За реон

    Стакло, стаклар Цена

    Колку чинат стакларски услуги? Да ја пресметате цената на застаклување на неколку површини и елементи, воопшто не е лесно, бидејќи сето тоа зависи како од самото стакло, така и од неговата изработка. Цената на стаклена лизгачка врата, на пример, се разликува по големината на крилата, лизгачкиот механизам, како и финалната обработка на самото крило. Тоа значи дека, за внатрешна лизгачка стаклена врата со стандардни димензии, со механизам, оков и носачи, би можеле да платите околу 350 евра. Исто така, цената на кујнската стакларија зависи од димензиите и видот на стакло, како и, а не помалку важно, од самиот стаклар. Калено огноотпорно стакло со дебелина од 8 8 мм без посебни специјални бои може да чини околу 20 евра/м2 додека пак калење се наплаќа околу 25 евра/м2.

    Кому да ја доверите изработката на стаклени елементи? Пратете барање до соодветни и оценети стаклари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на замена на стакло од прозорец


    Цена на замена на стакло од прозорец. Цената за замена на термопан стакло 4-12-4.

    40.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    54.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Стакло, стаклар

    Стаклени огради


    Колку чини стаклена ограда? Цената на должен метар стаклена ограда зависи од висината и начинот на м...

    Проверете и: Стаклени огради Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Стакло, стаклар - што се треба да знаете

    1. Стакло, стаклар – што се треба да знаете?

    Стаклото по цена е прифатлива и лесно достапно, а како материјал повеќенаменски и многу практично. Постои стакло во многу варијанти и форми, а секое од ние е еколошко и може да се рециклира. Многу е практично и лесно се одржува. Од естетска гледна точка исто така е многу прифатливо бидејќи на секое стилско решение му додава одредена доза на елеганција, авангардност и храброст, а може да се комбинира со повеќето видови материјали кои се употребуваат за внатрешно уредување. Стаклото внесува светлина во просторот, свежина и чистота што остава впечаток на проветреност, пространство и смелост.

    Стакло во домот
    Стаклото внесува светлина во секоја соба и остава впечаток на чистота и просторност

     

    1.1. Нови технологии

    Мазните стаклени површини лесно се одржуваат, а на било која просторија и додаваат нота на едноставност, префинетост и допадливост, па се како создадени за купатила и кујни. Со помош на најновите технологии во денешно време својствата на стаклото се подобрени и се прилагодуваат на многубројни начини на употреба. Технологијата на лепење и калење до толку се напреднати со што стаклото се употребува многу повеќе од кога и да е. На тој начин е направено стакло отпорно на високи и ниски температури, влага и кршење; на пример, стакло за туш кабини во денешно време е такво што по него не се задржуваат капките од вода, со што не се создава бигор, ниту пак дамки.

    1.2. Стаклени предмети во домаќинството 

    Стаклото може да се употребува било каде во домот. Тоа е составен дел на мебелот, туш кабината, плочки, кујнски пултови, фронтови, ормани, скали, огради, преградни ѕидови, панорамски прозорци и останати делови на покуќнината. Стаклото е омилен материјал за работа поради својот сјај и рефлексивност кои внесуваат длабоко во просторот светлост благодарение на рефракција, а со самото тоа и топлина како и чувство на отвореност и неограниченост. Во продолжение на текстот ќе наброиме некои примери на начини на употреба и видови стакла.

    1.2.1. Стаклени ѕидови и врати

    Стаклото може да се употреби и како ѕид. Стаклен преграден ѕид може да биде од бистро, матно, обоено или армирано и калено стакло или пак од стаклени тули, идеални за одделување на простории или само нивни делови, а просторијата сепак да изгледа како единствен простор. Преградни ѕидови од стакло визуелно го зголемуваат просторот, поради што преставуваат идеален избор за мали кујни или тесни ходници. Подвижна, лизгачка или обична стаклена врата од 8-10 mm дебело калено стакло е во тренд. За дополнително украсување на вакви врати може да се најдат и специјални налепници. Уметнички обработено стакло става акцент на атрактивноста и уникатноста на поодделни елементи од домаќинството. Стаклена врата може да се монтира покрај обичната или преку неа, бидејќи е одлична термо и звучна изолација, а изгледа како убав украс на собата.

    1.2.2. Стаклен таван

    Стаклени плочи на таванот овозможуваат навлегување на сончевите зраци во длабочините на просторијата. Доколку стаклото се постави над одрина од тераса, и кога врне дожд вие ќе можете да уживате на вашата тераса. Доколку се остави на подот, ќе добиете неверојатен ефект.

    1.2.3. Стаклена покуќнина

    Поодамна стаклото се употребувало само како горна површина на трпезариски маси или клуб масички. Во денешно време се употребува за се, дури и наместо дрвени површини.

    1.2.4. Скали

    За скали моментално е модерна комбинација на стакло и челик. Стаклото е дел од оградата или пак самите газишта се од стакло, иако мора да биде калено.

    1.2.5. Стакло во кујната

    Најсовремениот тренд за уредување на кујни преставуваат стаклените ѕидни плочки. Нивната најголема предност е едноставното чистење и одржување. Од стакло може да биде мијалникот, полици за ѕид или пак масата, фронтовите на кујнски елементи и друго. За разни кујнски додатоци нема потреба и да се зборува, бидејќи се премногу.

    2. Видови стакло

    2.1. Изолациони стакла

    Изолационото стакло најчесто се именува како термопан. Во главно се употребува за застаклување на фасади и столарија. Овозможува помала загуба на топлина во станбени, јавни и деловни згради. Изолационото стакло е составено од две или повеќе стакла помеѓу кои има воздух или гас. Стаклените плочи во овој ,,сендвич“ може да бидат од разни видови, дебелина или начин на обработка во зависност од тоа која им  е функцијата: термо или звучна изолација или заштита од сонце. Ефикасноста и долготрајноста на термопан зависат од квалитетот на користените материјали и самото вградување (спојување и затнување).

    2.2. Заштитно стакло

    Со денешните технологии на обработка е овозможена примена на стакло и на поголеми површини, така да сега тоа може да бидат и преградни ѕидови, врати, натстрешници и огради. Стаклото станува заштитно на разни начини: со лепење во повеќе слоеви, калење на еден дел или цела површина и со армирање. Со додавање на разни фолии се постигнува заштита од кршење.

    2.2.1. Калено стакло

    Обичното стакло е кревко поради што не може да се употребува за многу нешта. Во случај на удар или нагли промени на температура тоа пука и се распрскува на илјадници остри делови кои се опасност и за луѓето и за околината. Поради тоа, за изработка на скали, врати, застаклени фасади или останати делови од градбата или пак делови од грејни тела како и за останати слични намени, се употребува калено стакло. Во споредба со обичното, тоа е 4-5 пати по силно, поиздржливо и пофлексибилно. Главната карактеристика на калено стакло е тоа што при кршење не се распрскува во срча, туку само распукува, а тапите делови не се опасно. Во процесот на калење на стаклото истото се загрева на 600°C (до точка на топење) а потоа брзо се лади. На овој начин му се менува молекуларната структура: површината која бргу се лади станува мембраната бидејќи е изложена на силата на притисокот, а внатрешноста која се лади побавно, останува во состојба на постојана експанзија поради влечната сила; на тој начин се создава рамнотежа која го прави каленото стакло цврсто. Откако ќе се искали стаклото повеќе не може да се бруси ниту пак да се буши, така што сите овие обработки мора да се завршат пред неговото калење. После калење можна е само површинска обработка од типот на пескарење или сатинирање.

    2.2.2. Залепено стакло

    Залепено стакло е составено од два или повеќе слоеви помеѓу кои има врска која овозможува истото, доколку дојде до кршење, стаклото да не се разлетува, туку само да се распрсне и да остане на местото. Заштитното залепено стакло се употребува за внатрешно уредување и опремување на станбени, јавни и деловни простори, а од него може да се прават скали, огради, преградни ѕидови, подови на галерии и така натаму. Во екстериерно уредување најмногу се употребува за застаклување на фасади и зимски градини, како и за натстрешници. Заштитниот стакло е и безбедносно, односно, против кражби. Заштитните стакла се изработуваат од разни видови стакла како што се орнаменти, рефлексно, стакло кое само се чисти, емајлирани или печатени и други. Заштитното стакло може дополнително да се обработува со гравирање, пескарење, полирање или печатење за да се добие саканиот естетски ефект.

    2.3. Пескарено стакло

    Со пескарење површината на обичното стакло станува рапава, матна и непроѕирна; светлоста сепак поминува низ него, но се гледаат само сенки. На тој начин стаклото се украсува, но станува и заштита од несакани погледи. Со пескарење на стаклото му се додаваат уметнички елементи или пак може да се испишат името и логото на вашата компанија. На стаклото се поставува избраниот примерок со кој се штити тој дел од површината, а остатокот се пескари. Откако ќе се тргне шаблонот, останува мазна проѕирна површина, а остатокот е обработен. На крајот стаклото се премачкува со заштитни средства со кои се заштитува од нечистотија. На овој начин може да се обработува било кој вид стакло, како и огледала. Со различна длабочина на пескарење, може да се добијат различни нијанси на стакло.

    2.4. Сатинирано или сатенско стакло

    Сатенското стакло всушност преставува обично, само обработено со посебна хемиска постапка така што личи на пескарено, но е помалку рапаво. Сатенското стакло всушност е мат, цело или само во делови. Намената му е исто како и на пескареното, за украсување со разни дезени или пишување и цртање, но и за заштита од несакани погледи.

    2.5. Орнаментно или декоративно стакло

    Декоративното стакло се добива со процес на фузија на обични стакла. Најпрво се сече саканата форма, а потоа се премачкува со пигментен оксид во боја кој ќе остави обоен отпечаток и, ќе се поклопи со другото стакло. Во печка овој ,,сендвич“ се пече на 850°C и откако стаклото ќе стане скоро течно, двете плочи се слеваат во една. Тогаш температурата во печката се намалува и стаклото се лади. Целиот процес трае 20-тина часа, во зависност од големината на површината. Со процесот на фузија на површината на стаклото се создаваат разни текстури, така што ако стаклото се стави во керамички калап на него останува отпечаток. Со помош на посебни супстанци кои се ставаат помеѓу слоевите може да се добијат меурчиња; супстанцата во печката преминува во гас, а меурчињата остануваат заробени во стаклото. Најпознати верзии на овој вид стакло се Alt Deutsch, Chinchilla, Katedral, Krizet, Silvit i Beli pesek.

    2.6. Огноотпорно стакло

    Огноотпорно стакло е онаа кое може да издржи температура до 1000°C. Најмногу се употребува за врати на камини. Огноотпорно стакло издржува и ниски температури па се користи и за изработка на садови и делови од кујнска опрема.

    2.7. Стакло за туш кабини

    За туш кабини во главно се употребува калено стакло, кое е цврсто и безбедносно. Се препорачува оваа стакло да биде обработено со специјална технологија на нано-наноси бидејќи на тој начин на него нема да се задржува бигор и дамки, а ќе биде заштитено од хемикалии и останати штетни материјали. Таквото стакло ќе изгледа убаво и мазно многу долго време, а се чисти едноставно. Се пере со мека крпа и со благи санитарни средства за домаќинство.

    2.8. Стакло со арматура

    Стакло со жица е обично стакло зајакнато со арматура, односно, жичана мрежа. Доколку се случи да пукне, жицата го држи да не се распрсне. Сепак, армирано стакло не е безбедносно затоа што делчињата имаат остри ивици и преставуваат опасност. Армирано стакло најчесто се употребува за застаклување на прозорци и врати.

    2.9. Рефлексно или Стоп - сол стакло

    Стаклата кои одбиваат сончева светлина како огледална, се мазни или заматени. Добрата карактеристика им е тоа што заштитуваат од прегревање, што е особено значајно кога станува збор за големи површини како на пример на деловни објекти. Слаба страна им е тоа што премногу го затемнуваат просторот. Рефлексни стакла преку денот заштитуваат од несакани погледи, кога во внатрешноста има помалку светлина, бидејќи однадвор гледано личат на огледала. Но, кога во просторијата ќе се пушти светло, преку рефлексно стакло се гледа се, исто како преку обично стакло. Може да се најдат само во неколку бои – бронзена, сина, зелена и сребрена.

    2.10. Огледала

    Огледалата преставуваат висококвалитетни рамни (т.н. float) стакла, кои од едната страна се премачкани со сребрен премаз кој ја одржува рефлексијата на светлоста. Огледала со различна форма и дебелина може да се обработуваат по пат на брусење, фасетирање, пескарење и гравирање. Се употребуваат како огледала за купатила, како полици или за украс во домаќинството за украсување на врати, ѕидови и така натаму. Ги има во безброј варијанти по форма, боја, стилови и слично.

    3. Постапка

    3.1. Совет во салони

    Професионалците вработени во добра продавница ќе ви помогнат да најдете соодветно решение согласно вашите желби. Ќе ви покажат разни видови стакла и ќе поразговарате околу начините за нивна обработка и најсоодветното решение за онаа што ви треба. Ќе во изготват и информативни понуди.

    3.2. Земање мерка во објект

    Откако ќе се договорите, вработените ќе дојдат да земат мерки и да ја видат реалната ситуација на лице место (како најлесно да се донесат стаклата, има ли доволно место, како да се внесат и т.н.).

    3.3. Изработка

    Добрите стаклари имаат одлично опремени работилници во технолошки поглед, во кој го обработуваат стаклото на разни начини (сечење, брусење, лепење фолија, фесетирање и т.н.) за да добиете уникатни производи кои сте ги нарачале, а и да ви ги испорачаат во договорениот рок.

    3.4. Монтажа и поправки

    Квалитетните стакларски работилници имаат сопствени мајстори кои се сосема обучени и да ги монтираат своите производи професионално. Доколку дојде до некакви грешки, кршење на стаклото или потреба за одржување, истите ќе се потрудат тоа да го направат брзо и квалитетно.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Калени стакло црно

    Калено црно стакло со две дупки за два дупли стекери. големина 2400х600х6мм. Ве молам испратете ми понуда. Friedrich Thurau Mail friedrich.thurau@icloud.com TEL. 079206539 поздрав 22140 € до 36900 €

    ........

    Округла стаклена кабина

    Преферирана опција:

    Округла стаклена кабина

    Внатрешен дијаметар: околу 2.4 м

    Висина: 2.2 – 2.4 м

    Калено безбедносно стакло, со можност за ламинирано

    Стаклена врата подготвена за идна инсталација на паметна брава / пристап со код

    (Во прилог доставувам слика како референца за посакуваниот изглед, доколку ваков тип конструкција е изводлив од ваша страна.)

    Алтернативна опција (доколку не изработувате округли конструкции):

    Правоаголна стаклена кабина

    Димензии: 2.0 × 2.2 м

    Висина: 2.2 – 2.4 м

    Калено безбедносно стакло

    Стаклена врата подготвена за електронска / паметна брава

    Љубезно ве молам да ми доставите:

    Ориентативна цена за изработка

    Рок на испорака од моментот на нарачка

    Доколку имате: слики, скица или технички предлог за ваков тип кабина

    По потреба, можам да доставам дополнителни информации, димензии или скица.

    Ви благодарам однапред и очекувам ваш одговор.

    Со почит,
    Валентина Спасиќ
    Founder & Managing Director
    EcoVisionn
    ???? ecovision.mkd@gmail.com 54243 € до 90405 €

    ........

    Пластеник

    Plastenik so dimenzii 10.5 dolzina, 4.6m sirina. se izveduva na ramno zemjiste, terenot e lesno pristapen. po moznost visina da e okolu 3-3.5 metri sredinata stranicnite delovi ne poniski od2 metri. plastenikot mora da ima dve vrati za otvaranje na dvata kraja za ventilacija vo leto. po moznost i stranicen otvor od ednata strana (crugat strana zavrsuva blizu ogradat anema potreba tuka stranicen otvor nadols) 249075 € до 415125 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Замена на скршено стакло на прозор, димензија 110х110, 110 см х100 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Калено стакло за печка Amity осмоаголно, 80х50мм
    Стакло, стаклар, Штип

    225 € до 375 €

    Цена, Огноотпорно стакло - 3 parchinja, 3 мм x 430 мм x 320 мм
    Стакло, стаклар, Неготино

    405 € до 675 €

    Цена, Стакло за масичка, 120 см х 48см , 3 мм
    Стакло, стаклар, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Параван од калено стакло, 100 см х 200 м
    Стакло, стаклар, Скопје

    675 € до 1125 €

    Цена, Огледало во ходник, 1.00 х 1.80
    Стакло, стаклар, Општина Петровец

    540 € до 900 €

    Цена, Огноотпорно стакло за рустик печка, 100 cм× 50 cм
    Стакло, стаклар, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка огледало за на ѕид, 80 см х 200 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Стаклен параван за туш, 40 см x 40 см
    Стакло, стаклар, Гостивар

    630 € до 1050 €

    Цена, Пластеник за потреби на училиште, 50м2
    Стакло, стаклар, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Калено стакло за настрешница, 7 м2
    Стакло, стаклар, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Огледало, 1115x700 300x700
    Стакло, стаклар, Битола

    180 € до 300 €

    Цена, Геендер од калено железо, 7.2 м
    Стакло, стаклар, Куманово

    630 € до 1050 €

    Цена, Нов стакларник, 3.5 м џ 2 м
    Стакло, стаклар, Битола

    1080 € до 1800 €

    Цена, Калено стакло за кујна, 1.9x500
    Стакло, стаклар, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Огноотпорно стакло за врата од рерна, 36 см х 24,5 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Стаклена градина, 3м х 4м х 2,5м
    Стакло, стаклар, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Параван . туш кабина, 80х80
    Стакло, стаклар, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Стакло за заштита на маса, дијаметар 120цм
    Стакло, стаклар, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Параван за туш кабина, 136x190
    Стакло, стаклар, Прилеп

    180 € до 300 €

    Цена, Плексиглас 20-30мм помеѓу скали, 3 м х 3 м х 3 м
    Стакло, стаклар, Куманово

    720 € до 1200 €

    Цена, Огледало со рамка и држач, 100 см x 50 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Црно стакло за маса, 150 см х 95 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Стаклени ѕидни прегради за канцеларија, 10мм
    Стакло, стаклар, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Замена балконско стакло, 194 см х 85 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Промена на едната страна на терасното стакло кое е ограда на терасата, 130 - 80 цм
    Стакло, стаклар, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Staklo za na masa i masice, 75x180. I 50x88
    Стакло, стаклар, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Големо стакло за излог,
    Стакло, стаклар, Кичево

    630 € до 1050 €

    Цена, СТАКЛЕНА ВРАТА ЗА ТУШ КАБИНА, 190x66 e отворот каде треба да се вметне стаклената врата
    Стакло, стаклар, Делчево

    450 € до 750 €

    Цена, Стакло за туш кабина, 200 см х 90 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Стакло за рамка, 50 см х 70 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Стаклена ограда за две тераси, 1,20 м х 5-7 м
    Стакло, стаклар, Велес

    630 € до 1050 €

    Цена, Пластеник или стакленик за купување или под наем, 10.000м2
    Стакло, стаклар, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Промена на стакло на пвц врата, 66 см х 190 см
    Стакло, стаклар, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Набавка на стакло коцка, отпорно на гребаници, 16 см х 16 см , 5 мм дебелина
    Стакло, стаклар, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Иработка на 200 огледала (необработени)., 30x30, 200 комада
    Стакло, стаклар, Демир Хисар

    180 € до 300 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Стакло, стаклар ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    44+ КОМПАНИИ ЗА Стакло, стаклар
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА