ИЦ (инфрацрвени; IR-инфрацрвена, англиски) панели емитуваат топлина со зрачење и не го загреваат воздухот, туку рамномерно, целата површина и телата. Инфрацрвено греење има значителни предности во споредба со конвенционалното греење: ИЦ панелите ја загреваат просторијата за околу 10 секунди, целосно тивко. Поради ова загревање, предметите зрачат со топлина, остануваат суви, не може да се формира мувла, ниту пак загревањето создава прашина. Овој начин на греење не е нов, само неговиот концепт е подобрен така што многу тенки панели, монтирани на таванот или ѕидот, се речиси незабележливи, а се најефикасни и најприфатливи од енергетска и еколошка цмисла. Некогаш, можеби секоја бања имаше греалки со овални цевки кои се загреваа многу брзо и стануваа црвени и жешки, загревајќи ја просторијата исто толку брзо. Сега наместо такви грејни тела, поради зголемената побарувачка за алтернативни начини на греење кои се помалку штетни за луѓето и околината, има инфрацрвени панели со различни големини и форми кои ги загреваат телата, не го сушат воздухот и не дозволуваат создавање на мувла или прашина. Тие не бараат никакви дополнителни инсталации, и иако можеби се повисоки првични трошоци, тие сигурно ќе се исплатат со текот на времето. Инфрацрвените панели често се додаток на примарниот метод на греење и може да се користат за повремено и привремено загревање на помошни простории; покажаа одлични резултати, на пример во оранжериите, бидејќи ја загреваат почвата и со тоа го подобруваат растот на растенијата. ИЦ панелите не можат да загреваат вода. Погледнете ги другите совети кои ви ги подготвивме, а цените на телекомуникациите можете да ги видите во калкулаторот. Се разбира, секогаш можете да контактирате со нашите експерти и тие со задоволство ќе ви одговорат.