За реон

    ЦНЦ обработка на метал Цена

    Колку чини ЦНЦ обработка на метал? Цената на ЦНЦ сечење, брусење или глодање зависи од цената и цврстината на материјалот (челик, не‘рѓосувачки челик, алуминиум, месинг и друго), големината и бројчаност на деловите, сложеност на програмирањето на машината и постапката за обработка (сечење, глодање, брусење). Уникатни метални делови ќе бидат многу поскапи отколку оние од сериско производство.

    Кому да ја доверите прецизната обработка на метал? Пратете барање до соодветни и оценети машинобравари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА ЦНЦ (CNC) обработка на метал

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Обработка на метал - се што треба да знаете

    1. Обработка на метал – што се треба да знаете?

    Компјутерско нумеричко управување (ЦНЦ) е измислено пред повеќе од 50 години, а од тогаш неговата голема прецизност и автоматизација помогнаа во создавањето на безброј производи. Во сите индустрии – од одбранбена, автомобилска и воздухопловна до медицинска и производствена индустрија – оваа технологија стана дел од глобалната ДНК индустрија.

    ЦНЦ обработка на метал
    Благодарение на прецизноста и автоматизацијата што ги нуди ЦНЦ обработката денес постојат производи во речиси сите индустрии

     

    1.1. По што се разликува ЦНЦ обработката на метал од традиционалната обработка?

    При традиционална обработка на метал квалифициран мајстор управува со машината/алатот за сечење и формирање на металот, а сето тоа го прави според спецификација, технички цртежи или планови направени од страна на проектанти и инженери. За пренос на информациите од нацртот користи посебни шестари, линари, стеги, агломери и слично, па потоа производот се прави со разни алатки за сечење. Во тек на овој долготраен процес, мајсторот постојано, со помош на мерни инструменти ја проверува точноста на сите димензии. ЦНЦ обработката на метал се одвива на начин кој е аналоген на овој – сечење, дупчење, вртење, глодање, брусење и слично – но притоа се користи компјутерска нумеричка контрола на машината и алатите, наместо рачна контрола. Контролата е автоматизирана, кодирана, развиена од страна на програмери. Затоа, првиот производ е потполно ист како и пет стотиот или милионитиот, што при рачна обработка тоа не е случај. Овој начин на обработка на метал често се користи во дигитално производство (а понекогаш и во помали производни серии), при што може да се прилагоди за употреба на разни материјали и процеси. Овој метод на обработка на металот е многу попрецизен, а во денешно време во голем дел го замени традиционалниот начин (сепак не во целост) во индустриското производство. Програмот се служи со математички координати и моќта на пресметките, за да може да се постигне саканата цел со најголема прецизност. Конкретно, компјутерската нумеричка контрола користи Декартов координатен систем. Тоа се просторни координати – за повеќе димензии – со координати и оски. Автоматизацијата на алатот за глодање го контролира сечењето, дупчењето, вртење и останати процеси, со помош на нумеричка контрола од страна на компјутерот кој ги чита координатите. Тие координати се одредени претходно од страна на инженер на дигитален цртеж или нацрт од производот.

    1.2. Предност и слаби страни на ЦНЦ обработка на метал

    1.2.1. Предности – Брз и сигурен процес, точен и робустен производ

    ЦНЦ мелење (глодање) и стружење се многу прецизни процеси кој постојано се повторуваат. Во зависност од спецификацијата, можно е да се појават минимални отстапувања. ЦНЦ машините може да се програмираат да работат 24 часа дневно, 7 дена во седмицата, доколку е потребно, што ја прави ЦНЦ обработката добар начин за сериско производство. Благодарение на стандардните алати, ЦНЦ обработката е особено важна при производство на уникатни производи по нарачка, заради замена на стари истрошени делови или специјална надоградба по нарачка. Друга голема предност на ЦНЦ технологијата е постигнување на остварливи механички својства. Со сечење на суровината, наместо со топење на металот, како на пример при вбризгување или доработка, се задржуваат сите сакани механички својства на одбраниот метал или пластика. Повеќе од 50-тина разни индустриски метали, легури и пластика може да се обработуваат по пат на ЦНЦ глодање и стружење. На таа листа се алуминиум, месинг, титаниум, не‘рѓосувачки челик и цинкот. Единствен услов кој треба да го поседува материјалот за да може да се обработува на ЦНЦ машина е да има соодветна цврстина.

    1.2.2. Предност: поволна цена за големи серии

    Се препорачува производство во големи серии, за да се исплати ЦНЦ обработката, со што се покрива и трошокот за подготовка/програмирање на машината. Цената по парче исто така зависи од видот или конфигурацијата на ЦНЦ машината. Најевтино е производство на триосовинска ЦНЦ глодалка, која овозможува производство на едноставни производи со висока толеранција на отстапки, односно, такви кој не мора да се милиметарски точни. Производството на ЦНЦ машина со пет осовини може да биде прилично/дупло поскапа.

    1.2.3. Слабост: висока цена за помали серии

    Една од слабостите при употреба на ЦНЦ машина со високи перформанси е тоа што геометриската сложеност си има своја цена. Компонентите, всушност, производите со едноставна форма и помали димензии се најисплатливи за ЦНЦ глодање и стружење. Секогаш ќе има одредени дизајнерски ограничувања, поради пристапот кон алатот, иако постигнатиот степен зависи од бројот на осовини кој ги има машината. Друга работа е тоа што почетните трошоци за ЦНЦ обработка може да бидат високи. Поставувањето, вчитување на алат и програмирањето на ЦНЦ глодарката и стругалка, мора да биде направено од страна на квалифициран експерт. За среќа, тие трошоци се фиксни, а користење на истите оставки за повеќе парчиња го прави овој трошок поекономичен. Исто така може да заштедите со минимална потреба од рачно поместување на деловите кој се обработуваат. Обработката на пет осовинска ЦНЦ машина понекогаш може да биде економична доколку станува збор за повеќестрана геометрија, бидејќи ја елиминира потребата од рачно поместување на деловите кој се обработуваат.

    1.3. Области на примена на ЦНЦ обработка на метал

    Од своите корени во воздухопловната индустрија, ЦНЦ обработката се прошири на сите индустриски и производни полиња. Некој од најчестите примени на оваа технологија сега вклучуваат и изработка на калапи и алати. ЦНЦ обработката се користи при развој на производи и завршна обработка за воздухопловна, медицинска, електронска индустрија и многу други.

    2.Изберете квалитетен ЦНЦ понудувач за обработка на метал

    Изберете компанија со искуство која е специјализирана за ЦНЦ обработка на метал, а применува напредни производствени процеси како и најнови алати и машини со помош на кој можат да одговорат на високи барања. Уверете се дека употребуваат само проверени материјали со највисок квалитет и да се обезбеди точност на производот. Проверете дали нудат услуга за нарачки на големи и мали серии и по кој цени.

    3. ЦНЦ стружење

    Компјутерска нумеричка контрола (ЦНЦ) преставува процес на обработка во кој алатот за сечење се поставува покрај работното парче од кое по пат на стружење треба да се отстрани одреден дел од материјалот. Обично тоа се прави со ЦНЦ струг или турпија кој режат разни материјали, вклучително и дрво, метал и пластика. Кај ЦНЦ машините за сечење, делот кој се обработува е фиксиран со стега, а алатот за ротирачко вретено. За сечење, алатот се врти околу делот кој се обработува. Принципот на работа е ист и при ЦНЦ стружење: делот кој се обработува се движи, а алатот е фиксиран. ЦНЦ стругови се употребуваат за изработка на цилиндрични или долгнавести форми.

    4. ЦНЦ глодање

    Голем број современи производи, почнувајќи од паметните телефони до суперсонични авиони, постојат само поради сигурноста и сестраност на ЦНЦ машините. Ова преставува идеален метод за брзо правење на прототипови, како и за масовно производство на пластика и метал. ЦНЦ глодање преставува производен процес кој користи алат за режење кој е монтиран на ротирачко вретено за селективно отстранување на материјалот од суровината. Делот кој се обработува се прицврстува за маса која се движи или ротира на разни нивоа, при што се овозможува алатот да работи од повеќе агли. Пософистицирани машини, за напредни апликации,  може да имаат и по 5 или повеќе оски, независни во движењето.

    5. ЦНЦ процес за обработка на метал

    ЦНЦ машинската обработка користи сечење, стружење, глодање и брусење, што значи дека производот се прави со отстранување на материјал од парче метал. Ова е сосема спротивно од другите видови на изработка, како што е доработка – каде што материјалите се додаваат во делови или слоеви или се деформираат во одредена форма. Тоа, исто така, вклучува и вбризгување, односно, се вбризгува материјал во течна форма и се оформува со помош на калап. ЦНЦ обработката е сестрана и може да се применува на разни материјали, вклучително и метали, пластика, дрво, стакло и останати композити. Оваа сестраност доведе до тоа ЦНЦ обработката да стане популарен избор во сите индустрии, бидејќи им овозможува на дизајнерите и инженерите производите да ги дизајнираат сосема прецизно и ефикасно.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    ЦНЦ сечење на порцелански плочки

    Сечење на порцелански плочки под 45 степени (гер), права линија на рабовите. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот ЦНЦ (CNC) обработка на метал?

    ЦНЦ (CNC) обработка на метал ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    17+ КОМПАНИИ ЗА ЦНЦ (CNC) обработка на метал
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА