За реон

    Надворешни ролетни Цена

    Колку чинат ролетните? Цената на сенки за прозорци или врати, односно ролетни или жалузини, без разлика дали станува збор за класични, под фасадни, во кутија, пред или зад прозорецот или пак се закосени, зависи од материјалот (ПВЦ или АЛУ), од големината и нормално од понудувачот. Цената на класичните ПВЦ венецијанки со летвички со ширина од 37 мм се околу 40 евра/м2, а исти такви од алуминиум чинат околу 55 евра/м2.

    Кому да ја доверите изработката или набавката на надворешни ролетни? Пратете барање до соодветни и оценети произведувачи и добавувачи на надворешни сенки во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на венецијанки


    Цена на класични ПВЦ венецијанки, со летвички со ширина 45 мм je /м2; ПВЦ венецијанки со летвички со ширина 37 мм се околу /м2, а исти такви, но алуминиумски чинат околу /м2.

    0.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    0.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Надворешни ролетни

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Надворешни ролетни - што се треба да знаете

    1. Надворешни ролетни – што се треба да знаете?

    Надворешни ролетни
    Надворешните ролетни се одлична заштита од атмосферски влијанија и провалници

    Прозорците во секој дом пропуштаат светлост која суштински влијае на квалитетот на животот и на тоа како се чувствуваме. Важен и компактен дел од прозорецот се ролетните со помош на кои се регулира количината на светлост и влијанието на атмосферските прилики, но и запирање на несаканите погледи, дури и од разбојници. Општо земено сенките, како и ролетните, спречуваат прегревање на просторот, го намалуваат губењето на топлина дури до 25%, ја засилуваат звучната изолација до 10 дб, а притоа се одржуваат сосема лесно. Безбедносна заштита се овозможува со специјални механизми и начини на заклучување. Самото поставување на ролетни е многу едноставно. Според видот ролетните ги делиме на оние што стојат над или пред прозорецот (надградени и надворешни), коси и ролетни за тавански прозорци. Според цената и квалитетот можете да бирате помеѓу ПВЦ или алуминиумски. Покрај ролетните можете да вградите и интегрирани комарници кои спречуваат влез на инсекти.

    1.1. ПВЦ, алуминиумски или дрвени

    Според материјалот од кој се направени лајсните, ролетните ги делиме на пластични и алуминиумски. ПВЦ ролетните се со шупливи профили, направени од квалитетна пластика отпорна на температурни колебања, влага и УВ зрачење. Може да бидат во разни бои од бели и беж до многу весели нијанси. Во споредба со алуминиумските ролетни, цената им е поповолна, но алуминиумските се поцврсти и поиздржливи, долготрајни и преставуваат подобра заштита. Ги има во профили со ширина од 39, 45, 52, 55 и 77 мм и во 12 бои за лакирање. Дрвените ролетни несомнено изгледаат многу привлечно, иако дрвото е многу осетливо на временски прилики и поради тоа бара редовно одржување и обнова.

    2. Кој вид да го изберете?

    На пазарот постојат многубројни видови и навистина ќе биде тешко да се одлучите. Доколку сакате целосно затемнување, омилената боја, компактност со стилот на мебел или со вградени комарници? Ролетни чиј кутии се поставуваат пред прозорецот се одличен избор за објекти на кои првично не било предвидено истите да се поставуваат. Се монтираат на надворешниот рам од прозорецот, брзо и едноставно. Надворешните ролетни штитат од горештини и зрачење, ветар и дожд, но овозможуваат и термо и звучна изолација.  Монтажата на под фасадни ролетни мора да се планира уште во фазата на проектирање. Куќиштето на овие ролетни се внатре, односно, врз нив има малтер, така што воопшто не се гледаат над прозорецот. Се поставуваат во тек на монтажа на прозорците, бидејќи куќиштето сосема се прекрива со фасаден малтер.

    2.1. Надградени ролетни

    Ваквите ролетни овозможуваат одлична заштита на прозорците и висока изолативност. Куќиштето на ролетната е фиксирано веднаш над прозорецот и затоа не изгледа нападно на фасадата. Најчесто се употребуваат во новоградба или кога се реновира бидејќи се вградуваат заедно со прозорците. Ролетни од овој вид лесно се одржуваат и лесно се поправаат.

    2.2. Надворешни ролетни

    Овој вид на ролетни изгледа дека е најраспространет, бидејќи може да се поставува во тек на градба и по завршување на истата. За вградување на овој вид ролетни не се потребни нацрти, бидејќи едноставно се фиксираат на фасадата. Една од нивните предности е и големиот избор на карактеристики и функција. Може да бидат ПВЦ или алуминиумски, летвичките исто така може да бидат пластични или алуминиумски со различна големина и боја, а може да имаат самостојни или вградени комарници, како и рачно или автоматско управување. Имајте на ум дека овие ролетни се дел од фасадата, па затоа бирајте ја бојата согласно фасадата.

    2.3. Под фасадни ролетни

    Под фасадните ролетни се вид кој бара планирање пред вградување, но кога ќе го видите конечниот резултат, ќе сфатите дека трудот се исплатил. На овие ролетни куќиштето им е сосема скриено, односно, вградено во фасадата и затоа целата површина изгледа праволиниски, подеднакво и складно. Кога се спуштени обезбедуваат потполна заштита од светлост, топлина или ладно, како и од разбојништво. Материјалите од кои се направени, како и нивните бои се одликуваат со долготрајност; при тоа ваквите ролетни го продолжуваат и векот на траење на самите прозорци. Под фасадното куќиште на ролетните се поставува над прозорецот и се покрива со малтер, така што може да се каже дека се идеални за модерни објекти кој тежнеат кон минималистичка едноставност, уедначеност и чисти линии. За да се добие тој конечен изглед, потребно е да се планира уште во фаза на идеен проект, кога се предвидува просторот за куќиште, со што прозорците ќе бидат во рамнина со надворешната површина на носечката конструкција. Под фасадните ролетни се прават од разни материјали, а може да имаат и вградени комарници.

    2.4. Коси ролетни

    Косите ролетни е употребуваат за прозорци со неправилна форма. Тоа најчесто се прозорци на косините под таванот и може да бидат под агол од 0,5° до 45°. Со помош на овие ролетни се засенуваат округли, триаголно, шестоаголни и било какви останати асиметрични прозорци. Неправилната форма ја ослабнува структурната јачина на ролетната и затоа тие секогаш се направени од алуминиум, без отвор за вентилација.

    2.5. Ролетни за тавански прозорци

    Со ролетни може да се засенат и тавански прозорци кој се постојано изложени на прегревање или губење топлина. Ролетните за тавански прозорци се на тој начин обликувани за на нив да не може да се задржува снег и дожд, туку истите несметано се лизгаат.

    2.6. Роло комарници

    На секоја просторија во вашиот дом и треба светлост и свеж воздух, но не и нападни инсекти. Повеќето современи видови на ролетни имаат вградени роло комарници. Ролетните и комарниците функционираат секој за себе така што можете да ги отворате и затворате според потребата.

    2.7. Електро ролетни

    Ролетните имаат рачно подесување, со помош на специјална навојна шипка (курбла) или автоматски, со помош на мотор кој се движи преку вграден прекинувач или со далечински управувач. Предноста на електро ролетните е полесно и побрзо, а со самото тоа и попрактично отворање и затворање, особено кога станува збор за поголеми и потешки прозорци. Доколку автоматското движење на ролетните се поврзе со системот за паметно управување со куќата, тогаш системот ќе ја контролира нивната работа според однапред зададени параметри. Тоа практично значи дека ролетните, во одредено време, сами ќе се придвижуваат или пак согласно временските прилики, за да се обезбеди оптимална температура во просторијата. Автоматскиот погон на тој начин го регулира и губењето на топлина, односно, трошење на енергија, а од голема помош при тоа е и тоа што околу прозорецот нема отвор за рачно движење на ролетните.

    2.8. Безбедносни ролетни

    Ролетните може да преставуваат и сосема доволна заштита од кражби. Специјални безбедносни пружини (осигурувачи) го спречуваат отворањето на ролетните однадвор. Може да се заклучат во затворена положба, но овие затворачи не може да се употребат со ролетни на електро погон. Меѓутоа постои друг вид на осигурувачи кои дополнителни се монтираат, а кој автоматски ја заклучуваат ролетната во спуштена положба; сепак овој систем функционира единствено со ролетна на единечна команда (одделни прекинувачи: еден за спуштање и еден за подигање) или за они со мотор.

    3. Како да се избере понудувач

    На пазарот постојат безброј понудувачи и произведувачи, па како да се избере вистинскиот? Најпрво треба да се одлучите какви ролетни или систем сакате. До сега зборувавме за значајноста на материјалот од кој се направени ролетните, ширината на летвичките и видовите на сенки. Со тоа доаѓа и начинот на монтажа – надградени, надворешни и под фасадни – и, последно, но не и помалку важно, квалитетот на монтажа. На порталот Daibau.mk ќе најдете многу проверени и сигурни понудувачи на ролетни и монтери. Секој од нив ги нуди своите референци и искуства на клиенти. Пратете барање и помеѓу добиените одговори и понуди, споредувајќи ги, одберете го оној што најмногу ви одговара.

    4. Монтажа

    Монтажата на ролетните не е особено сложена работа. Вградувањето на надградени под фасадни ролетни треба однапред да се испланира. На тој начин пред градбата или реновирање, одредете простор над прозорецот, потребен за поставување на куќиштето и вградете носачи или пак прозорецот ќе се поставува на надворешната страна на конструкцијата.

    4.1. Монтирање на стари прозорци

    Ролетни мое да монтирате и на стари прозорци, во било кој момент. Тоа е брзо и лесно изводливо, бидејќи тие се поставуваат на прозорските рамки од надворешната страна. При купување имајте ја на ум бојата и изгледот на фасадата, бидејќи ролетните ќе се гледаат. Со избор на убава боја, летвички, водилки и куќиште, можете да нагласите одредени архитектонски елементи.

    5. Поправка

    Поправката секогаш е поевтина за разлика од купување на нови ролетни. Повеќето дефекти лесно се поправаат, бидејќи најчесто станува збор за истрошени делови кој секако се потрошен материјал. Најчесто станува збор за замена на лежишта, летвички, автоматот и слично. Резервните делови за ролетни секогаш се поевтини од целиот систем, поради што ви препорачуваме пред да се одлучите за купување на нови, да се посоветувате со некој експерт.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка и монтажа на ролетни

    Алуминиумски сиви ролетни, грубо измерено димензиите се:

    Спална - 2.35 м х 2.15 м
    Дневна - 2.35 м х 2.3 м (ова да биде на два дела 0.8 м х 2.3 м и 1.55м х 2.3м)
    Дневна 2 - 2.35 м х 2.3 м

    Моторизирани
    Во прилог имам оставено слики. 44280 € до 73800 €

    ........

    Изработка на бели надворешни ролетни

    Потребни ни се бели ПВЦ надворешни ролетни.
    Куќата е нова. Од прилика за 17 квадрата. 193725 € до 322875 €

    ........

    Монтажа и поправка на ролетна

    Потребно ми е монтирање на една ролетна, како и замена на механизмот на другата ролетна. 11070 € до 18450 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Надворешни алу ролетни со мотор, 9 ком
    Надворешни ролетни, Тетово

    1620 € до 2700 €

    Цена, Поправка на ролетна, 100 х 60 см
    Надворешни ролетни, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Aluminiumski roletni antarcid boja, 10 kom
    Надворешни ролетни, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Пвц надворешни ролетни, 11 ком
    Надворешни ролетни, Делчево

    3150 € до 5250 €

    Цена, Изработка на ролетни, 3 ком
    Надворешни ролетни, Велес

    810 € до 1350 €

    Цена, Изработка и монтажа ролетни, врати 4 ком, прозорци 5 ком
    Надворешни ролетни, Илинден (населба)

    630 € до 1050 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Надворешни ролетни?

    Надворешни ролетни ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    98+ КОМПАНИИ ЗА Надворешни ролетни
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА