За реон

    Монтажа на мебел, кујни Цена

    Колку може да чини монтажа на мебел, кујна? Цената за монтажа зависи од комплексноста и материјалот. Ако мебелот е од стакло или некој друг осетлив материјал, монтажата ќе биде поскапа. При ваквата работа монтерите на мебел мора да бидат многу внимателни, од причина што трошокот при евентуално оштетување, ќе го сносат тие. Монтажата може да биде поскапа и во зависност од тоа како изгледа делот кој треба да се монтира, од употреба на дополнителни елементи како што е оков и носачи. Меѓутоа, постојат производители кој при купување нудат и дополнителни услуги, какви што се достава и составување, многу често по промотивни цени или бесплатно. Со повеќето мајстори може да се договорите и за демонтажа и отстранување на старата покуќнина. За еден час монтажа на мебел се наплаќа помеѓу 15 и 20 евра.

    Кому да ја доверите монтажата на мебел или кујна? Пратете барање до соодветни и оценети мајстори во вашата околина - бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на монтажа на мебел


    Цена на монтажа на мебел. Цена за монтажа на плакар со димензии 180x240 цм.

    40.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    76.80 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Монтажа на мебел, кујни

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Монтажа на мебел - се што треба да знаете

    Монтажа на мебел – што се треба да знаете?

    Монтажниот мебел не е изум од новото време, но неговата новооткриена функционалност секако е. Со векови, сиот мебел е правен исклучиво од цврсти и тешки материјали како дрво и метал, премногу тежок и гломазен, иако многу квалитетен и издржлив. Новото време, условите за живот и технологиите донесоа нови потреби, а се појави и монтажен мебелот, кој е лесен, поевтин и разновиден, по вкус на современиот човек. Доколку се одлучите за таков мебел, можеби ќе сакате да се испробате и во самостојна работа.Монтажа на мебел

    1. Што преставува  „flat pack“ мебел?

    „Flat pack“ (рамно пакување) е мебел кој го составуваме сами. Името го добил од терминот од англискиот јазик, што значи рамно пакување на производите за полесен транспорт. Обично, таквиот мебел е поевтин, бидејќи го носите дома и сами го составувате користејќи основни алатки. Сепак, тој е многу популарен, може да се каже, сè по омилен избор. Парчињата мебел се спакувани во рамни кутии со различни големини, во кој се спакувани и потребните шрафови и оков, односно, завртки, навртки, носачи и се останато. Има и упатства за склопување и одржување. Колку кутии ќе бидат зависи од големината на мебелот. Постојат и спакувани само во една кутија, а нивна монтажа бара минимален труд од страна на купувачот, а постојат и со повеќе кутии, кој може да бидат доста сложени. Најпознат произведувач, всушност своевиден синоним за ваков тип на мебел е шведската ИКЕА, која работи во повеќе од 30 земји ширум светот.

    1.1. Од каков материјал е овој мебел?

    Ако купите парчиња мебел што се склопуваат, тие најверојатно ќе бидат направени од иверица, полно дрво или композит познат како МДФ плочи. Станува збор за плочи од дрвени влакна со средна густина, добиени со мелење делови од меки и тврди дрва. Меленото дрво се меша со восок и се обликува во штици кои се поцврсти од иверицата, а полесни за обработка од цврстото дрво. Цените на мебелот од медијапан се разликуваат во однос на тоа колку е тешко нивното производство.

    Најчесто од МДФ се прават плакари и маси. Што се однесува до иверицата, таа се прави од дрвен отпад и струготини кои се пресуваат во даски. Иверицата не е толку квалитетна како медијапанот или дрвото, па затоа нејзината цена е пониска. Сепак, доволно е издржлива за од неа да се прави мебел. Дури, во некои случаи е уште подобра, бидејќи, на пример, вистинското дрво пука на високи температури, но затоа е исто толку чувствително на вода.

    1.2. Кој е креаторот на мебел кој се склопува?

    За античките креатори не знаеме, но во наше време , што веројатно нема да ве изненади, за творец се смета Гилис Лундгрен ( Gillis Lundgren ) - дизајнер и еден од најблиските соработници на основачите на ИКЕА, Ингвара Компрада (Ingvara Komprada ). Во времето кога е основана ИКЕА, 1943 та година, сиот мебел, скоро секаде во светот бил од масивно дрво и не расклоплив. Се купувале составени парчиња мебел, честопати многу гломазни и тешки, поради што со нив потешко се манипулира во секоја смисла. Исто така било и со мебелот правен по мерка. Воглано, се случило да Лунгрен неуспешно се обидувал да натовари маса во мал автомобил. На тој начин дошол на идеа да ги извади ногарките, а потоа дома да ги врати на нивното место. Како се вели обично, се останато е историја.

    1.3. Предности на сериско производство

    Првата предност на сериското или масовното производство е тоа што го произведуваат вистински машини, а не луѓе, па затоа се потребни помалку вработени. Тоа што ќе се заштеди на вакви и слични т.н. трошоци на производство, овозможува цената да биде помала. Во овие трошоци спаѓа и цената на суровините, која во овој случај не е цврсто дрво, туку неговите нуспроизводи, кои исто така се поевтини. За да може мебелот лесно да се составува дома и да го склопуваат луѓе кои не се стручни, тој мора да биде што е можно поедноставен во градбата и со што помалку делови, што исто така го поедноставува производството и транспортот. Доколку се испорача, односно транспортира мебелот „flat pack“, повторно е поевтино и полесно, бидејќи пакувањето е дизајнирано со таа намера.

    1.4. Предности на мебелот на склопување

    • Се произведува во големи серии, што го прави поисплатлив и поефтин.
    • Транспортот и на најголемите и најтешките делови мебел, не преставува проблем. Сплескани кутии се со димензии да ги собере во било каков автомобил, без разлика дали ќе ги транспортирате сами или се праќаат по пошта.
    • Составување и демонтажа на ваквиот мебел во главно е едноставна, со што ниту селидбата нема да ви биде премногу комплицирана. Сочувајте ги оригиналните кутии со што ќе имате и безбеден транспорт.

    1.5. Слабости на мебелот на склопување

    • Го монтирате сами, што бара време.
    • Можете и да платите некому да го монтира, но тогаш цената нема да биде иста.
    • Мебелот кој се склопува во главно е поедноставен, со иста или слични линии, форма, големина, поради што нема голем број модели или варијанти.
    • Кога се составува и расклопува повеќе пати, се доведува во прашање стабилноста. Точно е дека е траен, но има свои маани.
    • Составувањето на ваков вид мебел може да излезе потешко отколку што се чини.

    2. Склопување на мебелот – дали се исплаќа да ангажирате мајстор?

    Кога ќе заврши планирањето на вашиот дом, започнува извршувањето на работите, а кога ќе се заврши и тоа, следува составување, монтажа и поставување на мебелот. Ако мебелот не го изработил занаетчија или не сте го купиле од салон чија услуга вклучува и монтажа, веројатно првото прашање што ќе ви падне на памет е - кој ќе го направи тоа? Освен тоа, и онака имате премногу други работи и грижи за преселување. Склопувањето, поставувањето и монтажата на мебел не е лесна работа како што може да изгледа и бара исто толку искуство како и алатките. За се да изгледа убаво како што сте замислиле и да трае со години, мора добро да се направи. Накратко, еве 7 одлични причини ЗА да ангажирате професионалец.

    2.1. Заштедете време

    Околу селење или реновирање на домот секогаш има премногу работа. Последното нешто за што треба да се грижите е да го склопите мебелот. Со ангажирање на професионална сервис, тоа ќе ве чини најмалку нерви и пари. Тие ја имаат сета потребна опрема и алатки, знаење и искуство, брзо и квалитетно да завршат се што е потребно, а вие ќе им платите само за нивниот труд.

    2.2. Искуство и професионализам

    Специјалистите за овој вид на работа секојдневно се занимаваат со тоа и затоа се вешти и брзи. Тие ќе склопат сè, од кревети, гардероби, маси и столови до кабинети за бањи и масички за кафе. Сигурно е дека нема работа со која веќе не се сретнале и да не знаат што да прават. ИКЕА тешко дека може да биде предизвик за нив. Згора на се, тие имаат и професионална одговорност која ќе ви гарантира дека ќе направат се како што треба, што нема да биде случај ако работите сами ја работите. Затоа, препорачуваме ангажирање експерти во секој поглед.

    2.3. Ќе успеат да завршат се „на прва“

    Занаетчија знае да ги следи упатствата и да чита нацрти. Затоа тој ќе разбере и заврши сè уште при првиот обид. Можете ли да се сетите кога последен пат сте ги следеле упатствата на производителот? Мајсторот нема да мора да склопува и расклопува делови што не се вклопуваат веднаш. Од истата причина, парчињата што тој ги склопува ќе бидат стабилни и ќе изгледаат како во каталогот.

    2.4. Соодветен алат

    Дали некогаш сте се обиделе сами да составите нешто и сте изгубиле часови само во потрага по алатките? Вештината е да се знае, не само како нешто одговара, туку и со што се прави. Мајсторот знае како и со што, а ги има сите потребни алатки. Ако работите сами и ви треба нешто, ќе мора да одите на шопинг, а прашање е кога и дали некогаш повторно ќе ви затреба. Покрај тоа, вистинските мајстори на својот занает секогаш купуваат најквалитетни, професионални алатки и опрема и никогаш не жалат пари за тоа, што дефинитивно нема да ви се исплати.

    2.5. Помала опасност од оштетување

    Најчесто со мебел тешко се манипулира, особено ако не сте сигурни од каде да почнете. Една од вештините кој ги поседуваат мајсторите, е техника на поместување и вртење на мебелот, а ако не сте докажани во тоа ќе се случи нешто да ви падне или нешто да чукнете, со што ќе го оштетите или мебелот или нешто друго во домот. Ако ништо друго, на професионалец тоа ретко може да му се случи.

    2.6. Безбедноста е несомнена

    Монтажата на мебел може да биде опасна по животот. Несреќите се случуваат многу брзо, ако не ја познавате работата! Големи делови од мебел се тешки, а некој предмети може да бидат и многу остри. Експертите за монтажа на мебел имаат се што е потребни за безбедна работа и без оштетување.

    2.7. Не мора да чистите

    По завршување на работата, мајсторите ќе го исчистат нередот што ќе го направат. Тука спаѓа собирање на амбалажата и отпадоци, а местење на сите резервни делови таму каде што треба да стојат. Може да се случи да останат струготини, а професионалниот сервисер има обврска да го исчисти тој неред и најчесто се случува да го остават домот почист отколку што бил пред започнување со монтажа. Услугата на монтажа на мебел може да ви го олесни животот, барем на кратко.

    3. Работи за составување

    Склопувањето мебел вклучува разни видови на работи како и разновиден мебел и опрема. Тоа вклучува: составување библиотека, мебел од ИКЕА, составување кревет, софа, кревет за спална, регал, полици, фотелји, столови; составување и монтажа на кујнски мебел, елементи за во бања, вградување на осветлување, поставување на слики и уметнички дела по ѕидовите. Тука спаѓаат и составување на мебел за тераси, лежалки или сенки и многу други.

    4. Како сами да составите мебел?

    Мебелот кој се склопува е многу баран и популарен, иако луѓето кој го купуваат знаат дека сами ќе мора да ја завршат сета работа. Понекогаш тоа е лесно, а понекогаш и не, но пред да се најдете во потенцијална неволја, еве неколку совети кој ќе ви ја олеснат работата.

    1. Внесете ги кутиите во собата во која сакате да стои тој мебел. На тој начин по склопување на истиот нема да треба да го преместувате.
    2. И покрај тоа што во пакетот треба да има се што ќе ви треба, имајте при рака: чекан, нож, шрафцигер и ножици. Наместете го алатот така да ви биде при рака.
    3. Најпрво прочитајте го упатството и замолете некој за помош, доколку не го разбирате истото.
    4. Повторно проверете дали сите делови се на број и дали точно одговараат на описот, цртежите и упатството. На пример, ако пишува дека треба да имате три вида на одредени шрафови, избројте ги. На тој начин нема да запнете во сред работа, откако ќе видите дека нешто ви недостасува.
    5. Доколку нешто недостасува, најпрво обратете се кај продавачот.
    6. Проверете на што точно се однесува упатството, во спротивно може да се случи да го оштетите мебелот при употреба, на пример, погрешен шраф на погрешна плоча. Поради тоа, не бидете мрзливи и сите добиени шрафови и опрема, уредно распределете ги на купови, обележете ги согласно упатството; на пример: навртки и завртки А; навртки и завртки Б и така натаму. Наместо да ги барате откако ќе започнете со монтажа, на овој начин подоцна ќе си заштедите многу време.
    7. Заштитете ја покуќнината и подовите така што на подот или површините ќе ставите крпа, тепих или некој чаршав.
    8. Рачно затегнете ги шрафовите од две причини: со тоа нема да го оштетите мебелот, а и нема да ги зашрафите толку многу за подоцна да не може да ги отшрафите, доколку има потреба.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Монтирање на плакари

    Потребна ми е монтажа на два плакари. Плакарите ги имам купено само ми треба некој да ги состави. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Монтажа на мебел, кујни?

    Монтажа на мебел, кујни ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    52+ КОМПАНИИ ЗА Монтажа на мебел, кујни
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА