За реон

    Огради од прохром Цена

    b>Колку чинат прохром огради? Кога се зборува за цената на челичните огради, прво треба да се прецизира за каков вид на челик станува збор. Не‘рѓосувачки челик, односно, прохром или инокс е многу поскап од обичниот од причина што има многу подолг век на траење. Цената за набавка и монтажа на квалитетна прохромска ограда во висина од 100 цм изнесува помеѓу 45 и 80 евра/м.

    Кому да ја доверите изработката или набавката и монтажата на прохромска ограда? Пратете барање на соодветни и оценети бравари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена огради од прохром


    Цена на прохромски огради. Цена за набавка и монтажа на прохромски огради со висина 100 цм со хоризонтални шипки.

    45.00 €/м

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м

    СРЕДНА ЦЕНА
    80.00 €/м

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Огради од прохром

    Ковано железо, ковани огради


    Колку чинат оградите од ковано железо? Железните огради се сметаат за поскапо, по престижно решение,...

    Проверете и: Ковано железо, ковани огради Цена

    Метални огради


    Колку чинат металните огради? Цената на метална ограда зависи првенствено од темелот и видот на чели...

    Проверете и: Метални огради Цена

    Дрвени огради


    Колку чинат дрвените огради? Цената на дрвените огради зависи од видот на дрвото, темелот, сложеност...

    Проверете и: Дрвени огради Цена

    Стаклени огради


    Колку чини стаклена ограда? Цената на должен метар стаклена ограда зависи од висината и начинот на м...

    Проверете и: Стаклени огради Цена

    ПВЦ огради


    Колку чини ПВЦ ограда? Цената на должен метар пластична ограда може да варира, во зависност од сакан...

    Проверете и: ПВЦ огради Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Прохромски огради - се што треба да знаете

    1. Прохром огради – се што треба да знаете

    Оградата не преставува само архитектонски елемент кој го ограничува некој простор, туку таа и естетски може да го промени севкупниот изглед на сиот дом, а и да го направи по префинет. Оградата преставува заштита особено на скалилата, тераса или околу просторот околу базен. Материјалите кои најчесто се употребуваат за изработка на огради се дрво, иако во последно време инвеститорите најчесто се одлучуваат, поради бројните предности, за не‘рѓосувачки челик. Поради модерниот праволиниски и минималистички изглед, изборот многу често паѓа на прохром огради, особено кај новоградби. Не‘рѓосувачкиот челик создава минималистичка привлечност и чувство на завршеност. Материјалот има постојана боја, што има ја олеснува работата на архитектите и дизајнерите.

    Огради од прохром
    Нерѓосувачкиот челик додава минималистичката привлечност и впечаток на комплетирање

     

    1.1. Што е прохром, односно не‘рѓосувачки челик?

    Не‘рѓосувачкиот челик или прохром е челик кој содржи малку јаглерод и висок процент хром (најмалку 11%) и бас поради тој хром истиот не кородира. Основните компоненти на не‘рѓосувачкиот челик се железо, хром и јаглерод, а може да се најдат и останати елементи како што се никел, молибден, силициум, титаниум и други. Во зависност од тоа кој од овие елементи ги има повеќе во челикот, му се менуваат карактеристиките, а со тоа и намената. Хромот и челикот на површината создаваат слој од збогатен оксид. На тој начин во присуство на кислород се формира заштитен слој на површината на челикот. Оваа облога е невидлива и многу тенка, но сосема доволна да го заштити металот од оксидација и корозија. Во случај да дојде до некое хемиско или механичко оштетување на овој заштитен слој, тоа се обновува самото од себе по пат на оксидација.

    1.2. Зошто да се избере прохром?

    Архитектите и дизајнерите често пати го занемаруваат прохромот од причина што го класифицираат во висококвалитетни и скапи материјали. Но, од друга стана вистината е сосема поинаква од причина што овој материјал има бројни предности и дополнителна вредност со кој ја оправдува својата цена.

    Некои од карактеристиките на не‘рѓосувачкиот челик се:

    Отпорност на ‘рѓа

    Прохромот е многу отпорен на ‘рѓа, но таа отпорност зависи од видот челик.

    Отпорност на оган

    Специфични видови челик стекнуваат отпорност и цврстина на многу високи температури.

    Естетски квалитети

    Има модерен и атрактивен изглед, а се одржува многу лесно.

    Долготрајност

    Со оглед на својата долготрајност и трошокот, прохромот е многу атрактивен и економичен материјал.

    Хигиена

    Прохромот се чисти многу лесно поради својата мазна површина, а поради таа карактеристика е совршен избор во поглед на хигиенските стандарди.

    1.3. Предности на прохром огради

    Трајноста е една од најголемите предности при употреба на не‘рѓосувачки челик, покрај едноставното одржување и поволната цена. За редовно одржување не се потребни никакви специјални или скапи средства. До одреден степен самиот челик и сам се брани од корозија. За разлика од дрвените огради кои се многу осетливи на инсекти и мувла, со прохромот не постојат такви проблеми. Прохромската ограда треба повремено да се избрише со памучна крпа натопена со вода и некој благ детергент, а потоа само да се испере.

    1.4. Одржување на прохром ограда

    Оградата од челик, со правилна нега може да го задржи својот атрактивен и сјаен изглед многу долго време. Меѓутоа, ако челикот дојде во допир со одредени хемикалии, истите може да го избледат или оштетат. Во такви хемикалии спаѓаат сите видови избелувачи со хлороводородна киселина, но и вода која содржи висок процент на железо, па се препорачува да обрнете внимание на тоа.

    Вообичаено одржување подразбира перење со благ детергент и чиста вода. Доколку на површината се приметат траги на ‘рѓа или промена на бојата, тоа место веднаш треба да се исчисти со специјално антикорозивно средство. Никако не смеете да употребувате абразивни средства како на пример шмиргла или челична волна. Со еден збор, доколку оградата редовно ја чистите со соодветни средства и материјали, ќе ги избегнете можните оштетувања.

    1.5. Инспирација

    Прохром оградата може да го направи вашиот дом подобар на безброј начини! Побарајте инспирација во специјализирани списанија за уредување на домот или пак, уште подобро, на некои интернет страници можете да најдете илјадници примери и идеи.

    2. Изведувачи

    Доколку размислувате за ограда од не‘рѓосувачки челик, што побрзо побарајте мајстор кој ќе ја направи и монтира. Поставувањето на челична ограда бара искуство и специјални вештини. Процесот на монтирање на прохром ограда во голема мерка се разликува од монтирање на пример, дрвена ограда. Проверете ги референцата на изведувачите, а проверете ги нивните претходни дела. Распрашајте се за тоа колку се задоволни поранешните клиенти.

    3. Каде се можете да поставите прохром ограда?

    3.1. Ограда на базен

    Оградите и порта околу базени во иста мерка се и декоративен, но и заштитен елемент. Најчесто се од прохром цевки и профили, рачно или по пат на електролиза полирани (електро полирани). Дрвените огради поставени околу базен многу бргу пропаѓаат поради влагата, за разлика од челичните на кои влажните услови на околината воопшто не им пречат. Меѓутоа, мора да водите сметка доколку го чистите базенот со хлор, бидејќи истиот го избелува материјалот. Како и да е, со редовно и правилно одржување може да се спречи да дојде до повеќето оштетувања. Металната ограда поставена околу базен мора да има заземјување заради статичниот електрицитет. На тој начин се спречува и оксидација околу навртките и останатите делови на оградата.

    3.2. Приморски огради

    Во приморските места треба да се поставуваат само висококвалитетни прохром огради. Капки од морска вода која содржи многу сол може да навлезат дури и до 500 м во внатрешноста на копното. Прохром оградите поставени во тој периметар каде што воздухот е заситен со сол, мора да бидат електро полирани, што всушност значи дека од истите по пат на електролиза се отстрануваат сите оксиди и се создава глазура која оневозможува задржување на бигор.

    3.3. Огради во станбен простор

    Ограда од не‘рѓосувачки челик одлично изгледа и во внатрешноста на домот.

    3.4. Надворешни скали, балкони

    Може да се употребуваат и како ограда за надворешни скали и балкони.

    3.5. Градина

    Ограда од не‘рѓосувачки челик може да биде многу ефикасна заштита за башта од причина што не рѓосува лесно, а многу е издржлива и долготрајна. Можете да изберете некоја од огромната понуда – се разликуваат по форма, големина и боја, може да бидат во комбинација со дрво, останати материјали или камен, а постојат и полуготови, типски или пак само можете да смислите нешто сосема уникатно за вашиот дом.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Барате добри изведувачи за реонот Огради од прохром?

    Огради од прохром ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    12+ КОМПАНИИ ЗА Огради од прохром
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА