Сите цени
Low price - icon

Столар, столарија Цена

Колку чини столарија по мерка? Цената на мебелот по мерка значително може да се разликува поради изборот на материјал – дали кујната, на пример, ќе биде од полно дрво или иверица облечена со фурнир? Каква ќе биде кујната по мерка – дрвена, мермерна или од керок (Kerrock)? Дали можеби сакате мебел за бања по мерка? Локален столар може да ви помогне околу секој избор. Цената на уникатно парче мебел зависи од материјалот, оковот, рачките, облогата, составување или поставување на такви или слични детали. Внатрешна опрема по нарачка е за 30% поскапа отколку индустриски произведен мебел, но и далеку поквалитетен, а и сосема по ваша желба. Изработката на ваков мебел се наплаќа помеѓу 65 и 150 евра/м2. Ви подготвивме ценовник според кој лесно можете да ги пресметате трошоците за нацрт, изработка и монтажа на мебелот.

Кому да ја доверите изработката и монтажата на мебел по мерка? Пратете барање кај соодветни и оценети столари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!
Прати барање

Столар ценовник

Цена на столарски услуги

Цена на столарски работи, изработка на покуќнина по мерка. Цената за изработка на покуќнина од иверица или масивно дрво по мерка.

од 65.00 €/м2

до 156.00 €/м2

Сакам понуда од изведувач

Детални цени за Столар (2026)

Дали Ви беше од корист калкулаторот?

Столар, столарски услуги - се што треба да знаете

1. Зошто да се одлучите за покуќнина по мерка направена од столар?

Кујна по мерка, спална соба по мерка, работна маса по мерка и сиот останат мебел и делови по мерка. Зошто?

Столарот може да го направи секое парче мебел точно по нарачка - така што мерките и материјалите и боите и формите се токму онакви какви што сте ги замислиле.

Столарија
Мебелот по нарачка има бројни предности!

 

Покуќнината која ја има во салоните за мебел се прави по стандардни димензии, од стандардни материјали и во стандардна форма – а сето тоа може да биде и несоодветно опремување на некој простор. Од друга страна пак, столарот може да ви го направи било кое парче мебел точно по нарачка – така што мерките, материјалот, бојата и формата да бидат сосема онакви какви што сте ги замислиле. Ваквата покуќнина има и останати предности за кои ќе разговараме во продолжение на текстот.

1.1. Прилагодување на мебелот по нарачка

Кога спомнавме дека мебелот по мерка е сосема прилагоден на вашите желби и потреби, мислевме на тоа дека во денешно време, практично, не постојат никакви препреки сето тоа да се направи. Дури, доколку имате на ум подобри, уникатни решенија за вашиот простор, мебелот по мерка е вистинската работа за вас. Така на пример, мансарди со многу висок стрмен покрив или постари објекти, чиј ѕидови се нерамни и истрошени, невозможно е да се опремат со индустриски мебел; но, столарот може да го прилагоди секое парче мебел според местото каде што ќе стои. На тој начин можете паметно да го искористите просторот на кој инаку не можете ниту да стоите ниту да седите.

1.2. Ускладено опремување на целиот простор

Доколку сакате мебелот во една просторија според материјалот, формата и бојата сосема да се слага со оној од останатиот дел од домот ( особено доколку имате куќа од отворен вид во која, на пример, дневната, трпезаријата и кујната се заедно), тогаш може да ви помогне единствено столар.

1.3. Уникатност

Деловите мебел кој ги изработува столар врз основа на нацрти од архитект, а согласно вашите желби, секогаш се уникатни. Тие се одраз на вашите желби и потреби, но и израз на вашиот стил, а притоа совршено се вклопуваат на секоја просторија. Пред се, никој друг нема да има како вашиот мебел!

1.4. Специјални димензии

Специјалните димензии се исто така една од важните причини поради која клиентите се одлучуваат за мебел по нарачка. Многу високи луѓе, на пример, сакаат кревет подолг од стандардните 200 cm. Кујнската плотна или островот за лица во инвалидна количка мора да биде понизок од стандардните 92 cm. Во продажните салони нема работни плочи со висина од 75 cm, па единствено решение е да ги направи столар. Вакви примери навистина има безброј.

1.5. Квалитетна изработка

Исто така, многу е важно да се одлучите за признат и проверен столар. Столар, кој е посветен на својот занает, секогаш ќе употреби квалитетни материјали и оков, а доколку и дојде до некакво оштетување, сето тоа ќе го поправи брзо и добро, што не би можело да се каже за произведувачи или продавачи на мебел.

2. Како да го изберете вистинскиот столар?

Кога барате добар столар, ви препорачуваме добро да ја обмислите ,,домашната задача“ за него/неа. Колку повеќе понуди, толку подобар избор, но одлуката можете да ја донесете и врз основа не решенијата, односно, понудите кои ќе ги добиете.

2.1. Каде ќе најдете столар?

Ви препорачуваме да се распрашате кај пријатели, соработници и познаници, кај некој што нарачувал нешто да им се изработи. Доколку ангажирате архитект да изработи нацрти за парчињата мебел, тој/таа сигурно може да ви препорача и мајстор со кој ќе соработувате. Трета опција ви е, на нашиот портал Daibau, да најдете и да го разгледате списокот од проверени столари кои ви ги препорачуваме, а кои живеат во ваша близина. Доколку кликнете на линковите ки се поставени таму ќе можете да ги видите нивните профили во кои има оценки и препораки од поранешни клиенти, па можете да се одлучите за некој од нов.

2.2. Што повеќе понуди

Интернет порталот Daibau ви овозможува на едно барање, брзо, да добиете што повеќе понуди, да бидете сигурни дека добиената цена е конкурентна и реална. Важно е и тоа, пред да започнете со работа, да имате пишана понуда со точно наведени рокови на изработка и услови за плаќање. На мајсторот треба да му побарате и референца. Доколку е можно, лично треба да ги видите неговите производи и да се уверите во нивниот квалитет, а можеби и да поразговарате со сопствениците, доколку тоа ќе ви го олесни процесот на одлучување.

2.3. Цена на покуќнина по мерка

Цените, нормално, се многу значаен фактор при купување, особено поради тоа што може да бидат многу различни. Во голем дел цените зависат од тоа за каков материјал ќе се одлучите, какви рачки, држачи, потпирачи, тапацир и така натаму. Кога се прави мебел по нарачка, сите овие детали сами ги бирате, додека таква можност во салон за мебел не постои – можете да го купите само онаа што го нудат, со минимални варијации. Покуќнината изработена по мерка дури може да биде и поевтина варијанта, но, секогаш повредна. Но, ниту тоа не е се – направените парчиња мебел во целост му ги плаќате на столарот, а само дел оди кај добавувачот на материјал, додека при купување во салон најголем дел од цената е трговската маржа, дистрибуцијата, превозот и профитот.

2.4. Колку време се чека за производ

Роковите за испорака се различни кај различни трговци, но вообичаено е сиот процес заедно со доставата и составувањето да трае околу месец-два. Колку долго ќе чекате на испорака од страна на мајстор столар, зависи од тоа колку е зафатен, а и колку е комплицирано тоа што го нарачувате. Доколку од некоја причина ви се брза, тогаш, нарачката по мерка не е решение за вас. Добар столар, како и секој друг добар мајстор, постојано е зафатен, па може да се случи да се чека и по неколку месеци за неговите услуги. Самата изработка на покуќнината (во зависност од количината о сложеноста) за еден стан, може да трае и неколку седмици, а доколку станува збор за специјални, уникатни парчиња кој се занаетчиски тешки, чекањето може да потрае неколку месеци.

3. Што се може да изработи столар?

Опсегот на столарската работа може да биде доста голем. Столарот ги прави деловите мебел првенствено од дрво, иако користат и други материјали. Во нивната работа се вбројуваат кујнски, собен, за бања или градинарски и канцелариски мебел, но и сите други елементи со кои се опремуваат станови, семејни куќи, училишта, хотели, спортски сали, гостилници, ресторани, кина и деловни или јавни објекти. Покрај правење на цели парчиња мебел, столар исто така може да поправаат, составуваат или реставрираат и било каков вид на дрвени делови од покуќнината. Постојат и такви столари кои се специјализирани за одредени видови работа, па така изработуваат столарија, дрвени покриви, разни конструкции, мостови, помали објекти од дрво како што се натстрешници, амбари, викендички и така натаму. Постојат и такви кои изработуваат само бини и сценографии, чамци, спортско оружје и опрема, музички инструменти, паркет или дрвени облоги, плочки, лајсни и така натаму.

4. Постапка

Пред воопшто да побарате столар, ви предлагаме добро да размислите и да донесете одлука точно каков мебел сакате. Нема да биде на одмет да се посоветувате и со архитект или некој друг експерт за внатрешно уредување, кој согласно вашите желби и своето искуство и знаење. Ќе направи скица на мебелот со прецизен опис и мерки. Врз основа на таков цртеж ќе можете д добиете и конкретна понуда. Доколку се шетате од столар до столар без цртеж, понудите кои ќе ги добиете ќе бидат несоодветни, а нема да можете и да ги споредите, бидејќи секој мајстор различно ќе го разбере вашиот опис. Така што, со цртеж, откако ќе изберете столар, тој/таа врз основа на нацртот од архитект или вашите упатства (доколку сепак сами го правите цртежот) ќе изготви налог за работа и цртежи за во работилница. Покрај тоа, доколку архитектот (или вие) доставите и мерки од просторот во кој ќе биде сместен мебелот, столарот мора уште еднаш се да провери пред воопшто да започне со работа. Доколку се потврди и договори, се прави пресметка, се плаќа аванс за мајсторот да може да го нарача материјалот и да започне со работа. Мајсторите во главно работат во свои работилници, а направените делови ги составуваат и монтираат во вашиот дом. Од големо значење е во секоја од фазите на изработка на мебелот, мајсторот постојано да врши проверка на мерките. 

Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



Сакам понуда од изведувач
Последни проекти

Обложување на висечки скали со дрво

Потребно обложување на скали со дрво, 16 скали.

315 € до 525 €

Дрвени газишта

Потребни се 15 дрвени газишта за скали со дим. 850mmx250mm -40mm.
*-контакт на маил или whatsapp

1080 € до 1800 €

Завршни работи на мебел од плочест материјал

Опшивни детали на мебел од плочест материјал, конкретно вграден плакар под скали каде што фалат неколку елементи и лајсна над и околу горните кујнски елемнти

675 € до 1125 €

Сакам понуда од изведувач





Цена, Штелување на шарки од мебел,
Столар, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Брвнара, 27 м2
Столар, Скопје

9450 € до 15750 €

Цена, Натстрешница за кола, 48 м2
Столар, Охрид

1350 € до 2250 €

Цена, Манастирски дрвени трпзариски маси и клупи за истите, 8 маси + 16 клупи
Столар, Битола

2070 € до 3450 €

Цена, Барам работа -столар,
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Елементи во шпајз,
Столар, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Внатрешна столарија во нов објект,
Столар, Зрновци

13500 € до 22500 €

Цена, Дрвена куќа-брвнара, 80 м2
Столар, Зелениково

5850 € до 9750 €

Цена, Преграда за тоалети, туш кабини и писоари, 60м2
Столар, Скопје

900 € до 1500 €

Цена, Реставрација на дрвени прозори, 2 ком, 140 см х 70 cм
Столар, Скопје

450 € до 750 €

Цена, Дрвена настрешница едноводен кров, 240х500х270
Столар, Радовиш

1080 € до 1800 €

Цена, Дрвена гаража со фасада, 22м2
Столар, Радовиш

2250 € до 3750 €

Цена, Mebel po merka,
Столар, Скопје

720 € до 1200 €

Цена, Дрвени скали во ходник, 16 скали (140x25x16 по скала) отприлика
Столар, Маврови Анови

2250 € до 3750 €

Цена, Замена вратичките на елементите во кујната (долни елементи)., 40 см х 60 см
Столар, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Изработка на шибер врата од две крила, 70 см x 180 см
Столар, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Дрвена трпезариска маса, Ф110-120x76Ф100x40
Столар, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Демонтирање на кревет,
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Поправка на кревет и шкаф, 2 ком
Столар, Скопје

135 € до 225 €

Цена, Понуда на дрвени даски - искористливи, 10 м3
Столар, Велес

90 € до 150 €

Цена, Реставрирање собни врати и вградни плакари, 10
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Изработка на вратички за долап, 2 вратички
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Поправка на постоечки плакар, 1 Плакар
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Изработка на маса и седишта од дрво, - Edna masa 5 Panels 118"L x 37.5"W x 30"H 12 dusi- Dve sedista 5 Panels 342.4cm L x 36.2cm W x 46.3cm H6 dusi
Столар, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Поправка на дрвени столчиња, залепат/ зацврстат, 5
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Надградба на постоечки плакар, 60 см х 30 см 50 см
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Изработка на детско креветче од масивно дрво, 120 см х 44 см
Столар, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Изработка на трпезариска маса, 1.50 см х 70 см
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, СТРУГАЊЕ И ЛАКИРАЊЕ/ОБНОВА НА ДРВЕНИ ПРОЗОРИ, 6
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Замена на кујнска плотна, 1 ком
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Изработка на украсни дрвени преградни панели, 4 м2
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Корекција на кујна, 1
Столар, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Тапацирање на петосед и фотеља, 2 кол
Столар, Скопје

90 € до 150 €

Цена, Монтажа на купени собни врати, 3 ком.
Столар, Охрид

180 € до 300 €

Цена, Изработка за градинарска куќичка, 1 кол
Столар, Скопје

585 € до 975 €

Цена, Реставрација на клуб маса од масивно дрво, 1 кол
Столар, Скопје

90 € до 150 €



Идеи за уредување на домот

Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

44+ компании за Столар
Бесплатно пребарување
Без провизија
Побарај понуда
Помош

Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?

Побарувачка: 00389 25 102 476
Компании: 00389 25 102 476