За реон

    Тенди, маркизи Цена

    Колку чинат надворешни хоризонтални сенки? Цената на тендите, перголи или маркизи зависи од големината, видот на конструкција, платното, начинот на придвижување (рачно, моторно, автоматско) и секако од понудувачот. За просечна надворешна сенка ќе треба да издвоите околу 100 до 200 евра. Цената на класичните тенди со монтажа изнесува околу 130 евра/м2. Пергола е најцврста и затоа се најскапа варијанта. Челична пергола покриена со платно, 3x3 м ќе ве чини околу 500 евра.

    Кому да ја доверите изработката на надворешни хоризонтални сенки? Пратете барање кај соодветни и оценети мајстори во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на класична тенда


    Цена на класична тенда. Цена на класична тенда со две ножици од 2 м и ширина 4 м. Цена на тендата со монтажа со основен материјал, без механизам за подесување на отклон.

    60.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    102.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Тенди

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Тенди - се што треба да знаете

    1. Тенди – што се треба да знаете?

    Со тенда, вашето место под сонцето на терасата, балконот или верандата, ќе биде поудобно и поубаво цело лето.Тенди

    1.1. Квалитетот на вградените материјали

    Од причина што тендите се постојано изложени на влијанија на временските прилики и неприлики, за да потраат што е можно подолго, а со тоа и подолго да се користат, материјалот од кој се направени воопшто не е за занемарување. Покрај високиот квалитет, треба да обрнете внимание и на следните работи:

    -       местото на кое ќе биде поставена,

    -       со кој димензии ќе биде (ширина, должина, нагиб) бидејќи од набројаните зависи цврстината на конструкцијата и носивоста на кракот,

    -       каква е носечката подлога за тендата.

    1.2. Можност за избор

    Без разлика кој вид на тенда ќе го изберете, според своите желби и можности, можете да бирате и:

    Начин на управување

    Со сите видови тенди може да се управува рачно, иако во денешно време клиентите во главно се одлучуваат за механичко, од причина што е полесно и поудобно. Со моторот управувате рачно или со далечинско. Најновите погонски системи овозможуваат и надградба на управувањето, односно, поврзување со телефон или таблет. Далечинското управување најчесто се комбинира со разни заштитни сензори (од ветер, сонце, дожд...). Кога ќе почне да врне дожд, сензорот автоматски ја собира сенката. Кога сонцето повторно ќе се појави, тендата повторно автоматски се отвора.

    Карактеристики на платното

    Што се однесува до самото платно може да изберете боја и квалитет, но и други карактеристики. Најчесто се препорачува акрилно платно поради долготрајноста и топлинска спроводливост кое се фарба на начин да не бледее. Покрај тоа, акрилно платно е и нано-импрегнирано, што значи дека не дозволува нечистотијата да продре во ткаенината. Исто така се препорачува платното да има тефлонски премаз. Материјалот треба да има и оптимален однос на замрачување и УВ заштита.

    Конструкција-материјал и механизми

    Се препорачува сите делови на конструкцијата да бидат од екструдиран алуминиум фарбано со прашок. Доколку и механизмот е со соодветен квалитет и платното ќе трае подолго. Сепак, после повеќе години, секако е потребна замена.

    1.3. Одржување на тендите

    Секако дека ќе сакате тендата да ви трае што е можно подолго и што помалку да плаќате за поправки. Поради тоа потребно е да ја одржувате и употребуваат на соодветен начин. Ви препорачуваме да се придржувате кон следното:

    -       Кога дува силен ветер, врне дожд или снег, задолжително соберете ја тендата.

    -       Доколку приметите пукнатини или дупки, треба да се зашијат ги што е можно побрзо, за да не се шират.

    -       Повремено прегледајте ги металните елементи и по потреба префарбајте ги.

    -       Веднаш исчистете ги дамките кои ќе се јават, со благ детергент и мека крпа.

    -       Се препорачува редовно перење на горната страна на сенката со чиста вода.

    -       Долната страна редовно чистете ја со бришач за подови.

    1.4. Рок на траење

    За да ви потрае што е можно подолго, потребно е да бидат исполнети одредени предуслови; доколку не се, тендата со време ќе се оштети:

    -       Кога надворешната температура е под нулата, подобро  е тендата да биде собрана или замотана.

    -       Никогаш не употребувајте абразивни средства за чистење на тендата, ниту пак груби четки.

    -       Плински или сличен пламеник, отворен оган, односно директен извор на топлина, никогаш не треба да се блиску до тендата.

    -       Не го собирајте платното ако е мокро. Од влагата може да се јави мувла.

    -       Птичји измет, лисја, земја и слично, исчистете ги што е можно побрзо, за да не остават дамки.

    2. Избор на продавач

    Со оглед на тоа дека на пазарот има безброј понудувачи и продавачи на тенди, добро ќе биде добро да се распрашате и да соберете повеќе понуди, пред да се одлучите да купите.

    2.1. Гаранција

    Гаранцијата е најдобар доказ за квалитетот на производот. Продавачите на квалитетни тенди даваат гаранција и до две години, а некои и повеќе на одредени делови (1 година на моторот). Во гарантниот рок производот треба да биде без ниту еден недостаток – и естетски и функционален – а доколку сепак се појават оштетувања, не смее да бидат поврзани со квалитетот.

    2.2. Сопствени мајстори за монтажа и одржување

    Квалитетен производ и не значи многу сам по себе – дури кога правилно е монтиран, ќе ви служи долго и добро. Поради тоа многу е важно, без разлика кој продавач ќе го изберете, истиот да има свои квалификувани мајстори кој користат висококвалитетни материјали за соодветниот вид на монтажа. Доколку продавачот овозможува и сервис за своите производи, гарантира набавка и замена на резервни делови, тогаш веројатно сте го нашле на вистинскиот.

    2.3. Сертификати

    Многу е важно по завршување на работата мајсторите да ви ги дадат сите сертификати, гаранција, техничка спецификација и упатство за употреба.

    3. Видови

    3.1. Класична тенда

    Класичната тенда е најчеста и наједноставен вид; тоа е тенда со алуминиумски краци и навојна цевка на која се намотува платното. Нивната најголема предност преставува едноставност за употреба, како и тоа што кога се собрани зафаќаат многу малку место. Може да се движат рачно или со мотор. Класичната тенда без кутија, најдобро е да ја монтирате под постоечка стреа или бетонска плоча. Може да се фиксира на ѕидот или таванот, а и да и се прилагоди степенот на накривеност (до 60° или повеќе) во однос на изложеноста и аголот на сончевите зраци.

    3.2. Полу касетни и касетни тенди

    Касетната тенда се разликува од полу касетната по тоа што навојната цевка како и конструкцијата се собираат и сместуваат во алуминиумска кутија во која се заштитени од атмосферски влијанија и корозија. На тој начин и се продолжува времето на траење. Кај полу касетни модели, само навојната цевка и платно влегуваат во кутијата, додека конструкцијата (краците на тендата) остануваат надвор.

    3.3. Прозорски и балконски тенди

    Ова се тенди кои се монтираат над прозорецот или балконската врата, како и на места каде што не мора да се развлекуваат. Како и кај класичните, се собираат и се шират краците на кој стои навојната цевка на која се мота платното.

    3.4. Тенди со форма на купола

    Како што кажува самото име, овие тенди се во форма на купола која има функција на настрешница над прозорец или врата. Со нив може да се засенат и помали балкони. Нејзиниот максимален распон е 2 м но може да биде долга и до 7 м.

    3.5. Тавански или фасадни тенди

    Овие тенди служат за засенчување на големи површини, а најмногу за зимски градини. Тие може да се составуваат како модули. Лесно се монтираат и од надворешната и од внатрешната страна на стаклена површина.

    3.6. Перголи

    Во модерни објекти кој имаат големи тераси се поставуваат специјално конструирани сенки во форма на пергола, кој штитат од сонце, но и од други временски прилики. Перголите може да бидат само стоечки или анкерисани, на фасадата. Се разликуваат по начините на кој се собираат и шират.

    4. Како да направите нарачка и монтажа

    4.1. Нарачка

    После договорот кој ќе го склучите во салонот, обично добивате телефонски повик од страна на комерцијалист од компанијата, кој ќе ви го предложи најдоброто решение, согласно вашите желби и можности. На лице место, во вашиот дом ќе ви покаже модели, ќе ве посоветува што одговара на фактичката состојба и ќе ви ги предочи сите предности и недостатоци, како и што предлага околу начинот на монтажа. Откако ќе ги договорите сите детали, тој/таа ќе земат мерка. Врз основа на сите расположливи информации, ќе ви изготви понуда. Откако ќе се потврди се, а обично најмногу за 30 дена, следува достава и монтажа.

    4.2. Монтажа

    Тендите може да се монтираат на разни површини. Тоа се најчесто дрво, бетон, столбови, шупла тула, а дури и на метални греди или конструкција. Може да се монтираат и на ѕидови со изолација, на стари ѕидови и т.н. добрите понудувачи и продавачи имаат сопствени мајстори кој се оспособени за професионална работа, со соодветен алат и спремни за разни непредвидливи ситуации. Инсталациите потребни за електро погон, исто така ги поставува овластен мајстор. Поставувањето на тендите може да се заврши во еден ден и обично не трае подолго од неколку часа.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Izrabotka na tenda

    Balkonot e so dimenzii 220 x 140 cm. Potrebna mi e predna i stranicna tenda so račno pridvizuvanje. 22140 € до 36900 €

    ........

    Изработка нa тенда за тераса

    Потребна е изработка на тенда за тераса под стандарден агол, самоносечка на екстендери, со димензии 425 х 275 см, опремена со електромотор и сензори за дожд и сонце (автматска на далечинско управување). 44280 € до 73800 €

    ........

    Изработка на тенда

    Потребна е изработка на тенда 4 м долга, 3,5 м за пуштање. 110700 € до 184500 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изработка на тенда, 1,80 x 1,50 м
    Тенди, Скопје

    405 € до 675 €

    Цена, Изработка на тенда, 4 м2
    Тенди, Охрид

    315 € до 525 €

    Цена, Изработка на тенда, 280 х 280 см
    Тенди, Прилеп

    315 € до 525 €

    Цена, Замена на скршени жапки на тенда, 2 ком
    Тенди, Скопје

    63 € до 105 €

    Цена, vnatresno ureduvanje na stan na prizemje, 10-12 kvadrati
    Тенди, Скопје

    765 € до 1275 €

    Цена, Изработка на тенда, 1.20 x 1.60 м
    Тенди, Кавадарци

    180 € до 300 €

    Цена, Поправка на тенда, 1 х 4 м
    Тенди, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Промена на платно за тенда, 5 м2
    Тенди, Прилеп

    180 € до 300 €

    Цена, Изработка на тенда, 4 х 3 м
    Тенди, Катланово

    630 € до 1050 €

    Цена, Тенда со краци, 5 х 3 м
    Тенди, Делчево

    900 € до 1500 €

    Цена, Монтажа на купена тенда на тераса, 3 х 2 м
    Тенди, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Изработка на тенда, пергола, 11 x 3.7 m
    Тенди, Куманово

    2250 € до 3750 €

    Цена, Изработка на тенда, 1 ком
    Тенди, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Тенда за на балкон, 1 kom
    Тенди, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на тенда, 6 м2
    Тенди, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Монтер за тенда, 1 ком
    Тенди, Демир Капија

    90 € до 150 €

    Цена, Izrabotka na tenda, 5 x 2 m
    Тенди, Куманово

    2250 € до 3750 €

    Цена, Тенда за балкон, 4 х 2.5 м
    Тенди, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Тенда за тераса, 8 х 4 м
    Тенди, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Сервис на тенда, 1 ком
    Тенди, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Изработка на тенда, 1 ком
    Тенди, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Тенда, 3 х 1.2 м
    Тенди, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Касетна тенда, 5 х 3,5 м
    Тенди, Битола

    1350 € до 2250 €

    Цена, Монтажа на тенда, 4 х 3 м
    Тенди, Дојран

    90 € до 150 €

    Цена, Изработка на тенди, 2 ком
    Тенди, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Изработка на тенда, 2.7 x 2.7 м
    Тенди, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Tenda za vo dvor, 20-25 m2
    Тенди, Скопје

    900 € до 1500 €

    Цена, Изработка на тенда за балкон, 250 × 200 см.
    Тенди, Битола

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на тенда за кафич, 26 м2
    Тенди, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Монтирање на купена тенда, 3 х 2м
    Тенди, Куманово

    90 € до 150 €

    Цена, Изработка на тенда, 9 м2
    Тенди, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Tenda so račno zatvoranje, 12 m2
    Тенди, Битола

    225 € до 375 €

    Цена, Изработка на две тенди, 2,5 х 1.25 м
    Тенди, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Изработка на тенда ( без монтажа), 210 x 200 cm
    Тенди, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Изработна и монтажа на тенда, 2 х 1 м
    Тенди, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Izrabotka na tenda, 10,5 x 2 m
    Тенди, Гевгелија

    900 € до 1500 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Тенди ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    33+ КОМПАНИИ ЗА Тенди
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА