За реон

    Соларни електрани Цена

    Колку би можело да чинат соларните електрани? Купувањето на соларна електрана е долгорочна инвестиција која, по досегашните проценки, може да се врати во рок од околу 15 години преку значително пониски месечни трошоци за потрошувачка на струја. Најголем степен на еднократна искористеност, помеѓу 15 и 17,5% имаат таканаречените монокристални силициумски ќелии кој се нешто поскапи. Поликристалните соларни ќелии се поевтини, а нивниот степен на искористеност е од 13 до 15%. Тие може да се користат како посебни подвижни модули кој се вградуваат на начин да го пратат сонцето. Ваквиот систем е поскап, но овозможува максимална искористеност на сончевата енергија. Цените на фотоволтаичните системи се доста различни, согласно бројот на модули, видот, типот и моќноста на соларните ќелии и дополнителните елементи, вградени во системот. Во пракса, е пресметано дека стандардна соларна електрана за семејна куќа? чини 2.000 и 3.000 евра, што преставува околу 100 до 180 евра/м2.

    Кому да ја доверите монтажата, а подоцна и одржувањето на соларната електрана? Пратете барање кај соодветни и оценети експерти за употреба на соларната енергија во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на соларни ќелии


    Цена на фотоволтаичен модул. Цена за набавка на панели со фотоволтаични ќелии од 250 W, без монтажа

    100.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    180.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Соларни електрани

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Фотоволтаични системи или соларна електрана - се што треба да знаете

    1. Фотоволтаични системи или соларна електрана – што се треба да знаете?

    Само одржувањето во секој поглед во денешно време преставува се поактуелна идеа. Животот во опкружување во кое престојот може да се организира на начин кој носи благосостојба, како на секоја единка, така и на природната околина, односно, опкружување во кое енергетските потреби се задоволуваат од обновливи извори, станува се почеста тема на разговор. Ниско енергетската пасивна градба , соларни електрани, подно греење од резервоар поврзан со топлинска пумпа, санитарна вода од резервоар со дождовница – сите тие се компоненти кој се почесто се употребуваат при градба на станбени објекти.

    Соларна електрана
    Сончевата енергија е бесплатна, неограничена и чиста, и затоа соларните централи се сè почести кај нас

     

    1.1. Предности

    • Соларната енергија е бесплатна, неограничена и чиста.
    • Со користење на чиста енергија го намалуваме емитувањето на јаглерод диоксид.
    • Работниот век на соларна постројка е околу 30 години.
    • Целиот систем лесно се монтира.
    • Соларната електрана енергијата ја користи директно, како дифузна сончева светлина.
    • Електричната енергија која нема да ја искористите, можете да ја продадете.
    • Одржувањето на соларна електрана е едноставно.

    1.2. Начин на работа

    Соларните постројки се составени од два дела. Првиот дел го прават соларни фотоволтаични модули кој ги претвораат електромагнетните бранови во електрична струја и напон.  Вториот дел е составен од елементи кој добиената струја ја пренасочуваат за одредени цели. Соларната ќелија ја претвора сончевата енергија директно во електрична. Сончевата светлина која паѓа на соларните ќелии ја придвижува активноста на електроните во нив, попрецизно, ги ,,натерува‘‘ да се движат, а со тоа движење се создава еднонасочна струја. Енергетскиот трансформатор, инвертерот, таа струја ја претвора во двонасочна и ја праќа во мрежата. Соларните ќелии најчесто се прават од силициум, кој пак, го има многу во земјината кора. Монокристалните ќелии на силициумот се најефикасни, од причина што имаат најголем степен на искористеност.

    2. Како и каде се поставуваат соларни електрани?

    2.1. Електрана на покривот

    Соларната електрана на покривот првенствено се користи за објекти со класична закосеност на покривот помеѓу 0° и 60°. Важно е покривот да биде во добра состојба, односно, во следните 30-тина години да може да издржи, бидејќи на толку се проценува работниот век на електраните. Би било идеално кога и двете косини од покривот би биле завртени на југ или да го пратат движењето на сонцето од изгрејсонце до негово залез. Нормално, и самата површина на покривот треба да биде доволно голема согласно потребите на објектот.

    2.2. Интегрирана електрана на покривот

    Специјален начин на поставување на соларна постројка преставува интегрирање на модул во примарното куќиште на покривот. Овој вид на монтажа е соодветен за новоградба, а и во ситуации кога се менува сиот покрив. Покрај тоа, овој вид  е естетски поприфатлив.

    2.3. Самостојна електрана

    Самостојната електрана е одличен начин да се искористи земјиште кое не може да се користи за друга намена. За овој тип на електрани најпрво се монтира под конструкција и тоа на начин и во положба која ќе им овозможи на модулите со фотоволтаичните ќелии даваат максимална енергија.

    2.4. Остров систем

    Ова преставува одлично решение за енергетско снабдување на семејни куќи и слични помали објекти, како што се викендички, планински куќички, оранжерии, камп приколки и сите останати привремени престојувалишта кој не може да се приклучат на јавна инсталација.

    3. Понудувачи

    Кога барате произведувачи, трговци или понудувачи на соларни постројки општо, треба добро да се распрашате за нивната стручна квалификација, сертификати и осигурување. Доста информации може да најдете на интернет, а може и да се распрашате кај пријатели и роднини кој веќе инвестирале во соларна постројка.

    На нашиот портал, Daibau.mk, ќе најдете понудувачи кој соработуваат со нас, а воедно може да ги видите и нивните референци, како и оценки од страна на клиентите. Наш совет е секогаш да барате повеќе понуди за да може да ги споредите, а и да донесете одлика за нивниот квалитет и конкурентност. На понудувачите би можело да им ги поставите следните прашања:

    • Дали ви се познати локалните прописи и процедури за добивање на дозвола за поставување на електрана и приклучок на јавната електромрежа? Добивањето на градежна дозвола, како и решение за поставување на соларен систем и приклучок на јавната електромрежа е прилично комплицирана, комплексна и долготрајна постапка. Се поставува прашањето дали вашиот понудувач има доволно искуство во тоа и дали ќе се погрижи за целата процедура или пак, само ви го продава уредот и опремата.
    • Дали можете да обезбедите препорака од останати купувачи во вашиот регион? Разговарајте со некој купувачи од вашата околина, бидејќи на тој начин, најдобро, од прва рака, ќе дознаете се за предизвиците со кој тие се соочиле и на кој начин ги решиле.
    • Дали вашата компанија поседува лиценца и сертификати? Фотоволтаичкиот систем мора да го монтира искусен, обучен и квалифициран монтер. Тоа конкретно значи дека мајсторот или подизведувачот поседува лиценца од страна на производителот, како и од локалната електродистрибутивна компанија.
    • Каква гаранција има системот кој го купувам? Кој го гарантира функционирањето и одржувањето на системот? Повеќето соларни електрани имаат индустриска гаранција (најчесто на 20 години за соларните ќелии и 10 години за енергетскиот претворач, инвертерот). Добрите гаранции често се знак а квалитет на опремата која ја користат монтерите. Многу е важно да знаете чија одговорност е одржувањето на системот и евентуални поправки. Во најголем број на купопродажни договори се бара и одржување од изведувачот.
    • Дали вашата компанија има судски спорови или хипотека? Како и за сите останати работи, така и овде, треба да бидете внимателни.
    • Што точно нудите? Во понудата мора јасно да биде наведена фактичката состојба – максималната производна моќ на системот, во волти (W) или киловолти (kW); проценка на количината енергија што системот ја произведува на годишно или месечно ниво, искажано во киловат часови (kW/h). Овој број ви е најважен, за д можете да направите споредба со сметките кој ги добивате од ЕВН. Понатаму, понудата треба да го содржи и вкупниот трошок за функционирање на системот – придвижување на системот, машинска и електроопрема, монтажа, приклучок, дозвола, данок и гаранција. Проценетите трошоци за киловат часови се најдобро мерило за споредба на различни понуди од различни трговци, од причина што користат разновидна опрема или нудат системи со различна големина и моќност.

    4. Различни видови на соларни системи

    Постојат три основни видови на соларни системи за домаќинството:

    4.1. Мрежен систем

    Преставува најчесто употребуваниот систем за домаќинства. Составен е од покривен соларен колектор кој произведува еднонасочна струја и конвертор кој ја претвора во двонасочна, соодветна за напојување на домашните уреди и апарати. Вишокот кој овој систем може да го произведе се насочува во електромрежата. Во тек на ноќта или во периоди кога произведувањето на енергија е мало, системот зема струја од јавната мрежа. Овие модули обезбедуваат и резервно напојување во случај на ,,излегување‘‘ од мрежата.

    4.2. Хибридни системи

    Овие системи се слични на мрежните, а имаат батерија за складирање на вишокот енергија која ја даваат колекторите. Во текот на ноќта или кога колекторите не работат, може да се користи енергијата од батеријата, наместо од електромрежата. Овие системи често се употребуваат во краишта каде што честопати се случува ,,излегување‘‘ од мрежата.

    4.3. Самостојни системи

    Самостојната соларна постројка не се приклучува на јавната мрежа. Во таков случај, неопходно е енергијата која е произведена во колекторите да биде доволна за сите потреби на домаќинството. Овие системи се поголеми, а и поскапи, од причина што е неопходно да се постават повеќе колектори, акумулатори и конвертори кој произведуваат, конвертираат и пренесуваат струја до потрошувачот ви куќата дури и тогаш кога системот послабо работи или воопшто не работи. При планирање на надворешната мрежа на соларниот систем треба точно и прецизно да се измери просечната потрошувачка и потреба на домаќинството, за да се предвиди и помошен генератор.

    5. На кој начин до соларна електрана

    5.1. Одредете ја енергетската ефикасност на вашиот дом

    Пред да донесете конечна одлука во врска со поставување на соларна електрана, ќе биде неопходно добро да се запознаете со начинот на производство и потрошувачка на електрична енергија, како и вашите реални потреби за истата. Можеби постојат поевтини можности за помало подобрување и прилагодувања, со кое би можеле да го направите вашиот објект енергетски поефикасен, пред да поминете на следниот чекор.

    5.2. Направете проценка на потенцијалот на вашата куќа

    Пробајте да направите проценка на потенцијалната употребливост на сончевата енергија. Фотоволтаичните системи за производство на електрична енергија користат директна и индиректна сончева светлина, што ја прави нашата гео положба поволна за користење на овој вид на извор на енергија. Меѓутоа, количината на енергија која системот реално може да ја произведе на одредена локација, зависи од изложеноста на сонце, како и од големината на самиот систем. При оваа проценка може да ви послужат картографски и други податоци од интернет.

    Имајќи во предвид дека сончевата енергија интензивно може да се користи од 15 февруари до 15 ноември, при што просечен број на сончеви часови во текот на годината изнесува околу 2148, според мерењата на зрачењето од страна на Хидрометеоролошкиот завод на Република Северна Македонија просечниот интензитет на сончево зрачење на територијата на Северна Македонија изнесува околу 4,06 kWh/m2/ден, што на годишно ниво дава помеѓу 1200 и 1650 kWh/m2, а тоа практично значи, теоретски, дека расположливата корисна енергија е околу 624 (TWh/год). Замислете каков е тој потенцијал!

    5.3. Проценете ја идната потрошувачка на електрична енергија

    Доколку сакате да добиете што подобра понуда за соларен систем, особено кога станува збор за неговата големина и моќност, ви препорачуваме да ги дознаете следните информации:

    Направете преглед на сите сметки за струја неколку години наназад, за да може да видите колку трошите во просек. Потрошувачката на сметките е изразена во киловат часови (kW/h). Погледнете ја потрошувачката за секој месец поединечно; некои месеци сигурно трошите повеќе, а други помалку (на пример во лето, кога се вклучува климата или во зима за греење и слично). Обрнете внимание на сите промени и дали истите се повторуваат периодично. Доколку планирате доградување на куќата или планирате да купите електричен автомобил, треба да знаете дека ќе имате зголемена потрошувачка. Но, ако ја дополнително ја изолирате фасадата или покривот, можеби ќе трошите помалку струја.

    5.4. Субвенции

    Што се донесува до субвенциите, во областа на примена на соларната енергија како вид на производство на електрична енергија истата е регулирана со  Правилникот за обновливи извори на енергија донесен од страна на Министерството за економија, согласно Законот за енергетика во 2019 година каде се воведуваат производителите-потрошувачи како нови учесници на пазарот. Согласно Правилникот потрошувач-производител е домаќинство, мал потрошувач, буџетски корисник кој може да изгради постројка за  производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија  го предава во  електродистрибутивната мрежа. Досега потрошувач-производител може да го предава вишокот на произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа ако, меѓу другото, не е снабдуван со електрична енергија од универзалниот снабдувач. Владата на предлог на Министерството за економија ја донесе Програмата за промоција на обновливите извори на енергија во домаќинствата за 2022 година. Средствата на оваа програма во вкупен износ од 30.000.000 денари ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фото напонски панели за производство на електрична енергија до 4 КW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство “. Оваа мерка за прв пат се воведе во 2021 година.

    Од погоре наведеното пред да започнете со поставување на соларен систем, добро распрашајте се за моменталните услови за субвенции.

    5.5. Соработувајте со добавувачот

    Производителите и продавачите на соларни електрани при купување најчесто ви обезбедуваат и помош околу добивање на потребна употребна дозвола. Исто така, тие може да ви го препорачаат најдобриот систем согласно вашите потреби и очекувања. Големината и моќноста на електраната се проценува согласно потребите н домаќинството, но и според следните фактори:

    • локација на објектот и количината на расположива сончева енергија,
    • големината, ориентацијата и косината на покривот на кој ќе се поставува системот,
    • ефикасност на системот,
    • останати избори на енергија кој се на располагање во околината – електромрежа, ветроелектрана или генератор и така натаму.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Соларен систем за куќа

    Потребна е изработка на цоларен систем за целата куќа, колектори за стуја и вода. 1107000 € до 1845000 €

    ........

    Изведба на кровна соларна централа

    На објект со надворешни димензии 18*18 со внатрешна квадратура од 600 м2, кровна површина над 400 м2, сакам да поставам соларни панeли од 30-40 KW. со монтажа и пуштање во употреба, 442800 € до 738000 €

    ........

    Понуда за соларна електрана

    На кров на објект се поставени и поврзани 38 соларни панели со моќност од по 560 W. Потребно е да се доврши проектот т.е. да се поврзат панелите на инвертор со моќност од 44.2 KW бидејќи на објектот има доволно простор за дополнителна монтажа на соларни панели до 79 на број и да се направат сите потребни зафати за поврзување на соларната електрана на дистрибутивна мрежа. Значи потребна ми е понуда колку би чинело сето ова заедно. 138375 € до 230625 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ







    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Соларни електрани?

    Соларни електрани ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    30+ КОМПАНИИ ЗА Соларни електрани
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА