За реон

    Системи за вентилација Цена

    Колку чини систем за вентилација? Свежиот воздух кој во просторијата влегува по природен пат, односно со проветрување или преку систем за проветрување со рекуператор (принуден, вештачки начин) создава поздрави услови за живот, но ги намалува и трошоците за загревање на домот. Денешните системи за проветрување се доста ефикасни, бидејќи користат 90% енергија од излезниот воздух, така што температурата која влегува во просторијата е скоро иста. Во летниот период системот функционира полесно од причина што воздухот не треба да се загрева. Цената на системот за вентилација зависи од тоа колку должни метри цевки се потребни, бројот на вентилатори и рекуператори (централни или локални) и од тоа дали системот служи за греење и/или за ладење. Приближната цена за таканареченото принудно проветрување со рекуператор, согласно големината на куќата се движи околу 1.500 до 2.500 евра па нагоре.

    Кому да го доверите вградувањето, а подоцна и одржувањето на системот за вентилација? Пратете барање до соодветни и оценети експерти за системи за вентилација во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на вентилација за куќа


    Цена за вентилација. Цена на компактен уред за вентилација со поврат на влага.

    1600.00

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА

    СРЕДНА ЦЕНА
    2400.00

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Вентилација

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Системи за вентилација - се што треба да знаете

    1. Системи за вентилација – што се треба да знаете?

    Удобноста на живеење во голем дел зависи од квалитетот на воздухот. Како ќе се чувствувате, зависи од температурата, а од тоа колку е чист воздухот зависи вашето здравје. Домот може да се луфтира со отворање на прозорци и смислено уредување, иако самото проветрување не е секогаш доволно. Во такви ситуации потребно е да се инвестира во вештачка вентилација. Во помали објекти најчесто се користат децентрализирани системи, односно, локални апарати за проветрување – што значи дека во секоја соба треба да има по еден вентилатор. На нив може да се додадат исто така поединечни рекуператори. За нови и поголеми објекти подобар е централен систем составен од централен апарат за проветрување, мрежа од канали и отвор за вентилација. Во тој случај, централната единица врши рекуперација, контрола на влагата, како и загревање и ладење на воздухот.

    Вентилација
    Чистотата, температурата и влажноста на воздухот многу влијаат на нашето здравје и чувства

     

    1.1. Проветрување на просторот

    Некој простории полесно се проветруваат со локални уреди за проветрување. За тоа служат ѕидните вентилатори кој се вградуваат на околу 30 цм под таванот и овозможуваат несметано кружење на воздухот. Моќта на вентилаторот се контролира на начин што за еден час сиот воздух во просторијата ќе се промени, а ако има потреба се вградуваат повеќе вентилатори.

    1.2. Проветрување на стан

    Кога сакате проветрување на целиот стан, тоа може да го направите со помош на централен систем за проветрување или преку поединечни уреди распоредени во сите простории. Системот треба да се намести така што воздухот ќе струи од најпрометните соби, како што се кујната, бањата или тоалетот, во помалку прометните простории како што се спалната или дневната соба.

    1.3. Проветрување на куќа

    Проветрување на целата куќа е можно да се изведе со помош на внимателно поставени локални уреди за проветрување, иако, секогаш е подобро да се има централен систем за проветрување. И во овој случај треба да се води сметка за протокот на воздух од простории кои постојано се користат во оние кој помалку се користат. За куќа, се препорачува како додаток и рекуператор, од причина што со него губитокот на топлина при размена на воздухот се намалува.

    1.4. Предности

    Непречистениот воздух содржи многу нечистоти: честички прашина, грини, цветен прав и се разбира, помалку кислород. Од причина што поголем дел од времето го поминуваме во затворен простор, од исклучително значење за нашето здравје е да дишеме што почист воздух. Поради сето ова, експертите препорачуваат секое утро најмалку 10 минути задолжително да се проветруват сите простории, со што ќе се промени околу 70% воздух. Алтернатива на природното проветрување преставува вештачкото, со кое во просторијата постојано се внесува свеж воздух.

    1.5. Слабости

    Дека проветрувањето на просториите влијае многу поволно на нашето здравје е вистина, но, со вадење на топлиот воздух од просторијата се губат огромни количини на енергија, што може да се види преку поголемите трошоци за греење. Доколку проветрувањето се врши природно, трошоците делумно се намалуваат со брзо луфтирање кое го менува воздухот, но не ги лади површините. Кога станува збор за вештачко проветрување, тогаш задолжително треба да се додаде рекуператор кој задржува дел од топлината при размена на воздухот.

    2. Како да изберете понудувач?

    На ист начин како што бирате мајстор за било што друго што ви е потребно, така и во овој случај – изборот на понудувач најмногу треба да зависи од неговата професионална оспособеност и искуство. Најпрво треба да се посоветувате за можното решение за вашиот стан или куќа. Одговорите од понудувачите може да ви бидат одличен показател за нивното знаење. Покрај тоа, на нашиот портал Daibau.mk, може да најдете референци за мајсторите кој соработуваат со нас, како и мислења и коментари од поранешни клиенти. На оние кој ќе ги изберете, пратете им барање и почекајте на одговор со понуди.

    3. Поединечна или централна вентилацијa

    3.1. Поединечна вентилација

    Ваквиот систем за вентилација дејствува локално, со помош на поединечни уреди, а може да биде и централен. Поединечните уреди се одлично решение за објекти кој се реновираат или во ситуации кога поставување на централна вентилација не е можно. Локалните уреди за вентилација всушност се вентилатори кој во секоја просторија поединечно вршат размена на воздух. Вентилаторите се поставуваат во ѕидни отвори или на начин да имаат контакт со надворешната средина.

    3.2. Локална рекуперација

    При локална вентилација се губи доста топлина, а тоа губење на топлината до некаде мое да се санира со помош на рекуператор. Но поединечните рекуператори помалку ефикасни од централен, а и поскапи, од причина што ги има повеќе.

    3.3. Централно проветрување

    Главниот елемент на системот за централна вентилација преставува централниот уред. На него се надоврзува мрежа од цевки до сите простории. Каналите за вентилација може да се монтираат и во спуштен таван, како и во естрих, односно цементна кошулица. При тоа треба да се води сметка за тоа цевките и каналите да бидат со соодветен пречник согласно предвидениот проток на воздух, во спротивно, само ќе се создава бучава и промаја. Централниот систем за вентилација бара внимателно планирање, па од таа причина тој е посоодветен за нови градби и јавни простори кој може брзо да се адаптираат, како што се на пример, индустриски хали и јавни објекти со спуштени тавани. Централниот систем за вентилација лесно се одржува од причина што е потребна само редовна замена на филтерите.

    3.4. Централна рекуперација

    Со помош на рекуператор ефикасноста на централниот систем за вентилација се зголемува. Тој служи за тоа топлиот внатрешен воздух да го загрева донесениот ладен воздух, со што може да се искористи и до 70% од топлината.  Проветрувањето со рекуператор значително ги намалува трошоците за греење. Со додавање на специјални уреди, можно е и навлажнување или сушење на воздухот.

    4. Природно проветрување или вентилација?

    4.1. Природно проветрување

    Честопати се поставува прашањето дали е подобро природно проветрување или механичка вентилација? Доколку објектот е граден без изолација, струењето на воздухот се одвива непрестајно. Природното проветрување не бара инвестиција, но потребно е рачно управување, а не е ефикасно доколку температурните разлики од дневната и ноќната температура се помали, а притоа зградата е слабо изолирана. Значи, можеме да заклучиме дека природно проветрување е добро само за помали простори.

    4.2. Принудно проветрување со вентилација

    За принудно, односно, механичко проветрување се употребуваат вентилатори кој го подобруваат протокот на воздух низ отворите за вентилација. Наједноставен пример за тоа преставуваат вентилаторите за бања, кој го носат воздухот од санитарната просторија и создаваат вакуум кој вшмукува свеж, надворешен воздух. За оваа намена многу често се употребуваат и цевчести вентилатори, како што се кујнски или ѕидни аспиратори. Системите за механичко проветрување обезбедуваат постојан, оптимален квалитет на воздухот и степен на влага како и кај филтриран воздух, а работат бесшумно и автоматски. Со нив просторот може да се грее или лади.

    5. Климатизација со проветрување

    5.1. Греење со помош на уреди за проветрување

    Најголема предност на системите за проветрување покрај тоа што секогаш обезбедуваат свеж воздух, е тоа што преку нив просторот може да се грее или лади. Од таа причина, кога се монтираат, мора да се води сметка за димензионирање согласно пресметките за потребна количина на воздух и топлина. Свеж и топол воздух доаѓа до сите простории во објектот. Вентилационите отвори треба да бидат соодветно големи согласно пресметаниот проток на воздух, во спротивно ќе се јави бука и промаја. Благодарение на рекуператорите, губењето на топлина се намалува, од причина што дел од топлината во разменувач поминува од искористениот, влезен, на новиот свеж воздух.

    5.2. Ладење преку уреди за проветрување

    Покрај тоа што преку системот за проветрување просторот се грее, тој може и да се лади. Воздухот може да се лади со помош на разменувач на топлина, уред кој ја пренесува топлината од еден на друг елемент – земја, вода, воздух. На пример, квалитетен уред на принцип земја-воздух може да разлади од 30°C на пријатни 22°C. Притоа, мора да се обезбеди одвод на кондензацијата и објектот треба да има целосно добра изолација. Воздухот може да се лади и со помош на рекуператор или клима уред. Енергетски најефикасно е ладење со помош на топлинска пумпа која истовремено и ја балансира влажноста на воздухот.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изведба на вентилација

    Потребна е изведба на вентилација за хотелска тераса. Површината на терасата е 110 м2. Во пролог имам оставено слики. 138375 € до 230625 €

    ........

    Изработка на вентилација за деловен објект

    Потребна е изработка и монтажа на вентилација за деловен објект. Бурекцилница е во прашање. 83025 € до 138375 €

    ........

    Чистење на вентилација во зграда

    Ми треба чистење на вентилацијата за една вертикала во зграда 5 спрата. 13837.5 € до 23062.5 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изведба на вентилација во приватна куќа, 100 м2
    Вентилација, Скопје

    1800 € до 3000 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Вентилација ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    65+ КОМПАНИИ ЗА Вентилација
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА