Сауни.

11 градежни компании

Внесете ја вашата локација и поштенски број:
За реон
    V kraju
      или едноставно пратете:


      Мајстори за сауни низ цела Северна Македонија

      Сауни, Корисни информации и совети

      Велат дека сауна го препородува човек и физички и духовно. Најчесто сауните се градат како помошни објекти или вградуваат во бањата или пак во некоја од помошните приземни простории, а поретко во поткровје. Сауна може да се направи по нарачка или да се купи готова, монтажна, во специјализирани салони. Може да бидат целосно затворени или со поглед на околината. Најчесто сауните се дрвени, но може и да се изѕидаат, а се греат на струја или со помош на традиционална печка на дрва. Разликуваме неколку видови и подвидови, согласно учинокот и начинот на работа: финска, турска, јапонска, инфрацрвена, кална, био, солена. Финска сауна која уште се нарекува и сува, а мора да биде целта од дрво; има печка со камени кој се полеваат со вода за да се создаде пареа. Се вели дека таа го лекува телото, го отстранува заморот и релаксира. Турска сауна е всушност парна бања со многу пареа и влага. Температурата во неа достига и +50°C влагата е голема, но се употребуваат и етерични масла кој делуваат на телото многу благотворно, а особено на дишните органи. Инфрацрвена сауна обично е дел од бањата, а во неа не се загрева воздухот, туку телото, што е особено добро за хронични болести. Останатите видови како био-сауна , најчесто се варијации на основните, фински и турски вид, и тука се додава минерална кал, висока концентрација на сол, есенцијални масла и цмеси, кој со своето испарување дејствуваат благотворно. Цените на сауните може да ги видите во калкулаторот. За вас подготвивме и останати совети на оваа тема, но и проверени експерти на кој може да им се обратите за совет.

      Сауни Цена

      Колку чини една сауна? Поединечна сауна преставува малку поголема инвестиција, но, според тоа како физички и духовно го обновува човек, вреди секој потрошен денар. Цената зависи од големината (за колку лица), видот (финска, турска, јапонска, инфрацрвена, со кал, био, солена), од материјалот (дрво, камен и друго), осветлување, печката и секако, од самиот мајстор...

      Цена на сауна

      500.00 - 950.00 €/м2
      Помош

      Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?

      Побарувачка: 00389 25 102 476
      Компании: 00389 25 102 476