За реон

    Подови од винил, ПВЦ подови Цена

    Колку чини винил облогата? Подните облоги од винил се многу отпорни и долготрајни, а лесно се чистат и одржуваат. Цената на облогата зависи од видот на линолеум (во ролна или во вид на ламинат плочи), бојата, заштитните премази и секако, од самиот трговец. Цената на ПВЦ подни облоги обично се движи помеѓу 12 и 20 евра/м2. доста поскапи се волнено текстилните облоги – околу 20 евра/м2. За самото поставување се наплаќа околу 5 евра/м2 и повеќе.

    Кому да ја доверите набавката и поставувањето на ПВЦ или винил под? Пратете барање до соодветни и оценети мајстори кој се занимаваат со тоа, во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на винилни подни облоги


    Цена за поставување на винилни подни облоги. Цена за набавка и монтажа.

    28.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    45.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Подови од винил, ПВЦ подови

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Винилни подни облоги - се што треба да знаете

    1. Винил подни облоги – што се треба да знаете?

    Подни облоги од винил
    Винилниот под може да биде во форма на табли, плочи и ролни

    Подните облоги од винил се удобни, меки, тивки, отпорни на оштетување и влага, се поставуваат едноставно, исто така едноставно и се одржуваат, имаат многу поволна цена, а ги има во безброј дезени и бои. Доколку сакате да поставувате или да го менувате подот во својот дом, прочитајте што имаме да ви кажеме на таа тема.

    1.1. Што преставуваат подните облоги од винил?

    Подовите од винил се синтетички производи составени од повеќе слоеви на разни материјали, набиени, пресувани и залепени на начин кој ги прави многу издржливи, отпорни, практични, а по цената и повеќе од достапни за подна облога.  Всушност, винил преставува суровина за изработка на пластична маса и во 50-тите години од минатиот век станал популарна замена за линолеумот. Подовите од винил се делат на две групи – облоги со форма на даски и плочи (Luxory Vinil Tiles, LVT) и облоги во ролна.

    1.2. Колку е издржлив винилот?

    Подовите од винил важат за многу издржливи и отпорни. Сепак, постојат фактори кој влијаат на трајноста на секаков материјал, па така и на винилот. Во зависност од карактеристиките кој ги добива од квалитетот на материјалот, начинот на производство и обработка, начин на поставување, во голем дел влијаат на трајноста на овие подни облоги. Површината на квалитетните винил подови се обработува на специјален начин со кој се обезбедува заштита на површината, отпорност на пукање и задржување на дамки. На крај се додава и провиден слој кој ја подобрува издржливоста. Некој видови винил имаат зајакнато јадро, со што им се зголемува стабилноста без разлика на димензиите, со што подот не набабрува, ниту пак се деформира, а на плочите или даските со тек на време не се создаваат пукнатини. Елементите ја задржуваат својата форма и во влажна средина, а и при промена на температурата. Дури ни влага, мраз а и горештини не ја менуваат структурата, а ни изгледот. Од сите наброени причини, подовите од винил се одличен избор за многу оптоварени површини и простории низ кој многу се минува, а притоа одржувањето е сосема едноставно.

    1.3. Дали винилот е отпорен на влага?

    Да. Сите облоги од винил се отпорни на влага затоа што се прават од пластична маса. На нивната водоотпорност влијае и начинот на поставување. Подовите од винил во форма на даски или плочи се поставуваат на ,,клик‘‘. Иако плочите сами по себе се водоотпорни, секогаш постои опасност од тоа водата или влагата да продрат низ спојките, доколку истите не се направени како што треба. Кога подот од винил е во ролна, такви спојки не постојат од причина што површината е компактна. Со следење на упатството кое го даваат произведувачите, ваквите одови може да се постават и во мокри простории какви што се кујни или бањи.

    1.4. Рок на траење на винил

    Се смета дека винил подовите може да траат од 5 до 25 години, во зависност од квалитетот, професионалност при поставување и правилно одржување.

    1.5. Предности и слаби страни на винил

    Согласно видот и квалитетот на самиот винил постојат разлики во предностите и слабите страни.

    Постојат голем број предности. Подовите од винил се топли, меки, нечујни, удобни, многу отпорни и издржливи, влагата и температурните разлики не им сметаат, цената е доста поволна, а се одржуваат многу лесно. Доколку сето ова не ви изгледа доволно добро, ќе додадеме и дек ги има во безброј бои и дезени. Согласно горенаведеното, не е ни малку чудно што во последно време овие облоги стануваат се побарани – тие се избор на оние на кој им е важен квалитетот, на оние на кој им е важен изгледот, како и на тие на кој им е важен стилот. Подните облоги од винил лесно може да бидат и трајно решение, од причина што се повеќе произведувачи на ПВЦ се грижат за одговорна употреба и транспарентност на производниот процес. Во процесот на производство употребуваат суровини кој може да се рециклираат и кој имаат најмало штетно влијание на животната околина.

    Што се донесува на слабите страни, ќе споменеме дека потешко се отстрануваат од причина што се лепат за подлогата. Потешки делови од мебелот на нив оставаат отпечатоци, а со остар предмет може да се засечат или излупат. Друга слаба страна на винил подовите е што полошо поднесуваат високи температури и избледува на директна изложеност на светлина или УВ зраци.  Поради ова, подовите од винил не се препорачуваат за простории кој постојано се изложени на директна светлина и топлина, како ни за тераси, веранди и балкони. Меѓутоа, со напредок на техниката и технологиите, излегуваат се подобри облоги од винил кај кој наведените лоши карактеристики се помалку изразени.

    1.6. Која е разликата помеѓу винил и ламинат?

    И винил и ламинат важат за пандан на дрвени подни облоги, но со многу поповолна цена. Покрај тоа, полесно се поставуваат и одржуваат од дрвените подови. Сепак, ламинат и винил помеѓу себе се разликуваат најпрво по тоа што ламинат е сосема природен материјал, а винилот вештачки. Првата разлика е звучната изолација: ЛВТ во себе содржи слој кој служи за звучна изолација со што подот од винил е многу потивок; втората е отпорност на влага – винилот е 100% синтетика, пластичен материјал, а со самото тоа и сосема водоотпорен, додека пак ламинатот е композит кој во себе содржи голем дел дрвена суровина (и до 90%) поради што не е водоотпорен и мора дополнително да се обработува. За крај, ЛВТ едноставно се сече и крои со скалпел, додека за ламинат мора да се користи права или кружна пила.

    2. Поставување на винил подни облоги

    Овие се подни облоги кој најлесно се поставуваат. Сепак, доколку не сте дораснати на задачата, ви советуваме да ангажирате професионалец. Доколку се случи подната облога да се постави лошо, таа ќе ги изгуби сите предности кој ги има, а може да се случи и да мора да ја повторите постапката од почеток.

    3. Плочи, даски или винил во ролна?

    3.1. Винил на ,,клик‘‘ (ЛВТ)

    ЛВТ е акроним за  Luxory Vinil Tiles, односно, луксузни винил плочи кој од неодамна станаа многу популарни. Тие се хетерогени подни облоги составени од повеќе слоеви. Винил плочите се дизајнирани на начин да изгледаат како подни облоги од природни суровини како што е дрво, камен или керамички плочки. Благодарение на технолошкиот напредок и се подобри можности за обликување, подовите од винил се сосема идентични со природни материјали чија имитација е замислено да бидат. Постојат безброј класични и модерни варијанти на винил облоги, направени како плочи, кој се сложуваат и вклопуваат една во друга на ,,клик‘‘ без разлика дали се тврди или флексибилни. Делови винил кој влегуваат една во друга по системот на ,,крилца‘‘ и процеп, се поставуваат брзо и едноставно што може да биде голема предност при реновирање или обновување на просторијата. Плочите од винил се поставуваат на суво, без некоја посебна подготовка, поради што и не мора да се изнесува сиот мебел од просторијата, а може и да се изрежат на начин да се постават околу тешки и габаритни делови мебел, при што истите воопшто не мора да се поместуваат. Дебелината на ЛВТ плочите е помеѓу 0,25 и 1 цм. На подот се поставуваат со лепење или на специјална нерамна подлога. Од причина што се толку тенки, винил плочите или даските се барани и за реновирање на готови подови, како и за поставување преку подно греење. Тие може да се вградат и во т.н. влажни простории, односно, бањи, тоалети и кујни, бидејќи се отпорни на влага и абење.

    3.2. Винил во ролна

    Винил ролна се произведува во големи формати со што нивниот дезен и нивните шари се непрекинати, а ги има во фантастични, класични и модерни примероци. Покрај неверојатниот избор, и самата цена е неверојатно достапна. Винилите во ролна не содржат фталат и има ниска емисија ВОЦ (освен надворешни винил подови). Што допринесува за поздраво внатрешно опкружување. На пазарот постои понуда од цврст, практичен, хигиенски и антиалергенски, современ винил, со неверојатни бои и стилови – од сосема светли или светликави бои, преку апстрактни и геометриски или црно-бели графички дезени со сосема автентична имитација на природни материјали, како дрво или камен. На крај, винилот во ролна е многу удобен, отпорен и се одржува многу едноставно.

    4. Постапка на поставување

    4.1. На кој начин се поставуваат винил облоги?

    Облоги од винил се поставуваат толку едноставно, што за еден викенд можете сосема да го измените изгледот на вашиот дом. Начинот на поставување зависи од видот кој ќе го купите. Ако купите винил во ролна, видот на работа ќе биде одреден согласно големината и фреквентноста на просторијата во која се работи.

    4.2. Подготовка на подлогата за винил

    Без разлика кој вид на винил ќе го изберете, пред самото поставување мора да завршите неколку чекори за подготовка:

    • најчесто постоечките подни облоги мора да се отстранат, со неколку исклучоци. Тврдите винил плочи може на пример, да се постават врз керамички плочки, како и врз повеќето тврди облоги, како што се паркет, бродски под, ламинат и слично. Исто така, винил во ролна може да се постави преку линолеум, доколку истиот е добро сочуван, без пукнатини, но, мора добро да биде исчистен. Не се препорачува покривање со винил на теписи или флексибилни пластични облоги. Исто така не се препорачува поставување винил во ролна преку плочки, од причина што спојките меѓу плочките (фугите) ќе бидат видливи. Доколку сепак сакате да ставите винил во ролна преку плочки, истите мора да се израмнат со смеса за порамнување;
    • пред да се постави винил, подлогата мора добро да се порамни, исчисти и исуши;
    • 24 часа пред поставување на винилот, извадете го од неговото пакување и оставете го на собна температура, со што полесно ќе се прилагоди.

    4.3. Подлога за винил

    Дали ќе ви биде потребна подлога или не, зависи од тоа каков под од винил сте избрале и каков вид на под имате во домот. Некој подлоги од винил се такви што се поставуваат директно на подлогата, а други пак таа подлога ја имаат како долен слој, поради што друга подлога не е потребна.

    За најголем број на винил облоги не е потребна подлога, иако ви препорачуваме, поради звучна и термоизолација, како и за мекост, да додадете некоја подлога. Подлогата сама по себе има бројни предности:

    • овозможува звучна изолација, ја намалува надворешната бука, но и преносот на звук низ подот;
    • кога чекорите по таков под, чувството под стапалата е помеко и потопло;
    • подлогата дејствува и како парна брана, што е одлично за бетонски под.

    Откако ќе ја наместите подлогата, треба да проверите дали таа е рамна, чиста и сува пред поставување на винил.

    4.4. Поставување на винил плочи

    Постојат повеќе начини за поставување на ЛВТ, а наједноставен и најбрз е ,,клик‘‘ системот.

    Благодарение на ,,клик‘‘ системот, поставувањето тече брзо и без проблеми. ЛВТ винил е модуларен систем, што значи дека поставувањето оди дел по дел, а од друга страна дека не мора да ја испразните просторијата за да го поставувате. Како ги ставате плочите една по една, така го поместувате и мебелот.

    4.5. Поставување на винил ролна

    Начинот на кој ќе се поставува винил ролна исто така зависи од видот, но и од големината на просторијата. Постојат три основни начини:

    • без лепење– винил подот едноставно се положува преку патосот. Ролната се развива се бележат димензиите, па се сече. Овој начин се препорачува за помалку од 12 м2;
    • со фиксирање –винил облога во ролна со двојна  самолеплива лента се лепи за подлогата само по краевите. Овој начин се препорачува за простории големи помеѓу 12 и 25 м2;
    • со лепење – се користи лепак на водена база. Овој начин се препорачува за простории поголеми од 25 м2.

    5. Чистење и одржување на винил подни облоги

    Подовите од винил се навистина елегантни, а лесно се поставуваат; меѓутоа, исто толку лесно и се одржуваат, со што го олеснуваат одржувањето хигиена, а со самото тоа, го чинат престојот во вашиот дом попријатен. На квалитетните винил подови површината им е преслечена и специјално обработена, за да бидат отпорни на удари и дамки, а полесно се чистат.

    5.1. На кој начин се чисти винил?

    Чистењето на под од винил воопшто не е комплицирано. За секојдневно одржување доволно е бришење и право смукање. Ако редовно ја собирате прашината ќе спречите нејзино натрупување и собирање на нечистотии, а со самото тоа и одржувањето на подот ќе ви биде полесно. Еднаш седмично или по потреба почесто, може да го пребришете подот со влажна крпа или крпа натопена со детергент. На тој начин подот од винил ќе го исчистите и одржувате во одлична состојба. Имајте на ум дека не треба премногу да го навлажнете. Како и чистењето, така и отстранувањето на дамки не е тешко. Ќе ги отстраните со помош на најлонско сунѓерче и неутрално средство за чистење. Дамката ја триете од надворешната страна кон центарот, а потоа исперете и исушете го местото. За чистење на некој дамки, ви го предлагаме следното:

    • дамки од масло и киселини или лимон, треба да ги отстраните час побрзо, за да не ја избледат површината. Се отстрануваат со топла вода и неутрален детергент;
    • дамки од мастило, домати или крв треба да ги натопите со алкохол, а потоа да ги исперете со вода;
    • дамки од фломастер се вадат со триење со крпа која е натопена со бел алкохол и се пере со вода;
    • дамки од ‘рѓа се вадат со специјален сунѓер, а се пере со вода.

    Уште неколку совети на слични теми:

    • под ногарките на тешки делови од мебел задолжително ставете меки подметнувачи; не употребувајте гумени затоа што оставаат дамки на винилот;
    • пред влезната врата ставете простирка, за да не внесувате нечистотии дома, а ќе си го олесните чистењето. Верувале или не, простирката задржува и до 80% од нечистотиите;
    • чистете го подот со природни или неутрални детергенти;
    • не поставувајте врели предмети или грејни тела на под од винил.

    Никогаш не чистете го подот од винил со:

    • абразивни средства,
    • ацетон или разредувач,
    • восок или лак,
    • производи на база на масло,
    • со помош на водена пареа.

    5.2. На кој начин се одржуваат подовите од винил?

    Подовите од винил по состав се издржливи и отпорни на вода, удари и дамки. Доколку ги следите основните правила за рутинско чистење и одржување кој ги спомнавме, нема да има потреба од интервенции. За разлика од дрвените подови, кај винил подовите не е потребен восок или полирање. Темелно перење со топла вода и благо средство за чистење, е се што ви е потребно иако винил подот не е неуништлив, тој е долготраен и постојан, доколку се грижите правилно. Ако сепак се случат оштетувања на винил плочите или даските, произведувачите советуваат дека е најдобро истите да се заменат.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка на пвц под

    Потребна е изработка на пвц под, за површина од 200 м2. Стоматолошка ординација. 199260 € до 332100 €

    ........

    Под од винил над плочки

    Потребно ми е да се постави над плочките под од винил или линолеум. Површината на плочките е 14 м2. 15498 € до 25830 €

    ........

    Монтажа на винил и тепих со мој материјал

    Потребно е монтажа на винилен под 65 м2,
    Монтажа на теписон со цокле 35 м2,
    за двете ми треба само монтажа со лепак, материјалот е снабден од нас. 44280 € до 73800 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ







    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Подови од винил, ПВЦ подови?

    Подови од винил, ПВЦ подови ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    26+ КОМПАНИИ ЗА Подови од винил, ПВЦ подови
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА