Колку чини ламинат? Цената за монтажата на ламинат е многу поволна. Ламинат пред се се препорачува за простории кои не се користат многу и затоа е многу погодно решение за покривање на подот. Цената зависи од квалитетот и текстурите на ламинатот, подготовката на подлогата и секако од понудувачот. Ламинат се поставува исклучиво на цврста, рамна, сува и чиста површина. Цената за купување и поставување на ламинат со системот „клик“ заедно со материјалот е помеѓу 10 и 15 евра/м2.
Кому да ја доверите набавката и монтажата на ламинат? Пратете барање до соодветните и оценети занаетчии за подни облоги во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Ламинатот е одличен избор доколку сакате да го замените подот во вашиот дом. Тој е многу издржлив, се произведува во многу бои, нијанси, дезени и класи на квалитет. Но, пред да се впуштите во задача за замена на подот во својот стан или куќа, би било добро да се запознаете со карактеристиките на подните облоги, па и ламинатот, за да знаете во што се впуштате и за што да се одлучите.
Ламинатот е композитна подна облога, што значи дека се прави од повеќе различни суровини. Обично е трислоен и има основа од иверица, слој со некој дезен и заштитен премаз или фолија. Ваквата подна облога одговара на секоја просторија во домот, а може да се постави без видливи преоди, така што целиот простор ќе изгледа како единствено парче. Производството на ламинат започнало во 1977 година и од тогаш е многу баран и популарен.
Како и за секој друг материјал, така и ламинатот има свои предности и слабости. Ќе ги разгледаме детално за да добиете што појасна слика и да можете да направите проценка дали ви одговара.
Предности
Ламинатот се произведува во форма на даски и плочи за што е можно полесно да се вклопи во специфичниот изглед на подот. При производство на ламинат не се користи вистинско дрво, што е еколошки пожелно, бидејќи се намалува сечата на шумите. Ламинатот, исто така, не испушта гасови од органски соединенија (IOJ) па затоа нема потреба ниту за лепење. Доколку сте загрижени за животната околина, треба да знаете дека заштитниот слој на ламинатот не е биоразградлив. Што се донесува до самата монтажа, истиот се монтира многу едноставно и брзо од причина што по должината на секоја даска или плоча, од едната страна има т.н.перки кои влегуваат во процепите на спротивната страна на следната даска или плоча. Тоа, всушност, е популарниот ,,клик “ систем – кога перката на едната даска влегува во процепот на другата, двете ќе се притиснат на доле и се слуша чист звук, што значи дека двата дела се споиле и се продолжува со редење по ист принцип до крај. Најдобро од се е што за ваквиот начин на монтирање не е потребен лепак ниту било какво друго врзило. Тенкиот слој подлога од пена или гума, овозможуваат ламинатот да биде тивок и удобен кога се оди по него. Покрај тоа, многу е издржлив, па се смета дека е идеален за семејства со мали деца и домашни миленичиња. Се одржува многу едноставно, со редовно метење и бришење.
Слаби страни
Иако ламинатот има многу прифатлива цена, не секогаш е најдобар избор за станови каде има масивно дрво или плочки. Ламинатот е осетлив на влага и не е погоден за простории со поголема влажност. Доколу сепак сакате ламинат во бањата, мора да се погрижите сите ивици да се излепат за да бидат водонепропустливи.
Се разбира дека е многу важно да најдете квалитетен ламинат за својот дом за да бидете задоволни со крајниот резултат. Без разлика на дезенот, дебелината и бојата, познатите брендови нудат прилично квалитетни, издржливи и отпорни подни ламинати со повеќегодишна трајност. Постојат повеќе фактори на кои треба да обрнете внимание при купување на ламинат, а тоа се:
Барајте ламинат кој се поставува на ,,клик“ бидејќи тој систем спречува продирање на вода во даските. Поставувањето на ваквиот под е едноставно и брзо, само додека да влезете ,,во штос“.
Најдобрите видови ламинат имаат многу издржлив водоотпорен слој кој е нанесен преку горната површина за дополнителна заштита.
Поголемиот број на ламинати се многу отпорни, но барајте таков со ознака AC4 која значи дека таквиот ламинат може да се поставува и на многу прометни места, без да се плашите од било какво оштетување.
Квалитетните ламинати се отпорни и на излиена течност и на нечистотија. Погодни се и за простории како што се бањи и кујни, без страв дека водата ќе го оштети.
Водечките произведувачи на ламинат нудат безброј видови, стилови, бои и модели. Барајте внимателно и сигурно ќе најдете дури и нијанса која сосема ќе се совпаѓа со вашата покуќнина.
Без разлика на тоа дали сакате висок сјај или матирани површини, изберете го најквалитетниот ламинат.
Секој сериозен произведувач нуди сосема јасни услови за гаранција. Изберете го оној ламинат чиј произведувач нуди 10 и повеќе години гаранција.
Можете да најдете ламинатни подлоги во најразлични бои, дезени, големина и стилови. Без разлика дали купувате ламинат само за една просторија или за целиот дом, обрнете внимание на клучните карактеристики за да го изберете вистинскиот материјал за своите потреби.
Дрвените ламинатни подови се направени така што може повеќе пати да се обновуваат со стругање и лакирање или премачкување. Пластичниот ламинат не може да се обработува на тој начин, па затоа е и поефтин. И едниот и другиот изгледаат како вистински дрвен под, со тоа што пластичниот бара минимално одржување. За разлика од подовите од масивно дрво, ламинатните подни облоги не треба да се заштитуваат со премази. Ги има со дебелина помеѓу 6 и 12 мм. Разликата е во дебелината на средниот слој – што подебела даска или плоча, толку поотпорна на удари. Подебелиот ламинат подобро го апсорбира звукот, со што е идеален за поткровје. Постојат ламинати во големина на даски за бродски или селски под, со што се постигнува изглед на под од вистинско дрво, но постојат и ламинати со изглед на плочки. Тие одлично се согласуваат со камени и керамички плочки. На крај, избирате и дали ламинатот ќе биде мат или ќе има висок сјај.
Доколку ставате ламинат во кујната, изберете таков што ќе одговара на кујнските елементи. Имајте на ум дека пред да се постави ламинатот, морате да ставите заштитен слој од влага и оштетувања. Ако сакате ламинатот што подолго да изгледа како нов, доколку нешто истурите, веднаш исчистете. Со редовно чистење, метење, правосмукување или перење ќе спречите создавање на наслаги од прашина или нечистотија, а со самото тоа заштитниот слој повеќе ќе трае.
Ако сте љубител на трендови, може да се каже дека годинава сивата боја е многу популарна. Постои сив ламинат во повеќе нијанси, светли и темни, но и такви што изгледаат рустични или скандинавски. Сивиот под ќе му даде на вашиот дом посебна елеганција, а одличен е и за покривање на недостатоци на ентериерот. Изберете сива која се согласува со бојата на ѕидовите, покуќнината и останатите елементи. Повеќето сиви ламинати изгледаат како да е вистинско дрво лакирано во сиво. Со тоа се добива топлина, рустична атмосфера од причина што секоја просторија изгледа класично.
Ако сакате ламинат во бањата, побарајте водоотпорен. Изберете таков што ќе има квалитетен заштитен слој што нема да дозволи водата да продре во подот. Постојат произведувачи кои нудат импресивни гаранции за своите подови, затоа потрудете се да најдете такви што нудат минимум 10 години или повеќе. Ако ламинатот е премногу мазен, ставете простирка за да избегнете лизгање на влажниот под.
Можеби ќе ве изненади фактот дека ламинатот се користи и за обложување на ѕидови. Изберете некој автентичен дезен или имитација на дрво. Ќе го поставите со помош на лепак или пиштол за клинци. Измерете ги и исечете ги ламинатните даски на потребната должина и фиксирајте ги. Оставете малку простор помеѓу даските за да не се деформираат, бидејќи материјалот се шири и собира.
Доколку одлучите да ставите ламинат о кујната, бањата или на двете места, задолжително изберете водоотпорен. Постојат произведувачи кои го декларираат својот ламинат како водоотпорен, а тој всушност само не впива. Најдобар ламинат за овие простории е оној што не само што не ја впива водата, туку и не дозволува истата да продре во длабочина. Погрижете се да купите таков, бидејќи во спротивно, трајните оштетувања многу брзо ќе бидат видливи. Доколку сакате да го изолирате ламинатот дополнително, можете да ги затворите спојките и рабовите со силикон за хидроизолација. Ова е наједноставниот начин да добиете ламинат каков што сакате, а и вие и тој да бидете заштитени.
Доколку изберете сами да работите, а имате дилема, еве што можеме да ве посоветуваме:
Најпрво пресметајте ја површината која ќе ја обложувате и на тоа додадете 10-15% повеќе, од причина што секогаш има отпадок при кроење. Поставувањето секогаш се започнува од ѕидот кој е најоддалечен од вратата, а даските се сечат по должина на тој ѕид и се поставуваат паралелно со него. Пред поставување на секоја даска, ставете и дрвен разделувач, за да може материјалот природно да се шири и собира. Секоја даска поставете ја под кос агол наспроти претходната за да може перката да влезе во процепот и положете ја. Со помош на парче дрво и гумен чекич, удрете неколку пати по даската за да може перката сосема да влезе во процепот. Пред поставување на следната, проверете дали е се на свое место. Веќе поставените даски треба да лежат една на друга компактно без празнини. Кога ќе стигнете до крајот, ставете проѕирен силикон измеѓу надворешните рабови подот и ѕидот, за да ја заштитите подлогата.
Ламинатните даски се сечат со помош на столна, кружна или рачна пила. Да за не се расцветаат рабовите и да добиете рамни ивици, најдобро е да се употребува дијамантски нож. Даските се сечат завртени наопаку – онаа што ќе биде лице при редење, при сечење треба да биде завртено надолу. Немојте да брзате за да може секој рез да биде рамен и прецизен.
Пред поставување на ламинатот, задолжително тргнете ги сите стари подни облоги, доколку постојат, исчистете и вшмукајте ја сета прашина и остатоци. Отстранете ги страничните лајсни, кои подоцна може да ги вратите, по потреба. Доколку купивте ламинат без подлога, тогаш треба посебно да купите и да го поставите по целата површина на која ќе поставувате ламинат. Пред да започнете со сечење на ламинатните даски или плочи, поставете ги на подот за да видите како најдобро ќе изгледа – ако имаат некој дезен или се имитација на дрво, на пример сите линии да одат во иста насока. На даските кои ќе бидат поставени на ивиците, исечете им ги перцата. Првиот ред на најоддалечениот ѕид се поставува прв и тоа од десно на лево. Помеѓу секоја даска би требало да има некој милиметар растојание кое го одржуваат разделниците. Продолжете со поставување се додека не го завршите подот.
Побарајте и купете комплет за поправка на ламинат во боја иста како ламинатот кој го имате. Тоа може да биде кит или восок и со него ситните пукнатини може сосема добро да се санираат. Китот или восокот внимателно размачкајте го преку пукнатината, за сосема да ја пополните. За поголеми оштетувања китот е подобар, додека восокот за помали. Во комплетот ќе добиете и нож за китирање, со кој треба да ги пополните празнините, држејќи го под агол од 45° и лесно притиснете. Оставете го китот добро да се исуши, а за тоа време не одете по тој дел на подот. Доколку оштетувањето е поголемо, а овој метод на поправка не успее, можеби ќе мора таа даска или плочка да ја замените со нова.
Исчистете го целиот под со правосмукалка темелно, а самото место избришете го со крпа од микро фибер или специјална за прашина. Нанесете, односно, намачкајте разредувач за боја САМО на местото кое е фарбано и тоа со памучна крпа. Оставете го разредувачот да дејствува неколку минути. Избришете ја дамката со сува крпа, а по потреба, повторете ја постапката. Придржувајте се стриктно по прочитаното упатство на средството за чистење или разредувачот; во некои случаи можете да употребите и средство за прозорци на амонијачна основа. Остатоци од фарба можете да ги исчистите и со ацетон за лак за нокти. На крај, исчистете го ламинатот со топла вода и исушете го добро.
Извадете ги страничните лајсни и старите подни облоги, оголената површина исчистете ја и порамнете ја со порамнителна маса за да добиете мазна и рамна подлога. Поставете ја парната мембрана согласно упатството од произведувачот. Поставувајте го ламинатниот под согласно упатството кое важи и за останатите подни облоги. Доколку монтирате ламинат преку штотуку направен порамнителен слој (естрих), оставете го да се исуши (најмалку 30 дена).
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Монтажа на ламинат во две соби
Потребно е поставување на купен ламинат со површина од 23 м2. 5535 € до 9225 €
Монтажа на паркет
Потребна е замена на подна површина . Вадење на ламинат и поставување на паркет. Површината е 55 м2 18265.5 € до 30442.5 €
Монтажа на паркет
Потребна е монтажа на паркет со оквирна површина околу 17 м2 8302.5 € до 13837.5 €