За реон

    Сенки Цена

    Колку чинат надворешни сенки? Потребната сума за надворешни сенки треба да се пресмета уште при проектирање на куќата, односно, при планирање на настрешница, стреа, конзола и слично. Со сенките во просторот се создаваат предуслови за подобра засенченост на внатрешноста според тоа дали одреден простор е наменет за работа или одмор, а со самото тоа се одредуваат и трошоците за климатизација. Цените на внатрешните сенки се разликуваат според видот, материјалот, димензиите и начинот на управување. За венецијанки, комарници, тенди, или жалузини може да платите од околу 33 до 220 евра/м2. Поскапи се фиксните сенки како што се перголите и брисолеј. Брисолеј чинат негде помеѓу 200 и 300 евра/м2. Посоветувајте се со својот архитект или ентериерист околу тоа кој ќе бидат најдобри сенки за вашиот дом.

    Кому да ја доверите изработката или набавката на сенки? Пратете барање кај соодветни и оценети добавувачи на сенки во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на венецијанки


    Цената на класични ПВЦ венецијанки со ширина на летвички од 45 мм je /м2; ПВЦ венецијанки чиј летвички се широки 37 мм се околу /м2, а исти такви летвички, но алуминиумски чинат околу /м2.

    25.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    36.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Сенки

    Надворешни ролетни


    Колку чинат ролетните? Цената на сенки за прозорци или врати, односно ролетни или жалузини, без разл...

    Проверете и: Надворешни ролетни Цена

    Жалузини


    Колку чинат жалузини? Цената на жалузините за прозорци или врати зависи од видот (класичен, под фаса...

    Проверете и: Жалузини Цена

    Надворешни роло ролетни


    Колку чинат надворешните роло ролетни? Надворешните роло ролетни (screen) се одлични ролетни за голе...

    Проверете и: Надворешни роло завеси Цена

    Комарници


    Колку чинат комарници,? Комарници ќе ве поштедат од многу непроспиени ноќи од досадни инсекти, така ...

    Проверете и: Комарници Цена

    Тенди


    Колку чинат надворешни хоризонтални сенки? Цената на тендите, перголи или маркизи зависи од големина...

    Проверете и: Тенди, маркизи Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Сенки - се што треба да знаете

    1. Сенки – што се треба да знаете?

    Современите трендови за уредување на објекти за живеење и работа, налагаат употреба на големи стаклени површини. Научно е докажано дека дневната светлина влијае исклучително корисно на човечкиот организам, а од друга страна естетскиот ефект е неоспорлив. Сепак, од практичен архитектонски и градежен аспект, тоа преставува двоен предизвик. Од една страна во тек на зимата се губи голема количина на топлина, која само делумно може да се надополни во сончеви денови. Од друга страна, во тек на летото е премногу жешко, па доаѓа до прегревање, што исто така може да се избегне делумно со некој практичен архитектонски елемент. Со правилно димензионирање на прозорците и нивна ориентација, со конзолните делови од објектот кој исто така прават сенка, со добро распоредено зеленило се создава ладовина, а исто така и може да се избегне проблемот со прегревање. Прегревање, отсјај и несакани погледи секако дека може да се избегнат со испланиран распоред и добар избор на надворешни и внатрешни сенки; за волја на вистината, надворешните сенки се подобро решение бидејќи ја заштитуваат и фасадата и прозорците, а воедно и внатрешноста. Постојат многу видови надворешни сенки: ќепенци, ролетни, жалузини, маркизе, тенди, перголи и брисолеи, а неизбежен додаток се комарници.  Некои сенки се фиксни, некој подвижни со разни додатоци-механизми за рачно и автоматско движење. Доколку се поврзат со системот за паметно управување со куќата, сенките може да се прилагодуваат по однапред зададени параметри-да се вклучи во одредено време или според временските прилики.

    Касетна тенда
    Касетните тенди даваат пријатна сенка во топлите летни месеци

     

    2. Како да го изберете вистинскиот понудувач?

    Доколку не сте сигурни каков вид и модел на сенки да изберете, посетете некој салон. На пазарот има многу понудувачи и продавачи, наизглед асортиманот е бесконечен, како и разликата во цени. Основното прашање е за што ви треба сенката – за заштита од сонце или за заштита на приватноста?  Дали сакате фиксни или подвижни? На порталот Daibau.mk можете да најдете голем број на понудувачи со што лесно ќе можете да ги споредите нивните понуди. Видете ги фотографиите и коментарите од клиентите. На тие што ќе ги изберете, пратете им барање, а врз основа на договорот што ќе го направите одлучете се за еден од нив. На овој начин најбрзо и наједноставно ќе дојдете до тоа што го барате.

    3. Кој тип на сенка да го изберете?

    Ролетните се најраспространет вид на надворешни сенки за прозорци. Ролетните спречуваат прегревање, но овозможуваат и приватност. Тие исто така се одлична заштита од ветар, дожд, снег, но и од разбојници. Ролетните се топлински изолатор со кој можете да го намалите губењето енергија за околу 25%; исто така се и добар звучен изолатор, бидејќи ја намалуваат бучавата и до 10 дБ. Што се однесува до материјалот, ги има од пластика, алуминиум и дрво.

    3.1. Надградени ролетни

    Овој вид ролетни се монтира заедно со прозорците бидејќи нивното куќиште се поставува точно над рамот на прозорецот. Поради ова најчесто се употребуваат во новоградби или реновирање . овие ролетни се карактеризираат со висока изолативност и добра заштита за прозорците. Нивното одржување е многу едноставно, а исто така и нивната поправка.

    3.2. Надворешни ролетни

    Овој вид на ролетни најмногу се бара и употребува од причина што може д се монтираат и на стари и на нови прозорци. Бидејќи се впечатливи на фасадата, имајте го тоа на ум кога бирате боја, за да не штрчат на фасадата и да ја расипат целосната слика. Надворешните ролетни се повеќенаменски – летвичките може да бидат од ПВЦ или алуминиум, придвижувањето им е рачно или автоматско, а може да се додадат комарници, доколку не се вградени.

    3.3. Под фасадни ролетни

    Овие ролетни се почесто се употребуваат во модерната новоградба која тежнее кон минимализам, праволиниски и смирени форми, од причина што куќиштето им е скриено под фасадата. Куќиштето, всушност се вградува над прозорецот во структурата на фасадата или надворешниот раб на носечката конструкција и се малтерисува, така што однадвор воопшто не се гледа.

    3.4. Коси ролетни

    Косите ролетни служат за прозорци кои имаат неправилна форма (триаголни, округли, шестоаголни, односно сите асиметрични) и тие непосредно под таванските косини и може да бидат под агол до 45°. За да бидат поиздржливи се прават единствено од алуминиум.

    3.5. Ролетни за тавански прозорци

    Ваквите ролетни се наменети за тавански прозорци кој секогаш се под поголемо оптоварување, бидејќи се директно изложени на прегревање, дожд и снег.

    3.6. Автоматски ролетни

    Ролетните може да се движат рачно, со помош на разни видови навојни шипки (курбли), но, автоматското секако дека е полесно и поедноставно, особено кога станува збор за големи прозорци. Ролетните ги придвижува мотор со кој се управува преку прекинувач или далечински управувач. Меѓутоа, нивната работа може да биде автоматизирана преку паметните системи за контрола на целата куќа. На овој начин ролетните може да се прилагодуваат според атмосферските прилики или во одредено време.

    3.7. Ролетни против кражба

    Голема предност на ролетните пред другите сенки е заштитата од кражби. Ваквите ролетни имаат сигурносни пружини, спојници, систем за заклучување или специјални механизми кој не може да се отворат од надвор.

    4. Жалузини

    Нај употребуваниот вид на надворешни сенки преставуваат жалузините. Направени се од цврсти алуминиумски летвички кој може да се движат и во зависност од аголот под кој се закосени, ја контролираат количината на светлина во просторијата. Жалузините се цврсти, издржливи, отпорни на промени на температура и годишни времиња; нивната употреба е едноставна, лесно се чистат, а траат долго. Нивните летвички мое да бидат широки 50, 65, 80 мм и повеќе, го одбиваат блесокот на сонцето и топлината. Може да се монтираат и од внатрешната и од надворешната страна на прозорецот, а може да послужат и за преградување, односно, затворање на простории, балкони и тераси. Куќиштето може да се постави над прозорецот или да се сокрие со малтер. Најиздржливи водилки за жалузуни се жичаните, нешто поевтини се оние од пластика или алуминиумските. Жалузините може да се движат со каиши, канапи, со курбла или со мотор. На крај, ги има во сите бои од РАЛ палетата, така што секако ќе најдете соодветни.

    4.1. Надградени жалузини

    Овој вид на жалузини најмногу се користат за новоградба бидејќи се вградуваат заедно со прозорците и создаваат единствен фасаден елемент. Куќиштето на овие жалузини е невпечатливо, поради што се популарно решение за современи, минималистички згради. Изолираното куќиште кое е сместено над прозорецот ги исполнува и барањата за ниско енергетски градби. Интегрираните жалузини може да се движат рачно или автоматски, со помош на мотор.

    4.2. Надворешни жалузини

    Може да се каже дека овој вид на жалузини се соодветни за секакви прозорци. Одлично штитат од горештини, а притоа се убав естетски детаљ на секоја фасада. Нивната главна предност е тоа што може да се монтираат било кога и на нови и на стари прозорци.

    4.3. Коси жалузини

    Новите производствени технологии овозможуваат изработка на жалузини и за коси прозорци, кој се омилени во современата архитектура, така што во денешно време постојат округли и повеќе аголни – со еден збор асиметрични, за да се прилагодат баш на секаков прозорец.

    5. Тенди (маркизи)

    Тендите преставуваат конзолни сенки кој го штитат просторот како од летните горештини, така и од врнежи. Поради тоа најчесто се среќаваат на балкони и тераси. Тендата е составена од куќиште (кутија), профил, носач и цврсто акрилно платно. Самата конструкција е од цврст, но лесен алуминиум кој може да се најде во сите бои на РАЛ палетата. Тендата може да се отвора или затвора рачно или, се почесто, на електричен погон.

    5.1. Класични тенди

    Овие тенди се најбројни. За разлика од полу касетни и касетни тенди, платното побрзо се суши, конструкцијата и одржувањето не се тешки, а отворањето и затворањето се сосема едноставни. Исто така и цената им е пристапни; меѓутоа, од причина што класичните тенди се постојано изложени на секакви влијанија, за клиентите кои бараат повеќе, тие не се естетски задоволувачки.

    5.2. Полу касетни тенди

    Кај полу касетни тенди, платното кое се мота влегува во куќиште, а краците од конструкцијата остануваат надвор. При затворање, односно, намотување, мора да се внимава материјалот да биде сув, бидејќи во спротивно ќе мувлоса.

    5.3. Касетни тенди

    Овој вид на тенди се омилени при новоградби, бидејќи изгледаат непретенциозно и елегантно. Овој вид на тенди е таков што платното и целата конструкција влегуваат во куќиште и се заедно е заштитено од надворешни влијанија. Сепак, и овде мора да се внимава платното да биде суво кога се собира во куќиштето за да не мувлоса.

    5.4. Вертикални тенди

    Ваквите тенди се всушност завеси кој служат за странична заштита како од временски влијанија, така и од несакани погледи. Кога се развлекуваат тие стојат сосема вертикално.

    5.5. Полукружни тенди

    Овие тенди делуваат класично и во главно се употребуваат за излози и останати деловни простори. Може да бидат фиксни и склопливи.

    6. Комарници

    Комарници преставуваат одлично решение тогаш кога сакате во просторијата да влегува воздух но не и нападни инсекти. Комарниците се состојат од алуминиумски и пластични рамки (АЛУ и ПВЦ) и фина заштитна мрежа од стаклени влакна. Постојат повеќе видови и типови на комарници. Некој од нив може да се постават самостојно, некој се интегрирани, а и едните и другите може да послужат и за станбени и за деловни објекти. Тие се особено практични за простории во кои хигиената треба да е на завидно ниво како што се кујни, купатила, болници или сите видови на угостителски објекти. Доколку се употребуваат внимателно, може да траат многу долго, а одржувањето им е многу едноставно.

    6.1. Роло комарници за прозорци

    Ваквите комарници се наменети за прометни места како што се прозорци со цвеќиња. Предност им е тоа што едноставно се дигаат и спуштат, или рачно со канап или автоматски, на електро погон. Тие може да се вградат дополнително на стари прозорци, а може да бидат и интегрирани, на нови.

    6.2. Роло комарници за врати

    Комарниците за прозорци нема да бидат од полза доколку вратата која многу почесто се користи, нема комарник. Предноста на ваквите роло комарници е скоро стопроцентна заштита од напади на инсекти. Поради роло механизмот комарникот брзо се отвора и затвора, па затоа е погоден за врата низ која често минувате. Роло комарникот може да го користат и деца, а и лица со посебни потреби, бидејќи долната лајсна е со ширина од само 3 мм.

    6.3. Лизгачки комарници

    Ваквите комарници се користат за големи отвори. Мое да се монтираат на панорамски прозорци, зимски градини или излез на балкон или тераса. Лизгачките комарници може да бидат еднокрилни, двокрилни или трокрилни. Рамот им е поцврст па нема потреба од внатрешни лајсни, а со тоа и погледот низ прозорецот е поубав. Лизгачките комарници се отвораат рачно, а може да се постават специјални рачки за отворање со ногата.

    6.4. Плисирани комарници

    Овој вид на комарници најмногу се употребува за панорамски ѕидови и големи балконски врати. Може да бидат единечни или дупли. Долната лајсна е широка само 4 мм што ги прави погодни и за премини без праг. Плисе комарниците може да се отвораат и затворат хоризонтално и вертикално.

    6.5. Комарници со крило

    Крилните комарници се пред се наменети за отвори низ кои често се минува, како што се врати од тераси и балкони. Профилите на ваквите комарници се многу тенки, па поради тоа може да се постават и заедно со ролетните или жалузините. Ги има во сите бои од РАЛ палетата. Крилните комарници најчесто се поставуваат на надворешната страна од вратата и се отвораат на надвор, но може да се постават и на внатрешната страна или како ,,каубојска врата‘‘.

    6.6. Фиксирани комарници

    Ваквите комарници се наједноставни и најпрактично решение. Може да се постават на секаков прозорец, но првенствено се наменети за прозорци и врати кои не се користат како премин. Комарниците се монтираат и фиксираат, а кога треба може да се извадат.

    6.7. Интегрирани комарници

    Интегрираните комарници стојат во прозорските рамки. Кога се спуштени, тие се сосема  невпечатливи, а може да бидат и комбинирани со некој вид сенки. Слабоста на вградените комарници е тоа што не може да се постават самостојно, туку со самиот прозорец, односно кога се монтираат при новоградба или реновирање.

    7. Перголи

    Перголите отсекогаш се популарен аксесоар на куќите бидејќи овозможуваат користење на терасата во врелите летни денови. Всушност, перголите преставуваат самостојна конструкција наменета за заштита од сонце, дожд и ветришта. Може да бидат од дрво, челик и од алуминиум, а тие се и најмодерни. Покривот на перголата може да биде полн или перфориран, од фиксни или подвижни летви, ребрест, а може да биде и платнен, со зеленило и така натаму. Подвижните лајсни овозможуваат сенчење според движењето на сонцето, односно , може да бидат сосема отворени или сосема затворени, како покрив. Доколку се поврзе со паметниот систем за управување на куќата и со електромотор, тогаш сенчењето ќе биде автоматско согласно однапред зададени параметри. Најголемата предност на перголите е нивната јачина што ги прави отпорни на многу силни ветришта.

    8. Брисолеј

    Брисолејот се цврсти сенки за прозорци, балкони и тераси. Тие се омисен додаток на објекти со современ изглед првенствено поради тоа што ја исполнуваат примарната цел-сенчење, а од друга страна изгледаат фантастично. Според начинот на кој се движат летвички, брисолеите се делат на вертикални и хоризонтални. Најчесто се алуминиумски, за градини и засебни објекти, но постојат и дрвени, кои бараат нешто поредовно одржување. Брисолејот може да биде фиксен или доколку е поврзан со мотор, подвижен.

    9. Монтажа

    Монтажата на надворешните сенки се одвива на два начини. Интегрираните сенки се вградуваат заедно со прозорците што ги прави погодни за пообемно реновирање и новоградба. Може да изберете интегрирани жалузини, ролетни или комарници. Другите надворешни сенки се монтираат дополнителни на прозорските рамки или врата или пак, директно на фасадата, веднаш над прозорски отвор. Понудувачот кој ќе го изберете најпрво треба да земе точна мерка и врз основа на неа да ја направи саканата сенка. За плисирани ролетни и жалузини се зема внатрешната ширина на стаклата, а за роло комарници надворешното растојание на ѕидовите. Самата монтажа може да трае неколку часа.

    10. Поправки

    Надворешните сенки се постојано изложени на секакви прилики и неприлики – на сонце, дожд, снег, ветар. Неправилната употреба или одржување може да предизвика расипување. Од друга страна, честата употреба исто така ги изабува механизмите и платното. Повеќето видови на сенки имаат долг век на траење, но оштетување може да предизвикаат разни фактор. Доколку тоа сепак се случи, ви препорачуваме најпрво да се распрашате дали повеќе се исплаќа да ги поправате или да купите нови. Замената на водилките или летвички секако е многу поевтина, за разлика од тоа да купите нови. Повеќето мајстори можат да ви понудат резервни делови и поправка на било кој вид надворешни сенки.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка на надворешни венецијанер ролетни

    Дали постои можност за монтажа на надворешни венецијанер ролетни на кос прозор ( слика во прилог), макар и да се фиксни на тој прозор. 5535 € до 9225 €

    ........

    Изработка на тенда за балконска тераса

    Потребна ми е изработка на тенда за балконска тераса. Површината е околу 14 м2. Потребно е земање на мерки на лице место. 16605 € до 27675 €

    ........

    Изработка на пергола

    Потребна ни е пергола,околу 6 до 8 м, со далински управувач и лед диоди. 138375 € до 230625 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изработка на дрвени капаци за прозорци и врати, 200 х 160 см ; 70 x 90 см
    Сенки, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Алуминиумски кепенци за прозорци, 12 ком
    Сенки, Прилеп

    2700 € до 4500 €

    Цена, Изработка на вертикални сенки подвижни - брисолеи, 7,6 м2 и 7,8 м2
    Сенки, Неготино

    675 € до 1125 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Сенки ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    11+ КОМПАНИИ ЗА Сенки
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА