За реон

    Панелни огради Цена

    Колку чинат панел огради? Најголема предност на панел оградите преставува нивно брзо монтирање и достапна цена. Цената по должен метар панел ограда зависи од самиот панел, материјалот (дрво, ПВЦ, поцинкувани мрежи), типот (полн, перфориран, мрежа), столбови, носачи и нормално, од самиот понудувач. Монтажа на секој панел поединечно чини околу 8 евра па нагоре. Цената за панел ограда со висина од 120 цм со монтирање се движи околу 15 евра/м. Панел ограда со висина од 200 цм чини околу 20 евра/м.

    Кому да ја доверите изработката или набавката и монтажа на панел ограда? Пратете барање до соодветни и оценети производители на панел огради во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на панел огради


    Ограда од 3D панели со висина 123 цм (5мм/5мм) со носачи и монтажа.

    14.00 €/тм

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/тм

    СРЕДНА ЦЕНА
    18.00 €/тм

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Панелни огради

    Ковано железо, ковани огради


    Колку чинат оградите од ковано железо? Железните огради се сметаат за поскапо, по престижно решение,...

    Проверете и: Ковано железо, ковани огради Цена

    Метални огради


    Колку чинат металните огради? Цената на метална ограда зависи првенствено од темелот и видот на чели...

    Проверете и: Метални огради Цена

    Дрвени огради


    Колку чинат дрвените огради? Цената на дрвените огради зависи од видот на дрвото, темелот, сложеност...

    Проверете и: Дрвени огради Цена

    ПВЦ огради


    Колку чини ПВЦ ограда? Цената на должен метар пластична ограда може да варира, во зависност од сакан...

    Проверете и: ПВЦ огради Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Панел огради - се што треба да знаете

    1. Панел огради – што се треба да знаете?

    Оградите се потребни од повеќе причини, но, најчесто тие ја означуваат границата помеѓу две или повеќе соседни парцели или граница помеѓу градина и тротоар или пат. Можеби ќе сакате панелите да ги употребите во вашиот двор за друга намена, како на пример, ограда за тераса, маскирање на контејнер, заштита на градина или околу просторот за скара како заштита од ветер. Честопати ограда се поставува и како потпора за ползавци, непосредно до куќата или пак, за сокривање на не естетски ѕидови, оградата има важна улога во безбедноста и приватноста на дворот, но, панелите може да се употребат и како украсни елементи во градината (дрвените плочи може да бидат посебно атрактивни).

    Панел огради
    Панелните огради се многу достапни и долготрајни, а исто така се многу лесни за монтирање и одржување

     

    1.1. Панел огради – предности

    Главна предност на панел оградите е што имаат достапна цена, едноставно и брзо се монтираат. Векот на траење им е долг, а одржувањето е едноставно. Панел оградите може да се монтираат и на тешко пристапен терен. На крај, но не и помалку важно, голема предност на панел оградите во споредба со другите е таа што оштетениот панел може лесно да се замени со нов, без да има последици по остатокот од оградата.

    1.2. Дали е потребна дозвола за поставување на панел ограда?

    Пред да започнете со поставување на оградата, треба да се распрашате за прописите кој се на сила, затоа што во спротивно ризикувате оградата да биде бесправна, несоодветна, дури и опасна. Оградата мора да биде поставена согласно важечките акти кој се на сила во секоја општина. Информации околу тоа може да најдете на веб страната на општината, но најдобро е да прашате и во т.н. инфоцентар во самата општина. Просторните акти одредуваат колку висока може да биде оградата, колку мора да биде оддалечена од границата на парцелата, а во некој ситуации и од каков материјал смее да биде направена. Да заклучиме: при планирање на ограда, најдобро е да се посоветувате со експерт, архитект или проектант, кој ќе знае што е најдобро и најпрактично за вас, имајќи ги во предвид вашите желби, а сето тоа да биде законски.

    1.2.1. Панел огради согласно висината

    Во Северна Македонија на сила е Правилникот за урбанистичко планирање од 2020 година (Службен весник на РСМ, бр. 225 од 18.9.2020 година) согласно Закон за урбанистичко планирање според кој:

    Член 113 Оградување на градежна парцела

    (1) Оградувањето на градежната парцела се уредува со општи одредби за спроведување на урбанистички план.

    (2) Таму каде што оградувањето на градежната парцела не е уредено со урбанистички план се смета дека е дозволен градежен зафат за комплементарни намени неопходни за функционирањето на градбата согласно нејзината намена, кои се уредуваат со проектна документација во иста или посебна постапка со онаа за основната намена.

    (3) Во зависност од историјата, обичаите, ендемските карактеристики и намена на блоковите, оградувањето може да биде: - со транспарентна ограда со вкупна висина од 1,20 м до 2,00 м со можност за изведба на ѕидан парапет со висина од 0,40 м до 0,80 м, - со транспарентна ограда со вкупна висина од 2,40 м со можност за изведба на ѕидан дел до висина од 1,80 м, за индустриски и други деловни намени, како и за институции каде што тоа е потребно, - со ѕидана ограда со висина до 2,40 м за градежни парцели кадешто обезбедувањето на поголем степен на сигурност е програмско барање, и - со зелена ограда односно ограда од живо зеленило со локално уредена висина, која во населени места може да биде од 0,60 м до најмногу 4,00 м, при што општо правило е дека оградувањето на градежните парцели не треба да ги наруши безбедноста и прегледноста на сообраќајниците, пристапноста кон градбите од јавен интерес, како и проодноста и социјабилноста на јавните простори (плоштади, паркови, пешачки зони и сл.).

    (4) Во урбанистички план и урбанистички проект може да се одреди и друг вид на оградување со други димензии, или да се одреди градежните парцели воопшто да не се оградуваат, во ситуации кога се во прашање специјални намени, специфични програмски барања, јавни простори, специјални видови на станбени населби или други ендемски културно историски одлики.

    (5) Во спроведувањето на урбанистичките планови оградите се поставуваат по правило во рамки на земјиштето од градежната парцела што се оградува, додека вратите и капиите од уличните огради на градежните парцели не смеат да се отвараат вон регулационата линија односно кон надвор.

    1.2.2. Панел огради согласно растојанието од соседната парцела

    Во просторниот план за секој вид на објекти и населби, поединечно е определено минималното растојание, како меѓусебно, така и од соседните парцели и патишта, поради што мора да се ориентирате согласно законските регулативи. Во погоре наведениот Правилни ќе можете да најдете повеќе информации во врска со овие одредби.

    1.2.3. Растојание на панел огради од јавен пат

    И во овој случај, како и кога станува збор за оддалеченост од соседните парцели, со Правилникот за урбанистичко планирање пропишано е задолжителното минимално растојание согласно видот на објектот и самата населба, со што сте обврзани да ја поставите оградата законски.

    1.3. Договорете се со комшиите

    Кога планирате некоја работа која може да има влијание на луѓето кој живеат во вашата близина, дури и да нема потреба од нивна согласност, ви советуваме, да разговарате со нив однапред. Ова особено се однесува на поставување на ограда. На овој начин ќе покажете добра волја, а во повеќето ситуации, ќе избегнете секакво незадоволство или изненадување кај комшијата кога изненадено еден ден ќе види дека поставувате ограда. Разговарајте со комшијата околу планираниот дизајн, од причина што и тој ќе мора да живее со тоа. Информирајте ги колку ќе биде висока оградата и, што е можеби и најважно, точно определете ја граничната линија.

    2. Изберете добар понудувач за панел огради

    Кога барате квалитетен понудувач на огради од панел, обрнете внимание на квалитетот на производот кој го нуди. Тоа најдобро се гледа од гаранцијата. Колку подолг гарантен рок, толку подобар квалитет. би било добро доколку понудувачот има и свој тим мајстори кој ќе се погрижат за професионално монтирање на оградата, а доколку има потреба и за брза и квалитетна поправка.

    3. Видови на панел огради

    3.1. ПВЦ панел огради

    Ограден систем од ПВЦ панели преставува трајно решение. Пред се, нивна предност е тоа што многу лесно се одржуваат. Ограда од ПВЦ панели е отпорна на ‘рѓа, мувла и штетници, не гние и не впива влага, не мора да ги префарбувате. Нивна предност исто така е тоа што се подостапни во споредба со останатите оградни системи, иако, покрај готови секогаш може да нарачате и ПВЦ панели по мерка. Истите се произведуваат во многу бои и дезени, со што лесно ќе можете да го најдете моделот кој најмногу ви одговара.

    3.2. АЛУ панел огради

    Модерен дизајн ја диктира хармонијата на оградата, околината и архитектурата на куќата, што резултира со многу поволен општ впечаток на целото домаќинство. Покрај тоа, важно е оградата да биде направена од материјал кој не бара многу одржување, а има долг век на траење. Алуминиумските панели за ограда ги задоволуваат современите трендови во градежништвото и уредување на екстериерот, затоа што се исклучително издржливи, а потребно им е само редовно чистење. Поради сето ова тие се сѐ попопуларни и се почесто прв избор на купувачите. Покрај природната боја на алуминиумот, тие се достапни во сите бои на РАЛ палетата, во безброј дезени, а може да се изработат и по мерка, односно, согласно вашите потреби.

    3.3. Дрвени панел огради

    Едни од најатрактивните огради во естетски и декоративен смисла се оградите од дрвени плочи. Покрај изгледот, најголема предност им е  релативно ниската цена (во зависност од дизајнот и видот на дрво), лесна поправка и замена на оштетените делови. Дрвените огради, од друга страна, бараат редовно одржување (обнова на бојата и заштитните премази на неколку години) и полесно се оштетуваат. Поради тоа нивниот век на траење обично не е долг како кај останатите материјали. Исто така, дрвото е осетливо и на надворешни влијанија и штетници. Доколку се одлучите за панел ограда направена од хемиски импрегнирано дрво, нејзиниот век ќе биде значително подолг. Изборот на видот дрво исто така игра голема улога во издржливоста на оградата. Од домашните видови дрво, аришот содржи најмногу смола, цврсто и отпорно дрво е. Четинарските видови исто така содржат доста смола што ги прави отпорни на временски услови. Добро изработена дрвена ограда, од соодветно дрво, заштитено со соодветни премази, може да потрае и до 30 години. Дрвените огради може да бидат со најразлична форма, но најчесто се среќаваат панели со вертикални летвички, од причина што водата подобро се слива од нив, што ја прави целата ограда поотпорна.

    3.4. Панел огради од поцинкувана или пластифицирана жица

    Овие панел огради се најпопуларни во нашата земја, од причина што се комбинација на функционалност, ниска цена и едноставна монтажа. Предност на овие огради е и издржливоста и едноставно одржување. Слабост на оградите од мрежести панели е тоа што не овозможуваат доволно приватност. Доколку сакате приватност, треба да засадете жива ограда до мрежата. На пазарот постојат 2Д и 3Д панел огради, при што 3Д се појаки и поцврсти од 2Д панел оградите. Панел ограда од метална мрежа преставува добар избор, само ако станува збор за физичка бариера за неповикани гости (и животни) или куќни миленичиња и доколку нивниот изглед не ви е многу важен.

    4. Поставување и одржување на панел огради

    4.1. Поставување на панел огради

    Поставувањето на панел огради е релативно едноставно и во принцип тоа може да го направи било кој што и малку се разбира од вакви работи. Меѓутоа, би било добро тоа да го прават барем двајца. Нормално, секогаш е најдобро за тоа да ангажирате професионалци. Постапката за поставување на ограда од панели е следната:

    • Подгответе ја подлогата за поставување на ограда во смисла, исчистете ја тревата, растенија и троскот за да добиете чиста површина за работа.
    • Измерете и означете ја линијата на оградата со колчиња и канап. Обрнете внимание да ги испочитувате границите на парцелата и слично.
    • Одредете го и измерете го местото за темел и за столбовите. Не заборавајте во своите пресметки да ја ставите и ширината на столбовите на оградата.
    • Димензиите на темелот зависат од тоа колку висока ќе биде оградата. Просечно, темелите се длабоки околу 0,5м, а нешто помалку широки, околу 0,3 м. За огради повисоки од 2,5 метри, темелите треба да бидат соодветно пошироки и подлабоки (приближно 50x80 цм).
    • Сите столбови треба да бидат на иста висина и сосема под прав агол во однос на тлото (проверувајте со либела почесто додека ги поставувате!)
    • Монтажата на самите панели и завршната обработка се прилично едноставни, а тој дел може да го завршите дополнително.

    4.2. Одржување на дрвени панел огради

    На оградите од алуминиум или ПВЦ панели практично не им е потребно одржување. Што не е случај со дрвените плочи. За нивна долговечност најважно е редовно да се прегледаат и одржуваат. Дрвените панели мора да бидат што е можно поотпорни на надворешни влијанија, бидејќи, сигурно сакате новата ограда да го издржи тестот на времето. Поради ова, пред да купите, убаво проверете на кој начин и со што е заштитено дрвото од кое се направени панелите, дали има заштита од штетници, гниење и останати надворешни фактори. Постојат два начини на хемиска импрегнација на дрвото: под притисок и со потопување. Дрвото кое е импрегнирано во котли под притисок е најдлабоко хемиски заштитено и најотпорни. Сепак, овој вид на заштита на дрвото мора да се освежува со редовно премачкување со масло или лак, на неколку години.

    Упатство за одржување:

    • Проверувајте редовно за значи кој упатуваат на оштетување или гниење и веднаш заменете ги даските.
    • Редовно чистете ја нечистотијата од оградата, бидејќи таа врзува влага со што го поттикнува развојот на мувла, која предизвикува гниење.
    • Одржувајте добар проток на воздух околу оградата.
    • Редовно третирајте го дрвото со квалитетни заштитни премази.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Panelna ograda so montaža

    Potrebna mi e panelna ograda i postavuvanje na istata so stolbovi na betonska osnova. Dolžinata na ogradata treba da e okolu 14 m. 16605 € до 27675 €

    ........

    2D panelna ograda

    2D panelna ograda 1m visina 50m dolzina a 1 m visina.
    Boja bela ili antracit komplet so stolpcinja.
    Mi treba samo materijal, montaza sam ke pravam. 41512.5 € до 69187.5 €

    ........

    Панелна ограда со монтажа

    Потребна е темно зелена панелна ограда, по можност 1.5 метри висина. 100 метри должина. 83025 € до 138375 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Преградување на тераса со сендвич панели, 290 х 140 см
    Панелни огради, Скопје

    900 € до 1500 €

    Цена, 3d ograda, 180 x 150 cm
    Панелни огради, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Изработка на бетонски парапет и монтажа на панелна ограда, 120 м
    Панелни огради, Скопје

    9000 € до 15000 €

    Цена, Панелна ограда без монтажа, 200 м
    Панелни огради, Охрид

    2250 € до 3750 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Панелни огради ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    15+ КОМПАНИИ ЗА Панелни огради
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА