За реон

    Мебел по мерка Цена

    Колку чини мебел по мерка? Мебелот направен по мерка е околу 30% поскап, но и значително подобар од индустрискиот мебел. Цената на мебелот по нарачка зависи од големината, сложеноста, материјалот (цврсто дрво, иверица, медијапан, ултра пласт, фурнир, МДФ или ОСБ плочи) и, се разбира , на мајсторот. Вредноста на мебелот по нарачка од фурнирана иверка се движи помеѓу 100 и 156 евра/м2.

    Кому да ја доверите изработката на мебел по нарачка? Пратете барање до соодветни и оценети столари во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на мебел по мерка


    Цена на покуќнина по мерка за опремување на куќа или стан. Цената на мебел по мерка и желба на клиентот. Цена за фурнирана иверица.

    100.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    156.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Мебел по мерка

    Кујни


    Колку може да чини кујна по мерка? Вашата кујна може да ја обновите по многу прифатлива цена, доколк...

    Проверете и: Кујни по мерка Цена

    Дневни соби


    Колку може да чини мебелот за дневна соба? Цената на мебелот за дневната соба може да биде многу раз...

    Проверете и: Дневни соби, дневен престој Цена

    Спална соба


    Колку чини спална соба по мерка? Спална соба по мерка е околу 30% поскапа, но, затоа и толку поквали...

    Проверете и: Спали соби Цена

    Детски соби


    Колку чинат детските соби? Детската соба по мерка е околу 30% поскапа, но и повеќе од толку многу по...

    Проверете и: Детски соби, детски мебел Цена

    Бањи


    Колку чини мебелот за бања? Модерните бањи се еден вид враќање кон природата, бидејќи каменот и дрво...

    Проверете и: Бањи Цена

    Мебел од масивно дрво


    Колку може да чини мебелот од масивно дрво? Масивните парчиња мебел секогаш се околу 30% поскапи од ...

    Проверете и: Мебел од масивно дрво Цена

    Вградени плакари


    Колку чинат вградени плакари? Со вградените плакари можете многу подобро да искористите одреден прос...

    Проверете и: Вградени плакари Цена

    Кујнски пултови


    Колку чинат кујнски пултови? Цената зависи од ширината на пултот (стандардот е 60 см), должината, по...

    Проверете и: Кујнски пултови Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Мебел од дрво по мерка - се што треба да знаете

    1. Мебел од дрво по мерка – што се треба да знаете?

    Кога ќе во затреба мебел, најчесто се оди само до првиот салон. Случајно или намерно некако се запоставува фактот дека тоа не се работи за еднократна употреба – треба да ви служат со години и децении, а исто толку ви се пред очи секој ден. Затоа мислиме дека мебелот по мерка е многу подобар избор. Не само што се изработува од квалитетни материјали, туку сосема е прилагоден на просторот во кој ќе биде поставен, а секако и на вашите желби. Покуќнина по нарачка е особено добро решение за помали станови или простории со неправилна форма, каде секој сантиметар е важен. Покрај тоа предрасуда е дека таквиот мебел е многу поскап. Со оглед на тоа дека е голем изборот на најразлични видови материјали, а исто толкав број и мајстори на кои можете да им се обратите, секогаш ќе најдете комбинација која ќе можете да си ја дозволите. Покуќнина по мерка е идеално решение за сите соби – кујна, купатило, соби, мансарди – но и за камп приколка. Особено е соодветен за простории кој најмногу ги користиме и во кои најдолго престојуваме, тука се и повеќе функционалните единици како што се остави, гаражи, сауни, кујни, купатила, но на пример и вградени плакари.

    Мебел од дрво по мерка
    Дрвен мебел - според вашите желби и простор

     

    1.1. Материјали за мебел

    За изработка на покуќнина и мебел о мерка на располагање ви стојат многу различни материјали – различни по квалитет, состав, изглед и цена. Најквалитетен материјал секако е масивно дрво. Разни видови на дрвен граѓа се карактеризираат со инаква цврстина, јачина, отпорност, боја и текстура. Егзотичните видови на дрво може да достигнат многу високи цени. Компромисно решение преставува иверицата која доколку е наместена во сува околина, може да трае исто колку и вистинско дрво, а чини далеку поевтино. За покуќнина може да се комбинираат и други материјали – метална конструкција, алуминиумски куќишта, пластика, стакло, керок и слично. Добро решение може да се покаже и комбинација од медијапан и фурнир.

    1.2. Нацрти, скици

    Се вели дека првенствено купуваме со очите. Во тој поглед скиците и нацртите се многу важни. Не сите се во состојба да можат да замислат некоја слика, но доколку ја видат нацртана или анимирана, од сите страни и агли, тоа веќе е друга работа. Чекор подалеку е фотомонтажа, односно, визуелизација на целиот простор и сите елементи во него. Во многу салони се нудат 3Д анимации како услуга, а сигурно дека и столарот има таков помошен алат.

    2. Како да се најде квалитетен столар за изработка на мебел по мерка?

    За убава покуќнина не се важни само квалитетниот материјал и дизајн, туку и начинот на изработка. Кога барате добар мајстор, не им верувајте на евтините понуди. Вистинскиот мајстор лесно се препознава по добрите препораки, коментари од нарачатели како и прецизноста во одговорите на вашето барање. Сето тоа на едно место ќе го најдете на нашиот портал Daibau.mk. Ви препорачуваме пред да го потпишете договорот, секако да се сретнете со столарот, за и лично да се уверите во неговото знаење и во тоа колку го разбира тоа што го барате.

    3. Покуќнина по мерка

    Кога ќе влезете во нов или реновиран дом, често е потребен нов мебел за сите простории. Скиците за распоредот и нацрти за внатрешното уредување можете да им ги проверите на искусен архитект или експерт за ентериер. Врз основа на тие планови столарот ќе направи уникатна покуќнина која во секој поглед ќе одговара на вашиот дом и вашиот вкус. Опремувањето на просторот не значи само внесување парчиња мебел; тоа опфаќа и уредување со бои, огледала, тапацирање, подни, ѕидни и тавански облоги, како и останато додатоци. Во продолжение на текстот ќе посветиме внимание на одделни простории и за нив соодветен мебел по мерка.

    3.1. Кујни

    Многу често во кујната се поминува многу време. Во нив има многу опрема – од прибор за јадење, преку намирници до апарати – се мора да биде функционално и така наредено за готвење, а ефикасно, практично и издржливо. Поради сето ова, кујните најчесто се изработуваат по мерка. Најпрво треба да се одлучите за распоредот на елементите. Следуваат одлуки за изгледот и бојата – модерно или класично. На ред доаѓа самата изработка на елементите: шкафови, фронтови, пулт, маски за кујнски апарати како фрижидерот или фурната. Кујнскиот пулт често се прави од мермер, вештачки камен или ламинат. Ма крај се составуваат и монтираат сите елементи. Можете да додадете и бар и барски столчиња. Кујната направена по нарачка просто ве мами во нови кулинарски предизвици.

    3.2. Трпезарии

    Традицијата за заедничко уживање во храната отсекогаш бил важен дел на секоја култура. Поради тоа, трпезаријата е една од најважните простории во куќата, а во неа треба првенствено вие, а и вашите гости, да се чувствувате што е можно попријатно. Деловите изработени по нарачка додаваат доза на ексклузивност и уникатност на впечатокот за добредојде. Се вели дека трпезариска маса е крал на просторијата, па замислете едена масивна, од полно дрво, можеби оформена по ваша идеа, со комбинација на детали од други материјали, како што е челикот, алуминиум, стакло, епоксидна смола и слично. Со масата обично одат и столови во ист стил, креденци, витрини, полици или нешто слично.

    3.3. Канцелариски мебел

    Канцеларијата која е опремена со мерка и вкус, има подеднакво влијание на пријатниот амбиент и поголема продуктивност, колку и на впечатокот кој ќе оставите кај деловните партнери. Мебел по мерка во ваков случај значи маси за пишување, конференциски и компјутерски маси, столови, фотелји, фиоки, касети, плакари за регистри, клуб-масички, полици и друго. Доколку се посвети внимание на функционалниот распоред, пријатните бои и целокупниот впечаток, ќе се добие потполн ефект.

    3.4. Спални соби

    Скоро третина од животот се поминува во спалната соба, поради што не е неважно како го доживувате тој простор и какво влијание има истиот на вас. Тоа опкружување ви е првото нешто пред очи откако ќе се разбудите, а последно пред да заспиете. Покрај тоа што треба да биде по ваш вкус и да ја задоволува вашата интима, изгледа дека креветот е најважниот елемент на секоја спална соба.  Со него одат ормани, плакари или комоди, фиоки и задолжителните ноќни масички. Доколку просторот е тесен, сите елементи може да се направат така да бидат модуларни или мобилни, да се извлекуваат и вовлекуваат, склопуваат или свиткуваат или да бидат повеќенаменски. Гардероберот е исто така одлично решение, бидејќи во нив се може да биде подвижно: прегради, полици, фиоки, корпи, закачалки, држачи и останати елементи за складирање – а уште подобро е што се може да се движи бесшумно, на допир.

    3.5. Дневен престој

    Дневната соба несомнено е главната просторија на модерниот стил на живот – центар на секој дом. Покуќнината за дневниот престој овозможува неверојатни можности за избор и комбинација во зависност од распоредот, материјалот, големината, бојата и стилот. Столарот може да ви направи единствени парчиња мебел како што се гарнитура за седење, полици, библиотека, регал, но точно по мерка на просторот и согласно вашите желби.

    3.6. Детски соби

    Се вели дека средината во која растат децата има неверојатно влијание на нивниот ментален развој. Таа средина, покрај семејството и околината, секако ја чини и собата која ја сметаат за своја. Со осмислен избор на интересни форми и бои, па со нивниот распоред, ќе направите детето да сака да престојува во тој простор. Кога покуќнината за децата се прави по мерка, таа може да биде таква да ,,расте‘‘ заедно со децата: кревети на продолжување, прегради, подвижни елементи, кутии или ковчези за играчките, а подоцна за книгите или спортската опрема, масичка за повивање која подоцна ќе стане фиока, орман или комода и така натаму.

    3.7. Мебел за бањи

    Исто како и спалната соба, така и бањата преставува многу интимен простор во кој треба да се чувствувате пријатно и опуштени. Покрај санитаријата, столарот може да ви направи орман, полици. Прегради, држачи, рамка за огледалото или ЛЕД осветлување. Материјалите за овој мебел мора да бидат водоотпорни, а најчесто се препорачува масивно дрво.

    3.8. Претсобја

    Доколку не сакате вашето претсобје или ходник да бидат преполни со расфрлани чевли, облека и секакви реквизити, размислете за мебел по мерка. Претсобјето е првото место со кое се среќава некој на вратат од вашиот дом, а важно е какво ги пречекува и домашните и гостите. Вграден плакар по мерка, удобна клупа, закачалка, чевларник, држач за чадори и торби, разни држачи, ќе овозможат било кој да се чувствува добредојден.

    3.9. Гардеробер соба

    Кога располагате со голем простор, а сте во можност да си дозволите такво нешто – задолжително ви препорачуваме гардеробер соба. Таа е совршено место за складирање на се, а на едно место. Столарот ќе ви направи вграден плакар или неколку, „како кутија кибрит“ со сите детали за пакување и чување се и сешто - од фиоки и прегради за ситници, до корпи за најголемите парчиња како што се јоргани или зимска опрема - и што е најважно од се, се ќе изгледа уредно, средено и прегледно, а се на дофат.

    4. Модерен мебел по мерка

    Покрај тоа што изработуваат уникатна опрема за цели објекти или простори, столарот се занимаваат и со изработка на специјални делови мебел. Тие може да направат целото место да добие сосема поинаков карактер. Затоа, нарачајте барем по нешто, некој дел, елемент за секоја просторија и веднаш ќе ја воочите разликата.

    4.1. Вградени плакари

    Столарот најчесто добиваат нарачка за вградени плакари. Нивната најголема предност е максимална искористеност на секој расположив простор. Плакарите се изработуваат така да одат од ѕид до ѕид, од подот до таванот. Постои можност да се направи потесен за ходник, гардеробери за спални и детски соби, поголеми за дневен престој или најголеми за гаражи и остави. Секој вграден плакар е составен од функционални елементи, кои всушност се и најважни  - полици, фиоки, корпи, прегради, носачи, држачи, закачалки и друго. Вратите може да им бидат класични, крилни, но и лизгачка хармоника поради заштеда на простор. Најчесто се од поинакви материјали или комбинации или со огледала.

    4.2. Плакари под скалила

    Просторот под скалите често пати поради неправилниот изглед, останува неискористен, а може да биде доста голем. Доколку се обратите на столар, ќе добиете потполнка точно по мерка. Однадвор, фронтовите или облогата сосема ќе се претопат со околината, додека во фиоките или преградите можете да држите се - од влечки, чевли, играчки, постелнина, средства за чистење до алат и зимска, летна или опрема за автомобил.

    4.3. Собни врати

    Влезната врата е како концертна увертира. Доколку не ви се допаѓаат вратите кои се нудат по каталози и салони или имате нешто посебно на ум, ангажирајте столар за да ви го направи тоа. Вратите може да бидат крилни, подвижни, лизгачки, хармоника или сегменти. Може да бидат од масивно дрво или фурнир, со отвори или без, со скриен механизам за отворање или со видливи окови. Комбинациите се бесконечни.

    4.4. Уметнички мебел

    Понекогаш е потребен само еден предмет кој ќе биде централна точка на просторот. Такви парчиња можете да најдете во дизајнерски уметнички салони. Ако одите чекор понатаму, можете да си нарачате сосема свој, единствено и неповторливо парче, кое за вас покрај материјалната и уметничка вредност ќе има и сосема лична вредност.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка на плакар за спална

    Изработка на плакар со димензии 300 см х 60 см х 255 см на едната страна, другата страна што се спојува во ќош би била 160 см х 40 -60 см х 255 см.

    во прилог слика 38745 € до 64575 €

    ........

    Изработка на еднокрилен плакар

    Изработка на мал вертикален днокрилен плакар: 180 см x 40 см x 40 см со врата од предна страна 3 x ѕидни полици: 60 см x 25 см 38745 € до 64575 €

    ........

    Izrabotka na kujna po merka

    Potrebna e Izrabotka na kujna od plastificiran medijapan vo rustik stil. so mala promena na vinarijata da se namale od 2 krila vo 1 krilo, drugoto krilo ke se promeni vo ostava slicna na vgradeniot frizider.

    vo prilog proektot 66420 € до 110700 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Понуда за изработка на плакар, дневна и спална соба, 3
    Мебел по мерка, Штип

    4050 € до 6750 €

    Цена, Изработка на плакари по мерка - (walk in), 2 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Изработка на кујна и тв комода, 5 м2
    Мебел по мерка, Скопје

    1575 € до 2625 €

    Цена, Изработка на кујна и плакари, 4+
    Мебел по мерка, Скопје

    2520 € до 4200 €

    Цена, Изработка на мебел по мерка од иверка, 7
    Мебел по мерка, Гевгелија

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на кујна по мерка, со готов проект, 60 м2
    Мебел по мерка, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на ТВ комода по мерка, 1 кол.
    Мебел по мерка, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на плакар од иверица, 1 кол
    Мебел по мерка, Миравци

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на аголна гарнитура по мерка, 1 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на кујна по мерка според готов план, 2 м + 3’80 м + 3 м
    Мебел по мерка, Гостивар

    1530 € до 2550 €

    Цена, Изработка на детска соба по мерка, 5 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Изработка на шанк со маса, 1
    Мебел по мерка, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Изработка на плакар по мерка и полица за книги од иверка, 300 см х 255 см
    Мебел по мерка, Тетово

    360 € до 600 €

    Цена, Изведба на украсна преграда, 115 см х 200 см
    Мебел по мерка, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Изработка на плакари за гардеробер, 2 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    405 € до 675 €

    Цена, Изработка на наткасна по димензии, 2
    Мебел по мерка, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Изработка на висечки елементи и плакар, 3 ком
    Мебел по мерка, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на кревета со носечка иверица 25 мм, 2 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на аголна гарнитура, 280 см х 180 см
    Мебел по мерка, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на сепаре, 1 кол.
    Мебел по мерка, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Изработка и монтажа на кујна на гипс-картонски ѕид, 1 кол.
    Мебел по мерка, Струмица

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка и монтажа на вграден плакар, 3.30 м х 2.7 м х 0.65 м
    Мебел по мерка, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Изработка и монтажа на кујна по мерка, 1 кол.
    Мебел по мерка, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Изработка на елемент за кујна за машина за перење, 160 cm
    Мебел по мерка, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на кујна по мерка, 1 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Монтажа на кревет купен од JYSK, 140 см x 200 см
    Мебел по мерка, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Изработка на кујна по мерка, 7 м2
    Мебел по мерка, Скопје

    3150 € до 5250 €

    Цена, Понуда за изработка на кујна по мерка, 1 кол
    Мебел по мерка, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Изработка на аголна гарнитура на спуштање со кутија, 280 см х 180 см
    Мебел по мерка, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Изработка на плакар, 290 см х 220 см
    Мебел по мерка, Тетово

    900 € до 1500 €

    Цена, Изработка на сандаче за чевли со шкаф, 2.50 м х 2.0 м
    Мебел по мерка, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Изработка на кујна по мерка, 1 кол.
    Мебел по мерка, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Изработка на наткасна, 60 см х 80 см
    Мебел по мерка, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Изработка на кујна и плакари, 40 м2
    Мебел по мерка, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Изработка и монтажа на кујна по мерка и плакари, 1 кујна, 4 ком. плакара
    Мебел по мерка, Скопје

    3150 € до 5250 €

    Цена, Изработка на кујна по проект, 279 х 203 см
    Мебел по мерка, Скопје

    2250 € до 3750 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Мебел по мерка ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    151+ КОМПАНИИ ЗА Мебел по мерка
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА