За реон

    Водоинсталатер Цена

    Колку чини водоводна инсталација.Цената за водоводна инсталација се разликува од куќа до куќа. Трошоците зависат од оддалеченоста на поодделни приклучоци, теренот, распоредот на простории и бројот на вертикални водови. Цената за канализација, заедно со надворешно уредување за просечна семејна куќа, од прилика изнесува околу 20 евра/м, што значи од околу 1.000 евра па нагоре. Цената за преуредување на водоводот и одводот, заедно со материјал, за помало купатило би била околу 500 евра. За помали работи, како што е фина монтажа на санитарија, треба да издвоите околу 50 евра. Трошокот за груби и фини водоводни инсталации за просечна семејна куќа изнесуваат околу 7 до 15 евра/м.

    Кому да ги доверите водоинсталатерски работи? Пратете барање кај соодветни и оценети водоинсталатери во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на водоводни инсталации


    Цена на водоводни инсталации. Цена за груби и фини работи при поставување на водоводни инсталации по должен метар.

    7.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    14.40 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Водоинсталатер

    Водоинсталатерски работи


    Колку чинат водоводните работа? Водоводните работи, помалите како одводи и поправки , се наплаќаат с...

    Проверете и: Водовод и канализација Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Водоинсталатерски работи - се што треба да знаете

    1. Водоинсталатерски работи – што се треба да знаете?

    Водоводна инсталација
    Пред да започнете со работа, треба точно да се означат сите позиции на санитарните цевки и опремата

    1.1. Прво: добар план

    Пред да започнете со самата градба или реновирање на дел или целиот објект, како и за сите останати слични ситуации, најважно е да имате детален и прецизен план. Што се однесува до водоводните инсталации, најпрактично е кога сите простории кои имаат одвод на вода (кујна, купатило, тоалет, перална или друго) се наоѓаат една покрај друга или една над друга, на иста оска. На тој начин се намалува бројот и должината на водовите, а со самото тоа и потрошувачката на материјал е помала. Покрај заштедата на пари, ова има и други предности: водовите се покуси, имаат помалку спојки со што сиот систем подобро функционира и поедноставно се одржува, а подоцна, при евентуални поправки замената или адаптацијата се полесни. Притоа, кога мокрите јазли се во една линија бучавата е помала.

    1.2. Намалување на бучава и ехо

    За да има помала бучава и истата да не се шири при употреба на водоводната инсталација, важно е:

    1.    инсталацијата да биде со соодветна димензија и да биде праволиниска, со што помалку промени на правецот,

    2.    цевките да бидат фиксирани за ѕидовите,

    3.    фиксатор и носачите за цевките да бидат од еластичен материјал кој нема да ги пренесува вибрациите на ѕидот, 

    4.    цевките да бидат изолирани со лесен еластичен материјал.

    1.3. Одводни води

    Одводните, канализациони инсталации порано се правеле од олово и нивниот век на траење бил помал (40-50 години). Абразивните средства за перење и чистење ги нагризуваат со што им се скратува траењето, па при реновирање секако треба да ги замените. Денешните одводни цевки се пластични и неспоредливо поиздржливи и потрајни. При поставување на вакви, ПВЦ цевки, треба да водите сметка за нивната положба, односно, падот кој мора да биде 1% по должен метар, односно 2-5 цм на 2-5 м цевка. Протокот нема да биде добар ниту ако овој пад е помал, ниту пак поголем од овој – ако нагибот е поголем, водата ќе истекува, но талогот ќе се задржува и на тој начин цевката ќе се затнува. Доколку цевките се постават вертикално, тогаш поради гравитацијата се ќе паѓа на дното, па затоа најдобро е тука да има колено од 45°, иако најефикасен проток обезбедува колено од 90°, а тоа и најлесно се чисти бидејќи е нај достапно.

    1.4. Стеги за цевки

    Во куќите и зградите со постар датум, сеуште постојат цевки од лиено железо или олово. Векот на траење на лиено железо е подолг од 150 години, така што таквите инсталации не треба да се менуваат. Меѓутоа, кога на нив се надоврзуваат ПВЦ цевки  потребно е за тој спој да се употребат специјални спојки и леплива лента од смола, која ќе го направи спојот непропустлив. Кога станува збор за новоградба, се препорачува да се вгради само една Т-гранка и вентилација. Вентилацијата треба да биде најмалку Ø7,5 цм а служи за ослободување на вакуумот кој се создава во цевките. Без вентилација, вакуумот би ја извлекувал водата од сифонот, а талогот ќе остане и неговиот непријатен мирис ќе се шири низ просторот. Во постари куќи и згради, поради висината на приклучокот на вертикалниот канал, можноста за промена на положбата на тоалетот е ограничена од причина што падот мора да остане најмалку 2%. Тоа може да се реши така што тоалетот ќе се монтира на ѕид, наместо на подот, со што се добива потребната висина на нагибот.

    2. Професионална и квалитетна монтажа

    При новоградба инсталациите се работат согласно детални планови на проектната документација, односно, во состав на машинската инсталација. За реновирање на инсталациите при реновирање, таква документација не ви е потребна, ниту пак согласност, без разлика дали станува збор за стан или куќа. Најважно е да ангажирате искусен водоинсталатер кој ќе умее квалитетно и ефикасно да ја замени и монтира новата водоводна и канализациона мрежа.  Откако ќе изврши увид во постоечка состојба, ќе ви направи пресметка со детален опис на сите работи.

    3. Видови водоводни цевки

    После II-та светска војна, па се до 1990-тите се употребуваа поцинкувани водоводни цевки за кои се проценува дека траат 50 години. Денес, во главно се употребуваат т.н. алупласт цевки, кој се прават од три слоја пластика. Нивниот век на траење е подолг, а водата во нив почиста, бидејќи истите не кородираат. Предноста на овие цевки е и по едноставното и побрзо поставување. Последниве години, особено за потешки објекти, се повеќе се употребуваат прохромски цевки кој се со висок квалитет и повеќенаменски – се употребуваат за вода за пиење, греење, гас и друго.

    4.Како се вградува водоводна инсталација?

    4.1. Подготовка

    Таканаречените груби работи на поставување на водоводна инсталација започнуваат тогаш кога ќе се завршат носечките ѕидови и малтерисувањето, како и катните плочи и цементна кошулица Кога се прави машинско малтерисување, инсталацијата се поставува во првиот, тенкиот слој веднаш по завршување со ѕидање на ѕидовите. На ѕидовите се одбележува висина од 100 цм од ивицата на финалниот слој на подот. Ви препорачуваме дебелината на подот да биде најмалку 15 цм од причина што во денешно време се вградува во подот (подно и греење со радијатори, електроинсталација и др.). потоа се одбележуваат точните места на сите санитарни елементи (тоалет, мијалник, туш, када, биде, машина за алишта и садови и друго) бидејќи по тој распоред се поставуваат цевките и приклучоците за водовод и канализација. Ова е особено важно ако изберете вградено казанче и висечка WC школка и некои видови мијалници.

    4.2. Поставување на цевките и приклучок на јавен водовод

    Домашните инсталации во главно се приклучуваат на јавен водовод и канализација. Помеѓу водоводот во куќата и комуналниот приклучок, на одредено место се поставува водомер. Според прописите, во куќа тоа може да биде во орман во ѕидот или јама во дворот или пак шахта пред зградата. Шахтите имаат соодветен капак. Водоводните и канализационите цевки се разведуваат покрај ѕидовите или по подот. Во грубите водоинсталатерски работи спаѓа и поставување мрежа од канализациони цевки, како и цевки за топла и ладна вода. Поставувањето на цевките се работи двонасочно: прво се поставуваат од секој санитарен елемент до одводот, односно, до колекторот, каде оди една цевка; втората е санитарните елементи да се поврзат заедно во една цевка, а од повратната врска да оди во одводот. Кога станува збор за повеќекатни објекти, тогаш цевките се поврзуваат така што секој кат има сопствен канализационен одвод и свој водомер.

    Цевките во ѕидовите се поставуваат во ребрести (божур) црева. Доколку дојде до расипување, тие може да се заменат во веќе завршен објект. Најважно е да постои пристап до спојот на цевките односно, разводната кутија и одводот. Цевките за одвод и довод на вода се поставуваат истовремено. Одводните цевки мора да имаат вентил кој оди до покривот, па во надворешната средина над ќерамидите. Во оваа фаза се поставуваат и казанчињата за вода и носачите на ѕидот за висечка WC школка или биде. Би било одлично доколку постои можност тогаш да се постават и филтери за песок и апарат за намалување на притисокот. Апаратите за намалување, односно за изедначување на притисокот во цевките всушност преставуваат ареатори и значително ја намалува бучавата. Откако ќе се заврши се во оваа груба фаза, се врши тестирање на притисокот во цевките за довод, како и тестирање на непропустливост на одводните цевки.

    4.3. Фина водоводна инсталација

    Откако ќе се заврши со малтерисување и поставување на подни и ѕидни облоги, следува монтажа на санитаријата. На свое место се поставуваат тоалетот, биде, мијалникот, кадата и се останато, а на крај се монтираат чешмите, како и машината за перење алишта и машината са миење садови.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Поправка на бојлер- итно!

    Ноќеска се расипал бољерот избил главниот вентил и приклучокот за црево.
    Главниот вентил е од надвор ќе се прелепи не е страшно. Но може ли приклучоков некако да се продолжи за да не се кршат плочките. 5535 € до 9225 €

    ........

    Набавка и монтажа на бојлер 80 л.

    Вадење на веќепостоечки бојлер и набавка и монтирање на нов бојлер 80 литарски.

    во прилог слики 5535 € до 9225 €

    ........

    Промена на батерија, чешма во кујна

    Потребна е промена на батерија- чешма во кујна. 5535 € до 9225 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Промена на цевки од одвод надворешни во станот испод, 1 м .
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Интервенција на чешма во двор, 1 кол
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Инсталација машина за перење алишта + сушење алишта + бојлерче, 3 уреди
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поставување водоводна и одводна инсталација, 250 м2
    Водоинсталатер, Дојран

    1080 € до 1800 €

    Цена, Поправка на казанче, 1
    Водоинсталатер, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Поправка на казанчиња вградени пловник тече вода, 1
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Проверка на одвод од туш кабина, 1
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Отпушување одвод, 1
    Водоинсталатер, Демир Хисар

    180 € до 300 €

    Цена, Менување нова ѕидна батерија за умивалник во тоалет, 0.5 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поправка на казанче, 1
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Детекција на проблем и санација на шоља во купатило, 1
    Водоинсталатер, Сарај

    90 € до 150 €

    Цена, Проверка и поправка на водовод шолја,биде и када, 1 кол.
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поправка на казанчето во купатилото, 1 кол.
    Водоинсталатер, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Целосна водоводна инсталација за две куќи во изградба, 140 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    3150 € до 5250 €

    Цена, Детекција и санација на штета во купатило, 1 кол
    Водоинсталатер, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Проверка на водоинсталатерска мрежа и помали поправки, 10 кол
    Водоинсталатер, Катланово

    180 € до 300 €

    Цена, Преместување на бојлер во купатило, 1 кол.
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Промена на 80 л. бојлер во бања, 1 ком.
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поправка на казанче во купатило и лавабо во кујна, 2 кол
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Мала поправка на вградено казанче, 1 казанче
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поправка или промена на чешма, 1 кол
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поправка на казанче од моноблок шоља, Solja
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Чистење на бојлер од каменац во купатило, 1 кол.
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Реновирање на купатило, 5 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Замена на вентил од водомер до казанче, 1 кол
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Реновирање на купатило, 40 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Комплетно реновирање купатило, 21 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Изведба на водоводна мрежа на карабина од куќа, 200 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Санација на квар во новореновирано купатило, 20 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Детекција на место од шахта која протекува, 1 кол
    Водоинсталатер, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Монтажа и демонтажа на санитарија во купатило, 1 кол.
    Водоинсталатер, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Реновирање на бања, 2 м x 2 м
    Водоинсталатер, Оризари

    1440 € до 2400 €

    Цена, Изведба на водоводна мрежа во куќа, 200 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Реновирање на купатило, 6 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Одржување на канал во туш кабина, 1 кол.
    Водоинсталатер, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Поставување на одводна и доводна мрежа, 4 м2
    Водоинсталатер, Скопје

    360 € до 600 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Водоинсталатер ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    77+ КОМПАНИИ ЗА Водоинсталатер
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА