Колку чини поставување на паркет? Цената за поставување паркет може да варира доста. Во зависност од постојната подна покривка, цената на квадрат паркет се движи од 8 до 40 евра, па дури и повеќе. Цената зависи од видот на материјалот, обемот на работа и избраниот паркет - еден час работа во просек е околу 15 евра.
Кому да му се довери набавката и поставувањето на паркет? Испратете барање до соодветните и оценети компании за паркет во вашето подрачје - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
При изборот на подните облоги треба да се посвети големо внимание, бидејќи тие се најекспонираниот и нај оптоварениот дел од домаќинството. Од сите можни подни облоги, паркетот е единствен кој може квалитетно да се обновува, а сепак да изгледа како нов.
Постојат разни видови паркет, согласно карактеристиките кои ги одредува дрвото од кое е направен паркетот.
Цврстина – Подовите кои се под секојдневно оптоварување бараат паркет од поцврсти видови дрво. Поголема бројка значи потврд паркет – кој подобро поднесува оштетување и посилно абење.
Боја – Постојат различни бои, како и нијанси од ист вид дрво. Наш совет е да бирате паркет на голем примерок. Покрај тоа, во првите месеци на користење може да дојде и до промена на нијансата, бидејќи дрвото оксидира. Од таа причина, понудувачите не можат да ви гарантираат дека бојата на паркетот, односно нијансата ќе биде иста како на примерот кој сте го виделе.
Класа за квалитет – Согласно интерните и професионалните стандарди, производителите го делат паркетот на класи (A, B, C, D, I, II, III, стандард, рустика, екстра...). Оваа класификација се однесува исклучително на изгледот, текстурите и бојата, а не на квалитетот на самиот паркет.
Стабилност – Релативната влажност на воздухот во просторијата и градежната конструкција имаат влијание на дрвото, кое се шири или собира (,,работи“), па од таа причина некој видови дрва се повеќе или помалку стабилни. Од влага најмногу се деформира буковиот и јаворов паркет, кои не се препорачуваат за нестабилни температури, ниту во просторија каде има подно греење. За таква намена најдобри се повеќеслојни, индустриски паркети.
Топлинска спроводливост – Колку е понизок факторот на термо спроводливост, толку е подобар паркетот за подно греење. Наш совет е за подно греење да изберете некој од готовите паркети. Најдобри се тенки, двосложни, индустриски паркети. Не препорачуваме да поставувате паркет преку електрично подно греење.
Заштита на површината – Површината на паркетот е или лакирана или намачкана со масло. Маслото му дава на дрвото природен изглед, додека лакот го прави паркетот сјаен. Лакираниот паркет полесно се одржува, а кога лакот ќе го изгуби сјајот, целата површина треба да се истрга и повторно да се лакира. Мрсен паркет бара повеќе грижа за редовно одржување, како што се посебни средства за чистење и што почесто премачкување со масло (најмалку еднаш годишно согласно употребата). Доколку дојде до оштетување истото може да се поправи со брусење и повторно мачкање со масло само на тие места, што значи не мора да се струга целиот под.
Поставувањето на паркет е многу напорна работа која бара знаење и искуство, па од таа причина наша препорака е да не го правите тоа сами; ангажирајте вистински мајстор со одлични препораки. Најдобро би било да се распрашате кај роднини или пријатели или да поднесете барање на платформата на Daibau системот и да добиете понуди од нашите најдобри мајстори. Кога ќе преговарате со мајсторот имајте ги на ум и следните чекори:
Најмалку еден месец пред почеток со работа, потребно е да се направи преглед/увид и мерење. Треба точно да се измери квадратурата на подот, да се провери во каква состојба е подот (дали е рамен и на кое ниво е, колку е компактен, тврд, чист, дали има пукнатини и слично), да се измери влажноста на подлогата и просторијата. Ваквата подготовка е неопходна за да знаете колку точно паркет, рабови и останати материјали ќе ви требаат. Роковите на испорака може да бидат и подолги од еден месец. Со преглед ќе се утврди дали слој за израмнување или цементна кошула имаат доволна висина и каков лепак е потребен за да се постави паркетот или да се спои со останатите подни облоги (преодни и завршни лајсни). Доколку веќе е вградено подно греење, потребно е да се испочитува и протоколот за истиот. Се препорачува сите градежни работи да се завршат пред поставување на паркетот. Од занаетчиски работи кои се оставаат за после поставување на паркетот, остануваат само поставувањето на первазите, завршни и преодни лајсни и последно полирање.
Основен предуслов за квалитетно поставен паркет е соодветно подготвена подлога.
Чистота
Прв чекор на подготовка е темелно чистење на подот од кој мора да се отстранат сите нечистотии кои евентуално останале од останатите градежни работи (остатоци од малтер, бока, восок, масло и др.) од причина што таквите остатоци може да предизвикаат послабо лепење на паркетот на некои места.
Цврстина
Доколку при градбата, израмнувачкиот слој или цементна кошула се добро направени, тогаш нема да има проблеми со механички отпор, стабилност, а ни со лепење. Доколку пак, ако израмнувачкиот слој или цементна кошула не се доволно цврсти, ќе мора да се стави посебен слој – пред премаз или прајмер.
Рамна подлога
Подлогата на која се става паркет, не смее да биде брановита, не смее да има ниту испупчување, ниту вдлабнатини, ниту пукнатини; од друга стана пак не смее да биде премногу мазна ни премногу рапава. Доколку подлогата не е таква или се врши обнова на стар под, тогаш мора да се употреби израмнувачка смеса која сама се разлева (која се прави на лице место согласно тоа која е потребната дебелина и колкаво оптоварување ќе трпи подот).
Сув порамнителен слој
Пред поставување на паркетот треба да се чека израмнувачкиот слој или цементна кошула целосно да се исушат. Во спротивно, влагата ќе остане ,,заробена“ под паркетот кој после некое време ќе почне да се подига, одделува и раслојува.
Температура и влажност на воздухот
Пред поставување на паркетот мора да се обезбеди и соодветна температура и влажност за да се спречи ,,дрвото да работи“, односно, да се извртува, собира или шири. Температурата треба да биде помеѓу +16°C и 20°C, з влажноста помеѓу 45 и 65%.
Подно греење
Веќе спомнавме дека доколку има подно греење над кое треба да се постави паркетот, мора да се испочитува и одреден протокол. Всушност се работи за исклучување или целосно намалување на парното неколку дена пред да се работи, за да се излади подот. Кога ќе се заврши со поставување на паркетот, греењето треба да се вклучи и постепено да се засилува (не повеќе од 3-5°C дневно) до температурата која нормално се користи.
Фабрички готови паркети се навистина готови и веднаш спремни за поставување. Онаа по што се разликуваат од класичниот е тоа што фабричките се завршно обработени: измачкан со масло, лакиран, воскиран, термички обработен или димен, брусен, исчеткан, избелена, црно перен, пајциран и т.н. Кај фабричко производство на паркет истиот се лакира или масти повеќе пати, заради што е поиздржлив при обработка. Составен е од два или три слоја дрво, при што само горниот слој е одреден вид согласно кој го добива и името и тој е со дебелина од 3-4 мм (или повеќе). Долниот, носечкиот слој или слоеви се прави од иглолисни дрвја или иверица. Тие на себе имаат засеци кои го прават целиот паркет флексибилен при температурни разлики. Индустрискиот паркет е нај стабилен, односно, најдобро се спротивставува на температурни флуктуации и затоа е најсоодветен за подно греење. Отпорен е на удари, едноставно се одржува и неговата бојата е прилично конзистентна.
Ваквиот паркет е главно направен од различни видови дрвена граѓа. Правилно поставен и добро обработен масивен паркет, може да трае децении, па и цел век. Се поставува со лепење или редење на подлога (зависно од видот на подлогата, која во стари куќи често пати е дрвена или цементна кошулка/порамнителен слој во понови). Даските на класичниот паркет се од масивно дрво со дебелина 2-3 цм. Заради таа дебелина ваквиот паркет може повеќе пати да се струга и лакира, а притоа е и одличен топлотен изолатор, сосема е мек и пријатен за одење по него.
Заради прифатливата цена, во денешно време се попопуларен и баран е кант-паркетот кој се прави од дебели, но ситни даскички, ламели, залепени заедно во главно во квадрати со димензии 15x15 цм. Ламела паркет се прави од дабово, буково или јасеново дрво, но и од егзотични видови како што се тик или венге. Многу често се именува како индустриски паркет затоа што е цврст и издржлив, а многу атрактивен затоа што секоја даскичка е со друга боја.
Селски под се вика готов паркет од дабови или јасенова даска со поголема димензија. Даските можат да бидат долги 60-240 цм, широки 11-20 цм, а обично дебелината е 14-22 мм.
Бродскиот под е масивна подна облога или индустриски паркет со поголеми димензии. Даските може да бидат 1-5 м, а широки 9-30 цм. Дебелината на селскиот под обично е 12-20 мм. Големината на овие даски најдобро доаѓа до израз во големи простории. Масивен бродски под обично се прави од смрека, ела, ариш и бор. Многу често се поставува во дрвени колиби или поткровје. Бродски под се вика и индустриски паркет со поголеми димензии.
Поставувањето на паркет се разликува согласно начинот и насока на поставување:
Кога паркетот се поставува како бродски под, даските се поставуваат паралелно со најоддалечениот ѕид од собата. Доколку просторот е во форма на квадрат, водете се по изворот на светло – прозорец, стаклен ѕид, врата од тераса и сл. – а даските одат под прав агол во однос на продорот на светлото. Треба да се обрне внимание и на внатрешната архитектура и опременост на просторот (каде најчесто се поминува, како е распоредена покуќнината...) како и на естетиката. Пред поставување на паркетот, мора да се одредат почетната и завршната точка како и ѕидот во однос на кој ќе се водите. Ако се поставува паркет со дезен, како што е интарзиски или „рибина коска“, потребни се подготвителни работи.
Лепакот секогаш се бира согласно видот на паркет. Кога се лепат подолги даски или паркет над подно греење, во главно се користи двокомпонентен полиуретан лепак. За останатите видови најчесто се користи лепак на основа на силин. Пред самиот лепак, подлогата се премачкува со прајмер кој служи за тоа лепакот подобро да држи, а израмнувачки слој да се заштити од влага. Прајмерот и лепакот секогаш мора да бидат компатибилни.
Кога се поставува готов паркет, без разлика дали е лакиран или измачкан со масло, лепакот се размачкува по подлогата со посебна лопатка, како врз сув така и врз мокар израмнувачки слој, односно цементна кошулка. Потоа, преку лепакот се редат даските, но така што помеѓу ѕидот и првата даска да постои фуга најмалку од 1cm кој подоцна му овозможува на дрвото да ,,работи“. Подоцна таа фуга се покрива со завршната лајсна. Од голема важност е прецизно да се работи и лепакот да не допре на даските паркет. Откако ќе се постави паркетот, по него не смее да се оди 24 часа. Општо правило е барем една седмица врз паркетот да не се става тежок мебел, да не се оптоварува, да не се кваси, така да таа седмица не треба во таа просторија да се вршат останати занаетчиски работи.
За поставување на пловечки паркет мора да се одбере соодветен паркет; тоа е оној кој се поставува на „клик“, односно, само се спојува со крилја кои влегуваат во жлебови, без лепење. Под таквиот паркет задолжително се става и соодветна подлога (филц, плута, фолија) за да биде стабилен, помек и потивок кога се оди по него. Пловечки паркет се поставува и во ситуации кога постојат стари подни облоги (камен, плочки, стар паркет).
Кога преку лепакот ќе се стави масивен паркет, тој мора да се остави неколку дена (во зависност од видот на лепак и начинот на завршна обработка). Паркетот, кој е фабрички завршно обработен – односно, струган и измазнет – по поставувањето треба само лесно и тенко да се из бруси, па повторно да се лакира или намачка со масло. Во такви ситуации особено треба да се внимава на температурата и влажноста во просторијата. Бродскиот под и робустен масивен паркет бараат пообемна и сложена обработка после поставувањето, за што зборуваме во продолжение на текстот.
Кога наместениот паркет ќе отстои доволно долго, прво мора да се струга. Стругањето всушност е брусење на површината и тоа мора секогаш да им се препушти на професионалци, не само заради знаењето и искуството, туку и заради специјалните машини и алат кој мора де се употребат; од начинот и квалитетот на обработката зависи финалниот изглед на подната облога. Лошото стругање не може да се покрие со лакирање или мачкање со масло. Заради тоа, потребно е прво темелно чистење и детален преглед на паркетот дали е залепен. „Првата рака“ на стругање се работи со груба, покрупна хартија за брусење (36-40), односно со четки. Се бруси под агол од 30° во однос на насоката на влакната на дрвото. Кога ќе се истрга целата површина еднаш, се враќа во спротивната, односно кружно под агол од 60°. На крај со помала машина или рачно се брусат ќошињата, страничните лајсни и останати тешко достапни места. „Втора рака“ е брусење под помал притисок и со пофини четки, односно со хартија за (60-80). „Трета рака“ е фугирање на одредени места на подот (особено кога станува збор за стар паркет) и фино брусење, со нај фина гранулација за тврдо или меко (100 или 120) за паркетот сосема да се исполира. На крај, пред лакирање или мастење, паркетот мора убаво да се исчисти со антистатичка крпа.
Иструган и сосема чист паркет може да се лакира; прво се нанесува основен слој а потоа и завршен. Кога првиот слој лак ќе се исуши, целиот под треба уште еднаш да се истрга со нај фини четки. Лакот се нанесува и суши согласно упатството на производителот. Особено внимание треба да се посвети на подеднакво премачкување за да не се случи на некои места да има задебелување, а на некои ништо. Во денешно време на пазарот постојат многу видови на лакови, а повеќето не се штетни за природата и здравјето на луѓето. Лакот се бира по тоа како сакате да изгледа на крајот и за што е наменета просторијата.
Иструган и потполно чист паркет може да се намачка со масло; маслото се мачка рамномерно и согласно упатството од производителот. Може да се нанесува механички или рачно, со четка или крпа, но да се внимава да се создаде уедначен слој. Откако дрвото ќе го впие целото масло а површината ќе се исуши, паркетот може благо да се избруси и повторно да се намачка. Свежо дрво задолжително треба да се намачка барем два пати. Доколку вашето семејство е динамично, со богат друштвен живот, имате мали деца или домашни миленичиња, тогаш мрсниот паркет е идеално решение за вас.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Стругање и лакирање на паркет во стан
Потребно е стругање и лакирање на постоечки паркет, со површина од 56 м2. 38745 € до 64575 €
Стругање и лакирање паркет
Паркетот е релативно нов ,но лакот е многу мек и има површински гребаници. Но ,паркетот не е оштетен. Една соба, дневна околу 25 м2. 5535 € до 9225 €
Стругање и лакирање на стар паркет
Станот има 50 м2, но кујната и купатилото нема да се работат. Паркетот треба да се иструга, прелакира, бидејќи не е обновено ништо од 1984 на него. 22140 € до 36900 €