За реон

    Паметни куќи Цена

    Колку може да чини паметна куќа? Автоматизираните куќа може да ви заштеди многу на климатизација и осветлување, а ви овозможува пријатна животна средина од причина што со сите системи управувате и ја оптимизирате нивната работа од далеку. Цената за паметни инсталации зависи од системот кој ќе го употребите како и од големината на куќата. Тука уште спаѓаат и специјални уреди, специјално изработена покуќнина и опрема за управување, за да може се да функционира беспрекорно. Цената за поставување на инсталација за целосен надзор и управување со осветлувањето, ролетните, климатизацијата, со алармот и останати елементи чини некаде околу 1.000 и 2.000 евра.

    Кому да го доверите проектирањето и монтажата на паметните инсталации? Пратете барање до соодветни и оценети експерти за паметни куќи во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на паметни инсталации за куќа


    Цена на паметни инсталации. Цена за поставување на инсталации за целосен надзор и управување со осветлување, ролетни, климатизација, аларм.

    30.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    42.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Паметни куќи

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Паметни куќи - се што треба да знаете

    1. Паметни куќи – што се треба да знаете?

    Паметна куќа преставува заеднички израз за најновата технологија со помош на која може да се овозможи комплетен систем на контрола и управување на најразлични функции во домот, од заштита, преку уреди и опрема се до потрошувачка на енергија. Паметниот систем станува личен асистент во домаќинството преку кој можете да обезбедите дури и нега на постари лица или лица со инвалидитет, но и уште многу други работи.Паметна куќа

    1.1. Што преставува паметната куќа?

    Технологијата за паметни куќи или автоматизација на домаќинството, како уште се нарекува, всушност преставува унифициран систем на контрола и управување со речиси сите механички и електронски функции во домот преку компјутерски програм и апликација (Internet of Tings: IoT). Автоматизацијата на домот започнала со пронаоѓање на термостат и се развивала во едно од најголемите и на брзорастечки технолошки пазари со многу голем потенцијал за иднината, преку технологијата на паметен дом можете да си овозможите заштита, да ја контролирате опремата и апаратите во домот, да ја следите потрошувачката на енергија, а системот може да ви служи и како личен асистент за домаќинството кој ќе се грижи за постари или лица со инвалидитет и – тоа не е се.

    1.2. Како функционира автоматизацијата на домот?

    Преставува проблем едноставно да се објасни на кој начин функционира автоматизацијата на домот од причина што не постои ниту еден општоприфатливо протокол. Технологијата се разликува во зависност од земја до земја, зависи од понудувачот и видот на автоматизација. Од причина што пазарот за автоматизација на куќите преставува толку профитабилен и брзорастечки бизнис, компаниите се оние кој го закочуваат неговиот развој.

    Првиот индустриски стандард за куќна автоматизација бил и сеуште е KNX, кој овозможува на апаратите да се поврзуваат меѓусебно преку електроинсталација, радио-фреквенција и безжичен протокол. Во денешно време Zigbee, Z-Wave и Insteon се водечки протоколи за автоматизација на домот – и сите се многу комплексни, а се базираат на модерни безжични технологии. Едноставно кажано, користат електрична енергија, радио бранови и безжична технологија за праќање и добивање пораки, од опремата и до неа.

    1.3. Централизирани паметни инсталации

    Системот на централна контрола е една од двата верзии на системот за автоматизација кој контролира се во домот. Од еден извор (главната единица) се врши управување со осветлувањето, термостат, апаратите за залевање на градината, телефоните, со машината за алишта, машина за сушење и уште многу други апарати. Овој вид на автоматизација најчесто се среќава во компании и приватни куќи. Истата е многу популарна и како безбедносен систем за куќи.

    Централизираните системи на паметни инсталации обично се монтира на ѕидните водови за инсталација, слично како системите за куќен аларм. Со него се управува со помош на далечински управувач, паметен телефон, таблет или компјутер.

    1.3.1. Предности:

    Главна предност на централниот систем за управување се распознава уште со неговото име. Со сите системи во домот се управува преку центар за системи. Со се, од тушот до противпожарниот апарат, се ракува преку една контролна единица. Овој вид на системи обично се најсовремени, што овозможува висококвалитетно управување.

    1.3.2. Слаби страни:

    Овие системи се поскапи и бараат професионална монтажа. Во денешно време се повеќе луѓе прибегнуваат кон автоматизација базирана на апликации кој може да се комбинираат со паметни јазли како имитација на систем на централна единица. Уште еден проблем на овие системи е тоа што се многу ексклузивни. Доколку се одлучите за одреден вид или произведувач на централен систем, најчесто тоа ве ограничува во поглед на опремата и апаратите поврзани со тој систем. На пример, ако сакате нова машина за алишта, мора да купите само машина која е компатибилна со овој систем. Со тек на време, поради барањата на пазарот, многу централни системи станале прилагодливи, се по ексклузивни и универзални, всушност, по компатибилни со разни нови технологии.

    1.4. Децентрализација на паметни инсталации

    Технологијата чиј основ се апликации, ја користат куќната мрежа за комуникација со „cloud computing“ технологија (овозможување разни услуги преку интернет под општо име „cloud" или "облак“). „Cloud“ технологијата е важен дел од интернетот и многу популарна во последните години. Повеќето паметни уреди се базираат на апликации кој работат така што се поврзуваат на домашната мрежа по пат на Wi-Fi. Овие уреди се поврзуваат со серверот на кој му пристапувате преку апликација на паметен уред. Откако ќе креирате личен налог, можете да ги синхронизирате со уреди како што е „Smart Home“. Вака, компанијата чиј „cloud“ го користите, ќе знае кој уред припаѓа на корисникот на апликацијата. Се додека вие и вашите паметни куќни апарати сте поврзани на интернет, со повеќето од овие уреди во „облакот“ ќе можете да комуницирате од било кое место.

    Некој технологии за автоматизација на куќи, базирани на апликации, се поврзуваат со паметни уреди директно преку „Bluetooth“ (блутут) врска. Баш како и кај „автоматизација на куќата во облак“ и тука мора да отворите личен налог во апликација. За разлика од „датотеката во облак“, за управување преку блутут, мора да бидете блиску до овие куќни апарати.

    1.4.1. Предности:

    Автоматизација на домовите чија основа се апликации со сигурност е причината што оваа технологија стана достапна за пошироката популација. На тој начин многумина, сами, создаваат паметни домови, бидејќи овие уреди во денешно време се достапни, едноставно се инсталираат, употребуваат и ажурираат.

    1.4.2. Слаби страни:

    За разлика од технологијата на централно управување, за повеќето паметни куќи со кои се управува преку „облак“ потребни се повеќе различни апликации. Од друга страна пак, произведувачите веќе креираат уреди кој имитираат централен систем за управување.

    2. Паметни инсталации  - препуштете ја инсталацијата на експерти

    Секој дом преставува интимен простор, па така секој сака во него, доколку веќе има можност, со задоволство и без проблем да ја користи технологијата на паметно управување. Од тие причини, важно е уште во фазата на проектирање, сами или со помош на архитект, да се договорите со експерти за паметни инсталации, кој систем ќе биде најсоодветен за вашите потреби. Понудувачите на паметни технологии имаат веќе спремни пакети за паметни куќни инсталации кој лесно се вклопуваат во домови со разна конфигурација. Меѓутоа, доколку имате некој посебни потреби и ви треба прилагоден систем, оние понудувачи кој се сериозни во својата работа, ќе изготват проект согласно вашите спецификации.

    3. Различни функции на паметен дом

    3.1. Основни функции на паметни куќи

    Да тргнеме од основата. Подолу ќе ги наброиме најчесто употребуваните функции на паметни куќи кој можете да ги најдете на пазарот. Се инсталираат едноставно, исто така и се употребуваат и преставуваат најраспространета варијанта технологија за паметен дом.

    3.1.1. Паметни звучници:

    Согласно статистички податоци 39 милиони Американци поседуваат паметни звучници во своите домови. Со оглед на тоа што се можат звучниците да вршат, овој податок не изненадува. Паметните звучници можат многу повеќе од обично пуштање музика, иако и тоа го прават совршено. Истите може да пребаруваат по интернет, да известуваат за времето, интересни вести, да бидат личен асистент и контролен центар за целиот систем „Smart Home“.Со помош на паметните звучници можете само со гласот да контролирате скоро се во домот. Прашајте го ,,Алек‘‘ кој е пред влезната врата, замолете ја „Сири“ да го изгасне светлото кое сте го заборавиле и така натаму, и така натаму. Доколку сакате паметниот звучник да биде центар за домашната автоматизација, треба да бидете сигурни дека купените домашни апарати се компатибилни со звучникот кој го имате.

    3.1.2. Паметни телевизори:

    Паметните телевизори се одличен избор од причина што може да гледате се што сакате, кога сакате, без разлика дали имате кабелска или не. Поимот паметен телевизор, во овој случај се однесува на сите уреди за директна репродукција на снимки од интернет („streeming“, односно, стримување) Во денешно време постојат многу можности. Постојат паметни телевизори кој ги препознаваат и прикажуваат Netflix, Hulu, Amazon и така натаму, а тоа може да биде директно од самата единица или по пат на систем за поврзување со обичен телевизор. Повеќето од овие уреди може да се поврзат и со паметни звучници, а и со централен систем за управување, така што вашиот дом ќе биде уште попаметен.

    3.1.3. Паметен термостат:

    Со помош на паметен термостат можете да го контролирате и управувате греењето во својот дом, од било каде и да се наоѓате.  Дури можете да го наместите и по распоред по часови, односно, да не се троши енергија кога нема никој дома. Некој видови паметни термостати имаат сензори кој автоматски ја менуваат температурата, кога ќе ,,проценат‘‘ дека тоа е потребно.

    3.1.4. Паметни приклучоци:

    Паметните приклучоци прават попаметна верзија од сите апарати во домаќинството. Всушност, апаратите остануваат тоа што се како и обично, но паметните приклучоци се поврзуваат на паметен уред (телефон, таблет, лаптоп) па со самото вклучување и исклучување преку нив, се управува.

    3.1.5. Автоматизирано осветлување:

    Постојат две можности за автоматизирано осветлување. Првата е вградување на паметни прекинувачи за светлата. Со паметните прекинувачи не можете да управувате со осветлувањето исклучително со апликација, иако постојат произведувачи кој нудат разни опции на осветлување, како што е контрола на интензитетот на светло. Втората опција за паметно осветлување се паметни сијалици. Исто како и паметните приклучоци, паметните сијалици ,,ги прават‘‘ обичните светла ,,паметни‘‘. Со замена на старите сијалици со паметни, ќе можете да го направите осветлувањето автоматизирано. Што е подобро? Паметните прекинувачи се поприфатлива опција, но честопати бараат сложена инсталација. Паметните сијалици нудат повеќе опции, како на пример, различен интензитет на светло, но тие се поскапи.

    3.1.6. Видео интерфон:

    Видео интерфон или видеофони не само што со слика и тон ви откриваат кој се наоѓа на вашата влезна врата, туку ви овозможуваат и да разговарате со посетителот. Не мора веќе да прашувате ,,Кој е?‘‘ – ќе го видите тоа на паметниот уред или дури може да побарате од паметниот звучник да ви покаже.

    3.1.7. Роботски правосмукалки:

    Роботска собарка нема да ви биде достапна уште некое време, но затоа роботска правосмукалка е „следната најдобра работа“. Со неа се ракува со помош на паметни уреди, вклучувајќи ги и паметните звучници. Како самата роботизација на правосмукалките да не е доволна, некој од нив имаат и вештачка интелигенција (AI), исто како паметните звучници, а некој можат дури и да репродуцираат слики и видео записи директно на паметниот уред.

    3.2. Паметна кујна

    Иако, како и роботска собарка, сеуште не постои роботски готвач, паметните кујнски апарати во голема мера го олеснуваат готвењето и чистењето. Голем дел од нив мое да се поврзат со паметен звучник!

    3.2.1. Паметни фрижидери:

    Паметните фрижидери се разликуваат во нивните перформанси. Постојат такви кој ве предупредуваат дека вратата е отворена, но и такви кој ви кажуваат кој производи треба да ги купите. Некој модели имаат екран на кој можете да гледате телевизија. Паметните фрижидери може да бидат опремени со некоја од овие функции или пак да ги имаат сите.

    3.2.2. Паметна фурна:

    Паметните фурни ви овозможуваат ракување со нив од било кое место. Постојат дури и паметни фурни со кој може да ракувате по пат на паметен звучник и телефон. Некој апликации, дури, бараат или нудат рецепти, одредуваат време и температура за печење, во зависност од упатството.

    3.2.3. Паметна машина за садови:

    Паметните машини за садови работат на сличен начин како и паметните фурни и паметните фрижидери, од причина што ги произведуваат исти компании (на пример LG, GE, Vhirlpool и т.н.). преку соодветни апликации го проверувате статусот на перење, добивате известување кога ќе заврши циклусот, ја запирате или вклучувате машината.

    3.2.4. Паметни машини за перење и сушење на алишта:

    Перењето и сушење на алишта можеби не се вбројува во кујнски апарати, но самите апликации за нивно ракување се идентични. Ваквите, паметни машини за перење и сушење на алишта работат на ист начин како и машините за перење садови. Можете да ги вклучите/исклучите, да ја проверите состојбата, да добиете известување кога перењето/сушењето ќе биде готово или да извршите дијагностика со помош на паметни уреди.

    3.2.5. Паметни чинии и прибор за јадење:

    Доколку купите паметни чинии и прибор за јадење, тие може да го бележат внесот на калории и да се поврзат со програм кој ќе ви овозможи колку и што јадете. Меѓутоа, после завршување на оброкот, не смеете да ги перете во машина за садови!

    3.2.6. Паметен шпорет:

    Тенџерињата и тавите на паметниот шпорет, всушност, на плотната за готвење исто така може да ги контролирате преку телефон или таблет. Можете да ја проверите температурата, да ги промените поставките или да го вклучите или исклучите апаратот. Со ова, ќе ја направите плотната за готвење поефикасна, а вам ќе ви биде полесно.

    3.2.7. Паметни корпи за отпадоци:

    Повеќето паметни корпи не се контактни и имаат контрола за мирис. Па така постојат и паметни корпи за отпадоци со оптички читач на бар кодови, што значи, откако ќе ја фрлите амбалажата, читачот за бар кодови го препознава производот и автоматски го додава на листата за купување!

    3.3. Паметни купатила

    Во паметните домови и најобичните функции и секојдневна рутина може да се подобрат. Паметната технологија за купатила ќе го претвори вашето купатило од место за одржување хигиена во оаза за уживање.

    3.3.1. Паметни тоалети:

    Постојат паметни тоалети „само со основни функции“ како што се бесконечно испирање, автоматско чистење на тоалетот и парфимирање на просторот, но постојат и модели со дополнителни, може да се каже, помалку и екстравагантни функции, како што се вградени прскалки за биде, грејачи за седиштето и уште многу слични.

    3.3.2. Огледала за купатило:

    Замислете си да си ги миете забите, а во огледалото да гледате телевизија. Тоа може да го правите токму со паметно огледало. Дури може да изберете и паметно огледало со осветлување на допир.

    3.3.3. Паметен туш:

    Паметните тушеви имаат разни можности. Можете да го вклучите или загреете од удобноста на својот кревет или пред да се разбудите, а некои имаат дури и телевизор.

    3.3.4. Приватност:

    Паметната завеса може да ја залепите преку стаклото како фолија. Со помош на паметен уред фолијата ќе ја менува бојата или структурата, чувајќи ја вашата приватност. Повеќето паметни завеси штитат од штетните УВ зраци и имаат улога на изолатори кој ја одржуваат пријатната температура во просторијата.

    3.4. Паметни детски соби

    3.4.1. Видео надзор:

    Долго време воки-токи беше единствениот уред за мониторинг на бебето, но сето тоа се промени откако на пазарот се појавија и се вградуваат видео камери. Наместо само да го слушате бебето, сега може и да го гледате од било која соба. Повеќето монитори со телефонот се поврзуваат со помош на апликација, но некои уреди се всушност само соодветни монитори кој лесно ги преместувате од соба во соба.

    3.4.2. Паметна лулка:

    На пазарот постојат повеќе видови на паметни лулки кој се разликуваат помеѓу себе по функциите кои ги вршат. Сите тие имаат лулање на различна брзина која се контролира со паметен уред. Некои од нив емитуваат таканаречен бел шум кој ги смирува бебињата и/или звук кој го имитира она што бебето го слуша во мајчината матка.

    3.4.3. Паметни уреди за контрола на здравјето:

    Постојат голем број на разни монитори за бебиња кој го пратат нивното дишење, пулсот, движење, а понекогаш дури и температурата. Повеќето од нив се преносни, а други пак се вградени во паметни перници или ќебиња. Ваквите монитори не само што помагаат во спречување на СНСД синдром, туку и ја надгледуваат состојбата на пелените, навики при спиење и уште многу други работи, а потоа тие податоци ги испраќаат во апликацијата на паметниот уред.

    3.4.4. Паметни масички за повивање:

    Без разлика дали станува збор за паметна масичка за пресоблекување или перница, и двете може да ја пратат тежината на вашето бебе, со што ќе сте сигурни дека бебето правилно се храни.

    3.5. Паметна нега на куќни миленичиња

    3.5.1. Видео надзор:

    Кога не сте дома, со помош на видео монитор може да ги надгледувате вашите миленичиња. Специјалните монитори за домашни миленичиња можат да направат многу повеќе од само набљудување на вашето милениче. Многу од нив овозможуваат вашето милениче да ве види или слушне, а некои, дури, и да им дадете слатки.

    3.5.2. Самочистечки кутии за мачки:

    Грижата околу мачките е многу полесна со самочистечка кутија која сама се дезинфицира, суши и полни. Дури, постојат и тоалети за мачки кој се вградени во кутијата за да бидат невидливи.

    3.5.3. Паметни навлаки:

    Многумина сопственици на домашни миленичиња имаат убав мебел на кој нивните миленичиња не се пожелни. Паметните навлаки на различен начин, но секогаш на начин да не ги исплашат или повредат, ги предупредуваат миленичињата да не доаѓаат на забранети места. Ваквите навлаки се особено згодни за дресирање на млади или превоспитување на стари домашни миленичиња.

    3.5.4. Паметна врата за домашни миленичиња:

    Паметната врата за домашни миленичиња функционира со помош на паметен клуч на нивниот каиш околу вратот. Низ вратата може да помине само животно кое има клуч, со што сте обезбедени ниту едно друго суштество нема да може да влезе во вашиот дом. Исто така, вратат може да ја заклучите и кога не сакате вашето милениче да излезе од дома.

    3.5.5. Паметна хранилка:

    Паметната хранилка автоматски дава храна и вода на вашето милениче. Со помош на телефонска апликација можете да направите распоред за хранење и да ја контролирате големината на порцијата.

    3.6. Останати паметни уреди во паметен дом

    3.6.1. Паметни уреди за греење и ладење:

    Со паметни вентилатори, клими, термостат и греалки управувате преку апликација на вашиот телефон; може да им ја наместите саатницата, да се вклучат/исклучат согласно зададените параметри.

    3.6.2. Паметни подови:

    Подот со греење се помалку е луксуз, а се повеќе енергетски ефикасно решение, кое со  автоматска контрола на температурата преку паметен уред, станува се попрактично. На пазарот не постојат многу производи со автоматско подно греење, но многу паметни термостати може да се програмираат на таков начин.

    3.6.3. Автоматски прскалки за градина:

    Одржувањето на убав тревник е многу полесно со помош на автоматски систем на прскалки со кој се управува преку мобилна апликација. Направете си распоред на вклучување и исклучување на сите или поодделни прскалки.

    3.6.4. Паметни базени:

    Доколку имате базен, знаете дека треба многу за негово одржување и колку е тоа тешко. Паметните апликации за базени од далечина ја мерат количината и составот на хемикалии во водата, а овозможуваат автоматизација на одредени постапки при чистење, планираат поправка или сервисирање на базенот.

    3.6.5. Паметни кревети:

    Користете паметен душек за контрола на положбата, цврстината, па дури и загреаност на креветот. Дали имате партнер кој рчи? Подигнете го горниот дел од неговата стана, точно до телефонот и вашиот проблем е решен. Некој душеци имаат и дополнителни погодности, како што е поставка за масажа, вграден будилник и надзор на спиење кој ви дава информации за вашите навики додека спиете.

    4. Паметни инсталации – процес на вградување

    4.1. Идеен план

    Во соработка со изведувачите или понудувачите на технологија на паметни куќи, направете концепт за паметен дом за вас и вашите најблиски кој ќе биде удобен, безбеден и сигурен, согласно вашите желби и можности.

    4.2. Планирање

    Всушност, планирањето преставува подготовка на проект во кој ќе бидат решени сите потребни конструктивни, структурни и технички барања. Понудувачите треба да бидат вклучени во процесот, активно да соработуваат со изведувачите и други учесници во изведба на објектот. Тука спаѓаат архитекти, градежници, дизајнер на ентериер, осветлување и други. Подоцна, во тек на градбата, најголемата одговорност е во тоа што се што е испланирано мора да биде и изведено тогаш и онака како што треба, со цел целиот објект биде завршен на начин сите да бидат задоволни, во зададениот рок и согласно договорените цени.

    4.3. Поставување на инсталациите

    Изведувачите на самите работи, како и даватели на услуги се тие кој треба да се погрижат сите работи да се одвиваат согласно претходно изготвени и одобрени планови. Доколку во тек на работата се појават непредвидени ситуации, измени или проблеми, задолжително мора да ве известат веднаш, а и да не е така, мора редовно да ве информираат за текот на работите, како и за трошокот.

    4.4. Крај на работите

    По завршување на работата, изведувачот е должен да ви ја предаде севкупната документација. Тука спаѓаат упатства за употреба и одржување на системот за паметна куќа, како и гаранција на изведените работи.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    Паметни куќи ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    19+ КОМПАНИИ ЗА Паметни куќи
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА