За реон

    Специјални градежни работи Цена

    Колку чинат специјалните градежни работи? Специјалните работи на градилиште опфаќаат голем број работи – изградба на темел и побивање купови, бушење и копање на ендеци, поставување на метална конструкција, виткање арматура, бетонирање, поставување на оџаци и печки (индустриски и останати), работи поврзани со хидроизолација., но и монтажа и демонтажа на платформи, плочи, скелиња, како и машини за подигање и поместувања на товар и останата градежна механизација. итн. Цените се различни во зависност од обемот и видот работа, а секако и од изведувачот.

    Кому да го доверите изведувањето на специјални градежни работи? Пратете барање до соодветни и оценети професионалци за специјални градежни работи во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на бушење бетон


    Цена за бушење дупка во армиран бетон со дебелина 20 цм.

    25.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    36.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Специјални градежни работи

    Ѕидање на оџак


    Колку може да чини изградбата на оџак? Цената на оџакот, пред сè, зависи од тоа дали се ѕида нов оџа...

    Проверете и: Ѕидање оџак Цена

    Хидроизолација на темели, подруми


    Колку чини хидроизолацијата на темелите? Хидроизолацијата на темелите може да се направи на неколку ...

    Проверете и: Хидроизолација на темели, подруми Цена

    Сечење на бетон


    Колку може да чини бушење со дијаманти или сечење бетон? Цената на бушење со дијаманти зависи од диј...

    Проверете и: Сечење бетон Цена

    Набивање темелни столбови-колци


    Колку може да чини закотвување на објектот? Цената на набивање на столбови зависи од многу фактори, ...

    Проверете и: Шипови Цена

    Брусење на бетон


    Колку чини полирањето бетон? Цената за брусење на бетонскиот под зависи од состојбата на подлогата (...

    Проверете и: Брусење бетон Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Градежни работи - се што треба да знаете

    1. Градежни работи – што се треба да знаете?

    Во Македонија, а и во регионот, од сите видови куќи, сеуште најпопуларни се класичните ѕидани куќи. Причина за тоа, пред се е можноста за работа во фази – класичната градба може да се изведува со прекини, па потоа да се продолжи, согласно можностите и ситуацијата. Следна, многу важна работа е, изведбата на одредени работи во сопствена режија. Може да се каже дека и во денешно време владее сосема погрешно мислење дека класичните куќи не можат да имаат доволна енергетска ефикасност според пропишаните стандарди. Меѓутоа, сосема е јасно дека најновите видови на градежни и останати материјали достапни на пазарот, овозможуваат изградба по сите правила одредени за ниско енергетски и пасивни куќи. Најважно во тој процес е правилната изолација, всушност, видот и дебелината на термоизолација на ѕидовите и темелот, односно, непропустливост на столаријата, за да се избегнат т.н. топлински мостови.

    Градежни работи
    Најголемиот број луѓе во нашиот регион се одлучуваат за класична куќа ѕидана од тули

     

    1.1. Непредвидени трошоци

    При изградба на куќа, практично е невозможно да се избегнат непредвидени трошоци. Тие може значително да се намалат со внимателно и квалитетно планирање уште во фаза на подготовка на проектната документација, а подоцна со прецизна примена и реализација на истите планови на терен. Цената на самата проектна документација не е мала, но во споредба со штетата која може да се направи во пракса, на градилиштето, на крај излегува занемарлива. На пример, ако немате точен и детален опис на работите, т.н. премер, при изборот на видот и количината на материјалот, ќе бидете препуштени на милост и немилост на трговците и изведувачите, бидејќи секој од нив го гледа само својот интерес.  На пример, не може да се нарачаат повеќе санитарни елементи од потребните (повеќе кади или туш кабини), но се случува да се земат поголеми количини од поскапите градежни материјали или оние за конструкција, кои подоцна ќе ги употребат на друго градилиште. Вакви ситуации можете да избегнете така што инженер статичар ќе ви направи точен план и опис на конструкцијата со финансиска пресметка на која изведувачите ќе мора да се придржуваат. За да знаете што тоа значи, имајте на ум дека неколку сантиметри армирани бетонски плочи значи поголем трошок за неколку илјади евра. За тие пари можете да добиете квалитетен проект кој ќе ви овозможи заштеда во сите следни фази на изградба. А грижата околу безбедноста на конструкцијата да не ја ни спомнуваме! Со еден збор, повеќето непредвидени трошоци можете да ги избегнете со правилна и квалитетно изработена документација, со точен и детален премер и добар надзор на градилиштето.

    1.2. Не треба да го намалите трошокот на сметка на квалитетот

    Кога ги разгледувате понудите на цени од проектантите, изведувачите и материјалот, не треба да паднете во искушение да ги намалите трошоците на сметка на квалитетот. Можете да заштедите од друга страна – со мудри одлуки при планирање на самата куќа, избор на материјалот и слично. Не откажувајте се од саканата удобност и функционалност, можете да ја намалите квадратурата или пак голем плац да го поделите и еден дел да продадете или пак, соединети со некој и да направите куќа за две или повеќе семејства и слично.

    1.3. Плоча за темел наместо појасен темел

    Во минатото најголем број куќи се правени со појасен темел и тоа не изолиран, што по стандардите за енергетска ефикасност е незамисливо. Подобро решение преставува темелна плоча на дебел слој термоизолација, која помеѓу останатото, овозможува акумулација на топлина во темелната плоча. Кај пасивните куќи термоизолација на темелната плоча од долната страна е обврзувачка, но многумина, поради помали трошоци, најчесто се одлучуваат изолацијата да биде од горната страна.

    1.4. Цени за градба на куќа

    Според процените метар квадратен за градба на куќа изнесува околу 1.000 евра. Тоа е цена за класично ѕидана куќа со материјал со среден квалитет. Така на пример, куќа од 120 м2 може да биде 120.000 евра, при тоа сметајќи дека поединечни елементи од куќата влегуваат во цената на следниот начин:

    -       темелна плоча околу 10%,

    -       носечки ѕидови/конструкција околу 16%,

    -       покрив околу 11%,

    -       фасада околу 8%,

    -       надворешна столарија околу 10%,

    -       внатрешни скали околу 1%,

    -       подови околу 2,5%,

    -       подни облоги околу  5%,

    -       малтерисување на ѕидови и таван околу  2,5%,

    -       преградни ѕидови околу  2,5%,

    -       електроинсталација околу  5%,

    -       греење околу  4-12%,

    -       канализација околу  1%,

    -       внатрешна столарија околу  3%

    -       санитарија околу  5%.

    2. Избор на шеф на градилиштето и изведувач

    Во тек на класична градба многу лесно може да дојде до поголеми пропусти кој кај монтажната градба не се можни затоа што елементите од производство доаѓаат како готов производ. Во фабриките деловите се прават и обработуваат во затворен простор без влијание на атмосферски фактори и под постојан надзор. Кај класичната градба грешките може да се избегнат со ангажирање на искусен шеф на градилиште и добар изведувач на работите. Друг начин за спречување на штети и зголемување на трошоци настанати од непредвидени проблеми е изградба на куќа по системот ,,клуч на рака‘‘. Во таков случај, дури и кога ќе се случи нешто, изведувачите не можат да ја префрлаат вината од еден на друг.

    2.1. Градежен надзор

    Задачи на шефот на градилиште се следните:

    - Учествува во одбележување на земјиштето согласно проектната документација и продолжува редовно да ја прати градбата на терен.

    - Обезбедува квалитетен надзор со што овозможува завршување на објектот согласно дозволите, документацијата и прописите.

    - Усно и писмено ги предупредува изведувачите доколку утврди неправилности во работата, спротивни на позитивните законски прописи.

    - Доколку неправилностите не се поправат или продолжи кршење на законот, ја застанува градбата и повикува инспекција.

    - Благовремено ги предупредува инвеститорите околу потребата за измени или дополнување на документацијата за изведба на проектот и истото го синхронизира со проектантот и со инвеститорот.

    - Врши надзор врз внесување измени од страна на изведувачот во Градежниот дневник и документација кој се основа за добивање употребна дозвола.

    - Дава информативна и професионална поддршка на учесниците во подготовка на пропишаната документација.

    - Ги презема сертификатите за усогласеност и квалитет на градежните и останати производи, материјал и опрема.

    - Врши проверка и со свој потпис ја потврдува адекватноста на документите потребни за добивање на употребна дозвола.

    - Учествува во отстранување на недостатоци до завршување на административната постапка.

    - Присуствува на мерења, испитувања и тестирања.

    - Обезбедува координација во работата на различни експерти.

    2.2. Изведувачи

    Задачи на изведувачот на работите се следните:

    - Да обезбеди квалитетна градба, минимум таква каква што е пропишана со закон.

    - Изведба на градежните работи согласно градежната дозвола и документација од проектот, договорот и правилата и прописите на струката.

    - Води Градежен дневник.

    - Благовремено го известува шефот на градилиштето за секоја фаза од градбата.

    - Задолжен е да обезбеди заштита при работа и спречување на загрозување на средината.

    - Ја тргнува оградата и обезбедува пристап по завршување на работите, чистење и транспорт на отпадот од градилиштето.

    - Потпишува изјава за завршеток на работите и доказ за безбедност.

    3. Видови градежни работи

    Во градежни работи се вбројуваат многу видови на работи неопходни за ѕидање или реновирање на куќа, стан или поодделни простории, како на пример купатила. Тука влегуваат и работи околу рушење, земјани работи, армирачки и тесарски работи, како и бетонирање, асфалтирање, поплочување и уредување на надворешни површини и околината.

    3.1. Рушење

    Рушењето може да биде едноставно или комплицирано (во зависност од големината и специфичноста на објектот). Кога станува збор за наменска градба па се руши постоечки и се ѕида сосема нов објект, се врши рушење со механизација. При реновирање и адаптација, рушењето се работи рачно. Откако ќе се заврши со рушење, шутот се носи на соодветна депонија и се добива потврда која е дел од документацијата, односно, обврзувачки прилог на техничкиот преглед на објектот.

    3.2. Земјани работи

    Земјаните работи спаѓаат во првата фаза на изградба, поради што е многу важно да се изведуваат стручно и квалитетно за да може сите следни работи да се одвиваат континуирано и без проблеми. Во земјани работи спаѓа машински и рачен ископ, правење насип и подготовка на градежна јама за поставување темел. Околу објектот се прави дренажа, се вградуваат и зацврстуваат талпи или гео текстил за да се спречи одрон, па на дното на јамата се набива чакал. Откако ќе се заврши со градба, површинскиот дел од остатокот од јамата се насипува со земја.

    3.3. Тесарски работи

    Во овие работи, покрај правењето на покривна конструкција, настрешница и градежна скела, се вбројува и правење на оплати за плочата од армиран бетон, ѕидовите како и хоризонталните и вертикалните врски, скалите и останатата конструкција. Оплатите може да бидат еднострани и двострани.

    3.4. Бетонски и армирачки работи

    Вака се нарекуваат сите работи поврзани со бетон. Доколку на бетонот му се додаде железна арматура, тој станува армиран. Професионално направената бетонска конструкција гарантира стабилност и безбедност на објектот, па затоа бетонските и армирачките работи се едни од најважните за секој објект. Тука спаѓаат бетонирање на темел, темелна и катна плоча, врски и потпорни/упорни ѕидови, одржување на бетонот во тек на градбата, виткање, поставување и врзување на арматурата, рамки, мрежи и друго.

    3.5. Ѕидање

    Во ѕидарски работи спаѓаат ѕидање со тули, бетонски блокови, сипорекс, градба на потпорни/упорни ѕидови, оџаци, обработка на греди, подѕидување, малтерисување, рамнење на ѕидови и сите видови хидроизолација.

    4. Фази на градба и рокови

    Откако ќе се комплетира проектната документација и ќе се добие градежна дозвола, градбата може да почне.

    4.1. Фази на градба

    Во првата фаза на градба се подготовка земјиштето за градба и се поставува градилиште. Тоа значи дека се врши одбележување на тлото според проектната документација, ископ на градежна јама, дренажа и правење темел. Првата фаза на градба чини најмалку финансиски и изнесува околу 3%. Втората фаза се состои од поставување конструкција  и носечки ѕидови; тука спаѓа и носечката конструкција на катовите, ѕидовите, плоча, столбови, носачи, мансарда и покривна конструкција. Во третата фаза од градбата се работи кровот  и покривање на истиот и сите други работи поврзани со тоа. Финансиски гледано, втората и третата фаза носат околу 40-45% од вкупната сума, од што најмногу чини носечката конструкција. Четвртата и петтата фаза од градбата се најскапи бидејќи чинат половина од вкупната инвестиција. Во четвртата фаза се работат сите видови инсталации, се вградува столаријата, се работи фасадата и подовите. Петтата фаза од градбата се состои од завршни работи од секаков вид. Најголем дел од трошокот оди на инсталациите (водовод, греење, ладење, струја).

    4.2. Траење на фазите и рокови

    Колку ќе траат работите пред се зависи од изведувачот. Доколку имате на располагање повеќе финансии, може да ангажирате градежна компанија која ќе ја води севкупната работа по принципот систем ,,клуч на рака‘‘. Во тој случај градбата оди брзо и куќата може да биде готова за 4-5 месеци. Сепак, овој начин е доста поскап во однос на тоа сами да ангажирате мајстори за одредени работи и сами да ја организирате работата. Во овој случај ќе ви треба околу една година да ја завршите куќата. Доколку пак се одлучите за фазна градба и парцијално финансирање, работите може да потраат и повеќе години. Со оглед на тоа дека куќа се гради еднаш во животот, а дека во неа се живее со децении, ви советуваме кон се да пристапите темелно и промислено, особено на самиот почеток, односно уште додека правите планови со архитектот и ги разгледувате деталите само на хартија.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Барате добри изведувачи за реонот Специјални градежни работи?

    Специјални градежни работи ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    12+ КОМПАНИИ ЗА Специјални градежни работи
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА