Сите цени
Low price - icon

Лизгачки врати Цена

Колку чинат лизгачките врати? Лизгачките врати за простории може да бидат многу различни по големина и по број на крила, во однос на механизмот за движење, материјалите и завршната обработка. Крилото на лизгачка врата може да се доработи по желба, да се отвори прозорец во него или да се направи нешто слично, иако секоја дополнителна работа подразбира и поголема цена. Цените почнуваат од 70 евра/м2 па нагоре, без монтажа. Тоа значи дека цената на собна стаклена лизгачка врата со шини, арматура и монтажа би била помеѓу 250 и 420 евра.

Кому да ја доверите изработката или набавката на лизгачки врати? Пратете барање до соодветните и оценети производители и добавувачи на врати во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!
Прати барање

Лизгачки врати ценовник

Цена на собни лизгачки врати

Цена на стаклени лизгачки врати. Цена на собна лизгачка врата со шини и оков.

од 250.00 €/пар.

до 420.00 €/пар.

Сакам понуда од изведувач

Детални цени за Лизгачки врати (2026)

Дали Ви беше од корист калкулаторот?

Лизгачка врата - се што треба да знаете

1. Зошто баш лизгачка врата?

Убава, прилагодлива и функционална лизгачка собна врата е лесно решение, ако барате такво. Во модерната архитектура често се зборува за транспарентност, отвореност и флуидност на просторот, а лизгачката врата го обезбедува баш тоа. Тие оставаат впечаток на слободно и бестежинско движење низ просторот, што не е случај со обичната врата. Привлечни и елегантни, не заземаат многу простор, а сепак ја вршат својата функција по потреба.

Лизгачка врата
Лизгачките врати се одлично решение за тесни простори и недостаток на природна светлина

 

1.1. Овозможува флексибилност

Современите домови кои се осмислени како концепт на отворен простор, соодветствуваат со исто таков начин на живот, иако и одделувањето на просторот има свои предности. Лизгачката врата го овозможува и едното и другото – да ја затворите и одделите, по потреба кујната, трпезаријата или дневната соба од останатиот дел од куќата или пак се да отворите. Доколку имате гости, на пример, а децата треба да спијат или ако имате тинејџери на кои и прегласното не им е доволно гласно или обрано, ако сакате малку мир и тишина.

1.2. Заштедуваат простор

Без разлика за кој вид станува збор – врата која се преклопува или влегува во ѕидот (хармоника или џебна) – најважно е тоа дека не треба да размислувате колку слободно место треба да оставите за нејзино движење. Собна врата која се лизга паралелно со надворешната врата, го отвора или затвора преминот помеѓу внатрешниот дел и надворешниот. Затоа, таквите врати се одличен избор за мали домови – лизгачка врата помеѓу две простории, соба и тераса или наместо преграда во едната, овозможуваат отворање или затворање на просторот, согласно моменталната потреба. На пример, со лизгачка врата можете да го одделите работниот дел во дневната соба и така да си овозможите себе си или на некој друг дома концентрација потребна за работа или учење.

1.3. Воспоставуваат проток

Бидејќи со лизгачка врата се отвара просторот онака како што со класична врата не е можно, се обезбедува и комуникација без пречки. Вратата може да биде широка колку и целиот ѕид помеѓу просториите. Оковот за вратата може да се вгради во отворот на начин воопшто да не се гледа и се да изгледа како една целина. Нормално, таквата врата мора да биде соодветно монтирана за да може безбедно да се употребува. Оковот може да биде и на ѕидот или на таванот, па така шина во подот за да се лизга, не е ни потребна. Доколку изберете голема и тешка врата, таквата мора да биде и соодветно осигурена, а оковот да има доволна носивост. Наша препорака е околу такви прашања да се советувате со експерт.

1.4. Пропуштаат светлост

Покрај тоа што со лизгачка врата не се спречува или ограничува комуникацијата, со нив може да се затвори цела или дел од просторија, а со тоа да не се прекине продорот на светлост и топлина. Тоа може да се постигне со стаклена врата; меѓутоа, за да не го затемните просторот, а да ја сочувате приватноста, стаклото може да биде матирано, зрнесто или пескарено. Таква врска е идеална помеѓу кујна, трпезарија и дневна соба или, секоја поединечно, со што нема да бидете принудени постојано да ја отворате или затворате вратата, а сепак да постои природно осветлување. Така на пример, можете да се дружите со пријателите без да се грижите дали кујната е средена или не.

1.5. Стилски ефект кој не и наштетува на околината

Постојат многу стилски и дизајнерски модели на врати. Притоа тие се и одличен начин за употреба на рециклирани материјали. Обична стара или стилска врата, столар може да ја преправи во уникатна лизгачка врата, која на вашиот дом ќе му додаде посебен печат на ексклузивност, традиционалност и вредност.

1.6. Материјали за лизгачки врати

Лизгачките врати се посебен вид врати наменети за станбен простор. Може да се постават во секоја просторија наместо класични, крилни врати, но и како врата од плакар или гардеробер. На пример, можете да ставите лизгачка врата, било хармоника или џебна, на купатило или гардеробер, шоџи (јапонска лизгачка врата од оризова хартија во дрвена рамка) или француска врата за разделување на станбени елементи или единици. Таквите врати се прават од најразлични материјали – всушност – исто толку колку и модели; врата од пескарено, зрнесто или мат стакло на купатило пропушта светлост, но обезбедува и приватност. Вратата може да биде и од масивно дрво, со шупло јадро, од композитни смеси, ПВЦ и винил. Во зависност од големината и тоа како сакате да изгледа вратата, ќе зависи и изборот на материјал. Може да се одлучите за фарбана или лакирана, иако кај некои материјали постои ограничен избор на бои, во зависност од произведувачот и технологијата која се употребува.

2. Изберете квалитетна врата

Кога бирате лизгачка врата водете се по стилот и староста на вашиот дом, осветлувањето, начин на одржување и секако, буџетот. Сосема е јасно дека нема да биде ист модел за село, приморје или урбана средина. Со замена на вратат ќе ја освежите столаријата и ентериерот, но внимавајте се убаво да се вклопи со постојната покуќнина. Обидете се да најдете понудувач ко нуди комплетна услуга на замена или поставување столарија. Тоа вклучува и советување со нивниот експерт, преглед на лице место, мерење, изработка, монтажа и сервисни постпродажни услуги. Обрнете внимание и на гаранцијата која ја нудат за својот производ. Од голема важност е понудувачот да ја преземе одговорноста за нацртот, изработката и монтажата, да употреби најквалитетен материјал без разлика дали станува збор а дрво, стакло, метал, ламинат, пластика или композит или пак комбинација од сите наброени, како и да гарантира за својата работа. Добар понудувач ќе настојува да ви одговори што попрецизно и што поточно на сите ваши прашања, со што ќе бидете сигурни дека сте во добри раце и дека ќе бидете задоволни со услугата. Овие предуслови обично ги исполнуваат понудувачи со долгогодишно искуство и континуитет во присуство на пазарот.

3. Видови на лизгачки врати

3.1. Џебна лизгачка врата

Овој вид на врата е направена така што кога се отвора, влегува во ,,џеб“ односно посебно направена вдлабнатина во ѕидот или во преграда, со што станува невидлива. Ваквата лизгачка врата треба да се планира пред проектирање на новоградба или пред реновирање, за да се вгради соодветна алуминиумска касета, шини и водилки, затоа што дополнителна монтажа бара дополнителни градежни работи. Вратното крило се поставува на водилките, а ѕидот се затвора со облоги или лајсни.

3.2. Лизгачка врата на ѕид

Овој вид врата се движи покрај сосема завршен, обработен и варосан ѕид и сите елементи се видливи. На ѕидот или таванот над преминот се поставува дрвена или алуминиумска шина по која се движи вратата на водилките.

3.3. Лизгачка врата со перваз

Во ѕидниот отвор се монтира перваз, а преку него дрвена или алуминиумска шина по која се лизга вратното крило на водилки.

4. Монтажа и одржување на лизгачки врати

Собната лизгачка врата на секој простор му додава занимлива и необична нота, од причина што истите не се само архитектонско решение, ами и стилски елемент на ентериерот. Тие нудат функционална и амбиентална замена за класична врата. Бидејќи се се побарани, се повеќе се произведуваат, па така постојат и повеќе решенија за лесна и едноставна монтажа.

4.1. Монтажа на лизгачка врата

Самото монтирање на лизгачката врата не е тешка работа, но мора да биде направено на таков начин што нејзината употреба ќе биде безбедна и долготрајна. Самата врата изгледа и функционира најдобро кога нејзиниот отвор е доволно голем за движењето да им биде нормално. За двокрилна лизгачка врата потребен е простор од двете страни. Обрнете внимание на ѕидовите на кој ќе се отвора вратата да нема светилки, штекови или нешто слично. Доколку има, преместете ги. Крилото на лизгачката врата треба да биде нешто пошироко и повисоко од самиот премин во кој се поставува, за да може потполно да го затвори. Исто така, водилките за вратата мора да бидат на висина што, кога ќе се постави вратата, ќе остави само 1 цм простор до подот.

Забелешка: Доколку изберете тешка и голема врата од масивно дрво, на пример, повикајте некој кој ќе ви помогне при монтажата, бидејќи сами тешко дека ќе можете да ја монтирате.

4.1.1. Висечка лизгачка врата

Разни понудувачи нудат разни видови и модели на лизгачки врати, а со самото тоа и начин на закачување. Еден од начините на поставување на лизгачка врата е закачување – на ѕид над отвор или се фиксира на таванот со помош на дрвена или метална шина по која се движи вратата, а во подот е друга шина по која се движат тркалца, за вратата да не се ниша.

4.1.2. Лизгачка врата на тркалца

Друг начин на отворање и затворање на лизгачки врати е движење на тркалца. Овој систем е особено погоден за простории чиј ѕидови немаат доволна моќ на носивост, па не можат да ја поднесат тежината на вратата( суво монтажна градба). Во такви ситуации во или на подот се вградува шина по која ќе се движат тркалцата, а иста таква шина постои и на горната страна. Во вакви ситуации би било одлично доколку постои подна облога во која може да се фиксира шината. На тој начин најголемиот дел од тежината на вратата ја носат долните тркалца, а горните служат само за рамнотежа.

4.1.3. Вградена подна шина за врати

Дали може долната шина на лизгачката врата да се вгради во подот? Секако дека може. Доколку подот е со паркет, преку него се засекува канал и се поставува шината. Доколку станува збор за плочки, најдобар е шината да се постави пред да се стават плочките, а ако не, и низ плочките може да се исече канал. Кога на подот има текстилни облоги како што се теписони и итисони, шината се поставува помеѓу нив и подот. Во сите овие ситуации најважно е шината да биде порамнета со подната површина, затоа што така е побезбедно, а и поубаво е отколку да ѕирка од подот.

4.2. Одржување на лизгачки врати

Откако успешно ќе завршите со монтирање на лизгачката врата, од голема важност е да ја одржувате чиста и во добра состојба. Бидејќи не се изложени на атмосферски влијанија, сами по себе се заштитени, па затоа и не е потребно посебно одржување, туку само обично чистење. За чистење и одржување на оковот следете го упатството на произведувачот. Онаа што можеме да го додадеме е следното: оковот и водниците чистете ги со мека крпа и некое благо средство за чистење. За самата врата употребувајте средство согласно материјалот за одржување дрво, пластика и останато. Доколку има стаклени површини чистете ги со средство за стакло. Ниту во еден случај не користете остри предмети, четки, стаклена волна, ниту пак абразивни силни средства, како ни избелувачи. Доколку оковите се олабават, затегнете ги или заменете ги.

Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



Сакам понуда од изведувач
Последни проекти

ПВЦ хармоника врата

Внатрешна врата од ПВЦ панели што се преклопува кога ја затвораш на лева страна.

450 € до 750 €

Лизгачка врата

Потребна внатрешна лизгачка врата со димензија 2 м х 2.70 м

585 € до 975 €

Лизгачка преградна врата

ПотребНА лизгачка преградна врата во стан, антрацит со мат стакло - кое нема да проѕира, во прилог се фотографиите од просторот и тоа какко би сакале да изгледа на сликата е пескарено стакло но прифакаме и поефтини варијанти.

1125 € до 1875 €

Сакам понуда од изведувач





Цена, Лизгачка врата со PVC панел 7-10mm, 2m2
Лизгачки врати, Скопје

1125 € до 1875 €

Цена, Лизгачка врата во тоалет изработена од ребрасто стакло,
Лизгачки врати, Скопје

450 € до 750 €

Цена, Лизгачка врата на два дела, 210 см х180 см
Лизгачки врати, Струмица

1350 € до 2250 €

Цена, Лизгачка врата со две крила, 120x230cm
Лизгачки врати, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, Автоматски лизгачки врати, 336 см x 294 см
Лизгачки врати, Кавадарци

1125 € до 1875 €

Цена, Шибер стаклена врата, 200 см х 95 см
Лизгачки врати, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, Лизгачка пвц врата, 2 врати
Лизгачки врати, Скопје

450 € до 750 €

Цена, Двор врата порта лизгачка, 4 х 1.6 м
Лизгачки врати, Битола

900 € до 1500 €

Цена, Лизгачка француска врата, 3 мх 2.5 м
Лизгачки врати, Штип

630 € до 1050 €

Цена, Хармоника врата, 1
Лизгачки врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Изработка на стаклени врати, 2 ком
Лизгачки врати, Скопје

1080 € до 1800 €

Цена, Скриени водичи, лизгачка врата, на ѕид, 1/ 2м²
Лизгачки врати, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, Хармоника врата, 2.5 м х 1 м
Лизгачки врати, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, Клизачки врата за балкон, 2 ком
Лизгачки врати, Куманово

1350 € до 2250 €

Цена, Хармоника врата, 1
Лизгачки врати, Охрид

450 € до 750 €

Цена, Лизгачка врата, 85 см х 200 см
Лизгачки врати, Охрид

1350 € до 2250 €

Цена, Надворешна лизгачка врата, 10m2
Лизгачки врати, Битола

720 € до 1200 €

Цена, Лизгачка врата, 1 (голем)
Лизгачки врати, Скопје

900 € до 1500 €

Цена, ПВЦ лизгачка врата, 2.5 м х 2 м
Лизгачки врати, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Лизгачка врата, 2,55 м х 1,70 м
Лизгачки врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, ПВЦ балконска лизгачка врата, 1
Лизгачки врати, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, Хармоника Врата, 197x71
Лизгачки врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Стаклена лизгачка врата, 200 см х 240 см
Лизгачки врати, Скопје

810 € до 1350 €

Цена, Lizgacka vrata, 1.20цм. Кол.1
Лизгачки врати, Штип

270 € до 450 €

Цена, Лизгачка врата, 2,40 см х 2,70 см
Лизгачки врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Изработка на лизгачка врата со стакло, 1
Лизгачки врати, Свети Николе

360 € до 600 €

Цена, Лизгачки врати за вграден плакар, 350x250cm
Лизгачки врати, Пробиштип

630 € до 1050 €

Цена, Лизгачка вградена врата, 60 см х 205 см 1 врата
Лизгачки врати, Битола

360 € до 600 €

Цена, Лизгачка врата барн систем, 64 см х196 см отвор
Лизгачки врати, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Лизгачка собна врата, 80 см х 200 см
Лизгачки врати, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Изработка и монтажа на пвц лизгачка врата, околу 6 м2
Лизгачки врати, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Изработка лизгачки врати од стакло, 2 ком
Лизгачки врати, Неготино

360 € до 600 €

Цена, Изработка на лизгачки врати, 3 ком.
Лизгачки врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Изработка на внатрешна лизгачка врата по мерка, 1-2
Лизгачки врати, Битола

360 € до 600 €

Цена, Изработка на стаклени лизгачки врати за дневна соба., Две врати x 70 (140cm) , висина 220cm
Лизгачки врати, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Изработка на врата со стакло со црна браварија, 1-,210см-230см
Лизгачки врати, Скопје

360 € до 600 €



Идеи за уредување на домот

Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

33+ компании за Лизгачки врати
Бесплатно пребарување
Без провизија
Побарај понуда
Помош

Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?

Побарувачка: 00389 25 102 476
Компании: 00389 25 102 476