Најавете се на профилот
За реон
    одзив на компании

    Марјана
    претставник на компанијата

    Крушево, регион

    Тел: 0702994...

    Проекти: мали, средни и големи
    ИННЕН ДЕКОР ТРЕЈД   увоз-извоз ДООЕЛ

    ИННЕН ДЕКОР ТРЕЈД увоз-извоз ДООЕЛ, Крушево

    дрво, градежна столарија од дрво, врати, прозорци, терасни врати, собни врати

    и низ цела Северна Македонија

    Компанијата ИННЕН ДЕКОР ТРЕЈД е присутна на македонскиот пазар од 1998 година. Ние сме специјализирани за производство и монтажа на собни врати од дрво и медијапан, влезни сигурносни врати, прозори, панорамски врати, лизгачки врати, скали... Сите наши производи се со сертификат за квалитет и гаранција. Дојдете и уверете се, Ве очекуваме. Специјалност со која можеме да се пофалиме е изработката на прозори и врати во стилот на старата македонска архитектура но во термо систем.

    Собни врати по Ваша идеја и замисла по мерка изработени со најсовремени CNC машини од секаков вид на масивно дрво или комбинација дрво со медијапан, фарбани во нијанса по Ваш избор со еколошки бои и лакови, со или без стакло. Собни лизгачки врати, коси врати, врати со хармоника систем, влезни врати од дрво со сигурносно затварање, порти и слично. Прозори од секаков вид на ламелирано дрво профил 68/82 или 82/82, софт профил со заоблени рабови, термо стакло двослојно или трослојно, оков од реномиран германски производител за вертикално и хоризонтално отварање, алуминиумски окапник на каса и на крило за дополнителна заштита. Исто така изработуваме и лизгачки панорамски терасни врати, полукружни и кружни прозори, коси прозори, изработени во нов современ стил како и во стил на старата македонска архитектура.

    Оценки од клиенти
    *Добивме уште неколку оценки за компанијата, тие се видливи за корисниците кога ќе пратат барање.
    Препораки
    Каде и што работиме
    Дрвена влезна врата
    Дрвени прозорци
    Монтажа на врати
    Монтажа, вградување прозорци
    Собни врати
    Дрвени скали

    Во близина на Крушево, регион и во околината изведуваме:

    Каде и што работиме

    дрво, градежна столарија од дрво, врати, прозорци, терасни врати, собни врати, Крушево, Источен, регион, Југозападен, регион, Југоисточен, регион, Пелагониски, регион, Полошки, регион, Североисточен, регион, Скопски, регион.

    Ваши Партнери за квалитетна градба