За реон

    Подно греење Цена

    Колку чини подно греење? Цената на подно греење зависи, пред се, од системот кој ќе го изберете (на вода или струја), површината, односно, големината на системот, но и од елементите како што се видот, типот и моќноста на котелот, топлинската пумпа, соларните колектори, како и останатите додатоци и слично. За набавка, монтажа, приклучување на разводната кутија и тестирање на притисок во системот потребни се помеѓу 15 и 24 евра/м2.

    Кому да ја проверите монтажата на електрично подно греење? Пратете барање кај соодветни и оценети експерти за подно греење во вашата околина-бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на подно греење


    Цена на подно греење. Цената за набавка и монтажа на подно греење со поставување на системски плочи, разводни ормани и приклучоци. Цена со вклучен тест за притисок во системот.

    9.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    15.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Подно греење

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Подно греење - што се треба да знаете

    1. Подно греење - што се треба да знаете?

    Подно греење станува се попопуларно, првенствено поради комфорот на живеење кој го овозможува. Кај новоградби тоа практично е стандард, особено доколку е поврзано со обновливи извори на греење, односно, еколошки најприфатливата и најисплатливата технологија на греење на ниски температури со помош на топлински пумпи.

    Подно греење
    Подното греење обезбедува многу пријатна атмосфера во домот

     

    1.1. Стравот од оштетување или дефект на системот кој е стручно поставен, е сосема непотребен

    Доколку системот работи на вообичаен, односно, предвидениот начин и под одредени услови, непотребно е да се плашите од расипување, а и доколку дојде до него – тој може да се санира без драстични интервенции во просторот. Тежината на санирање на дефектот пред се зависи од видот на подната облога, како и од тоа како таа се вади и поставува. Многу ретко се случува воопшто да дојде до дефект, доколку инсталацијата е стручно монтирана. Цевките на подно греење се наоѓаат во цементна кошулица или во естрихот, кој ги заштитуваат од механички и други оштетувања, а самиот систем се испробува повеќе пати пред завршните работи. Дополнителни оштетувања се можни доколку дојде до замрзнување на цевките, ако зградата не се грее подолго време. Меѓутоа, доколку системот работи постојано во стандарден режим, цевките не може да замрзнат. Доколку  се знае дека објектот нема да се користи во текот на зимата, тогаш треба уште на есенда се испушти водата од системот или пак да се вбризга одредено антифриз средство. Сепак, доколку дојде до оштетување и после тоа, тоа може да биде исклучително механичко, поради дополнително сечење, бушење или удар и на никаков друг начин. Типичен пример за тоа може да биде нестручна монтажа на wc школка или некој друг елемент, кој при првобитниот план за подно греење не бил предвиден.

    1.2. Однапред мора да се знае каква ќе биде подната облога

    Постојат подни облоги кои се повеќе или помалку соодветни за подно греење во зависност од својата спроводливост. Видот на подна облога треба да се избере пред да се монтира подно греење. За подно греење најмногу одговараат материјали кои не се термо изолатори, односно, такви кои се најдобри спроводници на топлина. При купување на подната облога, обрнете внимание на дали на техничката спецификација стои наведен количникот на спроводливост, како и информација дали истата се препорачува за подно греење или не. За одличен спроводник се смета керамиката, облоги од камен, бетон, тежок и ретко ткаен текстил, облоги од тенок двослоен паркет или еднослоен винил.

    1.3. Задолжително тестирање на притисокот 

    Со тестирање на притисокот се проверува непопустливоста на цевките; откако ќе се постават цевките, а пред ставање на естрихот или изливање на цементна кошулица, се прави првото, а после ставање на истите се прави и второто тестирање. Постапката е сосема едноставна, но долга, од причина што не треба да има никакви пречки. Најпрво во системот мора да се пушти вода, па да се пушти воздух и да се поврзат манометри. Доколку постои опасност од замрзнување, тогаш мора да се вбризга и антифриз средство или системот да се обезбеди на некој друг начин. Во секој случај, мора да се почека 24 часа за температурата во системот да се изедначи со собната. Тогаш со рачна пумпа се подига притисокот и се врши детална проверка дали сите цевки се суви на допир. Потоа повторно мора да се чека 24 часа и да се види дали притисокот се вратил во нормала, а отстапувањето да не е поголемо од 0,2 бари. Доколку овој тест на притисокот е успешен, може да се продолжи со поставување на естрихот или изливање на цементна кошулица. Во тој момент, подно греење сеуште не смее да се вклучува ниту за загревање на просторијата, ниту пак за сушење на подлогата. Греењето може да се вклучи дури после времето предвидено са сушење на естрихот, односно цементна кошулица и тоа постепено да се засилува до стандардна работна температура, односно, таа која произведувачот ја навел како дозволена за предвидената подна облога. И ладењето исто така мора да биде постепено, бидејќи во спротивно, ќе се преоптовари инсталацијата. Испитувањето на притисокот во цевките секогаш се прави со помош на вода, а само во исклучителни ситуации со воздух – кога во моментот на поставување не е можен дотур на вода или соодветна работна температура.

    1.4. Соодветна вода

    Температурата на водата во ниско температурните грејни системи е идеална подлога за развој на микроорганизми. Водата станува погуста, лигава и со кафеава боја, што најдобро може да се види на контролните вентили. Таквата вода може, во најлош случај, да запуши цела гранка во подниот систем. Ова може да се случи кога во системот има вода од водоводната мрежа, но може да се спречи со користење на дестилирана вода или со додавање на биоцидни средства. Во ситуации кога веќе постои проблем со водата, најдобро е да се консултирате со експерт кој ќе го исчисти системот со специјални средства и ќе ви препорача систем за одржување.

    1.5. Зголемување на ефикасноста на подно греење

    Подно греење е помалку ефикасно во однос на радијаторско, во смисла дека му треба повеќе време да загрее одреден простор. Доколку растојанието на цевките е поголемо од препорачаното или пак естрихот, односно, цементна кошулица е погуста, тогаш и греењето ќе биде послабо. Побрзо загревање се постигнува со цевки со поголем пречник, бидејќи така протокот на водата е поголем, а количникот на отпор помал. За подобра ефикасност важна е и соодветна базна плоча која овозможува цевките да бидат добро покриени со естрих или цементна кошулица (најмалку 85% од цевките), а тука се и сензорите кои ја нивелираат температурата – вршат ускладување на температурата со надворешната, спречувајќи драстични скокови на температурата, односно, постојано вклучување и исклучување на системот. Доколку овие е услови се задоволени, тогаш подно греење ќе биде најефикасно бидејќи температурата на просторијата ќе биде секогаш постојана.

    1.6. Избор на соодветни цевки

    За подно греење најдобри се полиетиленски цевки во кои не може да влезе воздух со што се спречува таложење, а со самото тоа и намалување на проток на водата. Понудата на полиетиленски цевки е голема и разновидна. Разни начини на производство ја одредуваат и класата на цевки. Тие класи се бележат со PEX, а може да бидат а, б, ц, и д. За подно греење да биде што подобро и што по беспрекорно да функционира се препорачуваат PEX полиетиленски цевки, особено оние кои се произведени во ЕУ.

    2. Изведувачи

    Ви препорачуваме поставувањето на подно греење да им го препуштите на искусни мајстори кои употребуваат сертифициран материјал и даваат гаранција, а имаат и соодветна опрема и алат. Кога системот за подно греење ќе се постави квалитетно и стручно, многу ретко доаѓа до било какви проблеми, со што и причините за загриженост се минимални. Во спротивно, наместо да си овозможите удобност и комфор, сето тоа може да биде ноќна мора.

    3. Видови подно греење

    3.1. Топловодно или електрично или подно греење?

    3.1.1. Топловодно подно греење

    Топловодното подно греење спаѓа во нискотемпературен вид греење. Соодветно е за добро изолирани станови или куќи од причина што греењето се врши со вода на пониски температури (меѓу 25°C и 29°C). Кај класичното топловодно греење водата мора да биде загреана на 60°C до 80°C. Принципот на работа на топловодното подно или ѕидно греење е основан на тоа што топлината се пренесува од цевките на облогата, со што целата подна или ѕидна облога ја претвора во голема грејна површина. Загреаниот под, за разлика од радијаторите, не создава кружење на воздухот, ниту пак создава прашина. Поради тоа возухот во просториите со подно греење е помалку сув и температурата е насекаде пријатно еднаква, од причина што истата не се задржува само околу радијаторите, туку струи од подот кон таванот. Поради сето ова температурата е највисока накај тлото (околу 27°C), а најниска накај таванот. Меѓутоа, иако генерално температурата е пониска отколку кај радијаторското греење, топлината е рамномерна со што престојот во просторијата е попријатен. Со ваквиот начин на греење, долгорочно гледано, се постигнува значителна заштеда на енергија, а со самото тоа и на трошоците. Предност на подно греење е во тоа што при проветрување на таквите простории најмалку се губи топлина. Подно греење се препорачува за простори кои постојано се употребуваат, од причина што е потребно повеќе време системот да ја постигне оптималната температура.  Најефикасно е греењето кое се регулира со помош на термостат, бидејќи на тој начин се одржува постојана температура, а губитоци се најмали. Подно греење станува се побарано од причина што се појавуваат се подобри материјали кои ја поедноставува и поевтинуваат монтажата, но сепак монтажата и понатаму е 20-40% поскапа од монтажата на радијаторско греење. Системот на цевки за подно греење се поставува многу лесно со класична цементна кошулица преку слојот на изолација или пак се поставува на суво во посебни изолациони плочи, преку кои доаѓа сув естрих. Сувиот естрих е полесен од влажниот и се поставува во потенок слој, што го прави скоро идеален за реновирање на стари објекти каде што мора да се води сметка за стабилноста и носивоста на конструкцијата.

    3.1.2. Електрично подно греење

    Најмногу се користи при реновирање и адаптација на објекти, но и за новоградба, особено за купатила. Електричното подно греење може да се монтира во било кој станбен простор (трем, ходник, кујна, купатило, соба итн.). мрежите за греење се најсоодветни кога електричното греење се поставува под керамика, а термо фолии под дрвени или ПВЦ подни облоги. Фолиите се употребуваат за санација на постоечки ладни подови. Доколку сакате да имате потполна контрола над изедначена собна температура и заштеда, ќе биде потребно да се додадат термостат. Најголема предност на електричното подно греење е тоа што е тенкослојно – вкупната дебелина на грејните фолии е околу 18 мм, а мрежата 3,5 мм. фолијата генерално се користи откако веќе е поставен естрихот со изолацијата или ако постои готов под (се поставува директно на плочките или на дрвената подна облога). Фолијата се поставува преку соодветна изолација со минимална дебелина 6 мм и се лепи директно на плочките. Грејната мрежа се поставува на сличен начин.

    3.2. Надворешно греење

    Со помош на електрично подно греење може да се загреваат и подови надвор од куќата, како што се на пример, просторот пред гаражата или терасата, за да не морате во зима да чистите снег. За таа намена постојат два системи: еден е наменет за асфалт, а другиот за различни подни облоги како и за бетон. Многу практичен е и греен кабел за загревање на олуци или останати надворешни цевки, со што се спречува заледување за да не испукаат во зима.

    4. Поставување - најважно е почитување на сите правила

    При планирање и вградување на подно греење најважно е да се почитуваат сите процедурални правила. Исто така, важна е и пресметката; за да се добие а и да се одржува саканата температура не смее да не се предвидат губитоци на топлина во објектот или секоја поединечна просторија. Овие податоци служат за планирање на распоредот, должината и пречникот на цевките како и за јамки или спојките на цевките. Погрешен распоред и подолги цевки се најголемите грешки кои лаик може да ги направи. Доколку јамката е предолга, отпорот на притисокот во цевките е поголем, а пумпата која ја движи водата во системот исто така има свои ограничувања. Многу честа грешка е и недостаток на изолација под грејните цевки. Неискусен монтер многу често ја поставува разводната кутија без автоматски вентил за проветрување под цевките. Често се случува и некои цевки да се предолги или пак растојанието меѓу нив да е преголемо, а притоа монтерите да не го извршат тестирањето на притисокот. Исто така, поради неискуство на монтерите, по извесно време доаѓа до течење во системот. Од таа причина многу е важно да се почитуваат правилата и процедурите за поставување на цевките, особено на ќошињата, бидејќи на тој начин се спречува губитокот на топлина на одредени места. Последно, но не и најмалку важно е и полнењето со вода со одреден квалитет. Исто така од голема важност е и базната плоча на која почива системот да биде чиста и сосема рамна. Доколку на подот постои битумен изолација, помеѓу армирана базна плоча на системот мора да се постави слој од полиетиленска фолија, при што особено мора да се внимава каблите и цевките под базната плоча да не бидат кружно поставени.  

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Топлинска пумпа со подно греење

    Потребна ми е инсталација на подно греање со топлинска пумпа. Површината на куќата е 90 м2. Заинтересираните нека ме побараат на вибер. 332100 € до 553500 €

    ........

    Izvedba na elektricno podno greenje

    Potrebna e izvedba na 15 zoni elektricno podno greenje na kuka so 4 nivoa. 332100 € до 553500 €

    ........

    Изведба на подно греење со топлотна пумпа

    Потребна ми е изведба на подно греење со топлотна пумпа. Вкупната површина на куќата, новоградба е во прашање е 160 м2. 553500 € до 922500 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изведба на подно греење, 150 м2
    Подно греење, Карбинци

    1620 € до 2700 €

    Цена, Изведба на подно греење, 25 м2
    Подно греење, Гевгелија

    315 € до 525 €

    Цена, Изведба на подно греење, 100 м2
    Подно греење, Штип

    1080 € до 1800 €

    Цена, Подно со топлинска пумпа, 120 м2
    Подно греење, Делчево

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изведба на подно греење на вода, 50 м2
    Подно греење, Пробиштип

    1350 € до 2250 €

    Цена, Изведба на подно греење, 90 м2
    Подно греење, Струга

    1440 € до 2400 €

    Цена, Подно греење со топлинска пумпа, 135 м2
    Подно греење, Скопје

    7200 € до 12000 €

    Цена, Подно греење со топлинска пумпа, 50 m2
    Подно греење, Скопје

    4500 € до 7500 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Подно греење ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    75+ КОМПАНИИ ЗА Подно греење
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА