија сеуште субвенции се добиваат само за вградување на сончеви панели како енергетски ефикасни системи на државно ниво, а само некои општини доделуваат субвенции за бушење бунар и поставување топлинска пумпа, како и некои банки кои нудат поволни кредити за поставување на овие системи. Втор многу важен фактор се понатамошните трошоци за работа и одржување на системот, од причина што оваа, греење со топлинска пумпа, е убедливо најевтино. Исто така би било добро да имате сопствен извор, што би значело дека не сте врзани со на пример, снабдување со гас, промени на цените на горивата и гасот и слично.

    2.2. Видови топлински пумпи и бушења

    Постојат повеќе видови на топлински пумпи: топлинска пумпа земја-вода која ја користи геотермалната енергија од земјата, топлинска пумпа воздух-вода за енергија од воздухот и топлинска пумпа вода-вода, за експлоатација на топлината од водата. За системот воздух-вода не е потребно бушење, од причина што надворешната единица на пумпата се поставува некаде на парцелата, без дополнителни работи. За топлинската пумпа од видот вода-вода и земја-вода потребно е длабоко бушење. Во вториот случај, можете да се определите за површинска верзија при што се прави мрежа од цевки кои се поставуваат на точно пресметана површина, на околу еден метар длабочина под површината на земјата. Но, доколку се одлучите за топлинска пумпа од видот земја-вода со гео сонда, тоа значи дека ќе мора да направите бушотина од повеќе десетици метри длабочина.

    2.3. Топлинска пумпа вода-вода

    Од причина што водата е неколку метри под површината и ретко кога се дига кон површината – само во случај на обилни дождови – до неа мора да се дојде со помош на длабинско бушење. Ваквиот систем за греење е исклучително ефикасен, бидејќи коефициентот на топлина достига вредност поголема од 5, што преведено на практичен јазик значи исклучително ниски годишни трошоци за греење.

    2.4. Топлинска пумпа земја-вода

    Топлинската пумпа земја-вода може да се изведе на два начини; првиот е површински, бидејќи се поставува на само неколку метри под земјата,  иако е потребна прилично голема површина. Тоа што е ставено под знак прашалник за целата таа површина, е употребливоста на тој дел од плацот, од причина што билки слабо успеваат, а дрвја не смее да се садат заради корењата, за да не го оштетат вградениот систем. Од тие причини повеќето корисници бираат систем на топлински пумпи земја-вода со гео сонда. При овој начин на поставување, изведувачот копа бушотина длабока неколку десетици метри во која потоа се внесува гео сондата, која личи на многу долга и тесна капсула. Врвот на сондата доспева длабоко под земјата (дури 100 и повеќе метри) и ја користи топлината која тука се акумулира.

    2.5. Длабочина на бушотината за пумпа вода-вода

    Длабочината на бушење за пумпа вода-вода не е толкава како кај видот земја-земја. Обична колекторска цевка или сонда досега десетина метри под површината, но тоа варира во зависност од локацијата, од причина што нивото на подземните води не е секаде исто. Специјализираните понудувачи, односно, произведувачи на пумпи и изведувачи кај кои се нарачуваат топлинските пумпи, имаат свои професионалци кои умеат да пресметаат колку длабоко треба да се буши.

    2.6. Длабочина на бушотината за пумпа земја-вода

    Кај овој вид на топлинска пумпа во ваш интерес е гео сондата да допре што подлабоко – колку подлабоко, толку повеќе топлина може да искористи, од причина што топлината полесно се задржува во подлабоките слоеви. Најважно е длабочината на бушотината да ја одреди експерт; тој или таа ќе ја пресмета оптималната длабочина согласно локацијата и видот на почва, со цел гео сондата да искористи што повеќе геотермална енергија, а притоа трошокот за бушење да биде рационален и оправдан. Исто така би требало да знаете дека не постои стандард колку длабоко треба да се буши, од причина што сите параметри се разликуваат од локација до локација и зависат од повеќе фактори. Еден од нив, всушност најважен, е составот на земјиштето – во карпесто и исклучително тврдо земјиште многу потешко се буши во споредба со меко и растресито тло . Од таа причина, бушотината за гео сонда се движи помеѓу 50 и 150 м, а може да достигне и до 300 м, иако пред се ова е исклучок, отколку правило за семејна куќа. Во повеќе случаи изведувачот се определува за поставување на повеќе гео сонди на различни делови од парцелата, со тоа што тие тогаш не мора да бидат толку длабоко поставени.

    3. Дупчење за подземна вода

    Уште една област која бара длабоко бушење преставува зафаќање на подземна вода. Водата за таа цел ја користат произведувачите на минерална вода, општини и бањи, со што овој вид на бушење не е пракса за семејни куќи. Одамна, кога не постоеле системи за проточна вода и нивни системи, секоја куќа имала свој длабок бунар и до неколку десетина метри, кој служел за вадење на свежа подземна вода за потребите на домаќинството, а повеќето си постојат и денес, онаму каде што ги имало.

    4. Добивање на дозвола за длабинско бушење

    4.1. Анализи и дозвола

    Длабинското бушење се смета за големо навлегување во природната средина или терен, па од тие причини пред да се започне со работа мора да се прибават соодветните согласности, односно дозволи. Исто така потребно е да се прибави геолошка и хидролошка професионална анализа на локацијата и својствата на почвата на која ќе се врши бушење. Потребната документација и видовите на потребни дозволи се разликува во зависност од целта на бушење, како и од органите на локалната самоуправа. Доколку бушење се прави за добивање вода за пиење, топлинска пумпа, наводнување или систем за снабдување со вода, односно, за да се користи топла подземна вода, обврзувачко е решение кое го издава надлежниот општински орган за издавање градежни и водени дозволи. За самата бушотина најпрво се подготвува технички план и соодветна документација. Покрај тоа, неопходни се т.н. Водена дозвола или согласност која ја издава надлежниот орган за водостопанисување. Доколку се работи за бушотина за топлинска пумпа како извор на енергија за индивидуално домаќинство, за нејзино вградување исто така се подготвува соодветна документација, а мора да се почитуваат стандардите зададени за електро и хидро инсталација. Во секој случај, ви препорачуваме најпрво да се посоветувате со експерт во компанијата која ќе ја изберете, од причина што тие најдобро се упатени како во состојбата на терен, така и во барањата од страна на локалната самоуправа и тие најдобро знаат што треба да се прави за да го добиете тоа што го сакате, по цена која вам ви одговара, а во согласност со сите прописи. Откако ќе го прегледаат теренот и одредени видови на просторни планови и снимки, тие ќе знаат да направат проценка како стојат работите.

    4.2. Кога се потребни дозволи

    Согласно Закон за градење (,,Сл.весник на РМ‘‘ број 130/2009, 124/10,18/11, 36/11,13/12,144/12,25/13,137/13.163/13,27/14,42/14,115/14,149/14,187/14,129/15,226/15,30/16,31/16,39/16,71/16,132/16,35/18,64/18,168/18 и ,,Службен весник на РСМ‘‘ број 244/19) согласно член 73 ст.1 точка 31, подземен бунар со линиски системи кои се во функција на бунарите спаѓаат во градби за кои не е потребна посебна градежна дозвола. За изведување на градби, односно опремата од членот 73 став 1 на овој закон, инвеститорот поднесува барање за изведување односно поставување со потребната документација до општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, на чие подрачје треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата и решението го издава градоначалникот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје.

    4.3. Траење на постапката

    Процедурата обично трае 30-60 дена, а цената која ќе треба да ја платите за целата документација во главно зависи од тоа што се е потребно, односно, од сложеноста на документацијата. Во ситуација на строго заштитени водени подрачја, можеби ќе има потреба и од понатамошни испитувања, па ќе морате да ангажирате некој да дојде на терен поради геолошки и хидролошки анализи, што пак повлекува дополнителни трошоци.

    5. Изведба на бушење

    Начинот на бушење зависи од локацијата на која се буши и за што ќе се употребува бушотината. Потребно е да се има во предвид неколку фактори кои се однесуваат на локацијата за бушење: составот на земјата, многу потешко е да се буши на тврдо тло, каменито земјиште, отколку на меко, глинеста или во близина на соседни објекти.

    5.1. Цврстина на почвата

    Бушење на тврд, карпест терен трае многу подолго и бара повеќе работа, што ќе ја подигне цената за бушење повеќе отколку кога се буши на меко земјиште или мочуриште. Единствена предност на каменест терен е тоа што изведувачот нема да наиде на големи количини вода кои ќе треба да ги испумпува во тек на бушење, што од друга стана може да биде проблем кога се буши на  влажни терени.

    5.2. Растојание од соседните објекти

    Доколку бушење се врши во непосредна близина на некои објекти, се применува постапка на комбинирано бушење со превентер (апарат кој спречува експлозија), а истовремено овозможува материјалот што се добива со бушење и калта да се носат директно во колектор. Доколку бушотината е наменета за гео сонда, бушење се изведува во согласност со ВДИ прописи.

    6. Одржување и санација на бушотина

    6.1. Фактори кои ја загрозуваат бушотината

    Како и се останато, така и бунарите и бушотината со тек на време се валкаат, а може и да се затне. Најчеста причина за оштетување или валкање на бунарот, бушотината и гео сондата преставуваат агресивната хемиска и биолошка структура на подземните води, како и неправилната бушотина а и силата на пумпата. Дека нешто не е во ред со самата бушотина, бунар или гео сонда, покажува матната и гнасна вода, која има кафеаво-сива боја измешана со кал која се излива на површината. На проблем индицира и лошата работа на самата пумпа, како и помала количина на вода која се пумпа во случај на извор на подземна вода. Топлинските пумпи исто така може да го затне разменувачот на топлина, што доведува до расипување на целиот систем за греење. Во такви ситуации најдобро е да се обратите кај изведувачот кој го поставувал системот, особено ако не е истечен гарантниот рок.

    6.2. Како се чисти/поправа бушотина

    Доколку се случи нешто од горенаведеното, потребна е итна акција. Бунарот, односно, бушотината мора прописно да се исчисти и санира, а мора да се провери дали има оштетувања на гео сондата. Во краен, најлош случај, ќе мора да се издупчи нова бушотина, доколку се потврди дека првобитната уште на самиот почеток не била технички исправна.

    Компаниите нудат чистење на бунари и бушотини до 1800 м, што е повеќе од доволно за било кој вид на бушотина за топлинска пумпа. Основното чистење обично се врши механички, со алат, т.н. кална пумпа која го дига талогот и така ги одзатнува цевките и протокот, а по потреба се употребуваат и разни хемиски препарати за отстранување на бактерии и микроорганизми. Исто така, по потреба може да се заменат и потисни цевки. Истите се заменуваат со прохромски или ПВЦ цевки.

    7. Длабинско чистење – цена

    Се на се, цената за метар бушење и поставување на цевки зависи од повеќе фактори, а најмногу од намената на бушотината. Кога станува збор за бунар цената зависи од бараната количина на проток на вода, бидејќи врз основ на тоа се пресметува пречникот за бушење и потопената пумпа со одредена моќ и проток. Цената за бушење на бунари за наводнување или гео сонда за топлинска пумпа на терен од средна категорија изнесува помеѓу 30 и 60 евра/м.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Понуда за air lifting на постоечки бунар

    Потребна ми е понуда за air lifting на постоечки бунар. 22140 € до 36900 €

    ........

    Arterisko busenje za voda

    Potrebno e da se napravi hidro elaborat i arterisko busenje za voda. Povrsinata iznesuva 2000 m2. Vo prilog slika. 332100 € до 553500 €

    ........

    Детекција на вода и копање на бунар во двор

    Потребно е ископ на бунар или бушотина за вода за наводнување. Површината на дворното место изнесува 800 м2. 166050 € до 276750 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Детекција на вода и копање на бунар, /
    Копање бунар, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Kopanje na bunar, /
    Копање бунар, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Бушотина за подземна вода, /
    Копање бунар, Штип

    1800 € до 3000 €

    Цена, Kopanje na bunar, 70 m
    Копање бунар, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Пронаоѓање на вода и бушење на бунар, 1 ком
    Копање бунар, Скопје

    900 € до 1500 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Копање бунар ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    13+ КОМПАНИИ ЗА Копање бунар
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА