Пред да започнете со изградба на самата куќа, неопходно е да се завршат многу земјени работи. Такви работи се ископ на градежна јама, теренски ископи, изградба на привремени или постојани потпорни ѕидови, ископувања за водовод и канализација, како и полнење на тампон и земја. Земјените работи во градежништвото се цметаат за сите работи поврзани со подготовката на градежната јама, така што тие грубо може да се поделат на ископувања и полнења. Не ви препорачуваме да се занимавате сами со овие работи, без соодветно искуство и опрема, бидејќи во спротивно може да дојде до колапс на почвата и оштетувања кои инаку се многу опасни и дополнително ќе предизвикаат одложувања и зголемени трошоци. Погледнете ги другите совети кои ги подготвивме за вас, а цените за овие работи можете да ги видите во калкулаторот. Се разбира, секогаш можете да контактирате со нашите експерти и тие со задоволство ќе ви одговорат.