За реон

    Стакленик Цена

    Колку чини стакленик? Цената на стакленик зависи од неговата големина, материјалот за конструкција и покрив, бројот на отвори и евентуално систем за наводнување. Цената на стакленици за домашна употреба направена од поцинкувани челични цевки, а покриена со полиетиленска фолија со големина 4x6 м (24 м2), без монтажа, се движи околу 800 евра. Доколку се одлучите стакларникот да го монтираат мајстори, тоа ќе ве чини уште 100 евра, така што стакленик со полиетиленска фолија со конструкција од поцинкувани челични цевки со лизгачка врата излегува помеѓу 35 и 50 евра/м2. Доколку станува збор за лесна конструкција која се склопува, може доста да заштедите со купување на половен стакленик.

    Кому да ја доверите изработката на стакленик? Пратете барање на соодветни и оценети стаклари или експерти за стакленици во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на стакленик


    Цена на стакленик. Стакленик од полиуретанска фолија и челични поцинкувани цевки со подвижна врата.

    35.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    48.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Стакленици, оранжерии

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Стакленици - се што треба да знаете

    1. Стакленици - цени, намена, видови. Што се треба да знаете?

    1.1. Поделба според намената

    Доколку сакате да купите стакленик, најважно е да знаете за што ќе ви служи. Различни видови стакленици имаат различна намена. Доколку стакленикот треба да ви служи како расадник или во него во зима да чувате цвеќе, таквиот се прави сосема поинаку од на пример, оној кој би го користеле како зимска градина, пластеник, односно зеленчукова градина. Некои стакленици подобро акумулираат топлина, некои имаат поголема употребна површина и така натаму.

    Пластеници
    Пластеник покриена со поликарбонски плочи

     

    1.2. Загревање на стакленик

    Стаклениците може да се греат, а може да бидат и без дополнително греење. Оние со греење имаат поширока примена бидејќи може да се користат за расад и презимување на билки бидејќи им се продолжува времето на вегетацијата. Може да служат и во фазата на пуштање корени при размножување пред да се засадат на отворено. На крај, одгледување на егзотични растенија не е можно без греење.

    1.3. Големина и проширување на стакленици

    Секогаш препорачуваме, доколку сте во можност да се одлучите за модуларни стакленици од причина што истите на многу едноставен начин може да се прошират  по потреба. Може да се случи некоја година таквото проширување да биде неопходно согласно потребите, иако е најдобро истите да се пресметаат и предвидат што попрецизно пред самото купување и монтирање на стакларникот. Покрај тоа, треба да се предвиди и доволно простор за слободно движење помеѓу полиците или редовите. Полиците најпрво треба да бидат доволно длабоки заради растенијата, но не подлабоки од 60 цм ниту пак пошироки од 100 цм за да можете да го дофатите онаа што стои на нив. Во стакларникот мора да има и доволно место за голема маса на која ќе работите со билките.

    2. „Направи сам“ или готов стакленик?

    2.1. „Направи сам“

    Најпрво треба да се одлучите дали ќе правите стакленик сами или ќе купите готов, фабрички. Ви препорачуваме да се нафатите да работите сами само доколку не постои друго решение. Стручно направен и поставен стакленик сосема сигурно ќе биде подобар, подолго ќе ви служи, а ќе ви заштеди многу работа и трошоци. Со тоа ќе добиете секако повеќе од било кој аспект. Сепак, доколку го склопувате сами имајте на ум дека помасивна конструкција значи и помалку светлост а и помалку топлина. Во обични продавници нема да можете да најдете соодветни елементи ниту пак оков што ви е потребен, со што импровизацијата ќе бара повеќе труд и непредвидени трошоци.

    2.2. Фабрички стакленик

    Кога купувате готов стакленик, ви советуваме да не се одлучите за најевтиниот, обично таквите ги има по поголемите трговски центри, расадник или специјализирани продавници. Доколку сте во можност, изберете поскап, а поквалитетен.

    Стакленици
    Стакленикот треба да биде што поблиску до куќата

     

    Цврсти материјали

    Ви советуваме да обрнете посебно внимание на тоа колку е цврст рамот, односно, конструкција на стакленик. Најдобро е кога рамот е од цврст и издржлив материјал кој може да носи о до 100кг и да поднесе силни удари од ветар. Во нашите краишта постојат нагли временски промени како и силни ветришта, поради што конструкцијата мора истите да ги издржи, а самиот стакленик да не биде потполно уништен или пак да заврши во комшискиот двор. Понатаму, конструкцијата да трпи и наноси од снег, за да не сте приморани цела ноќ да чистите снег од покривот за да не се сруши.

    Добро проветрување

    Покрај цврстиот рам на конструкцијата, од големо значење е самиот стакленик да има добро проветрување. Добрата вентилација, макар и вештачка доколку е потребна е многу важна за заштита на билките од болести или употреба на хемиски средства. Проветрувањето на стакленикот е важно од повеќе причини. Најпрво поради влагата, која не смее да ја има во самиот стакленик, а второ поради одржување на константна температура. Во помали стакленици, дури и во зима, температурата може да биде и повисока од 30°C. Со отворање на врата или помал прозорец на покривот не е доволно да се изедначи температурата. Добро проветрување понекогаш се постигнува и со отворање на бочните страни, притоа треба ваквите бочни крила да не досегаат до дното, односно, да не бидат од земја до таван. Најдобро е кога долната половина на бочните ѕидови е фиксна, а отворот да почнува дури на еден метар од тлото. На тој начин, при утринското проветрување, расадот се штити од ноќниот мраз кој особено во пролет го има на тлото, ноќе и наутро пред изгрејсонце. Проветрувањето во лето е особено важно при високи температури бидејќи без да се проветри добро, билките сосема ќе овенат.

    3. Поделба според видот

    3.1. Според материјалот

    Изборот на материјал за рамот на конструкцијата зависи од начинот на употреба, барања за одржување и изгледот. Рамот на стакленикот најчесто се прави од дрво, алуминиум или челик.

    Дрвен стакленик

    Дрвото е најдобар материјал од сите три наброени, во секој поглед, од причина што ја задржува топлината најдобро од сите. Сепак, има и слаби карактеристики како што се високата цена и многу тешко одржување.

    Алуминиумски стакленик

    Алуминиумскиот рам е лесен и не бара ногу одржување. Меѓутоа, алуминиумот не ја задржува топлината.

    Челичен стакленик

    Челичниот рам е најскап, но наједноставно се поставува, а покрај тоа, овозможува вградување поголеми стакла. Бара редовно одржување.

    3.2. Поделба според оплати

    Стаклените плочи се најдобри за стакленици. Стаклото за стакленици е специјално бидејќи е потенко, а поскапо поради премазите кои овозможуваат подобро пропуштање на светлоста, а задржување на топлината. Слабост му е тоа што лесно пука и се крши.

    Пластичните плочи не се толку добри. Поскапи се, по осетливи и се заматуваат со тек на времето. Слабо поднесуваат топлина, а поради постојаното загревање стануваат се покрути и се кршат.

    Поликарбонските плочи се практични поради тоа што тешко се кршат и се добар изолатор, но скапи се, неотпорно на оган а и бојата им е непостојана.

    4. Каде треба да се постави стакленик

    Сонце

    Прво правило за ориентирање на стакленикот во просторот, односно, местото на поставување е истиот да биде поставен во делот на дворот кој најголем дел од денот е изложен на сонце.

    Положба

    Многу е важно стакленикот да биде поставен така да го прати движењето на сонцето, односно, влезот, предниот дел да биде свртен на исток, а задниот накај запад со што билките ќе бидат изложени на топлина и светлост во тек на целиот ден.

    Заветрина

    Најдобро е кога стакленикот може да биде во заветрина; струењето на воздух за билките е одлично, но силни удари на ветар или постојана изложеност на ветар може да го оштетат стакленикот.

    Вода

    Стакленик никогаш не треба да се постави во подножје на возвишување, ниту пак во котлина, односно, на места каде што слевањето на вода после обилни врнежи може да се задржи и да ги оштети самите растенија. Исто така, ниту пак на места со високи подземни води не е добро да се одгледуваат билки.

    Блиску до куќата

    Колку поблиску до куќата, толку подобро. Најпрво поради количината на водата која е потребна за наводнување, што може да биде и напорно и тешко. Од друга страна практично е да биде блиску до куќата и за во зима, кога по лошо време, лесно можете да дојдете до свежи зачини, зеленчук или цвеќе.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Стакленик за училишни потреби

    Стакленик за училишни потреби во кој учениците ќе можат да го набљудуваат и управуваат животниот циклус на растенијата. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........

    Изработка на стакленик - стаклена градина

    Потребно ми е стаклена градина - стакленик со димензии 4.10 м X 4.7 м X 3 м висина. Од 4 страни со стакло. Од едната страна има ѕид. 66420 € до 110700 €

    ........

    Izrabotka na staklarnik greenhouse gradina- itno e !

    Potrebno e izrabotka na staklarnik. Staklarnikot treba da izdrzi udar od grad (sto znaci treba izdrzlivo krovno staklo, i isto taka treba da e dobro termicki izolirano. Namena e da rasteme patlidzani jagodi i slicno vo esen, zima i proleten period. Od energetski efikasen aspekt bitno e da moze da zadrzuva toplina sto e mozno podobro, vo leto nema da se koristi.

    Staklarnikot ke se izveduva na otvorena terasa, podot e od plocki, ceresit 17ka lepak i betonska ploca, bitno e da e dobro ankerisan za podot so debeli strafovi za da moze da izdrzi silen vetar. sliki za primer 38745 € до 64575 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Иѕработка на стакларник за цвеќиња, 3 м х 2 м
    Стакленици, оранжерии, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Понуда за оражерија или пластеник, 2500 м2
    Стакленици, оранжерии, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изведба на стакленик, 500 м
    Стакленици, оранжерии, Гостивар

    360 € до 600 €

    Цена, Понуда за обнова на стар училишен стакленик, 10 м х 6 м
    Стакленици, оранжерии, Прилеп

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на пластеник, 500 м2
    Стакленици, оранжерии, Градско

    6300 € до 10500 €

    Цена, Изработка на 3 пластеника со автоматизација на отварање на вратите и горните делови, 350 м2
    Стакленици, оранжерии, Скопје

    9000 € до 15000 €

    Цена, Стакленик со црна алуминиумска конструкација и стакло, 20 м2
    Стакленици, оранжерии, Македонски Брод

    1800 € до 3000 €

    Цена, Изравотка на стакленик за зеленчук, 2 x 6 м
    Стакленици, оранжерии, Неготино

    225 € до 375 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Стакленици, оранжерии?

    Стакленици, оранжерии ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    7+ КОМПАНИИ ЗА Стакленици, оранжерии
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА