За реон

    Вградени плакари Цена

    Колку чинат вградени плакари? Со вградените плакари можете многу подобро да искористите одреден простор во куќата. При тоа, целата просторија изгледа поголема и по уредна. Цената на вградени плакари по нарачка зависи од неговата големина, материјалот (полно дрво, ОСБ, МДФ, фурнир, медијапан, иверица), големината и начинот на отворање (крилни или лизгачки врати), додатоци (стакло, огледало, меко затворање), број на внатрешни елементи и секако од мајсторот. Цената за набавка и составување на просечен вграден плакар се движи помеѓу 100 и 195 евра/м.

    Кому да ја доверите изработката на вграден плакар? Пратете барање кај соодветни и оценети столари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на вградени плакари


    Цена на вграден плакар. Цена за набавка на материјали и составување а просечен вграден плакар.

    100.00 €/м

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м

    СРЕДНА ЦЕНА
    192.00 €/м

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Вградени плакари

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Вградени плакари - се што треба да знаете

    1. Вграден плакар – што се треба да знаете?

    Вградените плакари се, може да се каже, идеално решение за секој дом во секој поглед. Доколку нарачате фабрички или таков, по нарачка од столар, горе-долу можете сами и во која било комбинација да ги изберете речиси сите негови елементи. Во секој случај, ќе добиете простор за складирање од подот до таванот, точно како што ви треба, според вашите сопствени желби и можности.

    Вградени плакари
    Со вградените плакари, во споредба со орманите, многу подобро ќе го искористите просторот

     

    1.1. Заштеда на простор

    Вградените плакари за разлика од обичните, само стоечки класични ормани, заштедуваат многу место во самата просторија, а со тоа целиот простор е подобро искористен. Ваквите плакари се од подот до таванот, што овозможува да заштедите и на материјалот бидејќи тие немаат горна плочка. Таа улога ја презема самиот таван на собата, а понекогаш самите ѕидови може да бидат заден дел или страница на плакарот, особено ако плакарот оди од ѕид до ѕид на собата. На мансардата или во шпајз поради специфичната форма на собата, класичен плакар воопшто не може ни да се постави, вградените плакари се единствено практично решение. Дури, ако се постави лизгачка врата, ќе имате слободно место и непосредно пред нив. Ова е особено практично за тесни ходници каде што класична врата на плакарот ќе го затвори просторот во целост. На пример, во спалната соба растојанието помеѓу брачен кревет и плакарот обично е точно толкав да може да помине едно лице.

    1.2. Прилагодување кон стилот и бојата на покуќнината

    Кога правите вграден плакар по мерка, тогаш стилот, бојата и материјалот ги бирате по своја желба. Најчесто се употребува иверица поради поволната цена и приспособливост, како и широкиот спектар на бои и нијанси. Со завршна обработка може да се направи мат или површина со висок сјај. Покрај тоа, може да изберете и површина која е имитација на разни видови дрво, фурнир, медијапан, иверица, плоча, лесонит, ОСБ и МДФ плочи и слично. Понатаму, самиот корпус (конструкцијата) на плакарот може да биде од еден материјал, а вратите и лајсните од друг – на пример од стакло: обично, пескарено, калено, млечно, фарбано или армирано; огледалата се исто така можен избор наместо врата – обични, затемнети, фарбана, гравирани, антика и така натаму. Од причина што изборот на материјал и негови комбинации е скоро неограничен, можно е изгледот на вградениот плакар и стилски и функционално да се прилагодува на вашите желби, покуќнина (мебел, подови, столарија, ѕидови) како и на самиот простор.

    1.3. Соба гардеробер

    Доколку имате доволно голем простор за да се направи соба гардеробер/соблекувална или пак некоја остава која е како создадена за плакат, уште подобро. Во тој случај, плакарите не мора да имаат врати и може да останат отворени; тогаш само се монтира корпусот и внатрешните елементи како што се полици, отворени или затворени фиоки, корпи и разни видови на специјални, споени или самостојни закачалки и држачи за алишта и обувки. Со класична или лизгачка врата во тој случај се затвора само собата.

    1.4. Цени за вградени плакари

    Иако на прв поглед се стекнува впечаток дека вградените плакари се поскапи од обичните, најчесто тоа не е так. Се зависи од изборот на материјал и вградените елементи. Меѓутоа, доколку ги споредите цените на метар квадратен од искористениот простор при вграден плакар и класичен гардеробер, ќе видите дека е пониска. Доколку изберете вграден плакар со лизгачка врата, бидете сигурни дека тоа е поевтино решение. Од материјалите за плочест мебел најевтина е иверицата со светли тонови, а најскапи се фронтовите од стакло, полно дрво, огледало и слично.

    2. Избор на понудувач на услуги

    Повеќето озбилни понудувачи на готови плакари, без разлика дали станува збор за таков по мерка или готов, нудат целосно решение, односно, советување, скицирање и идејни нацрти, мерење во вашиот дом, изработка, достава и вградување. Секогаш бирајте помеѓу квалитетен понудувач со добри референци и препораки, па откако ќе го изберете тој кој ви се чини најсигурен, може да очекувате врвна услуга.

    3. Различен внатрешен распоред

    Покрај прилагодување на плакарот на просторот во кој се наоѓа, согласно стилот и бојата, важно е како истиот ќе изгледа и внатре. Одлучете се за комбинација на разни елементи, за да може максимално да го искористите просторот, а и на начин кој најмногу ќе одговара на вашите потреби. На овој начин ќе добиете уредно и прегледно место скриено од туѓите погледи.

    3.1. Што ви треба

    Некој има повеќе фустани отколку кошули или панталони од здолништа, повеќе плитки отколку длабоки кондури. Значи, согласно видот и количината на облеката и чевлите кој ги имате, размислете и за начинот на кој ќе ја обмислите внатрешноста на плакарот. Без разлика дали е готов или ќе правите по мерка, најважно е како ќе го искористите – дали ви треба повеќе место за облека на закачалки или здиплени алишта, ниски или високи полици, плитки или длабоки фиоки, корпи или држачи и така натаму. Се на се, почитувајте ги следните правила:

    - Оние работи кој најмногу ги употребувате, нека бидат во висина на вашите очи, а оние кој поретко ги употребувате редете ги на дното; тоа што го користите многу ретко, сместете го најблиску до таванот.

    - Полесно ќе можете да најдете што ви треба, а потоа и пак да ги диплите во добро осмислен плакар.

    - Се препорачува полиците да бидат широки 30 цм и длабоки 25 цм бидејќи тоа е  просечната големина на здиплени алишта. Полици со вакви димензии ви овозможуваат да редите алишта до врвот, а при тоа да не мора да посегнувате кон задниот дел од плакарот.

    3.2. Комбинација на отворени полици и фиоки

    Фиоките ја покачуваат цената на плакарот поради тоа што има повеќе материјал, шини, фронтови и рачки. Но, тоа е практична и корисна површина, особено во долната половина од плакарот. Може да ги извлечете и да видите што има во нив, без да клекнете. Наместо фиоки, можете да ставите корпи или кутии. Тие со помали димензии може да ви послужат за накит или ситници, а поголемите за долна облека или чорапи. Таквите додатоци го прават плакарот уште по простран и попрактичен. Кога на отворените ќе ви затреба повеќе простор, тогаш само извадете ги корпите и кутиите и преместете ги некаде.

    3.3. Што повеќе алишта, толку повеќе место

    Просторот за алишта кои се закачуваат секогаш е неопходен поради алиштата кој се пеглаат. На жените, обично им треба повеќе место отколку на мажите поради подолгите парчиња гардероба како што се фустани, капути или мантили, но и покуси како што се сакоа, јакни и здолништа, кој во главно стојат на закачалки, за која цел секогаш е добро да има соодветна шипка или преграда, односно, повеќе такви.

    3.4. Корисни додатоци

    При одлучување околу распоредот во внатрешноста на плакарот, имајте на ум дека истите може да биде уште попрактични со избор на вистински дополнителни, подвижни елементи.

    Лизгачки полици

    Полиците како внатрешен елемент, сами по себе заземаат најмалку место, а ваквите полици кој се извлекуваат, се идеални за чување накит, часовници, наочари и слични ситници.

    Лизгачки корпи

    Како што веќе спомнавме, за да има што повеќе место на полицата, а вашите работи да ви бидат што подостапни, можете да поставите корпи или кутии кој по потреба ги извлекувајте. Тие се идеални за зимски работи, постелнина, крпи и слично. Меѓутоа, постојат и жичани корпи на лизгање специјално наменети за вградени плакари.

    Лизгачки куки

    Овие куки најчесто се фиксираат за држач кој може да се извлекува и вовлекува, а на нив можете да закачите каиши, торби, ташни и слично. На овој начин се е подредено и на дофат.

    Лизгачки повеќеделни закачалки за панталони

    Ваквите закачалки за панталони, т.н. чешел за закачување на панталони, исто така се специјално наменети за плакари. На секој ,,заб од чешелот‘‘ се закачува еден пар панталони, наместо секој на поединечна закачалка.

    Огледала 

    Доколку на вратата од плакарот (или наместо неа) се стави големо огледало, тоа визуелно ќе ја зголеми и осветли собата, а ќе можете да се гледате од поголема оддалеченост. Доколку сакате да го користите само при облекување, тоа може да биде од внатрешната страна.

    Осветлување

    Плакарот може да се осветли на разни начини. Осветлувањето може да биде од внатрешната или надворешната страна или пак и од двете. Квалитетните, готови вградени плакари веќе имаат вградено ЛЕД осветлување. Многу е важно осветлувањето да биде ЛЕД, да не се загреваат сијалиците, но и да се од ладниот спектар на бои, за да можете и во темна соба јасно да ги разликувате боите и сенките од предметите.

    Меко затворање/тивки шарки

    Во денешно време тивките шарки и лизгачи во главно се веќе вградени во квалитетни готови плакари. Тие овозможуваат вратите да се затвораат бесшумно. Доколку не се вградени, ставете ги дополнително.

    4. Нарачка, изработка и вградување

    4.1. Препораки

    Советниците во салон или самостојни столари можат да ви дадат бројни идеи и решенија, дури и некој на кој вие сами нема да се сетите. Може да ве посоветуваат околу оптималниот начин на користење на просторот, внатрешниот распоред, бои, стил и слично. Објаснете им што сакате, направете скица со мерки и нагласете се што ви е важно. За да добиете подобра слика за конечното решение, може да ви направат скица или 3Д приказ. Крајната цел на овие разговори е целиот расположив простор максимално и нај функционално да се искористи, а да не се загрози сразмерот, а ниту естетиката на просторијата.

    4.2. Вградување

    Откако ќе се заврши земањето мерка во вашиот дом и ќе се договори внатрешниот и надворешниот изглед на плакарот, следува фазата на изработка и монтажа. Рокот за завршување е отприлика 3 недели, без разлика на тоа дали станува збор за фабрички или плакар нарачан по мерка. Нормално, овој рок зависи од повеќе фактори, така што може да биде и подолг.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Мебел по мерка за цел стан

    Изработка на мебел по мерка за цел стан по претходно изготвен проект за внатрешно уредување. На заинтересираните проектот можам да го пуштам по маил. 553500 € до 922500 €

    ........

    Изработка на вградени плакари

    Потребано е да се изработат, вграден плакар со лизгачки врати, димензии: 137 ширина, 230 висина, 43 длабочина;
    Вграден плакар со лизгачки врати, димензии: 194 ширина, 230 висина, околу 60 длабочина;
    Сугестија за простор 137 на 120 со висина 260... Замислата е да има преградна или лизгачка врата, нешто како утилити со тоа што во внатрешниот простор би имало оклагии и полици (ваша идеја). 55350 € до 92250 €

    ........

    Promena na mehanizmot na lizgačka vrata

    Mi treba nov mehanizam na lizgacka vrata so ogledalo , ako ne može da se zameni togaš nova vrata. Vo prilog imam ostaveno slika od postoečkata. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изработка на закачалка, 1 ком
    Вградени плакари, Скопје

    225 € до 375 €

    Цена, Изработка на врата со шини за плакар, 2 м
    Вградени плакари, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Izrabotka na plakar, 1 kom
    Вградени плакари, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Потребна е изработка на вграден плакар во ходник, количина 1 квадратура 5 м2
    Вградени плакари, Скопје

    360 € до 600 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Вградени плакари?

    Вградени плакари ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    99+ КОМПАНИИ ЗА Вградени плакари
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА