За реон

    Лепење плочки Цена

    Колку може да чини лепењето плочки? Кога купувате плочки имајте на ум дека секогаш се купува најмалку 10% повеќе од пресметаната квадратура поради вишокот кој се создава со сечење и кроење на ќошиња. Доколку станува збор за мозаик или плочки со поголеми димензии, трошокот ќе биде поголем со самото тоа што и тие се поскапи. Цената на плочкарскиот занает за лепење плочки со стандардни димензии на спремна подлога изнесува помеѓу 20 и 30 евра/м2. Откако се ќе се заврши, побарајте сметка, бидејќи без неа нема ниту гарантен рок за извршената работа.

    Кому да ја доверите набавката и лепењето на плочките? Пратете барање кај соодветни и оценети плочкари во вашата околина-бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на лепење плочки


    Цена за лепење керамички плочки. Цената за лепење плочки со стандардни димензии на спремна подлога.

    10.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    15.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Лепење плочки

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Лепење плочки - се што треба да знаете

    1. Лепење плочки – се што треба да знаете?

    1.1. Стандард

    Постои меѓународен стандард за категоризација на керамички плочки под името SIST EN ISO 14411. Според тој стандард тие се категоризирани согласно начинот на производство (А-цртани, Б-суво печатени) и согласно апсорпцијата на течност (Е). Со оглед на тоа, понатаму се делат на внатрешни и надворешни, подни и ѕидни. Стандардот има дополнувања според кои се одредени димензиите (должина, ширина, дебелина), физички карактеристики (отпорност на удари, замрзнување итн..) како и хемиска отпорност (отпорност на дамки, хемикалии итн.).

    Согласно ова, плочките се одбележуваат по стандардот уште во производниот процес: подните плочки имаат нацртано стапало, тие за на ѕид имаат нацртано шака; покрај тоа стои и серискиот број, па ознака за отпорност при абење (PEI) и слика на снегулка како знак за отпорност од смрзнување.

    Лепење плочки
    Доколку немате искуство, ви препорачуваме поставувањето на плочките да им го препуштите на експертите

     

    1.2. Правилен избор согласно намената

    Многу е важно да изберете плочки чиј карактеристики одговараат на намената; затоа добро размислете за следните фактори: првиот е локацијата – каде ќе бидат поставени тие плочки (надвор, внатре, на подот или на ѕидот). Следно е видот на подлогата – дали новите плочки ќе бидат поставени преку постоечкото или на ѕид од тула, на бетонски блокови, на естрих или цементна кошулица, на малтер или иверица итн. – при што секако најважна е носивоста и квалитетот на самата подлога. Третиот фактор се големината и формата на површината која ќе се поплочува; следно е оптоварување – секако дека оптоварувањето кое го трпат плочките во станбен простор е поинакво од онаа во некоја производствена хала, на пример. Последен, но не и најмалку важен фактор е начинот на поставување на плочките – лепење со тенок слој или поставување во цементен малтер.

    Според карактеристиките кои плочките мора да ги имаат во однос на намената, поделени се во следните категории:

    R0: исклучително за ѕидови;

    R1: за подови во простории кои не се валкаат ниту пак имаат пристап од надвор – такви се на пример, бањата или соби;

    R2: за подови во простории како што се дневна соба каде што само исклучително влегуваме со кондури. Од таа причина не се за кујни, ходници или слични прометни простори;

    R3: за влезови, ходници, балкони, логии, тераси – со еден збор, простории кои се изложени на валкање;

    R4: за подови кои постојано се изложени на валкање, како што се влезови, предворје, изложбени простории, продавници и слично;

    R5: за подови кои се изложени на постојано и значително валкање – трговски центри, пумпи, атриуми, производствени хали и слично.

    2. Разни видови плочки

    2.1. Керамички плочки

    Керамичките плочки се прават од каолинит, песок и глина – кафеава, црвена или бела, како и уште понекој додаток, со пресување во челични калапи под голем притисок и печење во печки на температура повисока од 900°C. на повеќето плочки им се додава глазура за да имаат дезен или боја. Керамичките плочки се порозни, апсорбираат влага и полесно пукаат, послаби се и помалку отпорни. Поради тоа не се препорачуваат за надворешни површини, ниту пак за внатрешни кои се изложени на голема и честа употреба. Глазурата лесно пука и се лупи, па на крај останува оголена глина. Меѓутоа, од истите причини, полесно се сечат и поставуваат, а поевтини се од порцеланските плочки.

    2.2. Порцелански плочки

    Порцеланските плочки се сметаат за најтврд вид облога; водоотпорни се и не замрзнуваат, па затоа може да се употребат за обложување на надворешни површини. Сепак, во денешно време, најголем дел од внатрешните плочки се баш порцелански. Овие плочки во Италија, од каде најчесто и доаѓаат, се нарекуваат „granitogres“ или порцелански, а во англискиот јазик за нив постои израз „stoneware“ или камени. Тие се прават од песок со ситна гранулација, мелен камен, пигмент и висококвалитетна глина каолин, која дејствува како врзивно средство. Смесата за плочки се пресува под голем притисок, а потоа се пече на температура повисока од 1200°C. На надолжен и попречен пресек може да се види дека структурата насекаде им е иста и затоа се цврсти. Тие за разлика од керамичките плочки, немаат глазура, но површината може да се обработува на разни начини така што ќе изгледа грубо, полирана, кадифена, ситнозрнеста и така натаму. Етикетата PEI на овие плочки е најмалку 5. Од истата причина може да бидат со најразлични димензии – од мозаик па дури и до 3 м. обично се со дебелина од 10 мм, но тие со голем формат се потенки – само 3 мм, но, може да се зајакнат со арматура од стаклена волна.

    2.3. Стаклени плочки

    Стаклените плочки, како и плочки од други материјали, може да бидат со различна форма, големина и боја, а имаат разна намена; најчесто се употребуваат како ѕидни облоги или апликации. Некои се прават од рециклирани стакла, така што, покрај тоа што се визуелно интересни, тие се и еколошки подобни. Доволно е да се каже дека се употребувале за изработка на мозаици уште 8.000 години пне.

    2.4. Цементни плочки

    Цементните плочки се наменети за обложување на подови во станбени и јавни простории кои не се очекува да трпат големо оптоварување и не се премногу фреквентни. За разлика од керамичките плочки, цементните својата цврстина ја добиваат преку процес на дехидрација на портландски цемент, наместо со печење на глинените смеси. Со цементни плочки најдобро се имитираат рустични стилови од XIX век, кога биле и најпопуларни, нацртани со пасторални сцени со светли бои. Во главно, сликите биле хидраулични втиснати на површината. Цементните плочки се со помали димензии, подебели за разлика од керамичките и порцеланските, а може да бидат квадратни, правоаголни и повеќе аголни.

    2.5. Плочки од природен камен

    Камените плочки се навистина многу издржливи и цврсти, особено ако се од гранит, кој  е скоро неуништлив. Останати почесто употребувани камени се мермерот и варта, но тие се помеки и послаби. Одржувањето на камените плочки е многу едноставно. Единствена маана им е што се ладни поради што помалку се употребуваат за подови во станбени простории. Но, идеални се за обложување на ѕидови, за што и најмногу се употребуваат, покрај поплочување на бањи и кујни. Гранитните плочки се одлични за фреквентни простории во јавни објекти. Камените плочки исто така може да се употребуваат и за обложување на надворешни ѕидови и подови.

    3. Начин на поставување на плочки

    Иако многумина мислат дека поставувањето плочки е едноставно, тоа е далеку од вистината. Особено доколку немате никакво искуство, ви препорачуваме да се обратите кај експерт за да избегнете можни компликации и крајниот резултат да биде многу подобар.

    3.1. Подготовка на подлогата

    Прв и најважен чекор во постапката на поставување плочки е подготовката на подлогата. Подлогата мора да биде со потребна носивост, односно, доволно цврста да ја носи тежината на материјалот, но и предвиденото оптоварување и мора да биде сосема рамна; доколку не е таква, се користат разни класични или саомразливни смеси за порамнување. Керамичките плочки се поставуваат на сува и чиста површина, а и самите тие мора да бидат такви, па по потреба дополнително се сушат и чистат. На подготвената површина се нанесува основен премаз кој ја намалува хидро попустливоста.  Доколку плочките се поставуваат во купатило или слични ,,мокри‘‘ простории, задолжително се нанесува и водоотпорен премаз.

    3.2. Димензионирање и распоред

    Откога ќе се подготви подлогата на соодветен начин, сиот простор мора да се премери и да се направи план за поставување на плочките. Најпрво се мери површината на подлогата за да се знае колку плочки се потребни, на тоа се додава 10%, што преставува количината која ќе отпадне со тек на работата поради сечење на аглите и слично. Првиот ред плочки се поставува на средината, а над него се оптегнува ѕидарски канап, паралелно со бочните страни. Лево и десно од оптегнат канап, редовите се продолжуваат се до крајот. Се препорачува прво да се постават ѕидни плочки, а потоа подните, а притоа фугите од ѕидните да продолжуваат во фуги на подните плочки, со што се ќе изгледа како непрекината линија, нормално, доколку тоа го дозволуваат димензиите на плочките. Се препорачува најпрво плочките да се наредат на суво, без лепак, особено доколку се планира некоја шара. Откако ќе се постигне задоволувачки распоред на плочките, тие лесно се лепат.

    3.3. Сечење на плочките

    Плочките се сечат со специјален секач. Откако ќе се направи засек, плочката се крши на саканото место со помош на керамичка клешта. За да се направат кружни отвори на плочките ( за цевки и останати инсталациони елементи) се употребува кружна пила на дупчалка или специјални штипки со кои се кинат мали парчиња плочки.

    3.4. Поставување на плочки

    Откако ќе се направи конечен распоред на плочките и ќе се добие саканата мостра или форма на ѕидот или подот, постепено се нанесува тенок слој лепак на задната страна на плочката и со специјална гребалка се прави ребреста површина. Потоа керамичката плочка се поставува на нејзиното место, а тогаш се помош на гумен чекан се зацврстува. За плочките да бидат точно и прецизно распоредени помеѓу нив се поставуваат дистанцери, односно, пластични крстчиња, со кои се прави растојание за фуги кои може да бидат од   2 мм до 1 цм. Откако ќе се заврши со лепењето, лепакот мора да се остави да се суши најмалку 12 часа.

    3.5. Фугирање 

    Последниот чекор при поставување на плочки преставува фугирањето. Обично смесата за фугирање е во прав и треба да се размати со вода согласно упатството на произведувачот. Се нанесува со помош на гумена или силиконска шпакла и тоа дијагонално преку целата плочка, се додека целосно не се пополнат сите фуги, од дното до врвот, од ѕид до ѕид. Смесата која ќе остане на самите плочки само се брише, како и евентуални траги од лепакот, пред да се засушат. Тоа најлесно се прави со помош на мокар сунѓер. Доколку сепак постојат засушени траги од лепак кои не може да се избришат со вода, постојат специјални средства за вадење на цемент или разредувач. Аголни, дилатационите и приклучните фуги не се фугираат со фугомал, туку со посебен еластичен силикон. Пред да се нанесе силиконот, тие фуги се облепуваат со самолеплива лента.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Реновирање на бања

    Потребно е целосна реновација на бања, плочки, одводни цевки. Поправање или смена на цевки кои пероиодично прокапуваат кај комшијата. Површината на купатилото е 4 м2. 88560 € до 147600 €

    ........

    Реновирање на бања

    Потребно е реновирање на стара бања,тоалет. Потребно е кршење на зидни плочки, кршење и вадење на када. Превземање на шутот и фрлање. Поставување на хидроизолација за туш кабина, лепење подни плочки, лепење зидни плочки. Димензија на тоалетот е 2м х 1.8 м, висина 2.35 м. 66420 € до 110700 €

    ........

    Реновирање на купатило

    Потребно е рушење и фрлање постоечка санитарија и плочки, отварање нов одвод за перална, лепење нови плочки поставување нова санитарија. Површината на бањата е 20 м2. 193725 € до 322875 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Komplet renoviranje na banja, 5 m2
    Лепење плочки, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Комплетно реновирање на бања, 4.5 м2
    Лепење плочки, Струмица

    1620 € до 2700 €

    Цена, Реновирање на бања, 6 м2
    Лепење плочки, Штип

    1800 € до 3000 €

    Цена, Лепење на плочки во нова куќа, 120 м2
    Лепење плочки, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Промена на плочки во ходник со кујна, 8 м2
    Лепење плочки, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Реновирање на бања, 25 м2
    Лепење плочки, Скопје

    6300 € до 10500 €

    Цена, Целосно реновирање на бања, 2.40 х 1.80 м
    Лепење плочки, Струмица

    1350 € до 2250 €

    Цена, Lepenje na podni plocki edna vrz druga, 4,5 m2
    Лепење плочки, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Лепење на подни плочки, 100 м2
    Лепење плочки, Струмица

    1170 € до 1950 €

    Цена, Лепење на плочки, ѕидни и подни, 30 м2
    Лепење плочки, Скопје

    324 € до 540 €

    Цена, Замена на плочки на тераса, 10 м2
    Лепење плочки, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Kompletno renoviranje na kupatilo, 2,5 x 2 m2
    Лепење плочки, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Менување на подни плочки во купатило и хидроизолација, 6 м2
    Лепење плочки, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Реновирање на бања, 28 м2
    Лепење плочки, Крушево

    9000 € до 15000 €

    Цена, Изработка на кошулица и лепење на плочки, 10 м2 кошулица, 30м2 плочки
    Лепење плочки, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Промена на плочки во купатило, кујна и ходник, 15 м2
    Лепење плочки, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Реновирање на две бањи, 10 м2
    Лепење плочки, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Замена на плочки во кујна, 7.5 м2
    Лепење плочки, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Лепење плочки во кујна, 6 м2
    Лепење плочки, Маврово и Ростуша

    135 € до 225 €

    Цена, Реновирање на купатило, 4 м2
    Лепење плочки, Охрид

    315 € до 525 €

    Цена, Лепење на плочки и поставување на санитарија, 30 м2
    Лепење плочки, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Кршење и лепење на плочки во купатило и кујна, 40 м2
    Лепење плочки, Гевгелија

    648 € до 1080 €

    Цена, Лепење на плочки, 50 м2
    Лепење плочки, Охрид

    450 € до 750 €

    Цена, Леппење на плочки, 65 м2
    Лепење плочки, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Lepenje na pločki vo kupatilo i hodnik, 60 m2
    Лепење плочки, Свети Николе

    270 € до 450 €

    Цена, Лепење на плочки во купатило, 25 м2
    Лепење плочки, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Реновирање на купатило, 30 м2
    Лепење плочки, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Замена плочки и подно греење во бања, 3 м2
    Лепење плочки, Маврово и Ростуша

    1800 € до 3000 €

    Цена, Комплет реновирање на тоалет, 5 м2
    Лепење плочки, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Комплет рушење и реновирање со мои плочки и санитарија, Купатило 6.93 м2, Мало вц 1.45 м2
    Лепење плочки, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Лепење на плочки во купатило, 40 м2
    Лепење плочки, Скопје

    225 € до 375 €

    Цена, Лепење на плочки во бања, 35 м2
    Лепење плочки, Струмица

    414 € до 690 €

    Цена, Лепење плочки во купатило и ходник, 90 м2
    Лепење плочки, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Лепење плочки на надворешни скали, 9 м2
    Лепење плочки, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Celosno renoviranje od koren, 16
    Лепење плочки, Скопје

    0 € до 0 €

    Цена, Lepenje na pločki vo kuka, 440 m2
    Лепење плочки, Скопје

    4770 € до 7950 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Лепење плочки ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    79+ КОМПАНИИ ЗА Лепење плочки
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА