Сите цени
Low price - icon

Тесар, тесарски работи Цена

Колку чинат тесарските работи? Тесарските работи ги опфаќаат сите работи поврзани со подготовка и вградување на дрвена граѓа во конструкција на некој објект или пак, изработка на дрвени структури, како и правење и составување на оплати за бетонирање или скелиња. Така на пример, цената за изработка на конструкција за дрвен покрив зависи од видот на граѓа како и од самиот изведувач. Приближната цена за сечена граѓа е околу 160 евра/м3. Изработка на конструкција која опфаќа комплетна набавка, изработка, транспорт и поставување на покривна конструкција од дрвена граѓа втора класа, заедно со потребните елементи и материјали за врзување, како и материјал за шрафење, изнесува околу 20 и 28 евра/м2.

Кому да ја доверите тесарската работа? Пратете барање до соодветни и оценети тесари во вашиот крај – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!
Прати барање

Тесар ценовник

Цена за градба на покривна конструкција на куќа

Цена за правење покривна конструкција. Комплетна набавка, изработка, транспорт и поставување на покривна конструкција од граѓа втора класа, заедно со потребните елементи и материјали за врзување, како и завртки. Изработка и монтирање согласно цртеж, мерки и статичка пресметка.

од 20.00 €/м2

до 26.40 €/м2

Сакам понуда од изведувач

Детални цени за Тесар (2026)

Дали Ви беше од корист калкулаторот?

Тесар, тесарски работи - се што треба да знаете

1. Тесар, тесарски работи – што се треба да знаете?

Дрвената конструкција која го носи целиот покривот, односно покривот може да биде и од метал или некој други материјали, но најчесто е од полно или залепено дрво. За да може покривот да трае што подолго, потребен е добар нацрт, правилно димензионирање и професионално да се изведе, а секој од овие чекори е подеднакво важен за конечниот производ. Не помалку важно е и самото одржување на покривот.

Дрвен покрив
Добриот дизајн, правилното димензионирање и стручно изведената работа се најважните фактори за долговечноста на покривот

 

1.1. Кој се предностите на дрвна граѓа за покрив?

За дрвен покрив најчесто се употребува смреката. Дрвната граѓа е масивна, но по потреба се употребува и лепено дрво за да се премостат поголеми распони. За покрив се употребуваат и останати видови дрво како што се даб и ариш, но тие се доста поскапи. Смреката има силна влакнеста структура што ја прави одличен материјал за изработка на покриви. Најдобар доказ за квалитетот на смреката се стари колиби кој траат и повеќе стотини години. Со детален преглед на таквите покриви, утврдено е дека долготрајноста пред се треба да се препише како на одличниот квалитет на самата граѓа, така и на начинот на поставување на внатрешните греди со правилна ориентација на влакна од дрвото. На пример, слабо дрво кое го нападнала чурилка или некој друг инсект, дури и ако се третира со хемиски заштитни средства, нема да потрае повеќе од неколку децении. Долготрајноста на дрвото зависи од многу фактори. Дрвото мора да биде исечено правилно и во вистинско време, потоа треба да се исчисти и исуши на одреден начин. Последно, но не и помалку важно е на кој начин се одгледувани дрвата. Покрај тоа, грижата која се употребува за покриви, не смее да има повеќе од 18% влага во себе, додека пак ако дрвото е лепено, не смее да има поголема влажност од 12%.

Ако граѓата е подготвена правилно и правовремено, тогаш нема потреба истата да се заштитува со дополнителни хемиски средства. За да се реши капиларната влага и пресекот на ѕидовите се применува вековната постапка на горење на дрвото. Пред да се постави самата граѓа таа се пали на посебен начин, така што се создава црн, изгорен слој кој ја штити истата и спречува продирање на влага и штетници во длабочината на дрвото. Оваа постапка ја применувале нашите предци, па и во денешно време може да се најдат такви греди, обраснати со мов, но, сепак останале цврсти. Дрвото кое е правилно сушено, не се растегнува и не пука.

Во денешно време конструкциите за покрив се изработуваат компјутерски, со помош на специјални програми, а материјалот го сече и крои ЦНЦ машина, која гарантира милиметарска прецизност. Деловите од граѓа кој ќе бидат видливи, за да бидат поубави, а и за заштита од атмосферските влијанија, се премачкуваат со фунгицидни и инсектицидни премази во два или три слоја. И покрај се , се случува под дејство на ветер, сонце и врнежи дрвото да поцрни, избледнее или да напука. Но, најголема опасност преставуваат инсектите кој се хранат со дрво. Истите може да нанесат толкава штета, што ќе го направат покривот сосема неупотреблив, па дури и да се сруши. Од тие причини дрвото мора да се импрегнира со средства кој не и штетат на животната околина, а воедно ја намалуваат и запаливоста на дрвото.

1.2. Правилно планирање и димензионирање на покривот

За да може да ја носи сопствената тежина, тежината од врнежи и силата на ветерот, важно е покривот да биде точно димензиониран. За ал во пракса сепак се случува истото да биде или помало или поголемо во однос на куќата. Пред воопшто да започнете со било какви работи на покривот, односно реновирање, задолжително ангажирајте инженер статичар кој ќе изврши детален преглед на објектот и ќе направи пресметка на за покривната конструкција. Бидејќи ќе биде некаде од вашиот крај, ќе умее, покрај покривот, да ги пресмета и факторите на влијание на ветрот, снегот како и податоците за просечни количини на врнежи. Тежината на покривниот покривач и снегот се позитивни фактори кои влијаат на стабилизација на конструкцијата на покривот со својата надолна сила. Дејството на ветрот е влезна, односно, странична сила. Покрај овие вертикални, постојат и така наречени хоризонтални сили на земјотрес, а тие делуваат особено на спојките на покривот и на носечките ѕидови. Поради сето ова, од клучно значење е дрвената конструкција да биде добро поврзана и правилно да е поставена на носечките ѕидови. Некој делови од покривот се поврзуваат со дрвени врски, спони, носачи и слично. Оптоварувањето преку конструкцијата се пренесува на надворешните носечки ѕидови, а во ситуации кога распонот на покривот е голем, се пренесува преку столбовите и на внатрешните носечки ѕидови или горната бетонска плоча.

2. Како да најдете добар тесар?

Од стручна гледна страна, градбата на покривот спаѓа во најтешките занаетчиски работи. Современите видови на покриви се комплексни, најчесто поради нивната разиграност, па бараат вистинско мајсторство од страна на тесар или мајстор за покриви. Било како, без разлика дали го обновувате или градите сосема нов покрив, задолжително целата работа препуштете им ја на професионалци кој имаат знаење и искуство во таа работа. Имајте на ум дека било какво експериментирање може да биде опасност по здравјето и животот, или да предизвика материјална штета. Ќе наведеме само неколку примери поради кои изборот на вистински мајстор е толку важен:

Секој покрив рамномерно и со целата своја површина има функција не само да го штити објектот, туку и да носи разни оптоварувања – сопствената тежина, тежината од врнежите и да ја поднесува силата на ветрот.  Пресметано е дека оптоварувањето на покривот во приморските краеви се движи околу 70 70 кг/м2, а во планинските околу 500 кг/м2, така што просекот би бил околу 270 кг/м2.

Слаба конструкција на покривот ќе се покаже уште на првото посилно невреме. Најчеста грешка преставува слабата врска на покривот со носечките ѕидови. Налети  на бура од ветер може дури и да го подигнат или искорнат покривот, особено кога тој е поголем, па не може да ја издржи силата на ветрот која дејствува од доле на горе. Поради ова, правилно закотвување на покривот е исклучително важно, а во денешно време истото се занемарува поради непрофесионалност на изведувачите.

Треба да се напомене и тоа дека покривот и покривниот покривач се два сосема различни елемента на покривот и дека треба совршено меѓусебно да се вклопат.

3. Останати видови на тесарски работи

Тесарите се занимаваат со градба, но работат и други високо специјализирани работи. Во градежништвото учествуваат во поставување на дрвени конструкции, скелиња, оплати и нормално покриви. Тие тесно соработуваат со други занаетчии (ѕидари, лимари и други). Покрај тоа што го гради, тесарот се занимава и со изработка на планови и нацрти за разни конструкции и оплати.

  • Постојат многу тесарски работи, но повеќе или помалку тие се занимаваат со следното:
  • читање и толкување на планови, како и нивна изработка;
  • оформување на разни конструкции;
  • воспоставување и оптимизација на работата;
  • поправка на тесарски елементи;
  • одржување на столарски елементи.

Покрај изработка на покрив, тесарските работи може да се поделат во четири групи:

3.1. Тесарско-столарски работи

Тука спаѓаат голем број на работи и услуги со кој се подобрува изгледот и функцијата на објектот – од доградба и поправки до козметички преправки. Такви се на пример, додавање на дрвена тераса, пергола, павилјон или сенка и поправка на преградни ѕидови од гипс плочи, монтажа на нови врати и прозорци и така натаму.

3.2. Оплати

Тука спаѓа изработка на најразлични обични и украсни оплати и дополнителни елементи. Најчесто, тесарите изработуваат оплати од ОСБ плочи или слични материјали, во кој се поставува арматура и се лие бетон. На овој начин се прават армирани бетонски ѕидови, катни плочи, носачи, хоризонтални, вертикални и коси армирано бетонски врски, прави, закосени или округли армирано бетонски скали, како и сите останати поедноставни конструкции.

3.3. Изградба на чамци

Тесарите се токму оние кои се занимаваат со изградба на чамци и останати пловила, по зададен цртеж и спецификација од страна на нарачателите. Нивниот опсег на работа е навистина широк и разновиден бидејќи се движи од поправка на најмали чамци до уредување на крузери. Тесарите кои се занимаваат со изградба на чамци, покрај дрво, користат и останати материјали, како што се плексиглас и алуминиум. Нарачките кои ги добиваат се исто така разновидни, а се однесуваат на делови за чамци, огради, конструкција и поправки, доработка на површината или пак превентивни прегледи и проценка, но и многу други работи.

3.4. Дрвени носечки конструкции за монтажни куќи

Скелетна монтажна куќа се составува од вертикални и хоризонтални дрвени елементи. За овој вид на градба претежно се употребува дрво кое е лепено или пак дрва кој се спојувани по должина. Врз основ на архитектонски планови, тесарот со помош на специјален компјутерски програм може да направи цела тродимензионална конструкција, како и нејзини поодделни делови. ЦНЦ машина, која се управува со помош на компјутер, ја сече граѓата за тие елементи. Ѕидовите на објектот обично се составуваат во работилница, а тогаш се склопуваат и спојуваат на лице место, на терен.

4. Начин на градба на покрив

Покривот со децении ќе ги носи сите оптоварувања за кои веќе зборувавме, а можеби и цел век, но единствено ако е соодветно проектиран и изграден. Безброј пати треба да се нагласи колку е важно планската документација да биде професионално и правилно изработена, а и да ги содржи следните документи:

  • план за целиот покрив и потребни материјали,
  • пресек на потпорните елементи, како и столбовите на носечките елементи со посебно нагласени видови на средства за врзување, нивен број и распоред,
  • детално опишани врски на елементите на покривот, начин на зацврстување на покривот врз конструкцијата.

За жал, многумина од клиентите мислат дека трошокот за изработка на прецизен план и калкулација се непотребни, дури и ако тоа преставува единствен начин, без ризик, на хартија, да се процени сигурноста и безбедноста на конструкцијата и нејзини делови, што овозможува дури и рамен покрив во иднина да биде механички издржлив и целосно стабилен.

Грубо кажано, изградбата на конструкција на покривот изгледа вака:

1. Преглед на лице место и мерење.

2. Подготвување на пресметка и нацрт конструкција со помош на специјален компјутерски програм.

3. Рачно сечење на дрвната граѓа или со помош на ЦНЦ машина. Кога се сече со ЦНЦ машина технолошкиот процес е автоматизиран, а сечењето и искористеност на материјалот е максимална, квалитетот на деловите е стандардизиран, условите за работа се полесни, а трошокот помал.

4. Комплетирање на деловите во работилницата се врши на начин што подоцна, спојувањето и составувањето на деловите на лице место да биде побрзо и поефикасно.

5. Изработка на прецизен план за составување.

6. Превоз до објектот и монтажа.

Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



Сакам понуда од изведувач
Последни проекти

ПреКовење на ламперија

Имам две дупки во баџата
Треба да се излезе на кров (имам излез) и да се затворат дупките

180 € до 300 €

Кровна дрвена конструкција

Потребен е дрвен кров на летниковец, површина 100 м2.

2160 € до 3600 €

Kров комплет панел керамида

изработка на нов кров

кров нова градба

2700 € до 4500 €

Сакам понуда од изведувач





Цена, Промена на летви и керамида, 52 м2
Тесар, Битола

630 € до 1050 €

Цена, Санација на кров со керамида, треба са се измери од мајстор
Тесар, Охрид

450 € до 750 €

Цена, Промена на керамиди на кров, 12 м ×12 м ×2 м
Тесар, Струга

1350 € до 2250 €

Цена, Менување азбест кров со керамида, 100 м2
Тесар, Оризари

1350 € до 2250 €

Цена, Менување на стар кров комплет, 200 м2 куќа
Тесар, Кочани

1800 € до 3000 €

Цена, Понуда за замена азбестни покриви салонитки - субвенција од општина, 150 м2 косина на дел 20 на дел 30 степени
Тесар, Скопје

1080 € до 1800 €

Цена, Менување на кров со олуци, 100 м2
Тесар, Пробиштип

1116 € до 1860 €

Цена, Целосна замена за кров со керамида, 100
Тесар, Прилеп

630 € до 1050 €

Цена, Препокривање на салонитен покрив со керамиди, 40 м2
Тесар, Ресен

630 € до 1050 €

Цена, Замена на салонотни табли со керамида и изолација, 180 м2
Тесар, Скопје

1080 € до 1800 €

Цена, Реновирање кровна конструкција и преуредување ќерамиди, 140 м2
Тесар, Радишани

630 € до 1050 €

Цена, Менување на стар кров од куќа, 430 м2
Тесар, Битола

630 € до 1050 €

Цена, Промена на кров со керамида, 65 м2
Тесар, Охрид

1080 € до 1800 €

Цена, Целосна промена на стар кров, најдобро решение., 100 м2
Тесар, Врапчиште

450 € до 750 €

Цена, Покривање на кров со керамида, 9 м х 5 м
Тесар, Штип

630 € до 1050 €

Цена, Реновирање на стар кров замена нов, 120-160
Тесар, Конче

900 € до 1500 €

Цена, Менување на кров, замена на стари керамиди со нови, 90 м2.
Тесар, Скопје

270 € до 450 €

Цена, Менување кров и ѕидање оџак на куќа, 110 м2
Тесар, Скопје

270 € до 450 €

Цена, Промена на кров со керамиди, 120-150 м2
Тесар, Скопје

1080 € до 1800 €

Цена, Изработка на летниковац за училишен двор, 5м.× 3м.х 2м.висина
Тесар, Битола

360 € до 600 €

Цена, Вадење на кров на нова куќа и реадаптирање во рамен кров, 130 м2
Тесар, Штип

360 € до 600 €

Цена, Менување на кров со нови керамиди, 110 m2
Тесар, Струмица

630 € до 1050 €

Цена, Промена на стар кров, 80 м2
Тесар, Богомила

630 € до 1050 €

Цена, Понуда за менување на стар кров од куќа, 56 м2 - оквирно
Тесар, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Потребна е замена на стар кров од куќа, 123 м2.
Тесар, Јегуновце

630 € до 1050 €

Цена, Демонтажа и монтажа на нов кровен покривач, 120 м2, 36 степени, двоводен кров
Тесар, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Демонтажа на постоечки кров , и монтажа на нов., 120 м2
Тесар, Скопје

360 € до 600 €

Цена, Промена на керамиди на кров од куќа, 90 м2
Тесар, Сарај

630 € до 1050 €

Цена, Менување на покрив , ставање на нови керамиди, 150 м2
Тесар, Битола

630 € до 1050 €

Цена, Изведба на кров со керамида на нова куќа, Околу 250м2
Тесар, Куманово

1125 € до 1875 €

Цена, Popravka na krov so keramidi, 100 m2
Тесар, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Промена на покривна конструкција, 90 м2
Тесар, Неготино

630 € до 1050 €

Цена, Демонтажа на стар покрив со ќерамиди и монтажа на нов, 120 м2, косина 40 степени,
Тесар, Тетово

1080 € до 1800 €

Цена, Замена на салонитки со керамида на кров од куќа, 56 м2
Тесар, Илинден (населба)

1080 € до 1800 €

Цена, Реконструкција на кров од една на две води, 150 м2
Тесар, Кочани

1080 € до 1800 €

Цена, Промена на кров со керамиди, 11 м х 10 м
Тесар, Скопје

1080 € до 1800 €



Идеи за уредување на домот

Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

30+ компании за Тесар
Бесплатно пребарување
Без провизија
Побарај понуда
Помош

Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?

Побарувачка: 00389 25 102 476
Компании: 00389 25 102 476