За реон

    Реставрација на мебел Цена

    Колку може да чини реставрацијата на мебелот? По правило, користените постари парчиња мебел се поквалитетни и носат со себе голема убавина и вредност. Ако не знаете колку вреди мебелот и дали вреди да го реставрирате, можете да го однесете во антикварница на проценка. Имајте на ум дека реставрацијата на старите парчиња мебел мора да се направи на стар начин, со класични методи и природни материјали, бидејќи само така може да се зачува автентичноста и вредноста. Цената секогаш зависи од големината на парчето, состојбата на материјалот, обемот на работа и бројот на потребните процедури и, се разбира, од мајсторот. Цената на еден час работа на реставрација на стари парчиња мебел заедно со материјалот се движи од 13 до 18 евра, но има тапацири и столари кои наплаќаат по парче.

    Кому да ја доверите реставрацијата на старински мебел? Пратете барање до соодветни и оценети занаетчии во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на реставрација на мебел


    Цена по работен час на реставрација на стари делови мебел, со материјал.

    13.00 €/час

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/час

    СРЕДНА ЦЕНА
    18.00 €/час

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Реставрација на мебел

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Реставрација на мебел - се што треба да знаете

    1. Реставрација на мебел – што се треба да знаете?

    Реставрација на мебел
    Реставрацијата на мебелот е многу напорен зафат кој бара многу вешт мајстор, со многу искуство и знаење, но и доволно сензибилитет да го врати стариот мебел токму како што е направен

    1.1. Што е старински мебел

    Терминот антички мебел ги опфаќа сите оние парчиња мебел направени пред неколку децении, па дури и векови, односно во некои други историски периоди. Всушност, за таков мебел се смета мебелот кој е стар најмалку 40 години или повеќе. Стариот мебел често има и специјална сентиментална вредност која се пренесува од генерација на генерација. Истите честопати служат на повеќе колена во исто семејство. Одредени антикварни парчиња, покрај староста, имаат и посебно историско значење, што всушност, само ја зголемува нивната вредност. Таков мебел често се наоѓа во музеи и дворци, а поретко во приватни домови, со исклучок на вљубеници во антиквитети и колекционери.

    1.2. Реставрација на мебел

    Мебелот треба да се реставрира тогаш кога е во многу лоша состојба за да може да се користи или кога постои желба да се врати во првобитната состојба, но на начин да не му се уништи скапоцената патина. Реставрацијата на мебел и покуќнина е многу тешка работа од страна на многу искусен занаетчија, со многу искуство и знаење, но и доволно сензибилитет, секој предмет да го обнови баш онака како што е и правен, со помош на стари техники и алати, а по можност и материјали. Од таа причина, срдечно ви препорачуваме оваа работа да им ја препуштите на професионалци. Доколку, сепак сами се зафатите со ова и го оштетите мебелот, тоа секако ќе значи непоправлива штета и голема загуба.

    1.3. Предности на реставрацијата

    Доколку реставрацијата се направи правилно и адекватно, на тој предмет, во најмала рака, векот на траење ќе му се продолжи дупло. Тоа е многу важно, бидејќи само на тој начин истиот ќе се сочува од пропаѓање и ќе биде заштитен од понатамошно негативно влијание на околината. Второ, со правилна и стручна реставрација на мебелот му се враќа првобитниот изглед, убавината и патината која се создавала со години и децении. Таквите вредности и значење се незаменливи и неповторливи, бидејќи зборуваат за периодот од кој потекнува предметот. Баш таа патина го издвојува стариот мебел од новиот и му дава посебен шарм. Затоа, соодветната реставрација ја зголемува вредноста на мебелот. На крај, но не и помалку важно, со реставрација, исто така, се враќа употребната вредност на мебелот кој и понатаму може да се користи.

    1.4. Распаѓање на дрвото

    Како и сите останати материјали и дрвото почнува да се распаѓа, со тек на времето. Неповолните климатски услови, особено голема влажност во просторијата, која го забрзува распаѓањето и развојот на инсекти, најмногу придонесуваат за распаѓање на дрвото, а од истите понатаму се јавува и специфична мувла и габички. За да се спречи понатамошното пропаѓање на дрвото, истото мора час побрзо да се обнови, да се отстранат оштетувањата, а потоа и адекватно да се заштити.

    2. Правила при реставрација на мебел

    Кога станува збор за обнова и поправка на мебел, се тргнува од основното – перење и чистење. Потоа се преминува на отстранување на секундарните премази, но со целосно внимание оригиналната патина под нив да не се оштети. За реставрација на стари делови мебел, секогаш мора да се користи оков, лепак и премази кој се користеле во времето кога е произведен оригиналот. Единствено на тој начин може да се постигне изгледот и состојбата најверна на оригиналот. Исто така, мора да се почитува и правилото на реверзибилност, што значи дека сите материјали, хемикалии и процеси кој се применуваат исто така лесно може и да се отстранат. Не смее да се заборави дека реставрација всушност подразбира и зачувување и конзервација на мебелот, а не само менување и додавање на елементи кој оригиналот никогаш не ги имал. Од тие причини, интервенции од било кој вид мора да се сведат на минимум.

    2.1. Стар мебел не смее да се бруси

    Доколку антикварниот предмет се бруси, можно е да му се нанесе непоправлива штета, од причина што ќе ја снема патината која им дава квалитет и вредност. Со тоа, засекогаш, ќе се изгуби шармот и уникатноста на оригиналот, тоа што таквиот мебел всушност и го прави посебен и вреден. На пример, ако од антикварен мебел се тргне фурнирот затоа што е истрошен или изронет, таквиот мебел ќе биде потполно уништен и променет. Брусење на мебел од полно дрво, од друга страна, може да создаде други проблеми, бидејќи со тргање на површинскиот слој, може да се појават дупки, направени од црви и други инсекти.

    2.2. Лепак

    Порано мебелот се составувал со лепак од животинско потекло. Доколку сакате парчето мебел кое го имате да биде вратено во состојба најслична на оригиналот, тогаш и лепакот мора да биде таков каков што користел првиот мајстор. Само на тој начин може да се зачува изгледот на оригиналот. Постојат повеќе видови на лепак од животинско потекло, од кој најпознат е тој од риба или зајак, затоа што се и најквалитетни. Таков лепак може да се направи со специфична постапка со варење на животинска маст на пареа.

    2.3. Шелак

    Шелак лакот е наменет за заштита на дрвото. Со него, исто така, се нагласува и дополнително се истакнува природната убавина на дрвото. Шелак е смола од растително потекло, а се добива од секретот на еден вид вошки, кој се хранат со растителен сок од листови на некој видови индиски дрва. Овој секрет може да се купи во специјализирани продавници за сликарски и реставраторски прибор, во форма на пакет од лушпи или ливчиња, или веќе растворен во етанол, а од нив се прават специјални лакови, политури и фиксатор за завршна обработка на дрвото. Пред употреба тие се раствораат во алкохол, доколку веќе не се растворени, а потоа на површината на дрвото, која е покриена со лен или памук, се нанесува лакот со волнена крпа. Покрај овој лак или политура се употребува и камен пемза, за пополнување на порите, како и масло за полирање на површината. За нанесување на шелак потребно е големо искуство и вистинско професионално знаење, кое во денешно време се повеќе се губи, бидејќи овој вид на лакирање е можеби и најважниот дел во целата постапка. Претенок слој нема да ја заврши работата, а предебел, пак, ќе ја анулира сета убавина на дрвото. Од шеесеттите години па наваму постојат се помалку столари-реставратори кој умеат да ја применат оваа техника.

    2.4. Пламенче (дрвен црв) во мебелот

    На тоа дека постои присуство на дрвен црв и инсекти во мебелот, укажуваат ситни дупки на површината. Меѓутоа, по самите дупки не може да се знае дали дрвениот црв сеуште е тука или станува збор за постари дупки, без присуство на инсекти. Дали во мебелот постојат црви, може да се дознае со набљудување на купови прашина на површината и под мебелот, а понекогаш самиот црв може и да се слушне како го гризе дрвото. Доколку мебелот не е чистен повеќе години, остатоци од фина прашина која црвот ја остава зад себе, може да дојдат на површината при поместување или преместување на мебелот, што јасно укажува на активно присуство на овие инсекти.

    Доколку се покаже дека во дрвото има активен црв, на располагање ви се повеќе опции. Доколку црвите се присутни само на одредени места кој лесно може да се идентификуваат, тие може да се убијат со вбризгување на инсектицид. Но, ако има премногу дупки и ако сакате да го заштитите парчето мебел цело, најдобро е целосно да го премачкате или испрскате со инсектицид, замотајте го во фолија и оставете го најмалку еден месец да стои. Откако ќе го отворите, се препорачува уште некое време да стои на отворено, покриено место, за да се проветри од остатоци од хемикалии, а потоа поставете го на саканото место во домот. Внимателно прочитајте ги сите упатства на произведувачот, пред употреба на инсектицидот и заштитете се согласно истите, бидејќи се многу штетни по здравјето на луѓето.

    2.5. Китирање на дупчиња во дрвото

    Дупчиња од црви, кој уште се викаат и екскурзиони дупчиња, не треба да се китираат. Ваквите дупчиња му даваат на мебелот особен шарм, кој е посакуван и атрактивен. Поодамна, столарот дури ги копирал или вештачки ги реконструирал ваквите дупчиња, за мебелот да изгледа што постар, а со самото тоа и повреден. Што значи, екскурзионите дупчиња не треба да се сокриваат, бидејќи сведочат за автентичноста на производот.

    2.6. Пескарење на стар мебел

    Со помош на пескарење се отстранува горниот слој на дрвото. Од причина што во тек на овој процес, оригиналната патина и украсите се тргаат заедно со горниот слој, истиот не се препорачува за антикварен мебел. Врежани профили, изрезбани делови, сечени детали и останати украси, со пескарење, исто така ја губат својата форма. Друга причина поради која не се препорачува пескарење на стар мебел е таа што површината после ваква обработка станува исклучително груба и рапава, што го забрзува собирањето на прашина и нечистотија, која инаку, многу тешко се чисти. Покрај тоа, постои проблем со понатамошната обработка и реставрација на мебелот, од причина што  многу потешко да се отстранат премази од пескарени површини. Значи, пескарењето предизвикува голема штета, па доколку е можно, избегнувајте го.

    3. Одржување на стар мебел

    3.1. Соодветна влажност во просторијата

    Во времето кога се правеше овој вид мебел немаше модерни системи за греење какви што ги знаеме денес. Затоа, секогаш мора да се внимава мебелот да не се става на премногу суво место. Во спротивно, дрвото целосно ќе се распадне со текот на времето. Од друга страна, и тоа не треба да биде премногу влажно, бидејќи дрвото ќе почне да гние, што ќе го забрза расипувањето на мебелот.

    3.2. Бришење прашина

    Мебелот, инаку, треба да се брише исклучиво со крпи наменети за оваа намена. Обично се направени од микрофибер и нивната површина е малку наелектризирана, но доволно за да се залепат честичките од прашина. За оваа намена можете да користите и стари памучни маици, но прашината нема да се залепи на нив толку ефикасно. По бришењето прашина на мебелот, крпата треба енергично да се протресе и потоа да се измие.

    3.3. Чистење на површината

    Избришете го мебелот само со влажна крпа, никогаш со детергент или која било друга хемикалија, а потоа поминете го повторно со обична, памучна крпа. Апсолутно избегнувајте користење на разни видови спрејови или други популарни средства за чистење, бидејќи тие се премногу абразивни и агресивни за деликатниот, стар мебел.

    4. Санација на многу оштетени делови

    Ако некое парче мебел е навистина тешко оштетено, прво треба да се запрашате дали реставрацијата воопшто има смисла. Ако недостасуваат клучни елементи или дури и цели делови, дури и нај вештиот и најискусниот занаетчија можеби нема да може да го врати во првобитната состојба. Теоретски и технички, таква можност секогаш постои, но резултатот можеби нема да биде задоволителен, а самиот процес на реставрација ќе биде многу поскап. Реставрацијата или репарација се бесмислени ако самиот процес би чинел повеќе отколку што на крајот би вредел обновениот предмет. Античките парчиња кои се толку оштетени се поправат само ако се исклучително ретки и историски важни парчиња или ако парчето мебел има исклучителна сентиментална вредност, па сопственикот не штеди пари, колку и да побара занаетчијата.

    5. Како да разликувате оригинал од фалсификат?

    Многу луѓе се загрижени дека денешните софистицирани техники за реставрација го отежнуваат разликувањето на фалсификатите од вистинските парчиња, исто како што е тоа со другите уметнички дела. Токму поради сите современи технолошки и технички резултати, опрема и алати, вештите фалсификатори можат да имитираат сè и да предизвикаат проблеми дури и на многу искусни експерти. Одредени парчиња може да изгледаат многу постари отколку што навистина се. Ваквата грижа е, се разбира, релевантна и сосема соодветна, бидејќи понекогаш е навистина тешко да се одвои оригиналот од фалсификатот. Затоа, ако не сте сигурни и немате веродостојни податоци за времето и сопственоста, ве советуваме да се консултирате со експерт. Меѓутоа, во пракса, оригиналите се идентификуваат според карактеристиките и спецификите на одредени автори и епохи, како и со други материјални или посредни докази. Кога станува збор за мебелот, многу корисен показател за автентичноста е обработката на површината на фурнирот, која во барокниот период бил дебел дури 5 мм, а потоа постепено се намалувал на само 0,5 мм. Ако некој тврди дека мебелот е направен во ерата на барокот, и дека има слој од фурнир дебел само 1 мм, јасно е дека е лажен. Дебелината на фурнирот постепено се намалувала поради напредокот на технологијата што го овозможи тоа, но таквите технологии сè уште не биле познати во периодот на барокот.

    6. Трошоци за реставрација

    Колку ќе чини реставрацијата на мебелот зависи од многу фактори, од кој секако најважен е неговата моментална состојба. Потешко оштетените делови се тешки за репарација и обработка, што значително го поскапува сиот процес. Доколку работната рака ја надминува вредноста на предметот, тогаш, едноставно сета таа работа не вреди. Друг важен фактор е состојбата на конструкцијата, односно, оковот за мебел. Доколку тој едвај се држи и не е во добра состојба, можеби треба целосна замена, што исто така влијае на крајната цена на реставрација.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Реставрација на мебел

    Реставрација на:
    1. комода со резба дол. 2м шир.60см и висина 1м
    2. витрина со резба и кристални врати со дим 110/60/190см
    3. трпезариска маса со дим 100/160 со 6 столици сите се со резбани ногарки , не е потребно претапацирање на столиците. Во прилог имам оставено слики. 19372.5 € до 32287.5 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Реставрација на мебел?

    Реставрација на мебел ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    15+ КОМПАНИИ ЗА Реставрација на мебел
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА