Системи за наводнување

Внесете ја вашата локација и поштенски број:
За реон
    V kraju
      системот на оценки е затворен, само корисникот кој поднел побарување може да ја оцени компанијата, така што нема лажни оценки за компании
      1685 проекти
      понудувачи на системи за наводнување низ цела Северна Македонија
      понудувачи на системи за наводнување низ цела Северна Македонија

      Системи за наводнување - Корисни информации и совети

      Што преставуваат системи за наводнување? Овие системи се користат за наводнување и залевање, а се планираат и изведуваат според големината на парцелата за која се наменети и изворот на вода што се користи за снабдување. Автоматските системи за наводнување служат за да се осигура дека целото зеленило се наводнува рамномерно и редовно. Така, полето, зеленчуковите градини, овоштарникот, тревникот, градината, пластеник или стаклена градина секогаш ќе бидат доволно влажни, бујни и плодни. Системите за наводнување се наменети за тревници, градинарски леи или садници, но и за саксии. Постојат и поголеми, професионални системи кои ги наводнуваат парковите, терените за голф, фудбалските и другите терени, како и атриуми. Постојат фиксни системи со прскалки, фиксни системи со подвижни прскалки како и т.н. системи капка по капка. За правилно функционирање на системот за наводнување потребно е рамномерна поставеност на прскалките или капалките. Со цел нивната работа да биде оптимална, системите автоматски го регулираат протокот на вода и натопувањето на одредени елементи според потребите на растенијата што се одгледуваат. Можно е да се инсталира сензор за дожд, кој дополнително ја оптимизира употребата на вода. Цените на системот можете да ги видите во калкулаторот. Се разбира, секогаш можете да побарате совет од нашите докажани експерти.