Дрвена натстрешница е врската помеѓу вашиот дом и надворешниот простор. Многу е важно јасно да одредите зошто ја градите пред да започнете со изградба. Минималните потребни димензии за паркирање се в2,2 x ш2,50 x д5 м, а приближно исти за градинарски мебел и скара. Сепак, консултирајте се со архитектот за формата и големината. Како и за секоја друга градежна конструкција, односно инженерски објект, најважни се темелот и закотвување(анкерисување) за да не пукне или да не пропадне. Формата на конструкцијата зависи и од материјалот што сакате да го користите. Металната конструкција овозможува помали носечки елементи и поголем распон, додека дрвената конструкција е почеста и поприродна. Конструкцијата секако може да биде ѕидана со тула или бетон или комбинација од различни материјали. Модерните натстрешници се генерално со цмирена форма и со прави линии, а естетски полесно се вклопуваат во просторот. Покривот на стреата може да биде направен од ќерамиди, тули, тегола, трапезоиден лим, зеленило или поликарбонатни листови што пропуштаат светлина. Мора да се земе предвид можноста за истегнување и извртување на конструкцијата, што влијае и на покривот. Видете повеќе совети кои ви ги подготвивме, а цените на материјалите за натстрешници и нивното поставување можете да ги видите во калкулаторот. Се разбира, секогаш можете да контактирате со нашите експерти и тие со задоволство ќе ви одговорат.