Текстилните облоги му даваат на секој дом мекост и топлина на домашен амбиент. Текстилните подни облоги се добар звучен изолатор, удобни се за одење и без разлика какви на техниките за печатење, изборот е навистина голем и шарен. Текстилните облоги можат да бидат во форма на ролни или плочи, а се лепат на чисти, суви и рамни носечки површини. Според техниката на производство, разликуваме три вида: теписи, итисони и волнени подни облоги. Теписоните се идеални за деловни и станбени простори во кој престојуваат многу луѓе. Исклучително густата иглеста површина на теписонот не пропушта нечистотии, а ниту пак може да се таложи прашина; тој е антистатички и отпорен на абење - било механички (на пример, триење на тркалата на канцелариските столици) или хемиски (средства за чистење и одржување), така што има рок на траење десетина години. Итисоните се малку помеки и подебели на допир и одлично го апсорбираат звукот, како и алергените, па се препорачуваат за луѓе со ваков тип на проблем. Волнените подни облоги се всушност теписи и тие се сами за себе посебен вид, бидејќи се природни, апсорбираат влага, звук и се одлични изолатори. Но, за да бидат долготрајни и да ги задржат сите квалитети, треба редовно да се чистат со правоцмукалка, да се перат и четкаат, а не цмеат да бидат во влажна просторија. Во помали текстилни облоги се вбројуваат патеки и душеци, како и простирки против лизгање. Погледнете ги другите совети кои ги подготвивме, а цените на текстилните облоги можете да ги видите во калкулаторот. Се разбира, секогаш можете да контактирате со нашите експерти и тие со задоволство ќе одговорат.