За реон

    Лентести завеси Цена

    Колку може да чинат лентести завеси? Цената на лентести завеси зависи од големината на засенета површина, механизмот за движење и од материјалот, платното, корнизот, квалитетот на завесата и нормално, од понудувачот на услугата. Пред да купите завеси, проверете каков вид на светлост ви е потребна за просторот за кој ги купувате. Дифузна светлост преку полуотворени ленти е сосема доволна, на пример, за канцеларија. Цената на класични завеси на ленти е околу 15 евра/м2.

    Кому да ја доверите изработката на завеси на ленти? Пратете барање кај соодветни и оценети понудувачи и добавувачи на завеси во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на завеси со ленти


    Цена на завеси со ленти. Цена на класични завеси со антистатички ленти бела боја со ширина до 13 цм. Цена за набавка и монтажа на завеси со ленти.

    13.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    17-22
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    24.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Лентести завеси

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Лентести завеси, вариолајт - што се треба да знаете

    1. Лентести завеси, вариолајт – што се треба да знаете?

    Венецијанките се еден од најпопуларните видови ролетни на пазарот. Повеќето луѓе под венецијанки подразбира дека тоа се завеси од хоризонтално поставени ленти со жици за подигање и спуштање; меѓутоа, вертикално поставените ленти на корнизи кои се собираат и шират исто така со помош на жица или ланец, исто така се венецијанки, но попознати како лентести завеси-вариолајт. Лентестите завеси се многу популарна и практична варијанта која се повеќе се применува. Преставуваат одлично засенчување за големи или панорамски прозорци и врати, а секако и за подвижна обична или балконска врата и ѕид. Покрај тоа што се повеќенаменски, ваквите завеси преставуваат и естетско решение.

    Вариолајт завеси
    Лентите се вртат околу својата оска за 180°, со што се прилагодуваат на движењето на Сонцето и количината на светлина

    1.1. Предност на лентестите завеси

    1.1.1. Осветлување и приватност 

    Лентестите завеси се подебели од останатите текстилни сенки. Поради тоа пак се и подобра заштита од сонцето и УВ зрачење, но и обратно, не дозволуваат топлината да изветрува низ прозорецот во ладните зимски денови. Покрај тоа, кога се потполно затворени, го спречуваат погледот кон внатре со што ја чуваат вашата приватност. Значи, доколку вашите прозорци гледаат директно на улицата или на станови од соседните згради, бидете сигурни дека со лентести завеси ќе ги оневозможите љубопитните погледи, а во исто време имате доволно светлина во просторијата.

    1.1.2. Насочување на светлината

    Лентите се вртат околу својата оска за 180 ° со што лесно може да се насочува светлоста во саканиот правец.

    1.1.3. Едноставна употреба

    Кога ваквите завеси се користат за подвижна врата за балкон или тераса, може да бидат делумно отворени со што движењето кон надвор и внатре ќе биде несметано.

    1.1.4. Истакнување на висината на просторот

    Лентестите завеси ги издолжуваат прозорците со што и тие, а и целиот простор може да изгледаат поголеми. Високите прозорци и лизгачката врата ќе изгледаат поисполнети, бидејќи лентестите завеси ја покриваат целата висина и ширина.

    1.1.5. Едноставна замена

    Доколку се случи некоја од лентите во завесата да се оштети или извалка, лесно и брзо можете да ја замените со друга, а притоа да не мора да ги менувате останатите ленти, водилките или жицата.

    1.1.6. Голем избор на бои и материјали

    Лентестите завеси се прават од бројни материјали, а ги има во безброј бои и дезени, така што многу лесно ќе ви се вклопат во ентериерот и ќе ви бидат украс на домот.

    1.2. Недостатоци на лентестите завеси

    1.2.1. Бучава

    При туркање и развлекување, лентите удираат една во друга што создава определена бучава. Исто така, доколку стојат во спалната соба покрај вклучен вентилатор или отворен прозорец, лентите ќе се мрдаат и ќе удираат, што може да им засмета на присутните.

    1.2.2. Контакт со подот

    Текстилните лентести завеси при движење дигаат прашина и нечистотија од подот. Тоа може да го отежнува нивното чистење и одржување.

    2. Понудувачи и даватели на услуги

    2.1. Најважен е квалитетот

    Пред воопшто и да ги разгледувате понудите на пазарот, би било добро да се одлучите точно на кои прозорци и/или врати ќе ги поставите. Завесите треба да ви служат подолг период, поради што треба да обрнете особено внимание на квалитетот. Ви препорачуваме да земете во предвид повеќе понудувачи, како и да ги видите завесите во живо и да ги допрете; бидејќи тешко може да се оцени квалитетот на производ врз основа на фотографија. Сите делови на лентестите завеси треба да бидат од специјални и квалитетни материјали. Од особено значење се водичите (тркалцето на кое се лизгаат завесите) како и ланчињата и жиците кои служат за движење и завртување на лентите (доколку системот не е автоматизиран) да бидат цврсти и издржливи.

    3. Разни видови лентести завеси

    Постојат и повеќе видови на комарници кои се прилагодуваат на видот врата или прозорец.

    3.1. Текстилни лентести завеси

    Текстилните лентести завеси се многу популарни поради тоа што се меки, лесни, подвижни, а ги има во безброј бои, дезени и ткаење. И цените им се исто така многу достапни. Густо ткаени или проѕирни ткаенини се прилагодуваат на било кој стил или дизајн на ентериерот. Текстилните сенки се многу ефикасни бидејќи можат делумно да ја пропуштаат светлината или пак целосно да ја замрачат просторијата, а најчесто се чистат со обична правосмукалка.

    3.2. Дрвени лентести завеси

    Дрвените лентести завеси во просторот внесуваат смиреност и елеганција. Одлично се вклопуваат во ентериери кои ја нагласуваат природноста и природата. Ленти од разни видови дрво, ви овозможуваат едноставно ускладување на боите и текстурите на сенките и покуќнината, подот и сиот простор. Квалитетни дрвени лентести завеси се исклучително издржливи и може да ве служат со години. Имајте на ум дека тие не се најдобро решение за прозорци или врати кои се изложени на интензивна и директна сончева светина и влага; доколку не ги поставувате на такви места ќе избегнете појава на штетни ефекти од мувла и избледување на дрвото, со што ќе го продолжите векот на траење на истите.

    3.3. Метални лентести завеси

    За метални лентести завеси најчесто се употребува алуминиум. Таквите венецијанки се со прилично достапна цена, а се произведуваат во доволен број бои и дезени за да можат да задоволат разни вкусови. Алуминиумските лентести завеси се направени од високо квалитетен алуминиум, кој е издржлив и убав. Тие се многу издржливи и лесни за одржување. Преставуваат одличен избор и за домашни услови и за деловни простории!

    3.4. ПВЦ лентести завеси

    ПВЦ (поли винил хлорид) преставува вид на пластика која не е штетна за животната околина, а во исто време преставува совршен материјал за лентести завеси. Сенките од ПВЦ се долготрајни и цврсти, а достапни во неверојатен број бои, дебелина и густина. Материјалот е исто така и огноотпорен со што е идеален на пример, за детски соби и други осетливи простории во домот. Го обезбедуваат саканото ниво на приватност, а не влијаат на стилот на внатрешното уредување. Во простории каде што ви е потребно многу светло и проветреност, овие венецијанки се совршено и елегантно решение!

    4. Постапка

    4.1. Мерки

    4.1.1. Доколку се монтираат во рамот на прозорецот или вратата

    Измерете ја ширината на рамот во три точки – лево, десно и на средината. Запишете го нај кусото растојание. На ист начин измерете ја и ширината. Кога ставате завеси во длабочината на рамот внимавајте да остане доволно место за поставување на ланчињата за вртење. Завесата треба да стои на растојание од прозорецот за половина ширина од корнизот и плус уште неколку сантиметри.

    4.1.2. Доколку се поставува на таванот

    Измерете ја ширината на прозорецот или вратата. За секоја страна додадете уште по четири сантиметри. На тој начин ќе спречите продирање на светлина по ќошињата, кога завесите се навлечени а лентите затворени. Потоа измерете ја висината од подот до таванот и одземете сантиметар до два, за да не се случи завесите да се влечат по подот.

    4.2. Чистење и одржување

    4.2.1. Колку често се чистат лентести завеси?

    За ова не постојат некои посебни правила; се ориентирате по нивниот изглед. Доколку ви изгледа дека се гнасни или поминало една година од последното чистење – време е за ново.

    4.2.2. Дали треба да ги вадите лентестите завеси заради чистење?

    Не. Постојат луѓе на кои тоа го практикуваат, иако лентестите завеси не мора да се вадат заради чистење. Демонтажа на завесите е комплицирана и бара место и време. Доколку се вадат често може и да се оштетат, како завесите, така и механизмите, а резултатот нема да биде ништо подобар.

    4.2.3. Како најдобро се чистат лентести завеси?

    Лентестите завеси најдобро се чистат со правосмукалка. На цевката треба да се стави делот кој се користи за чистење мебел. Завесата треба потполно да се развлече а лентите да се завртат на лево или на десно се до крај. Секоја лента треба посебно да се исчисти, нежно и полека, одоздола па нагоре. Откако ќе завршите со таа страна, завртете ги лентите во спротивната страна и пак се повторете. Доколку и покрај чистење со правосмукалка сепак ви се чини дека не се доволно чисти, може да ги пребришете со мокра крпа сите ленти поединечно или пак само тие кои се многу извалкани.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    Лентести завеси ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    15+ КОМПАНИИ ЗА Лентести завеси
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА